дома блог страница 581

Објавен и телефон за донации: Можеме и мораме да направиме ЧУДО за младиот прилепчанец Виктор Николоски!

Драги пријатели, Виктор Николоски е 26-годишен млад човек од Прилеп, посветен сопруг и татко на прекрасно четиримесечно бебе. Животот му донесе радост со доаѓањето на неговото прво дете, но и тежок предизвик кој никој не би го посакал.

Пред една недела, веднаш по крштевањето на нашето дете Виктор дозна дека има тумор на главата, дијагноза која го промени текот на неговото секојдневие, но и на целото негово семејство. За да има шанса за живот и да остане со своето семејство, неопходна е ИТНА операција која може да се изврши во клиника во Турција.

Трошоците за операцијата, патувањето и лекувањето се огромни и не можеме да ги покриеме без ваша помош. Апелираме до сите хумани луѓе да се вклучат во оваа битка и да му дадат на Виктор шанса да продолжи да го гледа растењето на своето дете.

Секоја донација, без разлика на износот, е од огромна важност! Доколку не сте во можност да донирате, ве молиме споделете го апелот за да стигне до што повеќе луѓе.

Виктор верува дека со ваша помош и поддршка ќе ја добие оваа животна битка. Да му помогнеме да остане столбот на своето семејство и да има светла иднина!

Од денеска активен за донации е и телефонскиот број за корисниците на А1 мрежата – 143 467

Сите останати можат да донираат на линкот во продолжение:

https://pavelandreev.org/mk/campaign/pomosh-za-viktor-mlada-nadej-sto-se-bori-za-jivot?fbclid=IwY2xjawIF51lleHRuA2FlbQIxMQABHTBeZE4Jq2OIzD1vB-DzrY6PHTi7ytdWkC5P7gQJXd-z2Kfs24EcwiKhkA_aem_3Pkr2_uUpiLm7L45DzUY5A

Или на трансакциската сметка на Виктор на Халк Банка:

Четврт ден гори депонијата кај прилепско Алинци – пожарот подметнат (ФОТО)

Веќе четврт ден во тек е акцијата за целосно гаснење на пожарот на депонијата кај Алинци, кој според првичните информации најверојатно е предизвикан од човечки фактор. Во изминатите три-четири дена, под координација на ЈКП Комуналец, со максимална ангажираност и координација, работиме на справување со оваа состојба – информираа попладнево од општина Прилеп.

-Со помош на механизацијата на нашите јавни претпријатија, како и поддршката од општествено одговорни компании, досега успеавме да посипеме со земја огромен дел од депонијата. Дополнително, цистерните со вода се постојано активни, а екипите дејствуваат деноноќно со цел целосно елиминирање на огнот иако временските услови се исклучително тешки и видливоста е намалена од маглата.

Ги повикуваме сите сограѓани на одговорност и свесност – да не дозволуваме вакви ситуации, кои што ја загрозуваат нашата животна средина и здравјето на сите нас. Само со заедничка грижа можеме да обезбедиме подобри услови за живот.

Општина Прилеп изразува голема благодарност до сите кои се вклучени во оваа акција и Ве уверуваме дека продолжуваме со максимални напори за што поскоро решавање на оваа ситуација – стои во соопштението од општината.

ВМРО-ДПМНЕ ја поддржува иницијативата за бојкот на маркетите

ВМРО-ДПМНЕ ја поддржува иницијативата за бојкот на маркетите, соопшти предмалку партијата.

-Сигурни сме дека институциите активно ќе се спротивстават на забеганоста на дел од маркетите и состојбата во која без никаков индикатор кој предизвикува инфлација тие нечовечно да ги зголемуваат цените и да учествуваат директно во зголемување на сиромаштијата богатејќи се на грбот на граѓаните преку уцена и монопол и општествено неодговорен однос. Истовремено за очекување е владата да подготви сет на мерки како за контрола на растот на цените, да ги истражи овие однесувања на маркетите дали низ годините наназад до денес правеле злоупотреби, даночни ескивирања или други прекршувања на законите и истовремено да ја засили контролата врз нивната работа. Ова дивеење на маркетите мора да престане, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека нема никаква економска причина надвор од своеволноста на трговците, која тоа го оправдува освен голиот профит на грбот на граѓаните.

