дома блог страница 70

Koj ако не тетовчанец? Со БМВ блокирал 8 возила во Улцињ, го барале низ цел град

Несовесно паркирање на возило со тетовски регистарски таблички предизвика нервоза меѓу туристи во Улцињ, Црна Гора.

На социјалните мрежи беше објавено видео во кое се гледа автомобил „БМВ“ со тетовски ознаки, паркиран така што го блокирал излезот од паркинг за осум други возила.

Жената која го снимила видеото апелирала доколку некој го познава возачот или случајно го види, да му пренесе да го помести автомобилот, за да се избегне повикување полиција.

„Ќе бидеме приморани да му повикаме полиција, иако не ни е тоа во интерес. Знаеме како е кога си во странска држава, возилото ќе ти го однесат, па потоа ќе мора да го бараш“, вели таа во видеото.

Според нејзините зборови, две лица веќе тргнале низ градот да го бараат сопственикот на возилото, но сметале дека поради големиот број туристи тешко ќе го најдат, особено околу главната плажа.

Видеото предизвика реакции на социјалните мрежи, каде дел од корисниците го критикуваа несоодветното паркирање, особено во туристички места каде во сезоната има голема гужва.

Во Прилеп почнуваат одбележувањата на 25-годишнината од Карпалак

Со поклон и положување цвеќе пред спомен обележјето во прилепската касарна „Мирче Ацев“, вечер од 18 часот почнуваат чествувањата по повод 25-годишнината од „Карпалак“ каде во заседа на армискиоот конвој на патот Скопје-Тетово беа убиени 10-те прилепски бранители.

Чествувањата во спомен на: Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски почнуваат во кругот на прилепската касарна од каде на 8 август 2001 година тргна воениот конвој кон Тетово кога кај месноста Карпалак беше пресретнат и во заседа беа убиени десетте воени резервисти.

Делегации вечер ќе ја посетат и спомен собата во кругот на Касарната, а цвеќиња вечер од 19 часот ќе бидат положени и пред споменикот на бранителите во селото Лениште кај Прилеп. Во манастирот „Света Петка“ во селото ќе се служи вечерна богослужба.

Утре, изутрина, на денот на Сеќавањето, претставници на роднините на загинатите, од Општината ќе заминат на месноста Карпалак на патот Скопје-тетово кае ќе им биде оддадена почит на прилепските бранители. Ќе бидат посетени и нивните вечни почивалишта во Прилеп и во населените места.

Централното чествување на 25-годишнината од загинувањето на 10-те прилепски бранители кај Карпалак ќе биде пред Споменичниот комплекс во центарот на Прилеп утре во 13 часот.

Денеска и утре прскање против комарци во Прилеп

Општина Прилеп ја информира јавноста дека на 07 и 08 август 2026 година (петок и сабота), во периодот од 22:00 до 05:00 часот, ќе се спроведе втората фаза од адултицидната дезинсекција против комарци на територијата на Општина Прилеп.

Дезинсекцијата ќе ја изврши ЈЗУ – Центар за јавно здравје Скопје, додека стручен надзор над спроведувањето ќе врши ЈЗУ – Центар за јавно здравје Прилеп.

Со активностите ќе бидат опфатени околу 800 хектари површина, односно сите урбани заедници во градот Прилеп, како и населените места: Ореовец, Лениште, Селце, Лагово, Беровци, Кадино Село, Галичани, Тополчани, Ерековци, Канатларци, Чепигово, Тројкрсти, Мажучиште, Мало и Големо Коњари.

Целта на адултицидната дезинсекција е намалување на бројноста на возрасните комарци и заштита на јавното здравје, со што се придонесува за побезбедна и поздрава животна средина.

Се апелира до граѓаните во наведениот период да избегнуваат непотребен престој на отворено, да ги затворат прозорците на домовите и, доколку имаат пчелни семејства, навремено да ги преземат потребните мерки за нивна заштита.

Се празнува Света Ана, мајката на Пресвета Богородица – Верниците се молат за здравје и потомство

Православните верници денеска, 7 август, го одбележуваат празникот посветен на Света Ана, мајката на Пресвета Богородица Марија. Во нејзина чест денеска се одржува празнична богослужба и во црквата во селото Маловишта, во близина на Битола.

Овој храм со години го посетуваат верници кои се молат за здравје, семејна среќа и потомство. Според народното предание, местото има посебно значење за брачни двојки кои имаат тешкотии да добијат деца. Сè уште се одржува и обичајот дел од верниците да преноќат во храмот во ноќта меѓу 6 и 7 август, со надеж дека ќе бидат благословени со пород.

Во близина на црквата се наоѓа и извор со вода за која локалното население верува дека има лековити својства. Според преданието, водата извира во подножјето на стара бука.

