дома блог страница 692

Адвокатката на убиецот кај Мавровка: При апсењето бил многу тепан, доставив приговор

Адвокатката Софија Лаличиќ која го брани осомничениот за вчерашното убиство кај Мавровка вели дека при неговото апсење била употребена прекумерна сила.

Во изјава за Сител, по завршувањето на распитот во Кривичниот суд вели дека одбраната доставила приговор за законитоста на лишувањето од слобода.

-Ова е многу рана фаза за да зборуваме за докази со полна доказна сила. Меѓутоа, основано сомнение има. Ги презентираше Обвинителот во судот, одбраната се противеше. Сметаме дека не се доволно цврсти во оваа фаза, не се обезбедени како што треба, меѓутоа судот ќе одлучи. Имаме примедби на начинот на лишување од слобода. Прилично бил тепан. Беа констатирани хематоми по рацете и телото, така што, ставивме привогор и на законитоста на лишувањето од слобода. Очекуваме судот и за тоа да одлучи, вели Лаличиќ.

Во Ѓорче секој ден нешто ново! Стојкоски се пофали со уште еден вреден проект за младите (ФОТО)

Поставуваме 1450 метри квадратни нова тартан подлога на игралиштето „Бранители“, која ќе го подигне нивото на спортот и рекреацијата во нашата заедница – напиша на социјалните мрежи градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.

-Започнуваме со замена на подлогата на фудбалскиот терен, кој сега ќе биде уште поудобен и безбеден за сите љубители на овој спорт. Кошаркарското игралиште исто така ќе добие нова, висококвалитетна подлога, која ќе ги поттикне младите да го практикуваат спортот во најдобри услови. За првпат, и теренот за серва ќе биде обновен со ваква подлога, овозможувајќи повеќе можности за активност и игра.
Со овој проект ја потврдуваме нашата посветеност за подобрување на животот во Ѓорче Петров. Работиме напорно за да создадеме услови што ќе им донесат радост, здравје и инспирација на сите наши сограѓани. Заедно, го градиме подоброто утре за нашата заедница
– напиша Стојкоски.

Утре седница на Советот на општина Прилеп, нов советник ќе седне во советничките клупи

Советниците во Советот на општина Прилеп, утре (22.08.), со почеток во 9 часот, ќе ја одржат 47-ма седница на Советот на Општина Прилеп, а на дневен ред се 29 точки.

Најголем дел од точките се однесуваат на усвојување на годишните извештаи за работата на училиштата, но предвидено е да се гласа и за констатирање на престанок на мандатот на член на Советот. Станува збор за мандатот на д-р Кире Јоноски, кој беше советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, и кој од минатата недела ја презеде функцијата директор на прилепската болница “Борка Талески”.

Според советничката листа на владеачката партија од локалните избори во 2021 година, нареден на листата кој треба да седне во советничките клупи е Александар Алексоски.

Покрај тоа советниците ќе гласаат и по следните точки:

-Предлог-Решение за измена и дополнување на Решението за за формирање Комисија за општествени дејности и права на децата.
-Предлог-Измени и дополнувања на Буџет на Општина Прилеп за 2024 година.
-Предлог-Одлука за утврдување на приоритет на проектот “Изградба на фабрика за рециклирање на отпад”.
-Предлог-Измени и дополнувања на План на развојни програми на Општина Прилеп за 2023-2025 година.
-Предлог-Измени и дополнувања на Програмата за субвенционирање на јавните комунални претпријатија за 2024 година.

Утре уживање во центарот на Прилеп! Crossroad Blues Band ќе свират свој трибјут на Ерик Клептон

Во рамките на проектот “Од 0 до култура”, кој се реализира со свирки во живо секој четврток на Камената бина во центарот на Прилеп, утре (22 август) со свој трибјут на Ерик Клептон ќе настапат најпознатите блузери од Прилеп, CROSSROAD BLUES BAND.

CROSSROAD B.B. е музичка формација од Прилеп, формирана на крајот од минатиот век или поточно 1997год. од двајца фанатични влубеници во блуз музиката односно Александар Дворчанец – Сале, и Бранко Нешкоски – Бане.Можеби гранитното опкружување околу градот или пак аромата на тутунот која се шири по градските улици,се покажаа како успешна почва за развој на блузот. Од локална атракција низ годините CROSSROAD B.B. прерасна во еден сериозен бенд кој музицира покрај во својот град , во скоро сите градови на Македонија, а од 2008год па се до 2018год. настапува на скоро сите престижни фестивали и места во регионот каде се негува и свири блуз.

