Денеска во Прилеп се одржа Општинската изборна конференција на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, ОО Прилеп, на која беа избрани новите органи и тела на општинската организација.
На конференцијата беа избрани претседателот на општинската организација, Извршниот одбор и Надзорниот одбор. За претседател на ОО на Движењето ЗНАМ во Прилеп е избран Гоце Николоски.
-На новоизбраниот претседател и на членовите на двата одбора им го честитаме изборот и им посакуваме успешна и одговорна работа. Довербата што им е укажана носи обврска за посветеност, отвореност кон членството и активно застапување на потребите на прилепчани. Благодарност до сите делегати за учеството и придонесот во работата на конференцијата. Продолжуваме со заедничка работа за зајакнување на општинската организација и остварување на програмските определби на Движењето ЗНАМ – порачаа од партијата.
























