дома блог страница 857

Се возело брзо, возеле пијани и без возачки: 277 казнети возачи викендов на подрачјето на СВР Битола

Секторот за внатрешни работи Битола во текот на викендот (01/02/03.03.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на СВР Битола санкционирани се 277 возачи, меѓу кои 128 мерки за возење повеќе од дозволената брзина, 27 мерки за возење под дејство на алкохол, 29 санкциии за управување без возачка дозвола, 18 санкции за користење на мобилен телефон, 29 мерки за непрописно паркирање…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

„За сите оние кои си заминаа од Македонија“: Игор Џамбазов со изведба која предизвикува бура емоции на “Т’га за југ” (ВИДЕО)

Игор Џамбазов, како и секоја година, така и оваа, имаше најемотивна изведба на Златна Бубамара.

Тој говореше за сите македонски граѓани кои во потрага по подобар живот ја напуштија Македонија и заминаа во некоја далечна земја.

-„Т’га за југ“ им ја посветувам на сите оние кои си заминаа од Македонија. Со нивна надеж дека никогаш нема да се вратат, со наша надеж дека ќе доаѓаат што почесто, рече Џамбазов пред изведбата.

Со него на сцената беа Маестро Дамир Имери и кавалџијата Александар Јовевски.

Партиите го блокираа сообраќајот во Прилеп (ФОТО)


ФОТО/ФБ/Златко-Ате Димески

Собирањето на потписи за кандидатите за претседател на државата од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, го блокираше сообраќајот во централното градско подрачје во Прилеп денеска.

И додека партиските членови и симпатизери чекаа во редици да стават потпис за имињата на Гордана Силјановска Давкова и Стево Пендаровски, граѓани реагираа на социјалните мрежи, а најмногу поради тоа што и двете партии имаат доволен број пратеници во Собранието за да ги предложат своите кандидати, па собирањето на потписи е само покажување на “мускули”.

Мега баскет одличен! Долгот кон Борец наплатен со камата! Прилеп заслужува прволигаш! (ФОТО)

Koшаркарите на Мега Баскет од Прилеп стигнаа до шестиот триумф сезонава, откако на домашен терен ја победија екипата на Борец со 78 – 67 и им вратија за поразот во есенскиот дел од сезоната.

Со овие нови бодови прилепчани ја вратија надежта за повисок пласман на второлигашката табела, а со тоа и можност да заиграат во плеј-офот за пласман во најелитното кошаркарско друштво кај нас.

Прилепчани водеа во текот на целиот натпревар, но гостите ги следеа во чекор, па дури направија и мал пресврт во еден дел од натпреварот. Победникот се одлучи во последниот период, а најзаслужни за новите бодови беа: Велески со 23 поени, Стевананџија со 18 и Јанески со 17.

Во наредното коло Мега баскет има тешко гостување кај МКК Куманово кој е лидер на табелата со 16 од 16 победи.

Не му паднале седумките: Битолчанец подметнал пожар во казино

35-годишник подметнал пожар во казино, соопштија од Битолската полиција.

Според информациите, синоќа во 02.15 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Т.Т.(35) од с.Долно Оризари, битолско.

Тој се сомничи дека на 02.03.2024 околу 22.30 часот со запалива течност предизвикал пожар во казино на ул.„Лазо Трповски” во Битола.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Мицкоски за Пендаровски: Граѓаните да му помогнат да се исели од Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ден по одржаната конвенција и изборот на Гордана Силјановска Дафкова за кандидат за претседател, рече дека денеска е историски ден, бидејќи до 12 часот собрани биле над 15 илјади гласови.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ден по одржаната конвенција и изборот на Гордана Силјановска Дафкова за кандидат за претседател, рече дека денеска е историски ден, бидејќи до 12 часот собрани биле над 15 илјади гласови.

Ги повика и граѓаните, за како што рече да му се помогне на кандидатот Стево Пендаровски да го исполни ветувањето и да се исели од Македонија.

