дома блог страница 665

Николоски: Од Скопје до Прилеп ќе се патува за час и десет минути, до Битола за час и пол

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николсоки заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, амбасадорката на САД Ангела Агелер, директорот на ЈП за државни патишта Коце Tрајановски, претставници од Владата, грaдоначалници од Пелагоснкиот регион, денеска извршија увид во изградбата на автопатот Прилеп – Битола.

Министерот Николоски истакна дека ова е ден за паметење бидејќи во рок од една недела се започнува изградба на два автопати во Македонија, меѓи кој и автопатот Прилеп-Битола со кои ќе се промени целосно сликата за Македонија.

-Навистина ова е значаен ден за целиот Пелгониски регион. Многу значајна работа и за Прилеп, за Битола, за Могила, Новаци, Ресен Кривогаштани, ако сакате и за Охрид бидејќи ова е алтернативен пат и за Охрид. Но најважното е дека овој автопат води до два големи центри во Македонија, до Прилеп и до Битола, а тука води и до границата со Грција, до нашиот втор граничен премин со Грција, што значи целосно отворање и за туризмот и за економијата.

Ова значи заживување на економијата за целиот Пелагониски регион, добрите економски перформанси во овој регион дополнително се надградуваат, да се отвораат нови добро платени работни места и луѓето да ја видат својата иднина тука.

Можам со задоволство да кажам дека со завршувањето на овој автопат од Прилеп до Битола, како и со пуштењето во функција на експресниот пат од Градско до Прилеп кој што оди во три сексции и тоа од Градско до Дреново ќе биде готов до Нова година, Дреново до Фариш некаде март следната година и во текот на следната година и од Фариш до Прилеп, и кога ќе се заврши и овој автопат од некаде четириесетина километри, очекувам за три до три и пол години од денеска, од Скопје до Прилеп да се патува во едно пријатно патување од еден час и детсетина минути а до Битола еден час и триесет минути, што целосно ќе ја промени реалноста во регионот, во делот на економијата, во делот на комуникацијата и во делот на напредокот, потенцира Николоски и додава:

„Сакам да се заблагодарам на прмиерот Мицкоски затоа што на дневна основа ја следи реализацијата на овие проекти, лично е вклучен и помага на сите предизвици кои што ги имаме, на прекрасниот тим на ЈПДП кои се тука заедно со директорот Коце Трајановски, секако на компанијата Бехтел и Енка, на амбасадорката на САД кои што ни даваат несебична подршка и навистина мислам дека Македонија не видела во исто време да почнат да се градат два автопати во рок од една недела. А во брзо време ќе гледаме и завршени експресни патишта и автопати и железнички решенија.

Во однос на трасата, таа се движи паралелно или по линија на постојаниот магистрален пат Прилеп – Битола. Она што мислам дека е добро во делот на планирање и проектирање и да се заблагодарам на луѓето во министерството за транспорт и во ЈПДП, е што нема да има село кое што нема да биде поврзано со другата страна на автопатот без разлика на која страна е селото, бидејќи има голем број на потпатници и натпатници, а исто така имаме и 5 клучки кои имаме спојување во Прилеп, во Битола и на самиот коридор”.

Сканиа излета од патот Македонски Брод-Прилеп – возачот почина на лице место

-На 01.11.2024 година во 13.20 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод -Прилеп, на превојот „Барбарос“ се случила сообраќајна несреќа, при што Е.У. (56) од Богданци управувајќи товарно моторно возило „Сканиа“ со гевгелиски регистарски ознаки, во сопственост на правен субјект од Богданци, загубил контрола врз возилото и излетал надвор од патот.

Во несреќата од здобиените тешки повреди возачот починал на местото на настанот, а смртта е констатирана од екипа на Итна медицинска помош. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Битола – информираат од МВР.