Има настапувано на фестивали во Бугарија (Софија, Бургас, Петрич, Габрово) во Србија ( Врање, Ниш, Kрагуевац, Смедерево, Белград, Панчево, Кикинда, Суботица, Нови Сад, Сента), во Хрватска ( Жупања, Ријека, Кастаф, Умаг, Сплит, Дубровник, Опузен, Имотски и многу други места) Словенија во Копар, во Црна Гора во Подгорица и Никшиќ, во Босна и Херцеговина ( Мостар, Бања Лука, Приједор, Доњи Вакуф, Сараево и многу други)

Поминатите километри и настапи на бендот му донесоја многу искуство во живите настапи, многу самодоверба бидеќи го вкрстија “оружјето“ со скоро сите блузери во регионот, и многу пријателства кои траат до ден денес.

Оваа приказна беше грубо прекината со прераната смрт на Сале, фронтменот и моторот на бендот во ноември 2018год. Со неговото заминување бендот изгуби многу, а и блузот во Македонија воопшто.

Во периодот од 1997год до 2018г. CROSSROAD B.B. сними три албуми од кои два авторски со кој ја промовираа блуз кирилицата (односно блуз нумери на македонски јазик) и еден албум со обработки на блуз нумери кои и самите автори ги беа заборавиле (не толку познати парчиња музика во блуз манир). Важно е да се спомене дека Сале беше автор на скоро сите текстови од авторската музика кои не беа само текстови, тоа беа реални приказни од неговиот живот кој иако краток беше преполн со случки и настани.

После почетниот шок предизвикан од заминувањето на Сале бендот одлучува повторно да работи оти само со континуирани настапи и музика ќе се залечат раните од загубата, а и името на Сале ќе продолжи да живее низ музичките настапи на бендот.

Сегашната формација на бендот е следната:
Давид Нешкоски – вокал и гитара
Бранко Нешкоски – гитара
Зоран Настески – тапани
Љупчо Шилоски – бас

Во последниот период бендот доби вокална подршка од два прекрасни женски вокали Александра Трајческа и Викторија Георгиоска, со што е збогатена музичката слика на цел бенд.

Ова е во кратки црти биографијата на бендот за кој може да се пишува со денови посебно ако авторот на текстот е директен учесник од основањето па се до ден денес.

Настапот на Crossroad Blues Band започнува со почеток од 21:00 часот.

Премиерот Мицкоски најави тужба против пратеничката Петровска: Да ги видиме доказите дека јас сум поддржувал и нарачувал убиства

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека планира да поднесе тужба против пратеничката Славјанка Петровска, по нејзините наводи дека тој поддржувал престрелки и криминални структури во Скопје.

Мицкоски ја критикуваше Петровска за, како што вели, неоснованиот напад исполнет со лаги и измислици. Тој нагласи дека обвиненијата се дел од моделот на невистини со цел да се наруши неговиот углед и угледот на неговото семејство.

„Таа, за жал, упати монструозни и многу сериозни обвинувања против мене, но тоа ќе го оставам на нејзината чест и совест. Претпочитам да не навлегувам во нејзиниот процес на размислување зад овие тврдења. Се консултирав со мојот правен тим и ќе продолжам со поднесување тужба. Барам властите и судот да ги истражат и да ги откријат сите докази што може да ги има госпоѓа Петровска дека сум наредил или поттикнувал убиства Во наредните денови ќе ја поднесам тужбата и со нетрпение очекувам да ги видам доказите што ги поседува”.

Мицкоски посочи дека обвинувањата се политички мотивирани, со цел опозицијата да добие предност и некој поен. Тој изрази загриженост за влијанието врз неговото семејство и ја повтори својата намера да ги заштити од дополнителна штета. СДС се распаѓа и се очекува да падне под 100 илјади гласачи и да се фрагментира. Внатрешни расколи и откривања на сериозни корупциски скандали прават партијата да не може да функционира без вакви непромислени изјави и потези.

Обвиненијата се појавија по убиството во близина на Трговскиот центар „Мавровка“ рано денеска. Петровска објави на Фејсбук, обвинувајќи ја вмешаноста на Мицкоски во криминални активности и вклучи фотографија на која се сугерира дека е со позната личност од скопското подземје.

Пиво Корона за 59 денари има само на едно место во Македонија

Corona – најпознатото мексиканско пиво со посебен вкус преточено во сензационално и совршено брендирано шише, остави незаборавен белег во пивската индустрија.

