дома блог страница 71

Николоски: Почнуваме со реализација на третата секција од железничкиот Коридор 8, Македонија станува раскрсница на Балканот

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска присуствуваше на потпишување на Договорот за инвестициски грант преку WBIF на Европска Унија и Договорите за финансирање со Европската инвестициска банка (ЕИБ) и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за реализација на третата фаза од железничката делница Крива Паланка – почеток на прекуграничен тунел со Бугарија како дел од железничкиот Коридор VIII.

На свеченото потпишување во Владата заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, истакна дека станува збор за еден од најзначајните инфраструктурни проекти за државата и за реализација на стратешката визија Македонија да стане клучна транспортна раскрсница на Балканот.

“Ова е исклучително значаен ден, затоа што по речиси две години работа доаѓаме до проект кој што е остварлив, кој што е реален и кој што може да биде реализиран. Не беше лесно во овие две години, беше доста предизвикувачки. Она што е особено значајно, е што успеавме да постигнеме договор со Бугарија, за изградбата на прекуграничниот железнички тунел, кој што треба да ги спои двете држави”, истакна Николоски.

Тој потсети дека договорот со Бугарија бил потпишан минатата година, а минатата недела во Софија се одржал првиот меѓуресорски и меѓувладин состанок, додека вториот се очекува до крајот на месецот во Скопје.

“Пораката таму е јасна, дека двете држави испраќаат заедничко писмо до Европската Унија, Европската банка за обнова и развој и Европската инвестициска банка, за обезбедување грант средства за изградба на прекуграничниот железнички тунел, кој што сум убеден ќе бидат поголеми од оние грант средства за кои досега се зборуваше. Тоа се средства со кои што знаеднички ќе може да се реализира овој проект”, додаде Николоски.

Во своето обраќање, министерот се заблагодари на европските финансиски институции за поддршката на проектот, посочувајќи дека Европската Унија преку рамката за Западен Балкан обезбедува грант од 149 милиони евра, додека Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој обезбедуваат по 175 милиони евра кредити.

На крајот од обраќањето, Николоски упати благодарност и до претседателот на Владата и министерката за финансии за поддршката и ангажманот во изминатите две години, оценувајќи дека со заеднички напори се создадени услови за реализација на, како што рече, најкомплексниот железнички проект што досега ќе го реализира државата.

Август со Минт Кредит: Летото сè уште има што да понуди

Август со Минт Кредит: Летото сè уште има што да понуди

Летото има чудна навика да поминува побрзо отколку што очекуваме. Додека трепнеш, јули е зад нас, а календарот покажува Август. И тогаш најчесто си велиме: „Следната година ќе испланирам порано.“

Но, кој рекол дека летните приказни завршуваат со јули? Напротив, Август е месецот кога многумина ги создаваат најубавите спомени. Морето е најтопло, деновите сè уште се долги, а викендите се како создадени за нови авантури.

Без разлика дали сонувате за неколку дена покрај плажа, планинско бегство или едноставно сакате да си дозволите нешто што долго го посакувате, Август сè уште ви ја дава таа можност.

Минт Кредит (ФД Минт СН) – Не дозволувај календарот да ги одреди твоите планови

Често се случува летото да го поминеме чекајќи „подобар момент“. Плата што треба да стигне, обврски што мора да се завршат или буџет што не остава многу простор за дополнителни трошоци.

Така, деновите поминуваат, а плановите остануваат само на листа.

Но, вистината е дека најубавите моменти не доаѓаат секогаш кога сè е совршено испланирано. Понекогаш е доволна една добра одлука за конечно да си ги остварите најголемите желби.

А ако ти треба финансиска поддршка за да ги претвориш плановите во реалност, Минт Кредит (ФД Минт СН) е тука со потрошувачки кредит до 300.000 МКД, флексибилна отплата и едноставна онлајн апликација.

Август нуди повеќе отколку што мислиш со Минт Кредит (ФД Минт СН)

Многумина сметаат дека главната туристичка сезона завршува со јули, но Август има свои предности.

