дома блог страница 584

Едно лице загина, а две се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Битола-Ресен

Попладнево на регионалниот пат А3, Битола-Ресен кај местото викано Макази се случи сообраќајна несреќа во која загина 46 – годишен маж од ресенско село.

Од СВР Битола информираат дека во сообраќајната несреќа учествувале патничко моторно возило марка „БМВ” со ресенски регистарски ознаки управувано од 46 – годишен жител на ресенско село кој удрил во патничко возило марка „Пежо” со битолски ознаки, а потоа патничкото возило „Пежо“ удрило во друго патничко возило марка „БМВ” со ресенски ознаки управувано од 47 – годишен жител на ресенско село со кого бил и сопатник. Од ударот на лице место починал 46 – годишниот возач на „БМВ”, а смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош Ресен.

Возачот и сопатникот во другото возило „БМВ” се пренесени во Клиничка болница Битола за укажување на лекарска помош.

Регионалниот пат од м.в.Макази до селото Ѓавато е пренасочен по стариот пат, потврдија за МИА од СВР-Битола.

Николоски жестоко кон Пендаровски: Иако вети, не се откажа од доживотна пензија, сега арогантно дели “ум”

Стево Пендаровски – човек кој два пати изгуби Претседателски избори, вториот пат со историски најголема разлика, после 10 месеци реши да се појави во јавност и да го напаѓа Премиерот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ заради поддршката на САД и Претседателот Трамп – му порача министерот за транспорт и врски и вицепремиер, Александар Николоски, на екс претседателот Пендаровски.

Фејсбук статусот на Николоски во целост го пренесуваме во продолжение:

“Пендаровски кој иако вети не се откажа од доживотна пензија на грб на граѓаните, го напаѓа Претседателот на нашиот стратешки партнер број 1. Арогантно дели „ум“ на светски лидери, а сам себе не се гледа.

Човекот кој масовно ја злоупотребуваше Агенцијата за разузнавање со наредба да фабрикувааат извештаи за нас од ВМРО-ДПМНЕ дека сме „проруски“, „антизападни“, „антиамерикански“, за мене слушам напишале дека сум претставник на „иранско – турско – унгарско влијание“ и пуштаа гавази да ги молат стратешките партнери пола од носителите на листи на ВМРО-ДПМНЕ да завршат на црна листа за така да се спасат од пораз, истиот тој сега е најантизападен и најантиамерикански.

Стево троши пензијата, не се брукај, не ја руши позицијата на Македонија и дружи се со пријателите од Агенција за разузнавање додека можеш!“, објави Вицепремиер Александар Николоски, на својот фејсбук профил.

Метеоролозите предупредуваат: Летото ќе биде пеколно, сушно и со екстремни бури

Балканот ова лето ќе се соочи со рекордно високи температури и екстремни временски услови. Долгорочните прогнози најавуваат топло лето и топлотни бранови. Друга опасност е што просечните температури на Балканот се зголемени за речиси два Целзиусови степени, а поради тоа се почести се сушите, бурите и суперклеточните бури. Метеоролозите предупредуваат дека Балканот станува се посув, а екстремните временски настани стануваат се почести и деструктивни.

Во извештајот на Светската метеоролошка агенција на Обединетите нации се наведува дека глечерите ширум светот се намалиле повеќе од кога било меѓу 2011 и 2020 година. Повеќе од 75 отсто од мразот на Антарктикот е изгубен во споредба со претходните 10 години, а оваа загрижувачка вест може да влијае на се поекстремните временски услови на Балканот на кои веќе сме сведоци.

Пред нас е пожешко лето од кога било досега. Ефектите од овие промени се веќе евидентни на Балканот, што го потврдија метеоролозите. Просечната годишна температура е зголемена за речиси 2 Целзиусови степени, што е побрзо од глобалниот просек. Според прогнозите, годинава може да очекуваме топло лето со малку врнежи, а првите топлотни бранови ќе се појават во јули.

Како што се наведува во долгорочната прогноза, потопло од просечното време се очекува во текот на јуни, јули и август. Во балканските градови просечната максимална температура на воздухот во текот на јуни ќе изнесува околу 27,7 степени.

