Teшка сообраќајка на раскрсницата кај рудникот “Сивец” во Прилеп: Со автомобил удрил во моторциклист, па избегал

На 03.05.2024 во 21.20 часот во близина на крстосница за рудник Сивец во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „пежо“, управувано од С.А.(23) од Прилеп, кој го напуштил местото на несреќата и мопед „џонвеј“, управуван од К.С.(18) од Прилеп, двете со прилепски регистарски ознаки.

Во несреќата, К.С. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската болница во Прилеп.

Увидот го извршила увидната екипа на ОВР Прилеп – стои во соопштението од МВР.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.