дома блог страница 594

Е не ќе ги чешлаат! Вкупно 17 лица се уапсени за хулиганството што се случи на прославата на Денот на албанското знаме

Полицијата продолжува да ги расчистува инцидентите за време и по прославата на денот на албанското знаме. Досега се приведени 17 лица, од кои голем дел малолетници, пренесе ТВ Алфа.

Четворица се од Скопје кои се уапсени за кинење на македонското знаме. Двајца малолетници се уапсени за симнување и палење на знаме од јарбол. Три лица се уапсени во Прилеп, каде го сквернават албанското национално знаме. По протесна нота од српската Амбасада, во Куманово е лишено и лицето кое ја кршело таблата на конзулатот во градот.

Министерот Тошковски, рече дека ќе бара казни дури и за лицето кое го вози автомобилот од кој испаднаа повеќе лица за време на прославата на албанското знаме.

Тројца од приведените веќе се во притвор. Министерот уверува дека полицијата ќе одговори жестоко на секој обид за предизвикување на верска и национална омраза.

Општина Прилеп ги повикува граѓаните! Во понеделник дојдете да дадете предлози за идни проекти

Во понеделник, 02.12.2024, од 17:00ч, во Собраниската сала на Општината, ќе се одржи средба со граѓаните на Прилеп и со претставници на Урбаните и Месните заедници од општина Прилеп.

-Во присуство на градоначалникот, раководителите од Локалната самоуправа и директорите на Јавните претпријатија, ќе се слушнат и ќе се дискутира за предлозите на граѓаните за идни проекти кој што би го подобриле животот на сите граѓани на општина Прилеп – стои во соопштението од општина Прилеп.

Полицаец се качи на возилото и го симна албанското знаме онаму каде што не треба да стои (ВИДЕО)

Секоја чест за овој полициски службеник кој се качи на полициското возило и го симна албанското знаме онаму каде што не треба да стои.

Уште еднаш секоја чест за овој полицаец кој треба да биде пример како се сака и треба да се брани својата Македонија

Важно известување од прилепските црковни храмови до верниците за престојниот празник Св. Богородица Пречиста

Браќа и сестри во Христа, наши прилепчани, ве известуваме дека ЛЕПЧИЊАТА ЗА СЛАВА ЌЕ СЕ ПЕАТ ИСКЛУЧИВО ВО ЦРКОВНИТЕ ХРАМОВИ.

За претстојната слава, на ПРЕЧИСТА БОГОРОДИЦА, во храмот Св. Кирил и Методиј (Параклис) и во храмот св. Петка во нас. Точила, лепчиња ќе се креваат преку целиот ден во вторник (03.12.2024) и тоа од 07:30 – 17.00. И НА САМИОТ ПРАЗНИК (наредниот ден) во понеделникот, ПО ЗАВРШУВАЊЕТО на Божествената Литургија.

Честита слава на сите кои ја чествуваат Пречиста Богородица како закрилник на нивните домови т. е. домашна слава!

Нека ни е за многу години и на помош!

22 реномирани работодавачи од Словенија доаѓаат во Прилеп – ќе бараат работници со различни квалификации, ова се деталите!

По минатогодишните успешно организирани настани со наслов: Живот и работа во Словенија“, Заводот за вработување на Република Словенија, во првата недела од декември ќе организира уште три слични настани, на кои словенечките работодавачи ќе имаат можност да се поврзат со барателите на работа од цела Македонија.

На настаните оваа година ќе присуствуваат 22 реномирани словенечки работодавачи од различни делови на Словенија, кои вработуваат вкупно повеќе од 17.000 работници. Најголем дел од нив се од секторите: здравство и социјална заштита, транспорт и складирање, преработувачка индустрија, како и од градежништвото, од туризмот и  од други дејности.

