дома блог страница 637

За многу години! Денеска го славиме Св. апостол и евангелист Матеј

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 16 ноември.

Денеска е Св. апостол и евангелист Матеј.

Матеј беше син на Алфеј, најпрво цариник (т.е. собирач на данок или митар) и како таков него го виде Господ во Капернаум и го повика: „Врви по Мене.“ И откако стана, тргна по Него (Матеј 9, 9). Потоа Матеј Му приреди дочек на Господ во својот дом и даде повод Господ да изрече неколку големи вистини за Своето доаѓање на земјата.

Беше вброен помеѓу дванаесетте апостоли. Откако Го прими Светиот Дух, свети Матеј го проповедаше Евангелието во Партија, во Мидија и во Етиопија, земјата црнечка. Во Етиопија го постави за епископ Платон, свој следбеник, а самиот се повлече во молитвена самотија во гората каде што му се јави Господ.

Ги крсти жената и синот на кнезот на таа земја, заради што кнезот се разгневи и испрати стража да го доведат Матеј пред него на суд. Војниците отидоа и се вратија кај кнезот говорејќи дека го слушнале гласот Матеев, но никако со очите не можеле да го видат светиот апостол. Тогаш кнезот испрати друга стража. Кога и оваа стража му се приближи на апостолот, него го огреа небесна светлина толку силна, што војниците не можеа да гледаат во него, но исполнети со страв го фрлија оружјето и се вратија. Тогаш кнезот сам појде.

Кога му се приближи на свети Матеј, овој заблеска со таков блесок, што кнезот одеднаш ослепе. Но светиот апостол имаше милостиво срце, Му се помоли на Бога и кнезот прогледа – за жал прогледа само со телесните очи, не и со духовните. Тој го фати свети Матеј и го подложи на лути маки.

Имено, на двапати ложеше голем оган на неговите гради. Но, силата Господова го сочува жив и неповреден. Тогаш, апостолот Му се помоли на Бога и Му го предаде својот дух. Кнезот нареди и телото на маченикот го положија во оловен ковчег, па го фрлија во морето. Светителот му се јави на епископот Платон и му кажа за своето тело и за сандакот каде се наоѓаат. Епископот отиде и го донесе ковчегот со телото на свети апостол Матеј.

Кога го виде ова ново чудо, кнезот се крсти и го прими името Матеј. Потоа овој кнез ја остави сета светска суета и прими презвитерски чин, па богоугодно ѝ послужи на Црквата. Кога умре Платон, му се јави на овој Матеј самиот апостол Матеј и го посоветува да го прими епископството. Тој беше многу години добар пастир, додека Господ не го повика во Своето бесмртно Царство. Светиот апостол Матеј го напиша Евангелието на еврејски јазик, коешто набрзо беше преведено на грчки и до нас дојде на грчки, додека она на еврејски се изгуби. За овој евангелист се вели дека никогаш не јадел месо, а се хранел со овошје и зеленчук.

Кузманоска: “Ги презентиравме проектите реализирани на локално ниво во Прилеп” (ФОТО)

Пратениците и Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, започнаа со состаноци со членството од месните комитети. Како што пишува пратеничката Билјана Кузманоска на социјалните мрежи, со граѓаните се разговара за реализираните и планираните проекти на локално ниво.

-Вечерва остваривме конструктивни состаноци со граѓаните од МК Вишне1, Рид 2 и Чачорица. Разговаравме за реализираните проекти на локално ниво и новиот предлог буџет за 2025 година, како основа за економски раст и добробит на граѓаните во сите Општини во Македонија. Искрен и чесен пристап кон секого – напиша Кузманоска.

“Електро Точила” и оваа година ќе го украсува Прилеп – Започна поставувањето на Новогодишната елка (ФОТО)

Трговско друштво ЕЛЕКТРО-ТОЧИЛА-ИНЖЕНЕРИНГ увоз-извоз ДООЕЛ Прилеп, повторно го доби тендерот за новогодишно украсување на Прилеп.

Фирмата и оваа година доставила најповолна понуда во општина Прилеп и веќе започна со поставување на Новогодишната елка во центарот на градот.

Граѓаните очекуваат новитети и поубава празнична приказна во центарот на градот. Мислењето е дека градот треба да биде украсен, но со оглед на тоа дека се трошат народни пари, фирмата изведувач би било добро да воведува нови работи секоја година.

Од она што можеше да се забележи денеска на градскиот плоштад “Методија Андонов-Ченто”, се поставуваше истата новогодишна елка, која се надеваме дека оваа година ќе биде поубаво и пораскошно украсена.

80-годишен дедо од битолско повеќепати се самозадоволувал на тераса пред неговата 42-годишна соседка, таа конечно го пријавила

На 26.11.2024 во 11.20 часот во СВР Битола, 42 – годишна жена од битолско село пријавила дека нејзин сосед на возраст од околу 80 години во повеќе наврати на неговата тераса се самозадоволувал пред неа.

На 26.11.2024 во 11.20 часот во СВР Битола, 42 – годишна жена од битолско село пријавила дека нејзин сосед на возраст од околу 80 години во повеќе наврати на неговата тераса се самозадоволувал пред неа.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Приведени петмина прилепчани – полицијата им пронашла мapиxyaна и дигитална вага

-На 27.11.2024 во 18.40 часот полициски службеници од ОВР Прилеп на ул. „Дабнички завој“ ги лишиле од слобода Е.А.(40), С.А.(22), С.Ќ.(22), М.Џ.(27) и Д. А.(26) сите од Прилеп.

