дома блог страница 596

Наредени како колетчиња! 12 новороденчиња во прилепската болница “Борка Талески” (ФОТО)

Се повеќе мајки се одлучуваат своите принови на свет да ги донесат во прилепската болница “Борка Талески”, а причина за тоа е стручноста и посветеноста на тимот во одделението за гинекологија и акушерство заедно со одделението за неонатологија. Од болницата денеска на социјалните мрежи објавија фотографии од 12 новороденчиња.

-Нашите дванаесет новороденчиња и нивните мајки а воедно и вработените во одделението за гинекологија и акушерство заедно со одделението за неонатологија ви посакуваат убав ден. Денес, едно новородено бебе испраќаме дома а уште две се на пат. Нашето одделение работи 24/7 со специјалисти гинеколози и специјалисти неонатолози. На нашите пациентки им благодариме на довербата а на новороденчињата им посакуваме среќно и безгрижно детство и сè најубаво во нивните семејства – напишаа од прилепската болница на Фејсбук.

Денеска се сеќаваме на големиот уметник и поет од Прилеп, Божидар Тодоровски – Бодле (ВИДЕО)

Божидар Тодороски е роден на 11 август 1933 година во Прилеп. Починал на 28 ноември 2001 во Скопје. Завршил Филозофски факултет во Скопје.

Работел како режисер во Телевизија Скопје. Член на ДПМ од 1974 година. Автор е на книгите: Бумеранг (поезија, 1963), Неспогодии (поезија, 1974), Сонетен венец на непризнатите (1977), Диво коњче (поезија за деца, 2000), Горчлива нафора и Боемски уроци (поезија, 2000).

Својата прва изложба ја има 1961 година со дела насликани со паста за чевли. Голем мајстор на цртежот со туш и молив, која техника ја научил од својот наставник по ликовно Ачевски-Аче, ненадминат мајстор на таа техника.

Неисцрпен мотив му била староградската архитектура од Старата Скопска чаршија, Охрид, Кратово, Прилеп, Битола. Последната изложба ја одржува во КИЦ-Скопје, 1991 година. Во својот творечки ансамбл има отворено преку 15 самостојни изложби.

ВИДЕО: ТВ Архива МКД

Претрес во Десово – лишен од слобода 28-годишник, пронајдени пушки и муниција

-На 27.11.2024, врз основа на судска наредба издадена од Основен суд Прилеп, полициски службеници од Полициското одделение Ропотово извршиле претрес во домот и други простории на М.У.(28) од с.Десово, Општина Долнени.

При претресот пронајдени и одземени биле две ловни пушки и 11 патрони за ловна пушка.

Лицето било лишено од слобода и по документирање на настанот ќе следува соодветна пријава – информираат од МВР.

Репертоар на киното “Мис Стон” во Прилеп

Репертоар на киното “Мис Стон” Прилеп

„Убиј ги прво децата“ – филм – Петок 29.11.2024 – 19.00 ч.

Влезници на билетарницата од киното во петок од 10 до 12.00 ч. и еден час пред почеток на проекцијата на филмот!

*******************************

“Дури и глувците одат во рајот„ – синхронизиран на макеоднски јазик

Сабота 30.11.2024 – 13.00 ч.

Влезници на билетарницата од киното во петок од 10 до 12.00 ч. и сабота еден час пред почеток на проекцијата на филмот!

Прилепчани подгответе се за шопинг! Вашата омилена продавница Sinsay доаѓа во Прилеп!

Со големо задоволство ви најавуваме дека на 4-ти декември ќе се отвори првата продавница на Sinsay во Прилеп! Пријдете и погледнете ја неверојатната понуда на производи за целото семејство, како и за вашиот дом со одлични цени.

PR објава

Sinsay е дел од полската група LPP SA, водечка европска компанија за облека позната по својата посветеност на квалитет, креативност и одржливост. Во портфолиото на LPP SA се брендовите Sinsay, Reserved, Mohito, Cropp и House. Со разновидното портфолио на брендови постојано се трудиме да поставиме трендови и да донесеме иновативна мода до клиентите. Присутни сме во повеќе од 40 глобални пазари. Во 28 земји имаме физички продавници, а онлајн сме достапни во 34 земји.

Отворањето на продавницата во Прилеп е 18-та продавница на Sinsay во Северна Македонија, и со нетрпение очекуваме да ја споделиме нашата мода и понуди со вас.

Продавницата се наоѓа на вториот кат во трговскиот центар на “Тинекс”, отспротива на Градскиот пазар.

Но тоа не е сѐ! За да го направиме отворањето уште поспецијално, подготвивме многу активности за сите посетители. Уживајте во музиката на DJ Cyrillic, вклучете се заедно со вашите дечиња во нашата креативна работилница и откријте уште многу изненадувања.