На настаните во Скопје, Штип и Прилеп, ќе учествуваат работодавачи кои имаат потреба за работници од различни професии, а првенствено, се бараат соодветни кандидати за работа во здравството и негата, за возачи на камиони и автобуси, магацински работници, готвачи, келнери и други угостителски и туристички работници, производствени работници, различни профили на работници во градежништвото итн.

Главната цел на настаните е да се презентираат актуелните потреби на работодавачите и притоа на странските лица кои бараат работа да им се обезбедат веродостојни информации за условите за работа и живот во Словенија.

Настаните ќе се одржат од 10 до 17 часот во:

  • Скопје, понеделник, 2.12., хотел „DoubleTree by Hilton Skopje“,
  • Штип, вторник, 3.12., хотел „Оаза“,
  • Прилеп, среда, 4.12., хотел Кристал Палас.

Улогата на Заводот за вработување на овие настани е да ја зајакне информираноста на работниците, односно да го подобри нивниот пристап до информации за правата, постапките за вработување, законодавството итн., на разбирлив начин, бидејќи на таков начин, на работниците мигранти, може да им обезбедат еднакви права и третман како на домашните работници, да се олесни нивната успешна интеграција во општеството и истовремено да се намали можноста за нивна експлоатација или злоупотреба на работното место.

Со ова на работниците-мигранти, би им се понудила активна поддршка пред, за време и по миграцијата во Словенија, со сите клучни информации за условите за живот и работа во земјата, додека на работодавачите им се нуди помош и поддршка во сите чекори од процесот на вработување на странски работници.

Заводот за вработување е свесен за неопходноста од обезбедување соодветна заштита на работниците во работните миграции. Затоа, посебен акцент ќе биде ставен на претставување на законодавните новитети и други информации од областа на вработувањето на странците, за условите за работа и живот во Словенија, како и за помошта што ја нуди словенечкиот завод за вработување за обезбедување што покомплетни и веродостојни информации за вработувањето и животот во Словенија, како и за условите и постапките за вработување на странци.

Групните презентации на сите локации ќе се одржуваат двапати дневно: во 12:00 и во  15:00 часот. Исто така, ќе биде овозможено и индивидуално советување со консултантите на Заводот.

Дали и во Прилеп? “Од понеделник почнуваме со акција против корумпираните обвинители и судии, доволно чекавме”, најави Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски денес најави дека од понеделник почнува акција против корумпирани судии и обвинители. Тој нагласи дека нема да функционираат како „естрада“ и да се понижуваат поединци, нема да се ангажираат специјални полициски единици при имплементација на планот кој ќе почне да се спроведува од понеделник.

„Мислам дека имате претстава дека не функционираме како естрада и сигурно дека нема јас сега да кажувам како што тоа во минатото се случуваше пред камери или пред медиуми и да носам специјални полициски единици, да понижувам луѓе, индивидуи итн. Имаме план, од понеделник почнуваме со имплементација на планот. Доволно беше чекање, чекавме, дадовме шанса, доволно беше. Очигледно дека прежестоки се нападите наеднаш на дијареја, грчеви во цревата, главоболка, температура, анксиозност итн. кога ќе треба да се потпише последниот указ за да се спроведе правдата кај поедини обвинители, за жал“, изјави Мицкоски.

Тој и деновиве во повеќе наврати посочи дека е разочаран од однесувањето на поединци и неможноста за спроведување на правдата.

„Секогаш кога треба правдата да ја имплементираме некој добива дијареја, покачена температура или анксиозност од обвинителите и судиите, Мицкоски пред два дена по посетата на КОСТАЛ Македонија, посочувајќи дека е „жестоко разочаран од тоа што се случува“ и во периодот што следи најавува „робусна акција“ за справување, како што рече, ако треба и „на поинаков начин со тие корумпирани обвинители и судии“, кажа Мицкоски.

Засилување во одбраната за натпреварот со Куманово?