Првиот топлотен бран во јули

Во јули се најавуваат првите топлотни бранови, а просечната температура ќе биде од 19 до 30 степени.

Просечната минимална температура на воздухот во јули се очекува да биде над повеќегодишниот просек, па така во балканските градови, на пример, просечната минимална температура на воздухот во јули ќе изнесува околу 18,9 степени.

Просечната максимална температура на воздухот во јули ќе биде над повеќегодишниот просек, па во балканските градови се очекува да биде просечно околу 30,3 степени.

Во текот на јули нè очекува сушен период – ќе биде многу топло, а врнежите ќе бидат нешто помали од вообичаеното.

И во август е топло и нема дожд

Топлотни бранови може да очекуваме во текот на август, кога исто така ќе има помалку врнежи од вообичаено.

Просечната минимална температура на воздухот во август ќе биде над повеќегодишниот просек – во балканските градови ќе биде најмалку околу 18 степени.

Просечната максимална температура на воздухот во август ќе биде над повеќегодишниот просек низ Балканот. Во балканските градови просечната максимална температура на воздухот ќе има вредност околу 30,2 степени.

Ситуацијата е сериозна, Балканот станува пустина

Метеоролозите нагласуваат сериозноста на ситуацијата, предупредувајќи дека Балканот е на пат кон најлошите сценарија на глобалното затоплување.

Доколку не се преземат решителни мерки за намалување на емисиите на стакленички гасови, до 2065 година температурата може да се зголеми за 2 степени Целзиусови, додавајќи дека отсуството на превентивни мерки може да доведе до пораст на температурата за дури 4 степени до крајот на векот.
Исто така, експертите објавија мапа на која е прикажано како би изгледал светот кога просечната годишна температура би била за четири степени повисока.

Портокаловата боја ги означува подрачјата на „ненаселлива пустина“, кои го опфаќаат целиот Балкански Полуостров, Австрија, Унгарија, Германија, Шпанија, Португалија… Реките пресушија и повеќе нема снег на Алпите, предвидува мапата.

Колку е важен тој 1 степен?

Светот се соочува со најголемите предизвици поврзани со глобалното затоплување. Летата стануваат се поекстремни, а топлотните бранови ги уриваат сите рекорди. Ова само значи дека во иднина можеме да очекуваме се поекстремни временски услови, високи температури и екстремни суперклеточни бури.

А колку е опасно ако планетата се загрее за тој степен најдобро објаснија климатолозите:

„Кога човек има телесна температура од 36 степени, тоа е во ред, кога температурата е 37, тоа е аларм, а со температура од 38 степени не ви е добро“.

Климатолозите предупредуваат дека зголемените глобални температури предизвикуваат системски промени.

„Кога планетата е за 1 степен потопла, тоа значи дека ќе има поекстремни климатски настани. Затоа сме зафатени од суши, шумски пожари, екстремни врнежи и поплави кои само ќе станат поинтензивни и полоши во иднина. Ќе претрпиме поголема штета и дефинитивно ќе ни биде помалку удобно на планетава“, велат метеоролозите.

Екстремни температури, невреме со суперклеточни бури, пожари…

Климатолозите истакнуваат дека летото 2023 година било најтопло досега, со рекордни температури кои надминуваат 1,5 степени над просекот.

Зголемувањето на температурата во текот на овој месец било до 2,8 степени повисоко од лани. Според податоците на хидрометеоролошките служби, во последните 71 година на Балканот само летата 2017 и 2012 година биле потопли од летото 2022 година.

Иако јули 2023 година се карактеризираше со екстремно високи просечни месечни температури на воздухот, Балканот во периодот од 19 до 22 јули беше зафатен од неколку невреме и грмотевици, придружени со обилни врнежи од дожд, налети на ветер и голем град со големина од два до пет сантиметри, а локално и со пречник над пет сантиметри.

