дома блог страница 598

Прилепскиот ракомет во агонија, згаснаа надежите за плеј-оф: Повторно пораз, обраната без мотиватор!

Ракометарите на Прилеп ги загубија и последните надежи за пласман во плеј-оф разигрувањето во Супер лигата, откако вчера на гостински терен беа поразени од Тиквеш.

Иако избраниците на Божидар Мојсов одиграа солидно прво полувреме, каде во повеќе наврати водеа, кавадарчани одлично ги користеа одбраните на голманот Арсиќ како и најслабата точка кај Прилеп – одбраната, и постојано беа во водство во вториот дел.

Прилеп имаше повеќе шанси да дојде на минус еден гол и да го направи натпреварот неизвесен, но дури пет пати не ги реализираа таквите напади, па Тиквеш стигна полесно од планираното до победа од 30:24.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Кривокапиќ со седум и Коцев со шест погодоци, a по пет дадоа Темелкоски и Анастасовски, додека кај Прилеп се истакнаа Шабановиќ со седум и Квастеск со пет гола. Во следното коло Тиквеш гостува кај Вардар, а Прилеп ќе ја пречека Струга.

Тие се партнер на секој дом и секоја компанија во Прилеп! Електро Елементи – ИД отсега застапник и на супер брендот за осветлување WELLMAX!

На локација на улица “Кеј 1-ви Мај”, во непосредна близина на основното училиште “Кочо Рацин”, во правец кон старата автобуска станица, “ЕЛЕКТРО ЕЛЕМЕНТИ – ИД” е местото каде ќе најдете буквално сe’ од електро материјали и лед расвета.

Во изминатите две години, ЕЛЕКТРО ЕЛЕМЕНТИ – ИД стана број еден партнер на стотици домаќинства и изведувачи.

А зошто тоа е така? Па најмногу поради снабденоста, квалитетот и цените, кои патем се најниски во целиот град, а второ и поради квалитетната услуга која ги краси како тим.

Веќе добро сите знаеме дека во ЕЛЕКТРО ЕЛЕМЕНТИ  – ИД, ќе најдете се’ од програмите на VIKO и PANASONIC, за кои се овластени дистрибутери, а застапници се и за ЕТI осигурувачи, како и за висококвалитетната палетна на производи од ЕXEN.

Во нивниот продажен салон ќе најдете избор на секакви видови на подземни и воздушни кабли, а нивниот тим ви стои на располагање и за изведба на секаков вид електрични инсталации.

Особено драга им е понудата и широкиот избор на ЛЕД светилки, кои пак ги има во сите дизајни,  од модерни LED светила, кои штедат енергија и нудат прекрасна осветленост, до класични дизајни кои никогаш не излегуваат од мода.

НАЈНОВО ВО ЕЛЕКТРО ЕЛЕМЕНТИ е тоа што отсега тие се ЗАСТАПНИК ЗА ПРИЛЕП за НАЈКВАЛИТЕТНИОТ БРЕНД за осветлување  – WELLMAX!

Станува збор за водечки бренд во делот на осветлувањето кој од 2004 година  се фокусира на иновации и производство на LED светилки. Основан во 1987година брендот WELLMAX е посветен на обезбедување производи со највисок квалитет преку строг систем на контрола на квалитетот.

Заштедете во домот и во вашите деловни простории! Набавете ги уште утре одличните лед сијалици кои се на промотивна цена од само 35 денари!

 

 

Битолски театар со претставата „Кокошка“, го честиташе 75-годишниот јубилеј на прилепскиот (ФОТО)

Народен театар Битола, по повод јубилејот 75 години Народен Театар „Војдан Чернодрински“, гостуваше во Прилеп со претставата ,,КОКОШКА”. Долготрајните аплаузи и стоечки овации само го потврдија фактот дека оваа претстава е една од најпопуларните на НТБ за која секогаш се бара карта повеќе.

Комедијата на авторот Николај Кољада, е во режија на Марјан Ѓоргиевски. Во истата играат: Јулијана Мирчевска, Катерина Аневска Дранговска, Соња Ошавкова, Александар Димитровски, Никола Пројчевски. За сценографијата се погрижи Валентин Светозарев, костимографија Благој Мицевски, драматург Оливера Павловиќ, светло Игор Мицевски, тон Николче Терзиевски, инспициент Оливер Петровски.

Николај Кољада – „сонцето на руската драматургија“, како што самиот еднаш се нарече, и како што го нарекуваат, кој иронично, кој со уважување, театарските дејци ширум светот, веќе три децении предизвикува голем интерес во театарскиот свет. Неговите пиеси се поставувани во најзнаменитите театри во Русија, преведени се на многу јазици и се изведуваат во Германија, Италија, Англија, САД, Швајцарија. „Феноменот Кољада“ во театарот не е случаен: тој е извонреден драматург – неговите пиеси се интересни за анализа и во нив има за што да се размислува. Кољада е можеби суров во својот натурализам, тој не нуди лажна утеха за животот таков каков што е, но и не го остава човекот без потпора во неговата потрага да се извлече од празнината и небитието. Прифаќајќи ја драмата на својот живот како свој живот, неговите ликови создаваат можност да се прифатат себеси како луѓе, а со тоа и светот светот на сопствените можности како добар свет за себе.