Професор, сопруг и татко: Ова е Васко Саздовски, еден од загинатите во Нови Сад

Четириесет и петгодишниот Македонец, Васко Саздовски е меѓу четиринаесете жртви во вчерашната несреќа во Нови Сад. Саздовски бил од Свети Николе, а работел како професор во Институт за роботика во Нови Сад.

„Македонија синоќа изгуби. Една прекрасна жена и двајца алтани останаа можеби без еден од најпрекрасните сопрузи и татковци. Изгубија планините, останаа без голем заљубеник во ридовите, врвовите, камповите, изгуби тркачката дружина исклучителен пријател и спортист. Изгуби Свети Николе, можеби најголемиот научник што некогаш се родил во градот. Македонија изгуби, еднаш кога дозволи таков мозок како Васко да си замине од тука. И синоќа повторно. Овој пат неповратно“, ова е еден од постовите на Фејсбук во кој се опишува личноста на Васко Саздовски.

Саздовски бил сопруг и татко на две деца.

Николоски: Денеска е историски ден за Пелагонија, за ова се чекаше со децении!

-Денес е посебен ден за Пелагонија и цела Централна Македонија!

Ќе имаме ОДЛИЧНИ вести, почеток на проект кој се чека со децении!

Изградба на АВТОПАТ Прилеп – Битола!

Следете не од 12:00 часот – напиша на ФБ вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски.

ИН МЕМОРИАМ: Почина Јове Магдески, прилепскиот фудбалски велемајстор

Синоќа во Прилеп на 71-годишна возраст почина Јове Магдески, мајстор на фудбалската игра и еден од најдобрите фубалери кои ги дал градот под Марковите кули.

Јове Магде, како што го викаа прилепчани, беше уметник со фудбалската топка, фудбалер со префинет стил и техника за кого во „најважната споредна работа на светот“ немаше тајни.

Покрај фудбалска умешност и мајсторство, дресот со број 8 на спортската гордост на Прилеп, ФК „Победа“, беше неговиот заштитен знак. Не за бадијала се велеше оти пасовите на Јове „имаа очи“, а слободните удари беа „половина гол“.

Јове Магде ја имаше среќата, заедно со Живко Ѓорѓиоски, Глигороски, Истатов, Мечев, Манески, Дрвошанов… да биде дел од, веројатно, најдобрата генерација на прилепска „Победа“.

Неговиот вонсериски талент и фудбалското мајсторство не останаа незапазени: Јове беше член на аматерската репрезентација на некогашната СФРЈ, за која настапуваа најдобрите играчи од Втората југословенска лига. За репрезентацијата одигра 30 натпревари, при што се закити со златен медал на Балканијадата во Грција.

Иако на негова адреса стасуваа понуди да го облече дресот на некоја од екипите од југословенската „голема четворка“, заради љубовта кон Прилеп, кон „Победа“ и, неретко, 20-илјадната публика на Градскиот стадион „Гоце Делчев“, Јове и’ остана верен на својата прва и единствена фудбалска љубов.

И покрај заминувањето од овоземниот свет, ѕвездата на Јове уште долго ќе сјае на фудбалското небо.

Погребот на Јове Магдески ќе се изврши денеска, сабота 2 ноември во 13:00 часот, на Новите гробишта во Прилеп.

Нека почива во мир!

Мицкоски и Николоски утре ќе извршат надзор на патот Прилеп-Битола, дел од Коридорот 10д

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски заедно со заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, утре во 12 часот ќе извршат надзор во работата на патниот правец Прилеп-Битола, дел од Коридорот 10д, (локација село Алинци, Општина Прилеп).

Паркот кај судот во Прилеп доби нови детски реквизити – донација од нашинецот Димитри Катароски (ФОТО)

Паркот кај судот во ново руво и со пригодна програма од најмладите, а по повод 3- ти Ноември, Денот на ослободувањето на Прилеп
На иницијатива на градоначалникот Борче Јовчески и претседателот на Советот на Општина Прилеп, Ирена Стерјовска, а со донација од нашиот сограѓанин Димитри Катароски, кој живее во Њу Џерси, се поставија нови детски реквизити за најмладите и корпи за отпадоци, се изврши хортикултурно уредување на паркот, како и поставување на бел украсен камен. Воедно, постојните реквизити, клупите и летниковците се обновени од страна на ЈКП,, Комуналец,,- Прилеп.