И добро е да му помогнат граѓаните на Стево Пендаровски да она ветување и онаа изјава која ја кажа пред некое време, доколку не биде претседател ќе се исели од Македонија, да му помогнат да се исели Стево Пендаровски од Македонија. Колку помалку Стевовци имаме внатре во Македонија тоа е подобро за Македонија, а ние да најдеме начин сите оние кои се иселија поради лошите политики на Стево Пендаровски и оние кои што го поддржуваат Стево Пендаровски да ги вратиме дома бидејќи тие се тие луѓе кои требаат дома, а ваквите Пендаровци да им покажеме како граѓани што мислиме“, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Николоски за Силјановска Давкова: Во 2018-та заедно со ВМРО-ДПМНЕ се бореше против промената на името на Македонија

Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николоски, се обрати на денешната Конвенција, на која Гордана Силјановска Давковка беше избрана за кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на Р. Македонија.

Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николоски, се обрати на денешната Конвенција, на која Гордана Силјановска Давковка беше избрана за кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на Р. Македонија.

Николоски изјави дека Силјановска Давкова ја познава 22 години и е негова омилена профсорка, која на 8 ми мај ќе стане претседател на Македонија.

-Со Гордана Силјановска Давкова се познаваме 22 години.

Беше моја омилена професорка на Правниот факултет

Во 2004 година заедно со ВМРО-ДПМНЕ се бореше против територијалната поделба на Македонија со која се измени етничкиот состав на Струга, Кичево и Скопје

Во 2018 заедно со ВМРО-ДПМНЕ се бореше против промената на името на Македонија.

На 8ми мај Гордана Силјановска Давкова ќе стане Претседател на Република Македонија, а Христијан Мицкоски ќе биде премиер на Република Македонија! Кажа Николоски.

Имале развиен бизнис во прилепскиот затвор? Полицијата имаше што да најде во една од ќелиите и викендица до затворот

На 02.03.2024, врз основа на судска наредба, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при ОВР Прилеп – СВР Битола во координација со полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Бирото за јавна безбедност извршиле претрес во просторија во Казнено – поправната установа Затвор Прилеп.

Исто така, со судска наредба полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при ОВР Прилеп – СВР Битола извршиле претрес и во викенд куќа во близина на Казнено – поправната установа Затвор Прилеп.

При претрес во просторијата во затворот, каде што казна затвор издржуваат Д.Д.(41) од с.Ливада, струшко и Н.Н.(34) од Прилеп, во шкафот на Н.Н. биле пронајдени една ќеса и повеќе помали пакувања со марихуана, две дигитални ваги, пари во различни апоени и валути и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.

Додека, при претрес во викенд куќата, сопственост на Б.К.(77) од Прилеп, која ја користел И.К.(47) од Прилеп, а кој исто така, издржувал казна затвор во Затворот Прилеп, биле пронајдени и одземени две ќеси со марихуана и дигитална вага.

Во врска со настанот бил приведен сопственикот на викенд куќата. Известен бил јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Битола.

Битолчани синоќа повеќе пиеле од прилепчани: Санкционирани 19 пијани возачи на подрачјето на СВР Битола

Во текот на изминатата вечер (02/03.03.2024) во периодот од 22.00 до 04.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата санкционирани се 19 возачи, од кои 9 во Битола, 4 во Прилеп и по два во Ресен , Македонски Брод и Крушево.

При контролата биле откриени 12 останати прекршоци.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи – информираат од СВР Битола.

Еден од најголемите прилепски брендови – “Прилепските мечкари” избрани за најмаска на големиот меѓународен карневал во Исерниа, Италија (Фото/Видео)

Eден од најголемите прилепски брендови – маската “ПРИЛЕПСКИ МЕЧКАРИ”, за прв пат учествуваа на познатиот меѓународен карневал во Исерниа, Италија и добија признание за “најмаска”.

Kaрневалот во Исерниа се одржуваше од 23-25 февруари, а ова е уште едно големо признание за оригиналноста на прилепските мечкари, кои во изминатите години прераснаа во вистински амбасадори на Прилеп и Македонија.

На социјалните мрежи мечкарите пренесоа дел од карневалската атмосфера во Италија и нивната дружба.