Се гледаме на 4-ти декември во Sinsay, Прилеп.

Се чистат телото и дyшата: Денеска започнува шестнеделниот Божиќен пост

За православните христијански верници кои се водат според Јулијанскиот календар денеска почнува шестнеделниот Божиќен пост.

Постот ќе трае 40 дена, односно до Божик 7 јануари – денот на раѓањето на Исус Христос. Бидејќи датумот на Божик не се менува, постот секоја година почнува на 28 ноември, а завршува на Бадник, 6 јануари.

Божиќниот пост, како и останатите повеќедневни постови, датира од првите векови на Христијанството и се споменува во делата на светите лица од 4 и 5 век.

Првобитно постот траел седум дена, а одлуката Христијаните пред празникот – Раѓањето Христово да постат 40 дена донесена е на Собор во 1166 година.

Траењето на Божиќниот пост се објаснува и со четириесетдневното патување на тројцата мудреци до Витлеемската пештера во која на 25 декември е роден Богомладенецот Исус.

Е ова е BLACK FRIDAY! Попусти и до -50% – Квалитетот и елеганцијата чекаат на вас во продавницата на Bonatti во Прилеп! (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Во срцето на Прилеп, на бул. Гоце Делчев бр. 6-3, наспроти “Ла Страда”, веќе еден месец работи продавницата на Bonatti, единствено место каде љубителите на квалитетната и елегантна долна облека можат да го најдат совршениот избор за себе или за подарок на блиска личност.

Bonatti е бренд кој веќе долго време се препознава по својот модерен и иновативен пристап кон дизајнот, комбинирајќи стил, удобност и префинетост. Со врвен квалитет и внимание на секој детал, Bonatti создава парчиња што ги надминуваат сите очекувања. Без разлика дали станува збор за секојдневна долна облека или ексклузивни сетови за посебни пригоди, Bonatti секогаш успева да ги задоволи вкусовите на најпребирливите купувачи.

Новата продавница во Прилеп ќе биде совршено место за сите оние што сакаат да се чувствуваат убаво и самоуверено во својата кожа. Со широк асортиман на производи, вклучувајќи долна облека, пижами, аксесоари и други модни детали, посетителите ќе можат да го најдат совршениот избор за себе или за подарок на блиска личност.

Ве покануваме да ја посетите новата продавница на Bonatti во Прилеп и да го откриете светот на стилот, квалитетот и елеганцијата, а причина плус за тоа да го сторите уште денеска, се попустите кои Bonatti ги подготви за BLACK FRIDAY!!!

Од 25.11. до 01.12.2024 – НЕВЕРОЈАТНИ попусти и до -50% на одредени производи!

Меките и удобни пижами, топлата наметка, заводливата долна облека…чекаат на тебе!

Шопингот никогаш не бил повозбудлив!

ТИМОТ НА BONATTI ве очекува!

Ова е новиот Извршен и новото раководство на СДСМ, меѓу нив нема прилепченец

Опозициската СДСМ синоќа избра нови потпретседатели на партијата, како и нов состав на Извршниот одбор. Меѓу нив нема ниту еден прилепчанец.

Во продолжение интегрално соопштение од партијата за изборот на новото раководство:

Со изборот на новото раководство, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија влегува во ново поглавје на своето политичко делување. Во тимот на партијата внесовме свежина, енергија и позитивни промени кои ги бараа членовите и граѓаните. Под водство на претседателот Венко Филипче, партијата направи значителен исчекор со тим кој претежно се состои од нови лица, докажани професионалци со силен личен интегритет, знаење и искуство.

На првата седница на Централниот одбор, одржана во одлична и позитивна атмосфера, беа избрани членовите на Извршниот одбор, потпретседателите и генералниот секретар Александар Димитријевиќ. Потпретседатели се имињата на Кристина Костова, Менде Илиевски, екс министерката Каја Шукова и професорката Ана Чупевска. Оваа комбинација на млади, мотивирани луѓе и искусни професионалци претставува сигнал за нова насока во работењето на СДСМ.

„СДСМ го започнува процесот на консолидација на сите нивоа, со цел да допре до членовите и симпатизерите, да ги слушне нивните предлози и преку инклузивен процес да ја гради својата нова идеолошка платформа. Работата почнува веднаш со план за посета на сите општински организации“, истакна претседателот Филипче.

Новото раководство ја истакна својата решителност и веднаш се зафаќа со спроведување на конкретни активности. Веќе е подготвен план за работа, со посети на локалните организации и иницирање нови форми на комуникација кои ќе го доближат партиското раководство до членовите и симпатизерите. Промените во начинот на делување ќе бидат насочени кон оние кои останале настрана, со цел да се вклучат во широк и инклузивен процес на креирање политики.