Неофицијално во ракометните кругови проструи вест дека за денешниот многу важен натпревар против Куманово, РК Прилеп се засилил со играч што би требало да ја засили одбраната.

Недозволиво е клуб со реноме како прилепскиот да си дозволи повторно да прими 17 голови од еден играч.

Дали е точна информацијата ќе се увериме вечерва во 18:30 во салата на СОУ “Ристе Ристески – Ричко”

Одличен проект! Победникот од Прилеп на “Никогаш не е доцна”, сними преработка и видео спот за песната “Еј мори Маре”

Прилепчанецот Сашо Башески, кој минатата сезона победи на популарното балканско шоу “Никогаш не е доцна” го промовираше својот нов музички запис.

Станува збор за преработка на песната „Еј мори Маре“, која е придружена со видео спот, кој е снимен во Прилеп.

-Огромно е задоволството да се соработува со еден од најдобрите машки вокали во Македонија но голема е и одговорноста да се направи обработка на македонска народна песна а да не се поместат границите на културното наследство! Се надевам дека ќе ужувате во нашето музичко парче кое Сашо Башески извонредно го интерпретира, напиша на својот профил на Фесбук, музичарот Мендо Ташкоски кој стои зад аранжманот на песната.

Проектот е во продукција на WOW MUSIC, на хармоника настапува Мендо Ташкоски, на кларинет Димитар Настески, на гитара Марјан Стоименов, а видео материјалот го снимија Димитар Спиркоски и Даниел Бошкоски.

Уживајте во продолжение:

(Фото галерија) Местото кое буди незаборавни спомени, oтсега го краси нов лик! Прилеп добива репрезентативен бренд, каде секој ќе ужива!

Веќе подолго време на Прилеп, на чаршијата, на младите, но и на возрасните и деловните луѓе, им недостигаше нешто НОВО, нешто модерно, нешто со стил и поразлично.

Градот како да го имаше обземено некоја монотонија, па редно време беше некој да се сети и сето тоа да го промени. Над 20 години искуство во угостителство е навистина долг период, кој со себе влече добро познавање на пулсот на чаршијата и на она што им треба на прилепчани, па не случајно токму тие одново го променуваат ликот и понудата на градот.

Вашиот омилен “КЛУБ РЕСТОРАН ПОРТА” отсега го краси нов лик. Местото каде во изминатите години поминавте незаборавни моменти со вашите пријатели, деловни патнери, со вашите најмили, сега е претворен во ултра модерен простор, уреден со стил, а со истиот препознатлив топол и пријатен амбиент.

Внатре се е ново. Од самиот влез се чувствувате дека влегувате во нешто досега невидено во Прилеп. Прекрасно осветлување, мебел и ентериер допадлив за око… Стари се само добрата услуга и маестрално приготвената храна, тука ама баш ништо не се променило. Љубезноста на персоналот, богатото мени, кое сега нуди многу новитети, и удобноста на просторот, се нешто што и понатаму ја краси “ПОРТА”.

Oнака како што доликува за прилепчани и за Прилеп, град кој отсекогаш важи за дом на гурмани, на луѓе кои знаат што е убаво и вредно, град кој одамна заслужуваше да го краси ваков репрезентативен простор, кој секако ќе значи многу и во туристичката карта.

Она што е исто така е ново е новото работно време на ресторанот:

-петок и сабота: 12:00 – 01:00 часот
-секој друг ден: 12:00 – 24:00 часот

И ако во минатото ресторан “ПОРТА” беше ваша главна дестинација само за викендите, верувајте ќе се смени и тоа. Програмата на ресторанот сега е збогатена и со АFTER WORK забави со пријатна акустична музика… одлична за уживање после напорниот работен ден. Се што треба е да ги следите редновно на социјалните мрежи и навремено да си резервирате маса.

https://www.facebook.com/reel/367232076478038

Старогарскиот звук на кој бевме добро навикнати во викендите, сега дополнително ќе биде збогатен со поразлична музичка понуда, па дури и оние најпребирливите сега ќе имаат прилика да уживаат и да слушаат она што сакаат.

