дома блог страница 858

Maжот им подлегнал на повредите во болница: Битолчанец со сопругата излетале со автомобилот од стариот пат Ѓавато-Тополчани

На 13.04.2024 во 10.38 часот во СВР Битола било пријавено дека на стариот пат Ѓавато-Тополчани, патничко возило „киа“ со битолски регистарски ознаки, управувано од П.С.(70) од Битола, излетало од коловозот.

Во несреќата со повреди се здобиле возачот и сопатничката Н.С.(65), констатирани во Медицинскиот центар Битола, каде што биле задржани на лекување, а на 14.04.2024 возачот П.С. им подлегнал на повредите.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција – информираат од МВР.

Криминал во ЦСР Прилеп? Ќе има ли апсења?

Во период од јуни 2022 до минатиот месец се дадени незаконски парични средства на над 1000 граѓани во име на социјална помош. Со ова е оштетен буџетот на Министерството за труд и социјална политика за 155.038.530,00 или над 2.5 милиони евра, изјави министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски.

Во моментов изготвени и донесени се 1134 решенија за прекин на Гарантирана минимална помош и Социјална сигурност со забрана за користење на правото во наредните 12 месеци.

Граѓаните имаат право на редовен правен лек до второстепените органи па дури потоа центрите за социјална работа ќе склучат спогодби за враќање на неосновано примените парични средства.

-Ја искористиле Ковид кризата кога се олесниле условите за користење на социјалните права од аспект на поседување регистрирано моторно возило и во системот влегле сите возила постари од пет години. Иако официјално Ковид кризата завршила на 30.06.2022 година, ништо не се преземено за преиспитување на предметите на корисниците што поседуваат регистрирано моторно возило и истите останале во системот на социјалната заштита и неосновано ги користеле правата – изјави Велковски.

Според него, јасен е Законот за социјална заштита од 2019 година и подзаконските акти каде јасно и прецизно е определено дека доколку подносителот/корисникот поседува регистрирано моторно возило не може да го оствари и користи правото на ГМП, па оттука се поставува прашањето што работеле раководните структури на министерството во овие 18 месеци.

-На 20-ти Јануари 2024 година е склучен договорот за размена на податоци на дата базите по електронски пат помеѓу тогашните министри Тренчевска и Спасовски. Првата размена на податоци е направена дури на 5-ти Март 2024 година што го поставува прашањето: Зошто се чекало? А што правела министерката до 20 јануари 2024 година? Дали се обезбедувале податоци секој месец како што предвидува законот или пак размената на податоци преку CD или USB е доставувано во нереално време односно со задоцнување од неколку месеци со што се овозможило во системот да влезат лица на кој не им следуваат овие права. Се уште останува енигма и прашањето, зошто се чекало моето назначување како технички министер за да почне размената на податоците кога истата можела да се направи и веќе наредниот ден а тоа е 10 дена пред моето назначување за министер – праша министерот Велковски.

Претходно министерот Велковски информираше дека најмногу незаконски исплати има во Прилеп, Битола, Скопје и Гостивар.

Или како што истакна Велковски во прес конференцијата одржана на 18.03.2024, вкупната бројка на детектирани злоупотреби е за 2.252 лица и тоа:

Берово – 15; Битола -166; Валандово – 23; Велес – 98; Виница – 11; Гевгелија – 9; Гостивар – 164; Дебар – 31; Делчево – 3; Демир Хисар – 3; Кавадарци – 23; Кичево – 49 ; Кочани –18; Кратово – 4; Крива Паланка – 9; Крушево – 22; Куманово – 235; Македонски брод – 6; Неготино – 4; Охрид – 40; Прилеп – 229; Пробиштип – 1; Радовиш – 56; Ресен – 1; Свети Николе – 6; Скопје 714; Бутел – 45; Гази Баба – 79; Карпош – 125; Кисела Вода – 155; Центар – 38; Чаир – 151; Шуто Оризари – 121; Струга – 32; Струмица – 70; Тетово – 150; Штип – 59.

ДА можат со автомобилот ќе се качат и на Градскиот Саат – ВТОР ДЕЛ! (ФОТО)

Иако претходно апелиравме за погрешното паркирање кај џамијата во Прилеп, се чини дека инаетот кај дел од нашите сограѓани е поголем, па и понатаму ги оставаат своите возила каде ќе стигнат.

(ФОТО) Да можат со автомобилите и на Градскиот Саат ќе се качат

Не само што се попречува слободното движење на граѓаните, туку и се уништува и така дотраениот плочник во овој дел од чаршијата.

Веројатно да можат, со автомобилите ќе се качат и на Градската Саат кула….

Министерот покажува како треба: Уапсени 17 припадници на затворска полиција

Од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција информираат дека утрово имало голема акција во која се уапсени 17 затворски припадници.

Од ОЈОГОКК најавија дека наскоро ќе има повеќе детали и соопштение.

Минатата недела во затворот Идризово имаше голема полициска акција и претреси со специјалци.