При преглед кај Д.А. била пронајдена марихуана и дигитална вага, а кај М.Џ. марихуана.

Лицата се приведени во Полициска станица Прилеп и по документирање на настанот, ќе следува соодветна пријава – информираат од МВР.

Наредени како колетчиња! 12 новороденчиња во прилепската болница “Борка Талески” (ФОТО)

Се повеќе мајки се одлучуваат своите принови на свет да ги донесат во прилепската болница “Борка Талески”, а причина за тоа е стручноста и посветеноста на тимот во одделението за гинекологија и акушерство заедно со одделението за неонатологија. Од болницата денеска на социјалните мрежи објавија фотографии од 12 новороденчиња.

-Нашите дванаесет новороденчиња и нивните мајки а воедно и вработените во одделението за гинекологија и акушерство заедно со одделението за неонатологија ви посакуваат убав ден. Денес, едно новородено бебе испраќаме дома а уште две се на пат. Нашето одделение работи 24/7 со специјалисти гинеколози и специјалисти неонатолози. На нашите пациентки им благодариме на довербата а на новороденчињата им посакуваме среќно и безгрижно детство и сè најубаво во нивните семејства – напишаа од прилепската болница на Фејсбук.

Денеска се сеќаваме на големиот уметник и поет од Прилеп, Божидар Тодоровски – Бодле (ВИДЕО)

Божидар Тодороски е роден на 11 август 1933 година во Прилеп. Починал на 28 ноември 2001 во Скопје. Завршил Филозофски факултет во Скопје.

Работел како режисер во Телевизија Скопје. Член на ДПМ од 1974 година. Автор е на книгите: Бумеранг (поезија, 1963), Неспогодии (поезија, 1974), Сонетен венец на непризнатите (1977), Диво коњче (поезија за деца, 2000), Горчлива нафора и Боемски уроци (поезија, 2000).

Својата прва изложба ја има 1961 година со дела насликани со паста за чевли. Голем мајстор на цртежот со туш и молив, која техника ја научил од својот наставник по ликовно Ачевски-Аче, ненадминат мајстор на таа техника.

Неисцрпен мотив му била староградската архитектура од Старата Скопска чаршија, Охрид, Кратово, Прилеп, Битола. Последната изложба ја одржува во КИЦ-Скопје, 1991 година. Во својот творечки ансамбл има отворено преку 15 самостојни изложби.

ВИДЕО: ТВ Архива МКД

Претрес во Десово – лишен од слобода 28-годишник, пронајдени пушки и муниција

-На 27.11.2024, врз основа на судска наредба издадена од Основен суд Прилеп, полициски службеници од Полициското одделение Ропотово извршиле претрес во домот и други простории на М.У.(28) од с.Десово, Општина Долнени.

При претресот пронајдени и одземени биле две ловни пушки и 11 патрони за ловна пушка.

Лицето било лишено од слобода и по документирање на настанот ќе следува соодветна пријава – информираат од МВР.

Репертоар на киното “Мис Стон” во Прилеп

Репертоар на киното “Мис Стон” Прилеп

„Убиј ги прво децата“ – филм – Петок 29.11.2024 – 19.00 ч.

Влезници на билетарницата од киното во петок од 10 до 12.00 ч. и еден час пред почеток на проекцијата на филмот!

*******************************

“Дури и глувците одат во рајот„ – синхронизиран на макеоднски јазик

Сабота 30.11.2024 – 13.00 ч.

Влезници на билетарницата од киното во петок од 10 до 12.00 ч. и сабота еден час пред почеток на проекцијата на филмот!

Прилепчани подгответе се за шопинг! Вашата омилена продавница Sinsay доаѓа во Прилеп!

Со големо задоволство ви најавуваме дека на 4-ти декември ќе се отвори првата продавница на Sinsay во Прилеп! Пријдете и погледнете ја неверојатната понуда на производи за целото семејство, како и за вашиот дом со одлични цени.

PR објава

Sinsay е дел од полската група LPP SA, водечка европска компанија за облека позната по својата посветеност на квалитет, креативност и одржливост. Во портфолиото на LPP SA се брендовите Sinsay, Reserved, Mohito, Cropp и House. Со разновидното портфолио на брендови постојано се трудиме да поставиме трендови и да донесеме иновативна мода до клиентите. Присутни сме во повеќе од 40 глобални пазари. Во 28 земји имаме физички продавници, а онлајн сме достапни во 34 земји.

Отворањето на продавницата во Прилеп е 18-та продавница на Sinsay во Северна Македонија, и со нетрпение очекуваме да ја споделиме нашата мода и понуди со вас.

Продавницата се наоѓа на вториот кат во трговскиот центар на “Тинекс”, отспротива на Градскиот пазар.

Но тоа не е сѐ! За да го направиме отворањето уште поспецијално, подготвивме многу активности за сите посетители. Уживајте во музиката на DJ Cyrillic, вклучете се заедно со вашите дечиња во нашата креативна работилница и откријте уште многу изненадувања.

Се гледаме на 4-ти декември во Sinsay, Прилеп.