Со оваа енергија, новиот тим и јасна визија, СДСМ покажува дека е подготвена да го врати довербата на граѓаните и да биде предводник на позитивните промени во општеството.

Денеска без струја неколку фабрики во Прилеп, како и селата: Долнени, Ропотово, Црнилиште, Секирци, Кривогаштани, Обршани, Крушеани….

Регионалниот центар за управување со кризи Прилеп информира по известување од ЕВН – Македонија дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа на 28.11.2024 год. (четврток) без напојување со електрична енергија ќе останат следните корисници на општина Прилеп од 09.30 ч. до 14.00 часот: поранешна ф-ка Билјана – Крип Трејд, Најс Текстил и Дреник.

– Во општина Долнени ќе остане без напојување на ел. енергија следните села на 28.11.2024 год. (четврток ) од 80.30 ч. до 16.00 часот : с. Долнени, с. Ропотово, с. Црнилиште, с. Секирци, с. Пешталево, Манастир Зрзе, Хидроцентрала Стровија, с. Долгаец, с. Белушино, с. Екремово и с. Саждево.

– И општина Кривогаштании ќе остане без напојување на ел. енергија следните села на 28.11.2024 год. ( четврток ) од 80.00 ч. до 17.00 часот : с. Кривогаштани, с. Обршани, с. Крушеани, с. Пашино Рувци, с. Боротино, с. Славеј, с. Големо Коњари, с. Врбјани, Фирма Оки Доки, Фирма Кривогаштани Промет и Фирма Бакалески.

Настан со многу емоции! Биле дел од првата генерација акушерки во Прилеп, а денеска прославија 60 години од матура (ФОТО)

Денеска во просториите на СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп, првата генерација од средното медицинско училиште од Прилеп, акушерски смер, прославија 60 години од матура.

Класниот час им го одржа директорката на училиштето, Жанета Видевска. На настанот присуствуваа ученици, стручни наставници и наставници по стручни предмети од здравствената струка во ова училиште, како и претставници на медиумите.

На лицата на двете присутни акушерки кои одамна се во пензија, се читаше нескриена радост и задоволство од настанот кој тие го организираа заедно со раководството на училиштето, кое секогаш е отворено за сорабока.

„Ентузијазмот на неколкуте акушерки, први во Прилеп, да организираат една ваква ретка средба, вроди со плод. Иако нивниот број е многу мал, тие сепак се собраа во училиштето од чиишто клупи излегле многу одамна и ја одбележаа 60-годишнина од матурирањето. Самиот чин на завршување на средно медицинско училиште, пред цели 60 години е за поздравување“, истакна во поздравниот говор директорката на СОУ „Ѓорче Петров“.

„Во далечната 1960-та година, ние 40-тина 14-годишни девојчиња се запишавме како прва генерација во штотуку отвореното прилепско Средно Медицинско училиште за струката медицински сестри-акушерки. Од нив, завршивме само 18, бидејќи критериумите беа многу строги, а ние, иако бевме само со завршено средно образование бевме многу стручни и оспособени дури и сами да ги водиме породувањата“. Сега веќе 19 години пензионираната акушерка Магда Тинтоска – Матракоска која е една од само неколкуте се’ уште живи акушерки од таа прва генерација, со голема носталгија, но и радост се присетува на тие, како што вели, преубави пионерски времиња во здравството кај нас.

„Бевме толку стручно подготвени што сами водевме раѓања, и тоа се распространивме низ цела тогашна Југославија. Наши ученички се вработија во Љубљана, заминаа во Шведска, во Швајцарија и сите каде што отидоа станаа главни сестри на одделение….А некои отидовме и по селата, јас еве, конкретно работев три години на село. Имав 360 раѓања за три години….Дома ги пораѓав. Сама работев, со општи лекар, меѓутоа ниеден пораѓај не беше со смртен исход, иако имаше и патолошки раѓања, меѓутоа бевме спремни ние“, раскажува Магда Тинтоска – Матракоска.

„Од тие 18 дипломирани сестри, докторот Брашнаров, кој бешепрв гинеколог во Прилеп, не’ одбра по успехот.нас не’ спремаа за теренски акушерки…Јас има појдено Мариово со хеликоптер во тоа време. А сега мислам дека е многу полесно затоа што секогаш имаат гинеколог со нив за да им помогне, а ние сами, по 24 часа дежуравме…Јас сум плачела и сум пораѓала – струја ќе снема, аспиратор нема, не можеш бебето да го аспирираш. Трчав налево- надесно, со свеќи со ламби“ – рече Катерина Арапческа – Јакимоска, пензионирана акушерка.

Овој несекојдневен настан кај присутните предизвика многу емоции, но и желба секој да се оствари во својата професија и да дочека да прославува вакви значајни јубилеи.