дома блог страница 674

Машината за перење троши двојно повеќе струја поради една грешка што сите ја правиме

Машината за перење може да користи двојно повеќе струја само поради грешка што сите ја правиме. Меѓутоа, доколку го следите овој совет, вашата сметка за струја ќе биде многу помала следниот месец

На секое пакување детергент точно пишува колку точно треба да додадете во машината за перење, но повеќето потрошувачи претеруваат. Премногу детергент ја оштетува облеката, но и драстично ви ја зголемува сметката за струја.

„Пред сè, треба да се нагласи дека повеќе детергент не значи и почисто перење, иако повеќето луѓе така мислат, па луѓето претеруваат, а во реалноста само ја оштетуваат машината и облеката“, вели Мари Гаљарди, експерт за перење, пренесува Метрополитен.си

Освен што остава бели дамки на облеката, премногу детергент може да ги оштети и одводите, што значи дека во нив ќе се таложат повеќе остатоци од детергентот, па машината ќе троши двојно повеќе електрична енергија.

Како правилно да се пере облеката?

„Три елементи се клучни за добро перење: температура на водата, центрифуга и комбинација од детергент и омекнувач. Само кога овие три елементи ќе се оптимизираат, алиштата ќе бидат навистина чисти“, објаснува Гаљарди.

Тој ве советува да ја изберете највисоката можна температура за перење, бидејќи повисока температура значи почисто перење: „Изберете програма со подолго перење и дополнително плакнење“.

Колку детергент да додадете во машината за перење?

„Важно е детергентот да е квалитетен. Можно е упатството да вели да се користи повеќе детергент отколку што е потребно. Ова ќе го знаете ако вашите алишта се со многу пена во текот на циклусот на перење. Во овој случај, користете најмала можна количина на детергент препорачана на пакувањето. Доколку оваа количина не е наведена, едноставно намалете ја количината додека не пронајдете идеалната количина“, заклучува Гаљардиев за Dearborn.org.

Трагедија: Моторциклист загина на патот Битола-Ресен

-На 08.09.2024 во 16.32 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот А-3 Битола- Ресен се случила сообраќајна несреќа, во која Д.С.. (40) од Куманово управувајќи мотоцикл „кавасаки” со кумановски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот.

Од страна на доктор од Итна медицинска помош Битола кај возачот е констатирана смрт на местото на настанот.

Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола, во присуство на јавен обвинител – информираат од МВР.

Се апсат дрвокрадци низ цела Македонија, и Прилеп доаѓа на ред? (ФОТО)

СВР Охрид до ОЈО Кичево поднесе кривична пријава против девет лица по член 235 став 3 од Кривичниот законик поради основано сомнение за сторено кривично дело „кражба”, а против две од овие лица е поднесена и кривична пријава по чл.382 „спречување службено лице во вршење на службено дејствие”. Сите девет лица се лишени од слобода и со кривичната пријава се предадени во ОЈО Кичево за понатамошна постапка.

Имено, вчера (08.09.2024), во координирана акција на Одделот за криминалистичка полиција, СВР Охрид и Одделот за специјални полициски операции-Единица за брзо распоредување, на територија на општина Кичево во место викано „Кутуров дол“ затекнати се лица во незаконска сеча и дотур на дрва за огрев во шумски предел, и покрај активната забрана за движење во шума. Лицата биле без соодветни дозволи и документација за сеча, дотур и превоз на огревни дрва. Од лицата се одземени мобилните телефони и предмети за кои се претпоставува дека ги користеле за извршување на кривичното дело, како и товарно моторно возило „ман” и џип „опел фронтера”, двете со кичевски регистарски ознаки.

Исто така, во месноста викана „Мала река’’ лишени од слобода се три лица и одземени се два трактора со приколки и едно возило „цитроен џампер“, како и моторна пила и повеќе канистри за бензин.

Што велат последните АНКЕТИ пред утрешната телевизиска дебата на Трамп и Харис?!

Доналд Трамп и Камала Харис се изедначени во последните недели од изборната кампања, според националната анкета спроведена од „Њујорк тајмс“ и колеџот Сиена, што ги зголеми влоговите на претседателската дебата во вторник.

Трамп порасна за еден процентен поен, 48%-47%, во однос на Харис, според истражувањето објавено во неделата, разлика што е во рамките на маргината на грешка од три процентни поени на истражувањето, што значи победа за кој било кандидат на изборите на 5 ноември.

Одделно, анкетата на Си-Би-Ес/ЈуГов во неделата покажа слично тесна трка во клучните сојузни држави, при што Харис води тесно во Мичиген (50%-49%) и Висконсин (51%-49) и се изедначени во Пенсилванија.