Тоа е период кога сè уште можеш да:

  • уживаш во неколку дена на море,
  • организираш семеен викенд,
  • посетиш нов град,
  • поминеш незаборавен ден покрај езеро,
  • создадеш спомени со пријателите,
  • направиш пауза од секојдневниот ритам пред да започне есента.

Всушност, токму овие спонтани одлуки често стануваат најубавите приказни што ќе ги раскажуваме долго по завршувањето на летото.

Можеби Август е вистинско време и за нешто повеќе

Летото не мора да биде резервирано само за патувања.

Можеби веќе подолго време размислуваш да купиш нов велосипед или мотор, да го освежиш домот, да инвестираш во нова техника или едноставно да си дозволиш нешто што ќе ти го направи секојдневието поудобно.

Често токму овие одлуки ги одложуваме со месеци, не затоа што не ни се важни, туку затоа што чекаме „совршен момент“.

А совршениот момент ретко доаѓа сам.

Минт Кредит (ФД Минт СН) – Кога плановите не треба да чекаат

Доколку единствената пречка е моменталниот буџет, важно е да знаеш дека постојат решенија кои ти овозможуваат да ги реализираш плановите без дополнителен финансиски притисок.

Со Минт Кредит (ФД Минт СН) можеш брзо и едноставно да аплицираш онлајн за потрошувачки кредит и да ги реализираш плановите токму кога ти одговара.

Минт Кредит нуди:

  • до 300.000 МКД;
  • отплата до 60 месечни рати;
  • едноставна онлајн апликација;

Без непотребно чекање и комплицирани процедури, можеш да се фокусираш на она што навистина е важно – да го искористиш летото додека трае.

Најубавите спомени не се создаваат следната година

Колку пати сме си кажале: „Следното лето ќе биде подобро организирано“?

Но, вистината е дека секое лето носи свои можности. Не мора да биде совршено за да биде незаборавно. Понекогаш доволен е еден викенд, едно патување или една долго посакувана одлука за да создадеш спомени што ќе траат многу подолго од сезоната.

Не дозволувај летото да заврши со реченицата: „Ќе биде следната година.“ Август сè уште е тука. Искористи го.

За повеќе информации, јавете се на 15 007 или посетете не во една од нашите филијали ширум државата.

Прилеп добива нова фестивалска традиција: На 14 и 15 август ќе се одржи првиот Меѓународен фестивал „Итар Пејо“

КУД „Мирче Ацев“ е организатор на новата културна манифестација која ќе обедини фолклорни ансамбли од Македонија и странство.

Прилеп на 14 и 15 август 2026 година ќе биде домаќин на првото издание на Меѓународниот фестивал „Итар Пејо“, нова културна манифестација која преку фолклорот, музиката и културната размена ќе ги поврзе традицијата и современиот дух.

Организатор на фестивалот е КУД „Мирче Ацев“ – Прилеп, кое стои зад идејата градот да добие нова фестивалска традиција посветена на македонското културно наследство, меѓународното пријателство и народната песна и игра.

Во текот на двата фестивалски дена посетителите ќе имаат можност да уживаат во богата програма исполнета со свечено дефиле, фестивалски концерти, креативни работилници, детски активности и други културни содржини. Настаните ќе се одржуваат во Прилеп, како и на уште една локација која организаторите најавуваат дека наскоро ќе биде откриена.

На фестивалот ќе настапат ансамбли и гости од Македонија и од повеќе странски држави, што ќе придонесе за вистинска атмосфера на културна размена и дружење.

Од КУД „Мирче Ацев“ најавуваат дека во наредните денови ќе бидат објавени и покровителите и спонзорите кои ја препознале и ја поддржале идејата за организирање на фестивалот.

Со оваа манифестација Прилеп добива уште еден значаен културен настан, кој има амбиција да прерасне во традиционален меѓународен фестивал и да стане препознатлив белег на градот.

Организаторите ги повикуваат сите љубители на фолклорот, музиката и македонската традиција да ги резервираат датумите – 14 и 15 август – и да бидат дел од првото издание на Меѓународниот фестивал „Итар Пејо“.

