Состанок на Економско-социјалниот совет во Владата – “Социјалниот дијалог е клучен за подобрување на работничките права и животниот стандард”, вели Мицкоски

Подобрувањето на работничките права, условите за работа и животниот стандард на граѓаните беа во фокусот на денешната седница на Економско-социјалниот совет. За состанокот информираше премиерот Христијан Мицкоски, кој истакна дека соработката меѓу Владата, работодавачите и синдикатите е важна за надминување на економските и социјалните предизвици.

Според Мицкоски, Економско-социјалниот совет има значајна улога во усогласувањето на ставовите и интересите на сите засегнати страни, преку отворен дијалог и заедничко барање решенија.

Тој посочи дека конструктивната соработка меѓу институциите, работодавачите и синдикатите може да придонесе за создавање подобри услови за работниците, унапредување на животниот стандард и обезбедување стабилен економски и социјален развој.

На седницата биле разгледани актуелни економски и социјални прашања, како и можностите за унапредување на работничките права и условите за работа.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.