-Ваквите навики на трговците толерирани од претходните влади доведоа до тоа во државава да се зголемува сиромаштијата, а на сметка на тоа да се богатат 5-6 сопственици на маркети преку нереални зголемувања на цените и злоупотреба на позицијата во општеството, се наведува во соопштението на партијата.

Алекса Петрески, Марифет и Конект Бенд, во петок ќе настапат во “Кафе Пауза” за Виктор, 26-годишниот прилепчанец кој го обедини Прилеп во хуманост!

Град херој, а сега и ГРАД ХУМАНИСТ! Прилепчани во еден ден се обединија за 26-годишниот ВИКТОР НИКОЛОСКИ, наш сограѓанин кому неодамна му е дијагностициран тумор на главата.

Кафулиња, ресторани, невладини организации…. веќе најавија низа настани и концерти. Потребни се 73.000 евра за Виктор итно да замине на лекување во Турција.

Хуманитарна забава викендов ќе има и во “Кафе Пауза” во населбата “Точила”. Настанот е закажан за петок, 31.01. со почеток од 21 часот, а ќе настапат: Алекса Кузманоски, Марифет Бенд и Конект Бенд.

Влезниците се по цена од 200 денари, а сите средства ќе одат за лекување на Виктор.

Бидете дел од сите овие хуманитарни забави кои викендов ќе се случуваат во нашиот град.

ЕДНО ОГРОМНО БРАВО ЗА СИТЕ СОПСТВЕНИЦИ НА УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТИ! ЕДНО ОГРОМНО БРАВО ЗА СИТЕ ХУМАНИ ГРАЃАНИ!

Јовчески во работна посета на Австрија – целта е подобрување на социјалните услуги во Прилеп

Градоначалникот на општина Прилеп, заедно со првите луѓе на соседните општини Кривогаштани и Долнени, од денеска се во работна посета на Австрија, како дел од проектот TRANSACT – Трансформирање на глобалните социјални предизвици во реални локални активности, a со цел подобрување на социјалните услуги.

-Ја започнавме нашата работна недела во Република Австрија, заедно со претставници од Центарот за развој и едукација од Прилеп, колеги градоначалници од повеќе општини од Македонија, претставници на Министерството за труд и социјална политика, демографија и млади, како и директорот на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа Прилеп.

Посетата е дел од проектот TRANSACT: Трансформирање на глобалните социјални предизвици во реални локални активности.

Овој значаен проект, поддржан од Австриското Сојузно Министерство за социјални политики, здравство, нега и заштита на потрошувачи, ќе го донесе пилотирањето на новата социјална услуга „Медицинска сестра во заедницата“ за првпат во нашата држава и во нашиот град Прилеп. Целта на оваа услуга е да овозможиме медицинска нега за лица и семејства кои се наоѓаат во социјален ризик.

Во текот на посетата ќе оствариме средби со водечки организации и институции во Австрија кои обезбедуваат социјални и здравствени услуги. Преку размена на знаења и искуства, ќе ги проучиме успешните практики за нивна примена во нашата заедница.

Со оваа иницијатива, заедно со партнерите од Австрија, работиме на создавање иновативни решенија и подобрување на пристапот до квалитетни социјални услуги за сите наши граѓани. Посветено продолжуваме да работиме за доброто на Прилеп – напиша Јовчески на ФБ.

Тешка сообраќајка во Битола: Автомобил удри во велосипедист

-На 27.01.2025 во 14.30 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Батаљон Стив Наумов” во Битола, патничко возило „цитроен“ со битолски регистарски ознаки, управувано од А.Г.(29) од Битола, удрило во велосипедистот С.Г.(52) од Битола.

Во несреќата, велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.

Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Битола – информираат од СВР Битола.