Денеска ја славиме светата маченичка Христина

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 24 јули.

Светата маченичка Христина

Родум од градот Тир, ќерка на царскиот намесник Урбан, идолопоклоничка. Не се знае од кои причини родителите и го имаа дадено името Христина, но тоа ја криеше во себе тајната на нејзиното идно одење по Христа. До својата единаесетта година не знаеше за Христа ништо. А кога наполни единаесет години, нејзиниот татко, со цел до полната возраст да ја скрие од светот заради нејзината вонредна убавина, и го одреди највисокиот кат од една висока кула и ја всели да живее таму. И ги устрои сите удобности за живот, ? даде робинки да ја служат, постави во нејзините одаи сребрени и златни идоли за секојдневно да им принесува жртви. Но на таа млада душа ? беше тегобно во онаа идолопоклоничка средина. Гледајќи ги низ прозорецот дење сонцето и сите убавини на светот, а ноќе чудесното блескање на ѕвездите, таа по својот природен разум дојде до цврстата вера во едниот жив Бог. Милостивиот Бог, Којшто го виде нејзиниот копнеж по вистината, и испрати ангел кој ја прекрсти со крсниот знак, ја нарече невеста Христова и наполно ја поучи во богопознанието. Тогаш Христина ги искрши сите идоли по нејзините одаи и така предизвика ѕверска јарост кај татко и . Тој ја изведе на суд, ја предаде на маки, а потоа ја фрли во затвор, со намера утредента да ја убие со меч. Но таа ноќ Урбан здрав како дрен ја испушти душата и отиде во гроб пред ќерка му. Потоа двајцата намесници Дион и Јулијан го продолжија истизавањето на Светата девица. Храброста во трпењето и чудата што ги изврши Христина со силата Божја обратија мнозина тирски незнабожци во христијанство. За време на нејзиното мачење Дион одеднаш падна мртов сред народот. Неговиот наследник Јулијан и ги отсече градите и јазикот. Маченичката го зеде својот јазик и му го фрли на Јулијан во очи, од што тој одеднаш ослепе. Најпосле нејзините маки за Христа завршија со смрт под остар меч, а нејзиниот живот се продолжи во бесмртното ангелско царство. Света Христина пострада чесно во 3 век.

Верижна сообраќајка на патот Прилеп – Битола: Осум лица се тешко повредени, учествувале четири возила

Осум лица се здобиле со тешки телесни повреди во верижна сообраќајна несреќа што се случила кај Битола, а во која учествувале четири патнички моторни возила.

Според информациите од СВР Битола, сообраќајната несреќа се случила на регионалниот патен правец Прилеп-Битола-Охрид, на околу три километри од влезот во Битола.

Веднаш по сообраќајката, во интервенцијата за итна помош на повредените биле включени повеќе болнички возила. Сите повредени лица се пренесени и згрижени во битолската Клиничка болница.

Стручен тим од СВР Битола извршил увид на местото на настанот за да ги истражи причините што довеле до несреќата, а надлежните најавија дека наскоро ќе биде соопштен и идентитетот на сите учесници.

Крушево го удвојува капацитетот за параглајдинг: Започна изградбата на новите модерни полетувалишта (ФОТО/ВИДЕО)

Со нова инфраструктура, Крушево дополнително ја зацврстува позицијата на една од најпознатите европски параглајдинг дестинации.

Крушево, еден од најпознатите европски центри за параглајдинг, влегува во нова развојна фаза. Започна изградбата и инфраструктурното проширување на две нови модерни полетувалишта, со што значително ќе се подобрат условите за полетување, безбедноста на пилотите и организацијата на големи меѓународни натпревари.

Проектот предвидува изградба на полетувалишта со висококвалитетна вештачка и природна трева, со што капацитетот на параглајдинг центарот практично ќе се удвои. Новите услови ќе овозможат истовремено полетување на поголем број пилоти за време на светски и европски натпревари, но и подобро искуство за сите љубители на овој спорт.

