дома блог страница 868

Професорката Силјановска-Давкова, единствена се пријавила на јавниот повик од ВМРО-ДПМНЕ за Претседател на државата – Партијата ќе одлучува на Конвенција

Во врска со Јавниот повик за избор на кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на Република Македонија ја информираме јавноста дека крајниот рок за поднесување на пријава истекува денес.

На истиот се пријави проф-др Гордана Силјановска-Давкова која поднесе план, програма за работа и потребен број на потписи на делегати.

Гордана Силјановска-Давкова била професорка по Уставно право и Политички систем на Правниот Факултет Јустинијан Први. Таа е експерт за избори на ООН и потпретседател на групата Независни експерти за локална самоуправа при Советот на Европа. Член на Венецијанската комисија. Автор е на стотина научни трудови за уставното право и политичкиот систем.

Таа е актуелен пратеник во Собранието на РМ.

За нејзината кандидатура ќе се одлучува од страна на делегатите на Конвенцијата за избор на кандидат за претседател на РМ која ќе се одржи на 02 март 2024 година.

Мицкоски повика на хуманост: ДА МУ ПОМОГНЕМЕ НА ЛЕО! (ВИДЕО)

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку видео обраќање повика граѓаните да покажат хуманост и кој колку може да донира за младиот Леонид кој се повреди лани на летување во Грција, Калитеа и остана врзан за кревет.

Донации за Лео се собираат од сите страни, со цел на ова момче на кое државата му сврте грб, да му се овозможи да стане од кревет и да може да се врати во училишните клупи. За момчето се потребни 140.000 евра за лекувањето. Телефонски броеви за донација се на Т-МОБИЛЕ 143-118 и на А1 143 500.

-Овој пат зборувам како родител и обичен граѓанин. Правото на живот е загарантирано за секого. Ако институциите не можат да го решат проблемот со малиот Лео тогаш ние како граѓани да се вклучиме, да бидеме хумани и да помогнеме! Да му помогнеме на Лео. Затоа ве повикувам сите да донираме – порача Мицкоски.

БРАВО ЗА ПАНЧЕ: Дозволено патувањето на македонските граѓани со пасоши со старото име низ Европската унија

Македонските граѓани кои поседуваат пасоши со старото уставно име отсега можат да уживаат неограничено патување во рамките на Европската унија. Оваа добра вест доаѓа по писмото што го доби техничкиот министер за внатрешни работи од комитетот за патни документи на Европската комисија.

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, гостин во утринската програма, откри еден клучен аспект од ваквиот развој на настаните. Според него, Македонија во моментов е единствената земја која ги ограничува правата на движење на своите граѓани. Ова ограничување им се припишува на одредени пратеници кои не сакаат да ги поддржат измените на Законот за патни исправи.

Законските измени ги отклучуваат можностите за патување

Неодамнешното откритие ја нагласува потребата од законски измени во Законот за патни исправи. Со попречување на овие амандмани, некои пратеници ненамерно го попречуваат основното право на неограничено патување на македонските граѓани. Надминувањето на овие непотребни бариери бара обединети напори за да се осигура дека секој граѓанин може без пречки да ја истражува Европа.

Златни деца: Марко и Исидора од Прилеп ќе ви кажат што значи јазикот за еден народ (ВИДЕО)

Учениците од ООУ “Климент Охридски” и OOУ “Добре Јованоски”, а сега ученици во Медицинското училиште СОУ “Ѓорче Петров”, Марко Јаков и Исидора Николоска, направија одличнo eдукативно видео по повод 21 февруари Меѓународниот ден на мајчиниот јазик.

Слушајте и гледајте со внимание во продолжение:

Прилепчанец оперирал во Ореше – Со жител на селото ограбиле три куќи

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Македонски Брод поднесе кривична пријава против С.С. (38) од Прилеп и Ѓ.П.(55) од с.Ореше, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „тешка кражба“.

Пријавените, со употреба на сила влегле во три куќи, при што одзеле пари – информираат од СВР Битола.

Со автомобил удрил во 75-годишен прилепчанец и избегал

На 19.02.2024 во 10.00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„Беровска“ во Прилеп, патничко возило удрило во пешакот Д.Ч.(75) од Прилеп и го напуштило местото.

Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница Прилеп.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Прилеп – информираат од СВР Битола.

Денеска е Меѓународниот ден на мајчиниот јазик

Во светот денеска се одбележува Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, кој УНЕСКО го прогласи на 30-тата сесија на Генералната конференција во 1999 година.

Во 2000 година 21 февруари е промовиран како Ден на лингвистичка и културна разновидност и мултилингвизам.

Во светот денес се зборуваат околу шест илјади јазици, а на половина им се заканува исчезнување во многу делови на светот.

Околу 200 земји се наоѓаат пред предизвикот да ги сочуваат „малите” јазици и да се погрижат тие да се употребуваат заедно со светските јазици, Според статистиката, во последните три века има изумирање или драматично намалување на бројот на јазици, особено на американскиот и на австралискиот континент.

Покрај Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, на 26 септември се одбележува и Денот на европските јазици. Во 1998 година стапи во сила Европската повелба за заштита на регионалните и малцинските јазици со која, исто така, се потенцира лингвистичката разновидност и повеќејазичноста.

Кој го предизвика инцидентот во Мош? – Се’ што се случило снимено од безбедносни камери (Видео)

Последниве денови инцидентот во Мош привлече големо внимание во јавноста. И додека едниот учесник во инцидентот беше предвреме лажно обвинет и насекаде именуван и прозван, другиот остана анонимен.

Гостите во барот-сведоци на настанот тврдат дека припадниците на единицата за недозволена трговија со дрога непречено влегле во објектот и ја спровеле својата акција.

Инцидент и нетрпеливост помеѓу едниот и другиот учесник внатре во барот воопшто и немало, туку се’ се случило при излегување на единицата, кога иницијаторот на инцидентот на самиот излез започнал и испровоцирал вербална пресметка.

Кој всушност е иницијаторот?

Повеќе прочитајте на Нетпрес

Почнаа градежните активности за новиот мол во Прилеп

Имено инвестицијата е целосно извесна и ги има поминато сите стручни филтри кои ги определува законската регулатива, започнати уште од 2021година.

Овие инвестиции на градот му носат огромен бенефит на име комунален надоместок и на градот ќе му овозможи нови вработувања и европски лик. Но, за жал некогаш се пролонгираат до недоглед бирократските лавиринти.

Ако продолжат ваквите постапки, градот дава лоши сигнали на сите идни инвеститори, како место непогодно за инвестирање, а со тоа се оневозможува целокупнот развој на Прилеп.

Заминаа “во пензија” семафорите кај Цeпенков во Прилеп

Во центарот на Прилеп неодамна започна изградбата на новиот кружен тек, а денеска веќе се наѕираат контурите на овој долгонајавуван проект.

Тендерот за овој зафат e тежок вкупно 5,4 милиони денари, a го доби фирмата “ИЗОФАС” увоз-извоз ДОО Прилеп. Предвидено е работите да се завршат во рок од 4 месеци, па прилепчани би требало пролетва да ја дочекаат со нов шести кружен тек.