Претставата “Како што сакате (Ноќ спроти Водици)” на кумановскиот театар, гостува во Прилеп

На 31 јануари 2025 година /петок/ во 20.00 ч. на сцената од театарот „Војдан Чернодрински“ ќе биде изведена претставата „КАКО ШТО САКАТЕ“ (НОЌ СПРОТИ ВОДИЦИ) на Кумановски театар, кој ќе оствари  гостување во прилепскиот театар.

РЕЖИЈА: Срѓан Јаниќијевиќ

ИГРААТ: Жарко Јовановиќ, Марко Трајковиќ, Антонио Димитриевски,

Нина Максимова, Анастасија Величковиќ, Александра Пешевска, Давид

Илиќ, Никица Јанковски

ДРАМАТУРГ: Симона Тоскиќ

СЦЕНОГРАФ: Марија Ветеровска

КОСТИМОГРАФ: Лидија Георгиева

КОМПОЗИТОР: Ивица Димитријевиќ, Јане Трајковски

**********************************

ИНСПИЦИЕНТ: Антонио Пешевски

СВЕТЛО МАЈСТОР: Звонимир Мицевски

ТОН МАЈСТОР: Оливер Илиевски

СУФЛЕР: Виктор Величковски

ШИВАЧ: Дарко Илиевски

ГАРДЕРОБЕР: Елизабета Накевска

РЕКВИЗИТЕР: Лила Зафировска

ДИЗАЈН НА ПЛАКАТ: Марија Ветеровска

ДЕКОРАТЕРИ: Јовица Николовски, Саљим Хамдија, Игор Душановски,

Исак Јаихии, Бобан Милановски, Марјан Милановски

НАБАВУВАЧИ: Снежана Стојановска, Горан Ќимевски

СТРУЧЕН СОРАБОТНИК ЗА ДРАМСКА ДЕЈНОСТ: Јоана Сарафимовска

МАРКЕТИНГ: Орхан Дуров

**************************

ДИРЕКТОР: Сашо Тодоровски

**********************************

„Како што сакате“ е современа адаптација на драмата на Вилијам Шекспир „Ноќ спроти Водици“, опишана како негова најсмешна комедија.

„Вртлог на згрешени идентитети и невозвратена љубов. Никој не е она што е и сѐ е возможно. Зошто таа замена на родови идентитети е толку смешна во театарот со векови, а толку застрашувачки сериозна, а понекогаш и брутално трагична во реалниот живот. Кај Шекспир, тоа е едноставно: машко или женско? Како што сакате“, стои во најавата на претставата.

ДА ГО НАПОЛНЕМЕ И ГРАДСКИ како во старите добри времиња! Победа закажа хуманитарен натпревар за Виктор!

26-годишниот Виктор Николоски од Прилеп е посветен сопруг и татко на прекрасно четиримесечно бебе, а од денеска е и човекот кој го обедини Прилеп во хуманост.

Пред една недела, веднаш по крштевањето на нашето дете Виктор дозна дека има тумор на главата, дијагноза која го промени текот на неговото секојдневие, но и на целото негово семејство. За да има шанса за живот и да остане со своето семејство, неопходна е ИТНА операција која може да се изврши во клиника во Турција.

Бројни организации, угостителски објекти, спортски клубови…. денеска се обединија како никогаш порано, се со цел да се соберат потребните 73.000 евра за операцијата на Виктор.

И фудбалскиот клуб Победа се вклучи во собирањето на потребните средства. На 04.02. црвено-белите ќе одиграат пријателски хуманитарен натпревар против Башкими, а средствата од влезниците ќе бидат донирани за лекувањето на Виктор.

Еве шанса да го наполниме ГРАДСКИ како во старите добри времиња!

Обединети во ХУМАНОСТ! Заедно да го спасиме животот на овој наш млад сограѓанин!

Во продолжение ЛИНК каде може да донирате за ВИКТОР и негова трансакциска сметка:

https://pavelandreev.org/mk/campaign/pomosh-za-viktor-mlada-nadej-sto-se-bori-za-jivot?fbclid=IwY2xjawIEhWZleHRuA2FlbQIxMAABHZPtHLLUUXnfGdU_SIUMbtDZbkqQ8Exqsuc1_pWklIeVQXISFUPkiEev5Q_aem_TrgkUzGWaxc7TP39x4qyZw

И Дарко Филиповиќ ќе пее во Прилеп за ВИКТОР! Прилеп град херој, а сега и град на хуманоста!