Активностите се реализираат во рамките на проектот „Крушево и Елбасан – Патување низ природата и авантурата“, финансиран од Европската Унија преку Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Албанија во рамките на Инструментот за претпристапна помош (ИПА III). Носител на проектот е Општина Крушево, во партнерство со Центарот за одржлив развој АЛКА – Скопје, Општина Елбасан и организацијата Тјетер Визион од Елбасан.

Современа инфраструктура за поголема безбедност

Проектот опфаќа уредување на нови полетувалишта со вкупно 2.008,08 квадратни метри висококвалитетна вештачка трева и 1.503,81 квадратни метри природна трева. Покрај зголемениот капацитет, инвестицијата ќе обезбеди и повисоко ниво на безбедност и функционалност.

Со уредувањето на теренот ќе се елиминираат нерамнините околу полетувалиштата, ќе се намали ризикот од оштетување или заплеткување на параглајдерските крила и јажиња, а пилотите ќе добијат побезбедни услови за подготовка, полетување и собирање на опремата.

Нов поттик за авантуристичкиот туризам

Покрај спортската инфраструктура, проектот има за цел да го зајакне прекуграничниот авантуристички туризам и да го позиционира регионот Крушево – Елбасан како препознатлива туристичка дестинација.

Додека во Крушево инвестициите се насочени кон унапредување на параглајдинг инфраструктурата и спортско-рекреативниот центар „Гумење“, во Елбасан се реализира изградба на авантуристички парк, пристапна зона со паркинг во близина на туристичкиот центар Фунар, како и обележување на пешачки патеки до кањоните Допај.

Со оваа инвестиција Крушево дополнително ја зацврстува својата репутација како домаќин на најголемите светски и европски параглајдинг натпреварувања и една од водечките дестинации за активен и авантуристички туризам во регионот.

Проектот е финансиран од Европската Унија преку Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Албанија во рамките на Инструментот за претпристапна помош (ИПА III). Содржината на ова соопштение е единствена одговорност на партнерите во проектот и не мора да ги одразува ставовите на Европската Унија.

ИЏЕ СО НОВ ПРЕДИЗВИК – ПРВ МАКЕДОНСКИ ВОЗАЧ КОЈ ЌЕ НАСТАПИ СО ПРОТОТИП БОЛИД

Европскиот автомобилски шампион Игор Стефановски – Иџе, започнува ново поглавје во својата богата тркачка кариера. По освоените европски титули и бројните успеси на најпознатите ридски патеки, оваа сезона тој ќе настапува со прототип болид, најмоќната и најпрестижната класа во ридскиот автомобилизам.

Со овој историски чекор, Стефановски станува првиот македонски возач што ќе се натпреварува со прототип болид на официјални меѓународни натпреварувања, испишувајќи нова страница за македонскиот автомобилизам.

„Отворам ново поглавје во мојата кариера. За овој момент сонувам цел живот. Ќе бидам првиот возач од Балканот кој ќе настапува со прототипот Норма, еден од само 12 вакви болиди произведени во светот. Станува збор за исклучително моќно возило, прототип чија технологија и перформанси се блиски до болидите во Формула 1.

Денес го тестирам токму на Водно, местото каде што започна мојата тркачка приказна. Со овој болид влегуваме во нова категорија, со исклучително силна и бројна конкуренција. Верувам дека и во оваа класа ќе бидеме конкурентни и ќе се бориме за нови подиуми на европските ридски трки“, изјави Стефановски.

Новиот прототип болид претставува врв на инженерството во ридскиот автомобилизам. Конструиран е исклучиво за натпреварување, со ултралесна шасија, исклучителен однос меѓу тежината и силата и аеродинамика што овозможува максимални перформанси на најтешките планински патеки. Управувањето со ваков автомобил бара врвна физичка подготвеност, големо искуство и беспрекорна прецизност.

Со овој чекор, Игор Стефановски – Иџе не само што отвора ново поглавје во својата кариера, туку поставува нови стандарди за македонскиот автомобилизам, носејќи ја Македонија во највисоката класа на европските ридски натпреварувања.