Тогаш беше потврдено дека се потрупани два тунели односно канали кои не се во употреба и за кои постоеле сомнежи за можно користење за бегство на затвореници.

Велигден во Крушево – голема open air забава во најголемиот адреналински парк во Македонија

Дочекајте го Велигден во Крушево со Panorama All Season Adventure.

На 4. мај од 10 до 16 часот, бидете дел од највозбудливата open air забава за целото семејство во најголемиот адреналински парк во Македонија. Детска програма, настапи во живо на Пајак и Бени Шаќири, забава со диџеи и адреналински авантури во текот на целиот ден.

Дојдете и поминете незаборавен и возбудлив велигденски викенд во Крушево со PANORAMA ALL SEASONS ADVENTURE.

Инфо и резервации на 072805805

Над еден милион евра незаконски се поделени како социјална помош, најмногу пари потрошени во Гостивар и во Прилеп

Над еден милион евра државни пари се поделени како социјална помош на лица кои не ги исполнувале условите оти на свое име имале возило, покажаа првичните анализи во Министерството за труд и социјална политика. Социјални работници за „Макфакс“, неофицијално, велат дека сумата ќе расте оти се уште во пресметката не се опфатени сите центри за социјална работа.

„Во незаконски исплати предничат Гостивар и Прилеп. Таму незаконски се исплатени најмногу пари. И сумата за Скопје, ако се соберат сите општини, не е мала, но Гостивар и Прилеп се на врвот на листата по незаконски исплати доколку се земе предвид бројот на жители и поделените пари како помош од државата“, неофицијално брифираат социјалните работници.

Техничкиот министер за труд и социјала Ѓоко Велковски, иако најави дека на 5 април ќе биде извесно колку пари се проневерени оти ќе се исплаќа социјалната помош , бројки не соопшти. Од неговиот кабинет најавуваат дека првични податоци ќе бидат објавени следната недела.

„Се уште се работи на собирање на сумите по исплатата на социјалната помош месецов. Следната недела пред јавноста ќе ги презентираме наодите“, велат од кабинетот на техничкиот министер за „Макфакс“.

Најпрецизно, пак, ќе се знае колкава е проневерата во Министерството за труд и социјала за два месеци кога техничкиот министер Велковски очекува да завршат рачните проверки на секое барање за социјална помош во сите центри за социјална работа низ државата.

На почетокот на минатиот месец техничкиот министер Велковски обвини за милионски криминал со социјалната помош откога првпат во Министерство направија електронско вкрстување на податоците со Министерството за внатрешни работи и открија дека 2.252 лица кои примиле социјална помош имале возило на свое име иако еден од условите е да немаат возило.

Почнува судењето на Трамп, првото судење на американски претседател во историјата

Во Окружниот суд на Менхетен во Њујорк денеска почнува судењето на поранешниот американски претседател Доналд Трамп и тоа ќе биде прво судење на американски претседател во историјата.

Доналд Трамп е обвинет за фалсификување деловни документи кога и платил на порно актерката Сторми Даниелс, преку својата адвокатка, 130.000 долари за таа да не зборува јавно за нивната наводна афера.

Трамп ги отфрли сите обвинувања и ги оцени како политички мотивирани.

Денес сончево време со температури до 32 степена, од утре голема промена

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 15, а максималната ќе достигне од 26 до 32 степена.

Во Скопје претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне 31 степен.

Според УХМР, под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса во вторник попладне, во текот на ноќта, а особено во среда ќе има врнежи од дожд кои локално ќе бидат обилни во форма на невреме, проследени со појава на грмежи и силен ветер. Потоа и во следните денови ќе има повремени локални врнежи. Температурата од среда ќе биде во позначително опаѓање.

“Ме прашува син ми, тато каде се навивачите?” – Жална слика од јужната трибина на Градски додека игра Победа

Победа загуби на дуелот од 24-то коло во фудбалската Втора лига. На стадионот “Гоце Делчев” во Прилеп, гостите од Гевгелија со минимални 0:1 се радуваа на трите бода.

Црвено-белите се наоѓаат на 13-то место на табелата со само 23 освоени бода, а полоши од прилепчани се само Осогово, САСА и Караорман.

Победашите ќе водат жилава борба за опстанок до крајот на сезоната, а она што загрижува е дека покрај катастрофалната финансиска состојба во која се наоѓа клубот, почна да изостанува поддршката од навивачката група.

Јужната трибина зјаеше целосно празна…. Една жална слика која доволно покажува на кое ниво е доведен македонскиот фудбал….

35 казнети возачи во Прилеп за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Битола во текот на денешниот ден (14.04.2024)во времето од 14.00-19.00 часот продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на СВР Битола изречени се вкупно 90 мерки, за возење повеќе од дозволената брзина и тоа 60 мерки надвор од населено место и 30 мерки во населено место.

По градови ( 16 мерки во Битола, 35 мерки во Прилеп, 21мерка во Ресен, 12 мерки Македонски Брод, 4 Демир Хисар и 2 Крушево).

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.