Град херој, а сега и ГРАД ХУМАНИСТ! Прилепчани во еден ден се обединија за 26-годишниот ВИКТОР НИКОЛОСКИ, наш сограѓанин кому неодамна му е дијагностициран тумор на главата.

Кафулиња, ресторани, невладини организации…. веќе најавија низа настани и концерти. Потребни се 73.000 евра за Виктор итно да замине на лекување во Турција.

И големата балканска ѕвезда, Дарко Филиповиќ ќе пее во ресторан “Деспина” во Прилеп за Виктор.

Друштво ќе му прават естрадните изведувачи: Елена Јовческа, Париз Париз, “Тренд Бенд”, “Леонид Бенд” и “Алтернатор Бенд”.

Настанот е закажан за петок, 31.01.2024, со почеток од 20 часот. Цената на влезниците е 300 денари, а сите средства од продадените влезници и половина од прометот таа вечер, ресторан “Деспина” ќе го донира за лекувањето на Виктор.

ЕДНО ОГРОМНО БРАВО ЗА СИТЕ СОПСТВЕНИЦИ НА УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТИ! ЕДНО ОГРОМНО БРАВО ЗА СИТЕ ХУМАНИ ГРАЃАНИ!

Општина Прилеп, јавните претпријатија и училиштата во Прилеп ќе помогнат во собирањето на средства за лекување на Виктор Николоски

Веста за 26-годишниот Виктор Николоски од Прилеп, кому му е дијагностициран тумор на главата, го обедини Прилеп во едно. Помош пристигнува од сите страни, а во акцијата за собирање на средства за негово лекувње, се вклучуваат и општината, јавните претпријатија и училиштата во градот.

-Општина Прилеп, заедно со сите Јавни претпријатија, основни и средни училишта, веднаш ќе се вклучи во хумана акција за да помогнеме во најбрз можен рок.

Сите ние сме дел од едно семејство – семејството на Прилеп, и како заедница ќе направиме сè што можеме за да му дадеме поддршка на Виктор и неговото семејство во оваа тешка битка и заедно ќе успееме!

Ве повикувам и вас, нашите сограѓани, да се приклучите и да помогнете со донација на линкот или со споделување на апелот. Заедно можеме да направиме разлика! Господ нека е со сите нас! – напиша на ФБ градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески.

Виктор Николоски е 26-годишен млад човек од Прилеп, посветен сопруг и татко на прекрасно четиримесечно бебе. Животот му донесе радост со доаѓањето на неговото прво дете, но и тежок предизвик кој никој не би го посакал.

Пред една недела, веднаш по крштевањето на нашето дете Виктор дозна дека има тумор на главата, дијагноза која го промени текот на неговото секојдневие, но и на целото наше семејство. За да има шанса за живот и да остане со своето семејство, неопходна е ИТНА операција која може да се изврши во клиника во Турција.

Трошоците за операцијата, патувањето и лекувањето се огромни и не можеме да ги покриеме без ваша помош. Апелираме до сите хумани луѓе да се вклучат во оваа битка и да му дадат на Виктор шанса да продолжи да го гледа растењето на своето дете.

Секоја донација, без разлика на износот, е од огромна важност! Доколку не сте во можност да донирате, ве молиме споделете го апелот за да стигне до што повеќе луѓе.

Виктор верува дека со ваша помош и поддршка ќе ја добие оваа животна битка. Да му помогнеме да остане столбот на своето семејство и да има светла иднина!

Во продолжение ЛИНК каде може да донирате за ВИКТОР и негова трансакциска сметка:

https://pavelandreev.org/mk/campaign/pomosh-za-viktor-mlada-nadej-sto-se-bori-za-jivot?fbclid=IwY2xjawIEhWZleHRuA2FlbQIxMAABHZPtHLLUUXnfGdU_SIUMbtDZbkqQ8Exqsuc1_pWklIeVQXISFUPkiEev5Q_aem_TrgkUzGWaxc7TP39x4qyZw