Нов паркинг на површина од 1.550м2 во поранешната касарна во Битола

Во Битола денеска беше асфалтиран новиот паркинг простор во поранешната касарна, изграден на локацијата СТУ 9 АРМ, Четврт 3. Со реализацијата на проектот се обезбедуваат нови паркинг места и се подобрува инфраструктурата во овој дел од градот.

Новиот паркинг зафаќа површина од 1.550 квадратни метри, а покрај паркинг-просторот, проектот опфати изградба на коловоз, атмосферска канализација, сообраќајна сигнализација и улично осветлување.

Проектот е реализиран преку вториот владин повик преку Министерството за транспорт, а вредноста на договорот изнесува 6.256.014,18 денари.

Од Општина Битола информираат дека во моментов се работи и на други локации во градот, со цел да се обезбедат што повеќе нови паркинг места и да се подобрат условите за паркирање, во согласност со заложбите за унапредување на сообраќајната инфраструктура.

ИЗВЕСТУВАЊЕ за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата нa Општина Кривогаштани

Врз основа на одлуката на ЕЛС- Кривогаштани за спроведување на превентивна систематска дезинсекција, се информира населението дека на ден 06.08.2026 год. во периодот од 22 до 04 часот на територијата нa Општина Кривогаштани екипа од Центарот за јавно здравје- Прилеп ќе спроведува адултицидна теристична (од земја) дезинсекција со цел уништување на комарци. Дезинсекцијата ќе се изведува со УЛВ-апаратура за ладно замаглување поставена на пикап возило со претходница на друго возило означено со ротационо светло. Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени следните населени места и локации:

Н.м-Врбјани, Н.м-Годивље, Н.м-Крушеани, Н.м-Обршани, Н.м-Бела Црква, Н.м-Пашино Рувци, Н.м-Боротино, Н.м-Славеј, Н.м-Кривогаштани, Н-м Подвис, Н-м Воѓани, Н-м Кореница, Депонија, Блато река, Пречистителна станица, Пилана, Резервоар, попатни канали и шамаци и места со стоечки води.

Со цел избегнување на евентуални несакани последици се информираат пчеларите да превземат превентивни мерки за заштита на пчелните семејства. Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар,дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.

Доколку граѓаните не се придржуваат на горенаведените превентивни мерки ЦЈЗ-Прилеп се оградува од секаква одговорност од појава на несакани последици.

Кожувчанка ги отфрли обвинувањата на СДСМ: Водата за Гостивар ја понудивме по цена двојно пониска од редовната

Компанијата Кожувчанка денеска преку соопштение реагираше на обвинувањата изнесени од СДСМ во врска со набавката на флаширана вода за потребите на Општина Гостивар. Од компанијата ги отфрлаат, како што велат, „безочните манипулации“ и појаснуваат дека нивната понуда била значително пониска од редовната продажна цена, при што разликата во цената ја преземаат на сопствен трошок.

Во продолжение интегрално го објавуваме демантот на Кожувчанка:

Како општествено одговорна компанија на која здравјето и квалитетот на животот на нашите сограѓани од цела Македонија ни се приоритет пред профитот, со индигнација ги отфрламе безочните манипулации на опозициската СДСМ.

Во име на вистината тврдиме дека учествувавме на јавниот повик на службите на Владата, за набавка на флаширана вода за потребите на Општина Гостивар, при што нашата компанија Кожувчанка од Кавадарци се пријави со понуда од 12,5 денари по шише, цена која е значително пониска од редовната продажна цена на производот која изнесува 25 денари.

Разликата помеѓу редовната продажна цена и понудената цена за оваа набавка компанијата целосно ја презема на свој товар, како наш гест на општествена одговорност, солидарност и филантропија.

Кожувчанка гарантира дека предметната количина на вода ќе биде бесплатно транспортирана до Општина Гостивар, а сѐ со единствена цел навремено да им се помогне на граѓаните во услови кога тоа им е најпотребно.

Уверени сме дека во вакви околности, најголемата корпоративна вредност не смее да биде профитот, туку солидарноста и поддршката на заедницата. Како домашна компанија, Кожувчанка и понатаму ќе остане посветена на својата општествена улога и ќе продолжи да помага таму каде што помошта е најнеопходна.