Новина е и тоа што ресторанот сега нуди и организирање на разни семејни свечености – веселби, крштевки, родендени…. до 100 гости. Термините веќе се резервираат, а менито е во договор со тимот на ресторанот. И верувајте, нема да згрешите ако довербата ја дадете на еден од најдобрите угостителски колективи во градот.

Особено за пофалба е тоа што ресторанот како никој друг во градот има вебсајт, каде можете да го погледнете целосното мени, да направите нарачка за дома, како и да резервирате маса, со ден, термин и број на лица. Еден одличен потег, кој треба да ги мотивира и останатите угостители да го воведат овој новитет во работењето. (ПРОВЕРЕТЕ НА www.portaklub.mk)

Веруваме дека ова е повеќе од доволен мотив уште денеска да ги посетите и да се уверите во убавите зборови, затоа што хартија трпи се’, а чинијата вреди само со добра храна во незе.

Низ фотографиите ве водиме во она што ќе прерасне во нов бренд на градот, новиот амбиент на КЛУБ РЕСТОРАН ПОРТА! Наздравје и уживајте во моментите кои ќе создадат нови приказни и нови пријатни спомени.

Тошковски: За инцидентот со македонското знаме, уапсени се 8 лица, меѓу кои и малолетник

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски на денешната прес конференција информираше дека за вчерашните инциденти со македонското знаме уапсени се 4 лица, меѓу кои еден малолетник, а во друг случај за ушество во тепачка уште 4 други лица.

-Во текот на вчерашниот ден, морам да констатирам дека се случија одредени настани кои што беа диреко насочени кон достоинството на македонскиот граѓанин. Овакви дејствија од страна на поедини групи, особено во Скопје се недозволиви, се директен врз македонската држава и поради тоа, полицијата, министерството за вннатрешни работи, БЈБ, СВР Скопје одговори максимално брзо и одлучно сите кривични и кривично правни настани кои што настанаа во текот на вчерашниот ден. Морам да го пофалам одговорот на МВР на вчерашните предизвици кои што беа насочени дирекно кон достоинството на македонскиот граѓанин. Нема да дозволиме ваков вид на дејствија да подгреват меѓуетничка тензија во Македонија. Она кое што го говоревме дека има најави, има обиди кои што ќе подгоруват меѓунационална нетрпеливост во Македонија, еве повторно доказ дека истото се случува, но македонската полиција покажа здрелост, професионалност и одговори соодветно на сите предизвици, истакна Тошковски.

Тошковски меѓудругото рече дека се расчистени повеќе случаи, но дека полицијата и понатаму ќе постапува.

-Во текот, на вечерта, вчера, се целосно расветлени повеќе случаи, дел делумно, а во однос на голем дел на случаи полицијата ќе постапува и во текот на денешниот, утрешниот ден, се додека не се констатираат за сите оние кои што имаат соодветни докази дека сториле одредено кривично дело, особено кривично дело кое гази по достоинството на македонскиот граѓанин.

Тошковски информираше дека вчера вечерта биле уапсени 8 лица од кои 4 за инцидентот со македонското знаме, меѓу кои и еден малолетник.

-Во текот на вчерашната вечер се уапсени осум лица од страна на македонската полиција. Четири од тие лица се уапсени затоа што сториле прекршок, учество во тепачка. Истите се лишени од слобода и поо нив ќе се преземат соодветни дејствија и понатаму, согласно закон. А други четири лица се уапсени заради тоа што за нив имаме основано сомнени дека сториле кривично дело 319 од кривичниот закон кое што се однесува на предизвикување на национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост“ каде што е предвидена минимална казна од една година затвор и за кои што четири лица ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави, еден од нив е малолетник, а тројца се полнолетни лица, информираше министерот Тошковски.