Иако кампањата на Трамп претрпе релативно тежок удар во неделите откако демократскиот претседател Џо Бајден се откажа од трката во јули, најновите анкети покажуваат дека неговата основна база на поддршка не оди никаде.

Анкетата на „Њујорк тајмс“особено покажа дека гласачите чувствуваат дека треба да научат повеќе за Харис, додека нивните мислења за Трамп се во голема мера поставени. Во истражувањето, 28 отсто од веројатните гласачи рекле дека им требаат повеќе информации за кандидатот на демократите, додека само 9 отсто го рекле истото за Трамп.

Анкетата покажува дека претседателската дебата во вторник може да биде клучен момент.

Пандев побара оставки од Милевски и Сејдини: “ФФМ е претворена во чајџилница”

Поранешниот капитен на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев, во интервју за “СПОРТ СПОРТ” отворено побара оставки од претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Мухамед Сејдини, и од селекторот на репрезентацијата, Благоја Милевски.

„Односот на теренот и изборот на Милевски за некои фудбалери е понижувачки за сите кои работиме во фудбалот и кои инвестираме во фудбалот во Македонија. Милевски требаше да си оди по тие 7:0 од Англија, сето што се случува сега е борба за секој први во месецот,“ истакна Пандев, додавајќи дека националниот тим ја загубил контролата и дека треба да се направат промени.

Тој исто така го критикуваше раководството на ФФМ, опишувајќи ја организацијата како место за лични интереси наместо за развој на фудбалот. „ФФМ последниве години се претвори во чајџилница, во место каде има се, само не фудбалски работници,“ изјави Пандев

Целото интервју на Пандев прочитајте го ТУКА

Производител на сирење од Ново Лагово и месара од Прилеп казнети од Агенцијата за храна и ветеринарство

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) продолжија со спроведување на редовни и вонредни контроли на целата територија на земјава.

Поради вршење на нерегистрирана дејност – производство на сирење, неделава во прилепското село Ново Лагово, по спроведен вонреден инспекциски надзор, индивидуален земјоделец – примарен производител на кравјо млеко е парично казнет. Наложено му е да ја регистрира дејноста производство на сирење.

Поради неводење на дневна евиденција за потрошени суровини за производство на подготовки од месо, во Прилеп, парично е казнет оператор со храна – месарница. Казна е изречена и за одговорното лице во правното лице.

По спроведени вонредни инспекциски надзори на скопскиот зелен пазар Буњаковец, казнети се физички лица поради вршење на нерегистрирана
дејност. Нештетно се уништени 8 килограми сирење, 2 килограми кашкавал, 5 пакувања мед со саќе во количина од 4,5 килограми, кои немале документ за потекло. Контрола е спроведена и во сендвичарница на овој зелен пазар каде не се утврдени неправилности.

Го славиме светецот заштитник на учениците и студентите: Денеска е Св. Фануриј, за многу години!

Овој свет маченик, потекнува од Египет (Мисир), но времето и потеклото не се познати. Се знае само дека неговата мајка била многу грешна, а овој свет млад човек повеќе се молел за нејзиното спасение, отколку за себе. Кога го мачеле удирајќи го со камења и дерејќи му ја кожата, тој се молел на Бога: „Заради овие мои маки, помогни им, Господи, на сите што ќе се помолат за спасението на мојата грешна мајка“. Во Египет, а и кај нас, многумина така и се молат: „Спаси ја, Господи, грешната мајка на свети Фануриј, а и мене, грешниот, помогни ми“. И заради оваа молитва мнозина добиваат помош.

Токму овој светител е избран за заштитник на учениците и студентите, и на неговиот празник служиме молебен пред почетокот на учебната година. Каква врска има светиот Фануриј со образованието? Тој со ништо не покажал дека имал стекнато некакво световно високо образование. Бил обичен војник.

Вистинското образование е да го исчистиме во себе Образот Божји, во нас секој човек да го препознае Образот Божји, во нашите дела да препознаат христијански дела, а особено по љубовта да нè препознаат и признаат дека сме Христови. Токму такво возвишено образование имал светиот Фануриј, и затоа денес, славејќи го неговиот свет спомен, се молиме Господ да ги просвети умовите на сите ученици и студенти, да слезе врз нив Светиот Дух, Кој некогаш од простите рибари, направи премудри апостоли, кои со својата Божествена мудрост ја просветија и преобразија сета вселена, па така и во денешните ученици да го запечати Образот Божји во нив, да ги охристови и насочи кон Христа.