Tокму со оваа претстава Битолски театар ќе го честита 8.март празникот на жените, нудејќи им специјален попуст од 50% ако набават влезници на билетарата на НТБ.

(ФОТО) Училиштето “Даме Груев” во Битола ќе добие нови спортски терени

Спортските игралишта во ОУ „Даме Груев“ во Битола, ќе добијат комплетно нов лик. Подлогата на овие спортски игралишта не е обновена повеќе од 20 години, со видливи оштетувања на асфалтот, кои ги отежнуваат училишните спортски активности на учениците.

Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, денес на терен од стручните служби беше запознат со идејните решенија за новите спортски
игралишта во ова училиште.

Според проектната документација, новата постоечка асфалтна подлога ќе биде заменета со нов, модерен материјал, погоден за спортските
активности на учениците. Паралелно со тоа, ќе се изврши и проширување на димензиите на постоечките игралишта, кои ќе овозможат и официјални
школски спортски натпревари. Во училишниот двор ќе бидат сместени игралиштата за тенис, кошарка, одбојка, а ќе има и дополнителна фитнес
зона. Во состав на училишниот двор предвидена е и училница на отворено, со клупи за седење и можност за оджување на настава во дворот.

Се согласувате ли: Просечната нето-плата во декември 43 587 денари, информира Државна статистика

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември лани изнесувала 43 587 денари и во однос на истиот месец во 2023 година, била повисока за 9.0 %, соопшти Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на растото на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности (13.2 %), Транспорт и складирање (12.3 %) и Рударство и вадење на камен (12.0 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (13.4 %), Административни и помошни услужни дејности, Градежништво (7.0 %) и Финансиски дејности и дејности на осигурување (5.6 %).

Просечната бруто-плата во декември 2024 година изнесувала 65 582 денари.

Денеска е Задушница – спомен за починатите

Православните христијани денеска ја одбележуваат Задушница во знак на сеќавање на починатите.

Оваа Задушница секогаш се паѓа в сабота пред месопусната недела во пресрет на велигденскиот пост и празникот Прочка.

Црквата пропишала посебни денови во годината – задушници, кога верниците се молат за покој на душите на починатите. Задушница е секогаш в сабота, ден кој црквата го одредила за помен и молитва за упокоените.

На задушница се оди во црква каде што се служи литургија и парастос. На овој ден се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за починатите. На Задушница верните им даваат милостина на сиромашните во име на покојните и се молат за покој на нивните души.

Крис Павловски за Мицкоски: Еден од најдобрите лидери во Европа (ВИДЕО)

Крис Павловски, основач и сопственик на платформата „Rumble“ и еден од блиските поддржувачи на претседателот на САД Доналд Трамп и дел од тмот Трамп, вечерва се огласи за говорот на премиерот Христијан Мицкоски на CPAC, Конференцијата за конзервативна политичка акција (CPAC) во Вашингтон.

-Еден од најдобрите лидери во Европа и еден од единствените момци кои ракоплескаа на говорот ба Џеј Ди Венс минатата недела во Германија, напиша Павловски на Х.

Уапсен прилепчанец кој се барал со потерница за издржување затворска казна

-На 19.02.2025 во 14.20 часот на ул.„Трајко Николоски” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода О.Т.(32) од Прилеп, кој бил баран по потерница врз основа на наредба од Основен суд Прилеп за издржување на казна затвор од една година и шест месеци.

Тој бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Прилеп за издржување на назната – информираат од ОВР Прилеп.

Во Битола се одржаа превентивни работилници на темите: „Превенција од малолетнички бракови“ и „Заштита од родово и семејно насилство“

На 20.02. во Битола, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Битола во соработка со граѓанското здружение „Сумнал“ од Битола реализираа превентивна работилница на темите – „Превенција од малолетнички бракови“ и „Заштита од родово и семејно насилство“.

Работилницата беше одржана со цел да се подигне свеста за штетноста од рано стапување во брак и генерално околу малолетничките бракови, потоа за ризиците коишто доаѓаат од рано влегување во таква институција, како и подигнување на свеста за поголема едукација кај ранливите категории граѓани и помеѓу етничките заедници.

Целта на активноста, исто така беше насочена и кон подигнување на свеста кај граѓаните кон крајно девијатни појави како што се родовото и семејното насилство, препознавање на формите на родово и семејно насилство, и информирање за надлежностите на полицијата и за мерките што се преземаат за заштита на жртвите од овие видови кривични дела.

Има надеж за Прилеп! Уште еден млад бизнисмен влегува во трка за градоначалник

По магистер Диме Бозоски актуелен заменик градоначалник, Ирена Стерјоска Локвенец, Марјан Ристески, дознаваме дека неофицијално уште еден млад бизнисмен има амбиции да седне на најатрактивната фотелја во Прилеп.

Позициите и рејтинзите ќе варираат до октомври, но едно е сигурно дека овојпат изборот за кандидат ќе биде посодржаен и од квантитетот ќе произлезе квалитетот.

Позитивно во сето ова е што сепак има надеж за Прилеп и жителите што одлучиле да живеат во него. Време е Прилеп да се врати на старите патеки и да биде лидер како порано.

Економистите, правниците веќе се будат во амбициите и несебично ќе се вложат за подобро утре на младите генерации.