Според христијанското предание, Света Ана била сопруга на Јоаким и долго време немала деца. По повеќедеценискиот брак, во подоцнежните години го добиле најголемиот благослов – ќерката Марија, која подоцна станала Пресвета Богородица.

Преданието раскажува дека Јоаким, длабоко погоден од тоа што немал потомство, заминал во пустина каде постел и се молел. Тогаш му се јавил ангел и му соопштил дека неговите молитви ќе бидат слушнати и дека тој и Ана ќе добијат дете. Истата вест, според преданието, подоцна ја добила и Ана.

По раѓањето на Марија, Јоаким и Ана му ветиле на Бога дека својата ќерка ќе ја посветат на храмот. Света Ана се упокоила во длабока старост, по живот исполнет со вера и молитва.

Нејзиниот главен празник во православниот календар се одбележува на 9 септември, додека денешниот ден е посветен на споменот на нејзиното упокоение.

Bellina Bio Foods, местото каде здравиот начин на живот започнува со вистинскиот избор

Во време кога сѐ повеќе луѓе обрнуваат внимание на квалитетот на храната што ја консумираат и производите што секојдневно ги користат, Bellina Bio Foods се издвојува како еден од лидерите во Македонија во понудата на органски, природни и еколошки производи.

Со повеќегодишно искуство и внимателно избрана понуда од светски познати брендови, Bellina им овозможува на своите купувачи да направат поздрав избор – без компромис кога станува збор за квалитетот.

Во нивната понуда можете да најдете илјадници производи, меѓу кои:

-органска и био хранa;
-производи без глутен;
-вегански и вегетаријански производи;
-природни суплементи;
-органска козметика;
-производи за нега на бебиња;
-природни средства за домаќинство

Bellina не е само продавница, туку концепт кој промовира здрав живот, одговорно купување и грижа за природата. Затоа сѐ повеќе семејства, спортисти и луѓе кои водат активен начин на живот ја избираат токму Bellina како свое место за секојдневно пазарување.

Она што ја издвојува компанијата е внимателниот избор на производители, високите стандарди за квалитет и постојаното проширување на асортиманот со современи производи кои ги следат светските трендови во здравата исхрана.

Без разлика дали сакате да воведете поздрави навики во исхраната, барате природна козметика или квалитетни производи за целото семејство, во Bellina ќе најдете сѐ на едно место.

Денес Bellina Bio Foods е препознатлив бренд не само во Македонија, туку и пошироко во регионот, со мрежа на продажни места и современа онлајн продавница која овозможува брзо и едноставно купување од удобноста на вашиот дом.

Изберете природно. Изберете квалитет. Изберете Bellina Bio Foods – затоа што здравите навики започнуваат со вистинскиот избор.

AVRA подготви викенд за паметење: Афро Deep House во петок, целодневна Latin Fiesta во сабота и коктели по промотивни цени

Ако барате совршено место за викенд излегување во Прилеп, AVRA – Bites & Cocktails и овој пат подготви програма која ги спојува одличната музика, уникатните коктел вкусови и препознатливата атмосфера каква што само AVRA може да понуди во градот под Марковите Кули.

Овој викенд тимот на AVRA ве кани да уживате во два одлично осмислени тематски дена, а друштво ќе ви прават коктели по промотивни цени од само 260 денари.

Петок (7 август) – AVRA Signature Cocktails & Afro Deep House

Петочната вечер од 21:00 часот е резервирана за Afro Deep House Music, совршен ритам за почеток на викендот.

Специјално за оваа вечер, AVRA ги претставува своите Signature Cocktails:

🍐 Pear Muse
🍑 Peach Please
🍒 Cherry Smoke
🥭 Mango Mirage
🍍 Afterglow

Сите коктели ќе бидат достапни по промотивна цена од 260 денари.

Сабота (8 август) – Latin Fiesta од пладне до полноќ

Во сабота AVRA се претвора во вистинска Latin Fiesta, со латински ритми кои ќе траат во текот на целиот ден и вечер.

Програмата е поделена во три сегменти:

🌴 12:00 – 16:00 | Latin Chill
🌅 16:00 – 20:00 | Latin Sunset
💃 20:00 – 01:00 | Latin Party

За атмосферата ќе се погрижат и освежителните маргарити:

🍸 Classic Margarita
🍓 Strawberry Margarita
🥭 Mango Margarita
🍍 Pineapple Margarita
💛 Passion Fruit Margarita

И тие ќе бидат достапни по промотивна цена од 260 денари.

Резервирајте навреме на телефонскиот број: 078 564 477, или пишете им во порака на ФЕЈСБУК или ИНСТАГРАМ.

Без разлика дали сакате релаксирана петочна вечер или динамична сабота, AVRA – Bites & Cocktails ветува викенд исполнет со одлична музика, врвни коктели и незаборавна атмосфера.