Извор: “Press24.mk”

Разводите во пораст за 23,9%, а склучувањето бракови во опаѓање

Според податоците на Државниот завод за статистика, во последниот квартал од 2024 година биле регистрирани 601 развод, што претставува пораст од 23,9% во споредба со истиот период претходната година. Во исто време, бројот на склучени бракови се намалил за 14,7%, при што биле регистрирани 2.430 бракови.

Социолошките анализи укажуваат дека главен фактор за зголемениот број разводи е избрзаното стапување во брак без доволно запознавање на партнерите. Недостатокот на комуникација, разликите во животните вредности и финансиските потешкотии дополнително го зголемуваат ризикот од распад на брачните заедници. Покрај тоа, мешањето на семејствата во брачниот живот и неможноста младите парови да живеат самостојно создаваат дополнителни тензии што честопати водат до разделба.

Покрај промените кај браковите, статистичките податоци покажуваат и опаѓање на бројот на раѓања. Во последниот квартал од 2024 година се родени 3.968 деца, што е намалување од 4,2% во однос на истиот период претходната година. Бројот на починати лица изнесува 5.174, од кои 10 се доенчиња, што претставува пад од 1,0% во однос на истиот квартал во 2023 година.

Негативниот природен прираст, кој во овој квартал изнесува -1.206, укажува на континуираните демографски промени што би можеле да имаат значајни социоекономски последици во иднина.

Македонското девојче не престанува да реди успеси: Златен медал за битолчанката Марија Димовска на Светскиот куп во Италија (ВИДЕО)

Марија Димовска се преплати на златни медали од големите натпреварувања, денес го освои првото место на Италијански Светски кик бокс куп во Лидо Диесоло, Италија.

Димовска во финалето славеше над Хрватката Магдалена Токиќ 3-0.

Андреа Георгиевска се закити со бронза откако во полуфиналето загуби 0-3 од Магдалена Токиќ.

За златен медла ќе се бори и Данило Методиевски со Матија Радовиќ од Црна Гора.

На Светскиот куп учествуваат 1987 натпреварувачи во 3117 влезови од 387 клубови од 46 земји од светот.

Кога нема лидер, одбраната прима 38 голови од фенерџијата БИСИНОВ

Ракометарите на Бисинов и Прилеп го одиграа можеби најдраматичниот натпревар во 21. коло од Супер лигата. По речиси изедначеното прво полувреме во кое головите паѓаа како дожд на двете страни, велешани беа поуспешни и заминаа на пауза со 23:20.

Во вториот дел домаќините беа далеку помотивирани и од минута во минута ја зголемуваа предноста, па во еден момент беше плус 10 (34:24), што е уште еден доказ дека на Прилеп и тоа како му недостига лидер во одбраната.

Сепак, домаќините се опуштија, па Прилеп успеа да ја надополни негативата. На 90 секунди до крајот беше 37:36.

Велешани постигнаа гол за 38:36, но потоа набрзина направија две грешки, а Прилеп изедначи.

Гостите имаа шанса и за триумф во последните секунди од натпреварот, но Шабановиќ не постигна гол од чист зицер.

Прилепчани веќе одамна ја изгубија борбата за место во плеј-оф разигрувањето, па и оваа сезона ќе мораат да бркаат опастанок во најелитното ракометно друштво.

Крадел што крадел, па го фатиле со целиот плен – Приведен прилепчанец за тешка кражба во куќа

-На 07.03.2025 во 21,50 часот на улицата „Ристе Секирчанец“ во Прилеп полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода С.Џ.(40) од Прилеп бидејќи истиот бил затекнат со предмети од извршена тешка кражба од куќа.

С.Џ.бил приведен во полициска станица Прилеп, а украдените предмети биле вратени на сопственикот.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветна пријава – информираат од ОВР Прилеп.

18-годишно момче со “мерцедес” излетало од коловозот на патот Прилеп-Македонски Брод – со тешки телесни повpeди е пренесено во Скопје

-На 07.03.2025 година во 22.50 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на регионален пат Прилеп – Македонски Брод, кај местото викано „Дебрешки мост“, патничко возило „Мерцедес“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Е.Е.(18) од село Дебреште, прилепско, излетал со возилото од патот.