Исто така, мора да нагласиме, дека световното образование, петките на учениците и десетките на студентите, не се од пресудно значење. Многумина одлични ученици и студенти стануваат вистински ѕверови, дури и кон своите родители и некогашни другари, кога ќе добијат високи општествени позиции. Подготвени се да газат и врз луѓе, само за да си ги остварат своите цели и болни амбиции. Не е грев човек да биде амбициозен, да се бори за успех, но не газејќи врз другите, туку само со својот квалитет, способност и знаење.

Најбитно е децата да созреат и да станат духовно здрави личности, кои ќе имаат љубов и грижа кон своите родители, кон своите роднини, другари и другарки, и кон сите луѓе. Ете, за такво образование да се помолиме, Господ така да ги научи нашите деца, да бидат скромни и благодарни, да имаат љубов кон сите луѓе, да си ја зачуваат чистотата на умот и срцето, да не се валкаат во калта на многуте страсти, гревови и пороци од кои масовно заболува голем дел од младината.

Бог да ги слушне нашите молитви и да ги просвети сите ученици и студенти, та да имаме здрава и стабилна иднина, просветлени лидери, чесни работници, совесни и грижливи идни родители, сега и секогаш и во вечни векови. Амин.

Не може човек да исчисти, колку нелуѓе што можат да извалкаат! Денешниот празничен ден околу прилепското вештачко езеро! (ФОТО)

21 век и сите зборуваат за некаква Европска Унија, па како таму убаво се живеело, било се’ кристално чисто, немало пикавец по улиците….имале паркови, зеленило…. Па имаме и ние, ама ние сме европјани само кога сме во посета и по работа во државите од Западот, а дома сме еве вакви:

Фотографиите се од денеска од комплексот околу прилепското вештачко езеро, 8. Септември – Денот на независноста на Македонија, празник, таму луѓе, ама и многу нелуѓе….

Корпите за жива вистина празни, а наоколу расфрлан отпад од разгалени неранимајковци кои само се преправаат дека имаат некаква европска култура и однесување.

И немаме што повеќе да додадеме, само тоа дека на крајот од денот само ваквите ќе останат тука…

ФОТО/Јоцо Дамјаноски

МОЌНА ФОТОГРАФИЈА: Пожарникари, војници, припадници на шумската полиција – Луѓето кои шест дена водеа мачна битка со огнените јазици околу Прилеп

Шест дена над 200 припадници на територијалната противпожарна единица од Прилеп, припадници на Посебната едницата на полицијата, Армијата на Република Македонија, јавните претпријатија, шумската полиција… и голем број доброволци, макотрпно водеа борба со огнените јазици за зачувување на населените места во прилепскиот дел од Мариово и верските објекти.

Борбата се водеше против на повеќе фронта, кај Дуње, Бонче, кај Прилепец, Штавица, Селце… Пожарот беше раширен на 30км линија. Помагаа и ер-тракторите на ДСЗ, а помогна и дождот во текот на вчерашниот ден.

Да упатиме една голема благодарност до хероите! На фотографијата се пожарникари, војници, припадници на шумската полиција…

Нивните ученици зборуваат англиски како да им е мајчин јазик, прогласено за училиште на годината во Македонија, а се наоѓа во Прилеп (ФОТО ГАЛЕРИЈА/ВИДЕО)

Повозрасните генрации растеа во време кога образовниот систем се држеше на здрави нозе, кога педагозите беа строги и умешно и успешно го пренесуваа знаењето на најмладите, притоа подготвувајќи ги за предизвикот кој се вика живот. Мноштвото реформи низ годините, честото променување на учебници и наставни програми, си го направија своето и за наставниците и за учениците, па децата се потешко влегуваат народски кажано во колосек, родителите мака мачат да држат нога со новите наставни трендови, а наставниците се затрупани со еден куп административна работа.

Во едно вакво опкружување едукативните центри станаа неопходни. Подготвителната одделенска настава за децата и изучувањето на странските јазици, како неопходен аспект на современото живеење, стана нова реалност. Но како од големата понуда да се направи вистинскиот избор, и како на вашето дете да му го овозможите најдоброто? Се разбира, следете го добриот глас, а добриот глас на далеку се слуша и вели дека во Прилеп главниот збор го има “ДРИМ ТИМ МАКСИ” јазичниот едукативен центар.

Постојат од 2021 година, и за само 3 години се искачија на врвот. Од мал простор на локација “Кај Педано”, до современо училиште во непосредна близина на “Шарена чешма”, со три училници, современо и педантно уредени во зависност од возраста на учениците и слушателите.