Овој викенд има само една адреса за добро расположение – AVRA.

Нов паркинг во центарот на Битола: Обезбедени 25 нови паркинг места (ФОТО)

Изградбата на новиот паркинг простор и реконструкцијата на улицата „Браќа Џаферови“ во Битола влегуваат во завршна фаза. Денес на локацијата беше поставен асфалт на површина од околу 1.100 квадратни метри.

Со реализацијата на проектот, градот ќе добие 25 нови паркинг места во централното градско подрачје. Покрај паркингот, предвидени се и ново улично осветлување и атмосферска канализација, со што ќе се подобри инфраструктурата и безбедноста во овој дел од градот.

За реализација на проектот, Општина Битола од сопствениот буџет издвои 2.752.772 денари.

Од Општината информираат дека паралелно се работи и на уредување на нови паркинг простори на повеќе локации низ градот, со цел да се намали недостигот од паркинг места и да се подобри сообраќајната функционалност во центарот на Битола.

Детали за сообраќајката на патот Прилеп – Битола, познат идентитетот на повредените

Осум лица, од кои шестмина тешко, се повредени во сообраќајната несреќа која вчера утрото се случи на патот Прилеп-Битола.

Како што информира денеска МВР, во несреќата учествувале четири возила, а меѓу повредените има и четворица српски државјани.

-На 05.08.2026 во 08:57 часот во СВР Битола е пријавено дека на патот Прилеп -Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен” со српски национални ознаки, управувано од В.К.(35) од Србија, патничко возило „сеат” со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од С.М.(41) од Пробиштип, товарно возило „фиат” со струмички регистарски ознаки, управувано од М.Т.(57) од Охрид и патничко возило „фиат” со скопски регистарски ознаки, управувано од В.П.(32) од Битола.

Во несреќата, возачите В.К., С.М. и М.К., како и М.М.(34), С.Ж.(36), М.З.(35), сите од Србија, сопатници од возилото „цитроен“, се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Додека, возачот В.П. и Д.А.(35) од Пробиштип, сопатник во возилото „сеат“, се здобиле со телесни повреди, констатирани, исто така, во Клиничка болница Битола, информира МВР.

Увид извршила увидна екипа на СВР Битола.

ОФС Прилеп: Време е Победа да биде под капата на општината и градоначалникот

Во пресрет на новата натпреварувачка сезона 2026/27, од Општинскиот фудбалски сојуз Прилеп и новоформираниот Централен фудбалски регион 4 излегоа со јавно соопштение во кое ја изразуваат сериозната загриженост за состојбата во ФК Победа АД Прилеп.

Во соопштението се посочува дека во текот на следната недела Управниот одбор на Централниот фудбалски регион 4 треба да ја донесе конечната листа на учесници во натпреварувањето, а неизвесноста околу функционирањето на Победа, според нив, претставува сериозна причина за загриженост.

Од ОФС Прилеп нагласуваат дека би било голем срам за прилепскиот фудбал доколку клубот не го започне новото првенство, истовремено повикувајќи инвеститорите да ја разјаснат иднината на клубот или, доколку немаат јасен план, да му го препуштат раководењето на Општина Прилеп.

Во продолжение го објавуваме интегралното соопштение:

СООПШТЕНИЕ ОД ОФС ПРИЛЕП И ЦЕНТРАЛЕН ФУДБАЛСКИ РЕГИОН 4

Со новата реорганизација на ФФМ седиштето на новоформираниот Централен фудбалски регион 4 е во Прилеп.

Во текот на следната недела Управниот одбор на Регион 4 треба да ја донесе конечната листа на учесници во натпреварувањето од сезона 2026/27. Ние како ОФС Прилеп, директно засегнати за клубовите од Општина Прилеп, следејќи ја неизвесноста за понатамошно функционирање на ФК Победа АД Прилеп и како не би дошле во ситуација да ФК Победа АД не го започне натпреварувањето, би претставувало голем срам за фудбалот во Прилеп.

ФК Победа АД не заслужува неизвесност. Клуб со толкава традиција, богата историја и верни навивачи, заслужува јасно раководство, транспарентност и конкретен план за иднината. Време е зборовите на инвеститорот да се претворат во дела, во интерес на клубот, младите фудбалери и градот Прилеп. Доколку таканаречените инвеститори немаат јасен план за иднината на клубот, време е да го остават клубот под капата на Општина Прилеп и градоначалникот Дејан Проданоски.

Особено загрижува состојбата со младинските категории, кои треба да бидат темелот на секој успешен клуб. Без континуирани вложувања, квалитетна организација и долгорочна визија, тешко е да се очекува враќање на ФК Победа АД на местото што и припаѓа.