Денеска најмладите од Детските градинки ,,Наша иднина,, имаа богата забавна и ликовна програма во паркот, а по повод 3- ти Ноември денот на ослободувањето на градот. Ликовната тема на намладите е убавините на парковите и детските игралишта и како најмладите, но и повозрасните треба да се однесуваат кон нив.

Со донација од ВИК привршува и целосното обновување на Спортско рекретивните игралишта и детски паркови на Могилата, и на Рид до подрачното училиште,, Кочо Рацин,,

НАЈНОВО ВО РЕСТОРАН BEER TI & JA ВО ПРИЛЕП! Менија за веселби и свечености по најниски цени во градот!

На веќе добро познатата локација, на влезот во Прилеп од страната за Скопје, во непосредна близина на бензиската пумпа “Макпетрол”, се наоѓа ресторан “Beer ti & ja” – најмераклиското место во градот под Марковите Кули.

Ресторанот е вистински хит и број еден дестинација во изминатите неколку месеци, за сите гурмани и вљубеници во гурманската трпеза.

Ресторанот располага со простор за 40-50 гости и одлично место за раат дружба со вашите најблиски, семејство, пријатели.

На влезот во Прилеп се наоѓа најмераклиското место: Еве зошто ресторан “Beer ti & ja” стана главна дестинација за сите гурмани и боеми (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Го имаат едно од најбогатите менија за умот да ви зајде. Разно-разни предјадења и вкусна прилепска скара, специјалитети од месо, богата винска карта и богат избор на пијалоци, a главните специјалитети на кујна се вкусните чорби, гулашот, печена коленица и прочуениот прилепски ширден.

Oд утро до пладне тука во Прилеп “тропа лајца” на секоја маса, а ЗОШТО?! Затоа што тука ја има најдобрата чорба во градот

Во интерес на своите ценети гости, ресторанот редовно има специјални, неодоливи понуди кои одговараат за сечиј џеб, а најново, отсега ресторан Beer ti & ja е достапен за организирање на сите ваши помали веселби и свечености.

Сопствениците и маестралниот тим во кујната, подготвија врвни менија по најниски цени во градот.

За потсетување, ресторанот располага со широк паркинг простор, па не мора да се грижите каде вашите гости ќе ги остават автомобилите.

Вашата доверба препуштете ја во сигурни раце! Тимот на ресторан BEER TI & JA ве очекува!

20 уметници од ДЛУП Прилеп, утре ќе се претстават со изложба на дела пред прилепчани

На 2 ноември /сабота/ од 18.30 ч. во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“, ќе биде отворена изложба на дела од уметници, членови на ДЛУП. Ова е годишна изложба на која со свои дела ќе се претстават 20 уметници, членови на ДЛУП.

-Уметниците ќе презентираат дела изработени во најразлични техники, материјали и форми. Публиката ќе има можност да види слики, скулптури, графики, односно творби кои се создадени во текот на годинава. Изложбата е традиционална и е дел од годишната програма на друштвото и е поддржана од Министерството за култура и туризам – вели Методи Исков, претседател на ДЛУП.

Изложбата е во рамките на одбележувањето на 3 – ти Ноември, Денот на ослободувањето на Прилеп.

Скопјанец се испијанил и правел галама во казино во Прилеп, па го привела полиција

На 30.10.2024 во 01.30 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп во казино лоцирано во катната гаража во Прилеп го лишиле од слобода Б.И. (26) од Скопје. Имено, истиот го нарушувал јавниот ред и мир со оддавање на пијанство.

По документирање на настанот против истиот ќе следува соодветна пријава – информираат од ОВР Прилеп.