Ниту едно Corona шише не е комплетно без парче лимета бидејќи тоа е составен дел од искуството.

Природно ги зајакнува карактерот и вкусот на пивото како и освежувачкиот изглед.

Деновиве по специјална цена од 59 денари, само во Liquor Store во Прилеп.

Побрзајте и посетете ги во дуќанот на домот “Спиро Забрчанец” и наполнете ја кошничката со вашиот омилен вкус. Вo Liquor Store има 100 различни видови на пиво, буквално се’ од жестоки и безалкохолни пијалоци, а љубителите на квалитетни тутунски производи, тука можат да си набават кубански и италијански пури.

Проверете дали сте добиле субвенции за велосипед од Општина Прилеп

Врз основа на предлогот на Комисијата за спроведување на постапка за субвенционирање /надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Прилеп за купување на велосипеди за 2024 година, а во согласност со Јавниот повик од 2024 година, „Правилникот за користење на финансиски средства од буџетот на Општина Прилеп за субвенционирање / надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Прилеп за купување на велосипеди“ со број 09-595/31 од 15.03.2021 година (Службен гласник на Општина Прилеп бр.3/2021) и Одлуката за определување на максимален износ за доделување на поединечна субвенција/надомест на дел од трошоци на граѓани на подрачјето на Општина Прилеп за купување на велосипеди за 2024 година бр.09-1828/9 од 29.06.2024 година (Службен гласник на Општина Прилеп бр.7 од 29.06.2024 година), Општина Прилеп објавува Финална листа на баратели кои ги исполниле, односно не ги исполниле критериумите субвенционирање / надоместување на дел од трошоците за купување на велосипед за 2024 година.

Од вкупно пристигнатите 212 барања, 210 (двеста и десет) баратели ги исполниле критериумите, додека 2 (двајца) баратели не ги исполниле критериумите за надомест на дел од трошоците за купување велосипеди за 2024 година.

Листата на баратели кои ги исполните условите можете да ја погледнете ТУКА

Само вака против ВАНДАЛИТЕ! Новите игралишта во Битола добија видео надзор (ФОТО)

Шест камери кои овозможуваат комплетен видео надзор на надворешниот дел на училиштето и спортските терени се поставени во основното училиште „Елпида Караманди“.

Постапката ја спроведе училиштето во соработка со општината, а во согласност со Упатството за спроведување на задолжителни мерки и активности во основните училишта, донесено од страна на Министерството за образование и наука.

На овој начин се зголемува безбедноста на учениците во училиштето и се овозможува заштита на новите училишни спортски терени од оштетување и несоодветни активности, дејствија на несовесни младинци и граѓани, кои за жал беа забележани уште првата недела од пуштањето во употреба на реконструираните спортски игралишта.

Беше “Рајска градина” и радост за децата, а сега е пуста и без птици – Како исчезна една од најубавите атракции на Могилата во Прилеп?! (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Она што некогаш се нарекуваше “Рајска градина” и беше вистинска атракција за дечињата во “Паркот на револуцијата” во Прилеп, сега е претворена во запуштено место.

Украсни птици има само во уште еден кафез, а сите останати се запустени, затревени, разрушени…

Зошто и кој дозволи оваа убавина да исчезне, наместо да се надополнува со нови видови на птици и да привлекува посетители и од други градови…

Жално и срамно!

61.199 денари се потребни за да се помине месецот во Македонија – пресмета Државна статистика

За 629 денари се зголемиле минималните месечни трошоци на едно семејство во август во споредба со јули, објави денеска Сојузот на синдикати на Македонија, кој ја изработува синдикалната минимална кошница. Според пресметките на ССМ, во август вредноста на минималната кошница изнесувала 61.199 денари.

Во периодот од јануари до август, минималната кошница е зголемена за 4.036 денари, а од кога се пресметува по новата методологија, односно од декември лани до август годинава за 4.677 денари.

-Податоците од Синдикалната минимална кошница покажуваат дека и без зголемување на платите, трошоците за живот вртоглаво растат, нема оправдување за тоа, а истото никој не се обидува да го спречи, а ги прави граѓаните, работниците и пензионерите уште посиромашни. Податоците од Синдикалната минимална кошница треба да ги разбијат дилемите на сите оние кои мислат дека работничките плати се највиновни за растот на инфлацијата односно растот на трошоците за живот. Само со зголемување на платите може да се зачува животниот стандард на работниците и токму затоа барањата на работниците за зголемување на платите се оправдани, велат од ССМ.

Државниот завод за статистика измери инфлација во јули од три проценти на годишно ниво.