Во периодот кој следи започнуваат натпреварувањата во младинските категории, а моменталната ситуација е загрижувачка. Со право е загриженоста на родителите на децата кои тренираат во клубот, време е да знаат што понатаму, тие треба да бидат иднината на фудбалот во Прилеп, а не да играат по другите градови.

Доста со пишување и препукување, време е за конкретни чекори и дела, нема време за чекање.

Ристески: Се контролираат цените на производите и инфлацијата, засега нема нови економски мерки

Инфлацијата и цените на производите во земјава се контролираат и засега нема потреба од нови мерки. Владата ги намали акцизата и ДДВ-то на горивата. Последното зголемување на цената на дизелот е според светските берзи, а ние се фокусираме цената да остане пониска од соседните земји во Регионот, изјави Марјан Ристески, заменик министер за економија и труд.

Ристески нагласува дека за некои мерки претходно се потребни целосни анализи и вели дека Владата нема да дозволи уништување на животниот стандард и куповната моќ на граѓаните.

-Ние гледаме тоа ниво на цената на горивата да го одржиме пониско во однос на соседните држави и да не предизвикаме еден импут кој би бил галопирачки во однос на зголемувањето на цените на другите производи, конкретно, прехранбените производи. Доколку има потреба за одредени мерки, ние имаме законски можности тоа да го направиме во иднина како предлог на Министерството за економија и труд или како предлог на Владата исто како и досега што се грижевме за животниот стандард на граѓаните со одредени мерки. Но, да повторам: мерките треба добро да бидат анализирани, добро размислени, да не предизвикаат подоцна поголема инфлација или, пак, уништување на кревката македонска економија, бидејќи Владата нема да дозволи уништување на животниот стандард и куповната моќ на граѓаните, како што во блиското минато кога имавме слични светски економски кризи и имавме двоцифрена инфлација, галопирачки од на цените и комплетно уништување на животниот стандард и куповната моќ на граѓаните, изјави Ристески.

Според него, со ограничувањето на акцизите и ДДВ- то, имаме најевтини нафтени деривати во Регионот, а тоа го покажува и фактот што голем број граѓани од соседните држави купуваат гориво од Македонија. Преку овие мерки има заштеда и на транспортните трошоци кои се вкалкулираат и во цените на производите, посебно на прехранбените производи.

-И во однос на основните прехранбени производи за живот на едно просечно македонско семејство имаме најниски цени во Регионот, споредено со другите држави. На таков начин сме успеале да придонесеме за заштита на животниот стандард, иако тоа не е доволно. И понатаму ќе гледаме, преку вакви мерки, доколку има потреба, и покрај воената криза, ќе настојуваме да ги задржиме цените на горивата на најниско ниво во Регионот, а исто така, и цените на основните прехранбени производи, образложи заменик-министерот за економија и труд.

Преку Државниот пазарен инспекторат, претходната анализа на вкупно 700 производи кои беа контролирани, покажа дека нема големо зголемување на цените во овој период. Намалени се цените на сезонските земјоделски производи.

-Минималното зголемување е предизвикано од зголемените транспортни трошоци поради поскапувањето на енергијата, односно нафтените деривати или е предизвикано од зголемување на цените на суровините и репроматеријалите кои 90 прооценти се од увоз. Анализите покажуваат дека имаме и одредено намалување на цените на сезонските земјоделски производи и овошјето. Така што, засега нема потреба од посебни мерки, освен ова намалување на акцизата, а претходно на ДДВ-то на нафтените деривати со цел да ги држиме цените на едно пониско, попристапно ниво за граѓаните, а со тоа да го заштитиме и нивниот животен стандард или куповната моќ на граѓаните, посочи Ристески.

Есенва се очекуваат измените во Законот за нефер трговски практики и десеткратно зголемување на сегашните казни кои се до 20 000 евра.

-По одморот, пратениците за брзо време ќе ги добијат предлозите за измените во Законот за нефер трговски практики кои ги потготвуваме во соработка со Комисијата за заштита на конкуренцијата. Ќе бидат известени и другите институции кои се директно или индиректно инволвирани во овој Закон, а ќе прибереме мислења и од стопанските комори и сѐ ќе направиме преку овој Закон за подолгорочно стабилизирање на цените за да не дозволиме галопирачка инфлација. Една од главните цели на овој закон е да се зголемат казнените одредби. Сега, највисоката казна е до 20 000 евра, а со измените ќе биде десеткратно зголемена. Всушност, ќе има допрецизирање на договорите со одредени членови во Законот за да нема можност за манипулации, посебно од трговците и ќе биде воведена казна за добавувачите кои ја прифаќаат таквата нефер трговија. Рокот пред Нова Година е пригоден да се донесат овие измени, објасни Ристески.