дома блог страница 871

Kривична за прилепчанец за “демнење”: На ФБ објавувал видеа и статуси за жена од Битола

СВР Битола поднесе кривична пријава против Н.Ќ.(32) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“, „загрозување на сигурноста“ и „демнење“.

На 06.12.2023, пријавениот на неговиот Фејсбук профил објавувал видео записи и статуси за жена од Битола и за нејзиното семејство.

Имено, тој од нејзиниот профил и профилот на нејзиниот сопруг преземал фотографии и без нивна согласност ги споделувал на неговиот профил на социјалната мрежа, а воедно објавувал и видео записи на неговиот профил, упатувајќи им закани – информираат од МВР.

Одлична фудбалска понуда вечерва и утре на турнирот во мал фудбал “Св. Никола” во Прилеп – Ова е распоредот на натпревари

На турнирот во мал фудбал “Св. Никола” во Прилеп, вечерва и утре на програмата се 10 исклучително интересни натпревари на кои се очекуваат голем број на погодоци.

Првите натпревари се со почеток од 18:00ч, а последните од 21ч.

МЕПСО бара струјата да поскапи за 27% од 1. јануари

Регулаторната комсија за енергтика (РКЕ) ги доби барањата за одредување нова цена на струјата од АД МЕПСО, Електродистрибуција и МЕМО. Компаниите бараат од 1 јануари струјата за поскапи 27 %, но одлуката дали воопшто ќе им биде одобрено поскапување и колкаво би било, Регулаторната комисија допрва ќе ја носи.

„Барањата ги добивме, но дали и колку ќе има зголемување ќе покажат деталните анализи. Сега влегуваме во процес во кој што детално ќе се скенираат сите трошоците на овие три компании и ве уверувам дека ќе бидат прифатени и одобрени само оние ставки со кои ќе се овозможи стабилна и сигурна испорака на електрична енергија исклучиво по принцип на домаќинско работење“, рече Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.

Еден куп пријави за физички напади во еден ден во Прилеп: Во еден од случаите учесниците го почнале денот рано-рано

Во еден ден серија на пријави за физички напади во Прилеп

На 10.12.2023 во 00.20 часот во ОВР Прилеп, Р.А.(23) од Прилеп пријавил дека во населба „Тризла” бил физички нападнат од К.А.

Истиот ден (10.12 2023) пред полноќ, во 22.15 часот во ОВР Прилеп, С.А.(40) од Прилеп пријавил дека ,пак, на ул.„Мавровска“ бил физички нападнат од Р.А.

Исто така на 10.12.2023, во 07:20 часот во ОВР Прилеп, О.Б.(37) од Прилеп пријавил дека кај катната гаража во Прилеп бил физички нападнат од П.Б..

Се преземаат мерки за расчистување на сите случаи – информираат од ОВР Прилеп.

Прилепските пензионери во први редови: Пред Собранието побараа минимална пензија 18.000 денари и линеарно зголемување од 5.000 денари

Денеска се одржа голем протест на пензионерите пред Владата. Тие остануваат на барањето минималната пензија да изнесува 18.000 денари и да има линеарно зголемување од 5.000 денари на сите пензии.

-Ги повикувам пратениците Законот да го донесат пред изборите. Бараме тој закон да биде изгласан онака како што ние бараме. Не сме задоволни со социјални пакети, рече Драган Угриновски, претседател на Здружението на пензионери за достоинствен живот.

Пратеници од ВМРО-ДПМНЕ изразија поддршка за пратениците и рекоа дека следната влада која ќе ја предводат тие ќе ги поддржи пензионерите во нивните барања.

-Ние како ВМРО-ДПМНЕ се соживуваме со маката што ја имате вие. Преживувате со минимални средства и немате достоинствен живот. Во нашата програма која ја подготвуваме, ќе ги ставиме барањата кои вие ги имате, рече генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајковски.

Мицкоски во Лесковац на средба со нашинците во соседна Србија (ВИДЕО)

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска е во Србија на средби со нашинците кои што живеат таму. Првично Мицкоски беше во посета на Лесковац каде што беше пречекан од тамошниот градоначалник како и претставници на македонската заедница. Мицкоски ќе ги посети и Маккедонците во околината на Панчево.

-За нас ова е значаен ден, затоа што ние како партија, ВМРО-ДПМНЕ се грижи за македонско национално обединување, практично и така се нарекува нашата партија. Ние како партија водиме грижа за сите Македонци ширум светот. Тоа се фини луѓе, домаќини, кои ги почитуваат земјите во кои што живеат, а нивната матична држава Македонија и ВМРО-ДПМНЕ како партија секогаш се грижела, се грижи и секогаш во иднина ќе се грижи, изјави Мицкоски по средбата.

Двата братски народи да продолжат да ги негуваат меѓусебните односи, порача Мицкоски.

-Задоволство ни е што овие деца можат да учат на македонски јазик, да не го заборават, да се потсетат на предците, да знат од каде потекнуват, кои се и што се, секако и да ја почитуват држават во која што живеат, а тоа е нормално е Република Србија, а да не заборават дека нивната татковина е Македонија. Голема благодарност на нашиот домаќин, на градоначалникот на Лесковац, голема благодарност до македонската заедница од Лесковец. Денеска ќе ја посетиме и Јабука во близина на Панчево, таму повторно ќе се сретнеме со Македонците кои живеат тука во Србија. Мојата порака е, двата братски народи треба да продолжат да живеат заедно, да се почитуваат и да ги негуваат односите помеѓу двете држави, Србија и Македонија, а ние како ВМРО-ДПМНЕ, како партија и како идна влада во Македонија се надеваме на братска соработка со нашата сестринска партија СНС, која е владејачка партија тука во Србија, рече Мицкоски.