Во несреќата Е.Е. се здобил со тешки телесни повреди, и поради сериозноста на повредите тој од Градската општа болница Прилеп, бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.

Со телесни повреди се здобил и неговиот 16-годишен сопатник од село Дебреште. Известен бил надлежен ЈО и бил извршен увид од увидна екипа од ОВР Прилеп – информираат од МВР.

Економска, политичка и социјална рамноправност секогаш, а не само денеска: Среќен 8-ми Март на сите припаднички од понежниот пол

8 март е денот кога се одбележува борбата на жената за економска, политичка и социјална рамноправност. На овој ден треба да се поклонеме на нејзиното височество жената, да се потрудиме да изнудиме насмевка, да изненадиме и со многу љубов да им ја доловиме целата почит на овој свет, која ја заслужуваат.

Светот денеска повеќе од 10 декади го одбележува Осми Март – Меѓународниот ден на жената. Овој ден започнал за првпат да се одбележува од 28 февруари 1909 година во САД, со декларација донесена од страна на американската Социјалистичка партија. Една година подоцна во Копенхаген се одржала првата меѓународна женска конференција, а на предлог на германската социјалистка Клара Цеткин бил востановен Меѓународниот ден на жената.

Во 1910 под закрила на Втората интернационала во Копенхаген е одржана Првата меѓународна конференција на жените и на неа е одлучено да се прославува Меѓународен ден на жената, но без да биде утврден точен датум. Следната година, на 19 март 1911, овој празник по прв пат е прославен од страна на повеќе од милион луѓе во Австрија, Данска, Германија и Швајцарија. На 8 март 1913 година жените ширум Европа одржале мировни собири. Демонстрации на работничките се оддржувале речиси во сите поголеми европски градови секоја година до 1915 година, а главно барање на тие маршеви било еворпските земји конечно да воведат универзално право на глас.

Обединетите нации(ОН) овој празник официјално започнале да го одбележуваат во 1975 година.

Денеска подарете со љубов и почит на најголемиот борец, жената. Но знајте дека ова не е единствениот ден во годината за кој е потребно внимание. Секој ден е посебен да се изнуди насмевка на женското лице, 8ми март е денот што треба да ве потсети на тоа.

Денеска е Тодорова сабота: Честито и вековито име Теодора, Тодорка, Тодор, Тео…

Тодорова сабота е празник посветен на Светиот Великомаченик Теодор Тирон, кој настрадал во прогоните на христијаните од страна на римскиот цар Максимилијан. Овој ден се празнува во спомен на едно чудо што го направил св. Теодор Тирон околу 50 години по смртта.

Имено, еднаш, непосредно пред почетокот на велигденскиот пост, византискиот цар Јулијан Отстапникот сакал да им напакости на христијаните и наредил храната што се продавала по пазарите да се испрска со крвта на жртвите што им се принесувале на римските идоли.

Меѓутоа, св. Теодор Тирон на јаве му се појавил на цариградскиот патријарх и му кажал да им забрани на христијаните да купуваат храна од пазарите, зашто таа ќе биде осквернавена со крв и наместо тоа, цела недела да јадат пченица со мед.

Патријархот така постапил и христијанските верници отанале неиспоганети пред нивниот најголем празник. Во спомен на овој настан, првата сабота од велигденските пости е наречена Тодорова сабота.

Со празникот Тодорова сабота се поврзани и други обичаи и верувања. Во Гостиварско пченката што ја враќале од црквата утрото на самиот празник ја носеле во полето и ја фрлале по нивите и бавчите велејќи: „Господе, колку зрна, толку тоари, толку дар и бериќет да ни даеш”.

Очигледно е дека иако празникот Тодорова сабота или Тодорица е пред се црковен празник, иако повеќето од обичаите се изведуваат во црквата и се поврзани со споменот на Свети Теодор Тирон, особено житото, сепак, во овој празник се контаминирале и поголем број пагански обичаи поврзани со доаѓањето на пролетта и со разбудувањето на вегетацијата.

На овој ден се вари пченица во која се додава малку мед и оние кои постат задолжително јадат од тоа.