Станува збор за изграден бренд, кој професорката Ивана Макалоски го изгради не само на ниво на Прилеп, туку и на ниво на целата држава, а дека тоа е така зборува фактот што годинава едукативниот центар “ДРИМ ТИМ МАКСИ” беше прогласен за училиште на годината од Hamilton House – Aкадемска книга, признание со кое ретко кој друг може да се пофали. Она што е особено важно да се напомене е тоа дека знаењето учениците го стекнуваат од најновите изданија на учебниците од Hamilton House, па така нивото на нивното знаење и познавање на странските јазици, е далеку подобро од она што можат да го стекнат од училишните учебници.

Тимот на едукативниот центар го сочинуваат професори со долгогодишно работно искуство и богат образовен “бекраунд”. Фокусот е ставен на изучување на англискиот јазик, но училиштето е отворено и за изучување на германски јазик, како и за подготвителна одделенска настава. Наставата се одвива исклучиво на англиски јазик, а учениците и повозрасните слушатели тука можат да се стекнат со сертификати за сите јазични нивоа (A1/A2 , B1-B2 i C1-C2)

Наставата се одвива онлајн и со физичко присуство, а времето е во договор со слушателите и родителите на учениците, сето тоа да се излезе во пресрет на нивните барања и да се покаже взаемната лојалност и разбирање.

Интересно е тоа што училиштето го посетуваат генерации од 3 до 73 годишна возраст, па така највозрасната слушателка има 71 година и храбро и умешно ги совладува лекциите од часовите.

За најмладите од 3 до 5-годишна возраст постои групата YOUNG HEARTS, една забавна и слатка група на дечиња, која јазикот го изучува низ интерактивни активности и игри. За овие дечиња тимот на “ДРИМ ТИМ МАКСИ”, создаде посебни услови, каде модерната технологија игра мала улога, а детето се учи да ги распознава нештата преку посебни слики, флеш карти прилагодени за возраста и усно да се изразува.

Секако современите текови тоа го налагаат, па центарот е опремен со смарт табли, но присуството во наставата на истите постои само кога се неопходни. Накратко кажано, вашите најмали на едно место се едуцираат, во простор опремен по најнови стандарди и во одлични услови, па затоа не случајно се вели дека учениците во овој едукативен центар зборуваат англиски како да им е мајчин јазик.

Освен едукативниот дел, професорите во “ДРИМ ТИМ МАКСИ” посветуваат огромно внимание и на педагошкиот дел, а тоа е грижа за однесувањето на децата, стекнување на културни навики и литературен начин на изразување.

Класичниот начин на едукација со седење и слушање она што професорот го пренесува, тука е заменет со еден куп активности, како индивидувални, така и тимски. Децата учат брзо и ефикасно преку игра, разни изработки, читање, слушање, меѓусебна интеракција, и сл.

Она што посебно го издвојува овој едукативен центар е тоа што децата често се вклучени во едукативни работилници и одржување на разни приредби по повод домашните, но и странските празници. Преку разни изработки и изведби, децата се запознаваат со културата, јазикот и различностите во светот.

Непосредно пред Новата 2024 година, дечињата одржаа маестрална приредба во киното “Мис Стон”, каде покажаа што се’ научиле во текот на учебната година, а публиката и родителите останаа без зборови. Ништо поразлично не е ниту за Денот на љубовта, кога дечињата со нивните ментори изработуваат мотивациони пораки, кои потоа ги делат на граѓаните и изнудуваат воздишки и насмевки.

Неуморната и посветена работа вроди со плод: Дечињата од едукативниот центар “Дрим Тим Макси”, успешно ја одржаа првата Новогодишна приредба на англиски јазик во Прилеп (ФОТО)

И тоа не е се’! Дечињата се често дел од хуманитарни настани, па во соработка со истоименото здружение “Дрим Тим од Деца за Деца”, досега заеднички придонеле за голем број успешни хуманитарни акции, каде често се собираат средства за лекување на нивни врсници.

Сублимирано, тука децата се на прво место. Тука нивното височество е издигнато до максимум, се почитува и вреднува нивниот карактер, се градат како личности од најмали нозе, стекнуваат знаења и буквално го совладуваат странскиот јазик. За тимот на “ДРИМ ТИМ МАКСИ” децата се буквално се’, веруваат и се залагаат за нивниот успех!

Не двоумете се! Побарајте ги најдобрите уште денеска! Контакт телефон: 070 338 490 (Ивана Макалоски)