Утре повеќе улици во Прилеп без струја

Утре, (среда, 13.12 20230, од 08,30 до 16,30 часот елeктрична енергија ќе немаат жителите од ул: ул. “Пецо Крстески Даскало”, ул. “Браќа Шемкоски”, ул. “Стојан Јошески” и дел од ул. “Пиринска”, а од 9,30 па се до 16h без електрична енергија ќе останат жителите на ул: ул. “Генерал Васко Карангелески” кај самопослуга “Меше Промет”, ул. “11-ти Октомври”, ул. “Крушевска” и Зграда “Техника”.

Силен отпор, но Пелистер победи, капитенот Велески меѓу стрелците

Актуелниот бранител на титулата, тимот на Еурофарм Пелистер со победа ја заврши полусезоната, откако на гостувањето во Прилеп потешко од очекуваното триумфираше со 38:33.

Избраниците на Божидар Мојсов се вратија во второто полувреме, во неколку наврати изедначија и им „покажаа заби“ на гостите и до 55 минута се играше во егал. Сепак, поискусната екипа со мини серија го скрши отпорот на домаќинот во финишот и со победа ја затвори годината.

Кај прилепчани се истакнаа: Денис Шабановиќ со 8 погодици, Никола Цветаноски и Давид Трајкоски со по 6, а еден помалку од нив постигна Владан Кастратович.

За гостите од Битола Павле Петровиќ постигна дури 10 погодици, а Петар Атанасијевиќ 7 пати го наоѓаше патот до мрежата на прилепчани.

Со еден гол од контра во листата на стрелци се запиша и капитенот Велески.

Управата на клубот на чело со Претседателот Мариноски има доволно време да размисли како ќе продолжат во плеј-аут разигрувањето, бидејќи од досегашните настапи на клубот нема некој што е задоволен во градот.

Храмот Св. Петка од Прилеп објавува голем БОЖИКЕН КОНКУРС – Право на учество имаат сите основци

Организациониот одбор при храм „Св. преп. мчца. Параскева (Петка) Римјанка“ во нас. Точила, Прилеп, за прв пат објавува ГОЛЕМ БОЖИКЕН КОНКУРС за литературна творба (проза или поезија) и ликовна творба на тема: “РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО – БОЖИК”

Овој голем христијански празник е повод за инспирација и творештво на малите уметници од нашиот град, а со цел приближување на верата и овој радосен празник до нивните срца како и нивно обединување и интегрирање во црковниот живот.

На конкурсот може да учествуваат сите ученици од основно образование од нашата општина. Учесниците ќе се натпреваруваат во две категории – литературна и ликовна:

I категорија: Од 1-во до 5-тто одделение и
II категорија: Од 6-то до 9-тто одделение.

За литературната категорија учесниците можат да пишуваат проза или поезија, најмногу две страници А4 формат (12 фонт), а во ликовната категорија можат да учествуваат со цртеж (на блок бр. 4 или 5).

Конкурсот ќе трае од 12.12.2023 до 31.12.2023 година. Творбите да бидат потпишани со име, презиме, училиште, одделение, одделенски или предметен наставник, адреса на живеење и телефонски број за контакт. Творбите да бидат доставени во писмена и во електронска форма(за цртежите фотографија) на е-поштата на храм Св. Петка: [email protected].

Творбите ќе ги оцени жири комисија:

В.д. старешина на храм Св. Петка, протоереј Љупче Петрески,
Блага Тутеска, наставник по македонски јазик во пензија и поетеса,
Павлинче Чочкова, наставник во пензија,
М-р Александар Џинго, професор по ликовна уметност во средно училиште и,
Елена Димоска, наставник по ликовно образование.

Во секоја од четирите поткатегории ќе бидат рангирани победници на прво, второ и трето место. Жири комисијата во литературната и ликовната категорија ќе додели и две специјални награди од првите две места во двете категории.

Резултатите ќе бидат објавени на 5 јануари 2024 г. на фејсбук страницата на храмот: Света Петка Прилеп.

Утрото на Бадник, по завршувањето на богослужбата, ќе биде свеченото доделување на наградите пропратено со кратка пригодна програма. Сите учесници ќе добијат пофалници и пригодни награди а првите, вторите и третите места ќе добијат дипломи и предметни или парични награди.

Сите уметнички дела кои ќе учествуваат на конкурсот ќе бидат изложени во храмот во текот на цела седмица по Божик, а на Бадник победниците во литературните поткатегории ќе треба да ги прочитаат своите дела пред присутните а по завршувањето на богослужбата.

Храмот, како организатор, има право сите, или дел, од творбите да ги објави и на својата фејсбук страна.

Се надеваме дека ќе имаме голем број на учесници кои ќе не мотивираат ваков конкурс да биде организиран и во наредните години!

Бог да ве благослови и да ве инспирира да ја распалите вашата имагинација и талент!

Со почит,
в.д. старешина на храм Св. Петка
Протоереј Љупче Петрески

Чудо: Збирот на аглите во триаголник со СДМ на власт е 190 степени

Професорката по математика Фросина Митрушева сподели дел од македонски учебник.

Таа како професионалец во својата работа сигурно има за приоритет да го пренесе знаењето на своите ученици. Но, македонските учебници наместо да помогнат, го прават токму спротивното.

Имено, таму во задача е наведено дека збирот на аглите во затворен тријаголник е 190, а не како што треба – 180.

„Ја сакам математиката, меѓу другото, и заради доследноста.

Збирот на агли во триаголник (во Евклидова геометрија) секогаш до сега бил 180 без разлика кој бил на власт или кој ја изгубил војната.

Одеднаш -190!

Нешто сум пропуштила!

Живот во заблуда!

Ми се плаче, ми се урла“ – напиша таа.