дома блог страница 5166

“МАЈМУНИ” покажаа како се сака Македонија ! ! !

14211927_1220423781358172_2892293436655350164_n

Непрекинато навивање, бодрење, силен патриотски дух и секакако многу македонски знамиња, беше сликата на еден дел од трибините на синоќешниот натпревар помеѓу Албанија и Македонија во Скадар, каде се наоѓаа навивачите од навивачката група “Мајмуни” oд Прилеп.

Стотината навивачи на прилепска Победа,  покажаа и докажаа, дека кога националните бои се во прашање, не постои препрека за нивното присуство, наклонетост и желба за добар резлутат.

И покрај тоа што теренот за гостување беше жежок  и не добија убаво гостопримство, “Мајмуни”, засилени со “Кумани” oд Куманово и неколку членови на навивачките групи “Гемиџии” од Велес  и “Рибари” од Охрид, жестоко ги бодреја нашите репрезентативци од трибините и се радуваа на израмнувачкиот гол на нашата репрезентација.

Натпреварот помеѓу Албанија и Македонија од првото квалификациско коло за Светското првенство 2018 година во Русија, беше прекинат во 77-та минута, и ќе се доигра денес од 14:00 часот по средно европско време.

 

ПАНИКА ВО ГРЧКИТЕ МЕДИУМИ: Грчката влада ги призна Македонските пасоши!

Грчкото Министерство за внатрешни работи до соодветните служби испратило документ во кој се вели граѓаните кои на граница ќе приложат македонски пасош да се третираат како сите останати граѓани од трети земји, објави порталот „Њупост.гр“.

1212

Порталот, исто така, објавува и фотографија од контроверзниот документ, со датум од 22 август, нагласувајќи дека граничните служби досега не ставаа печати во пасошите на кои го пишува уставното име на нашата земја, туку на дополнителен лист. Во документот, пак, стои „печати да се ставаат на страниците од пасошот“.

44

– Така беше до сега затоа што нашата земја не го признава соседот како „Македонија“ туку како „Скопје“ и прашањето за името веќе долго време е деликатно прашање за грчките власти. Полицијата веќе е информирана за промените, пишува порталот додавајќи дека целата ситуација „укажува на промена на ставовите на грчката Влада во однос на прашањето за Скопје“.

Во меѓувреме, пратеникот на опозициската Нова демократија Теодоре Караоглу остро го нападна грчкото Министерство за надворешни работи во врска со информацијата дека Министерството со „итна наредба“ побарало од припадниците на Агенцијата за пасошка контрола да ставаат печати во македонските пасоши со што фактички Грција признава официјален документ со името Република Македонија, јави „Вориа“.

Според него, со овој потег, грчкото Министерство за надворешни работи и пошироко грчката Влада на Сириза-Независни Грци, „прави опасна девалвација на историски ревизионизам, кој ги надминува границите на трпение на сите жители на грчка Македонија, и де факто ПЈРМ ја признава како Република Македонија”.

Официјално прашање во врска со документите што ги објави „Њупост“, денеска до грчките министри за надворешни и внатрешни работи испратил и потпретседателот на Нова демократија Адонис Георгијадис.

Онлајн изданието на весникот „Нафтемборики“, пак, цитира извор од грчкото МНР кој рекол дека информациите за македонските пасоши се „лажни и неосновани… и претставуваат злонамерен и неприфатлив обид за поткопување на националната позиција и националните интереси“.

– Политика на Грција за ова прашање е цврста и не се случиле промени во визната практика за патните исправи од ПЈРМ, кои Грција не ги признава, рекол истиот извор, потсетувајќи дека од 2009 година на македонските граѓани не им треба виза при влез или излез од Грција и оти грчките власти ставаат печат на дополнителен лист хартија.

ОВА Е ХРАБРОСТ: Унгарија ги забрани банките на Ротшилд на нејзина територија !

Унгарската централна банка побара од Меѓународниот монетарен фонд да ја затвори канцеларијата на територијата на Унгарија.

Jacob-Rothschild-Net-Worth_00001-768x432

Името Ротшилд веднаш асоцира на огромно богатство. Ова е поради тоа што повеќе од 200 години фамилијата Ротшил останала една од најбогатите и најмоќните фамилии во светот. Најголем дел од богатството на фамилијата Ротшил е настанат во “светот на банкарството”, но инвестирањето во индустријата за јаглен, недвижнини и градежната индустрија само ја зголеми нивната моќ.

Најголемата банкарска група во светот или Меѓународниот монетарен фонд се смета дека е поседуван од Ротшилд. Тој уште е попознат под името “наметнувач на беда и глад”. Фондот не само што заработува од пропаѓањето на целите економии на државите, туку ги “поседува” и владите и моќните луѓе во државите.

Како што е познато Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан од никогаш немал добри односи со ММФ. Но последната одлука која владата на Орбан ја донесе, овој однос го однесе на друго ниво.

Многу експерти сметаат дека оваа одлука на Виктор Орбан е паметна и дека е добра за државата.

 

Што се случи откако Шведска воведе работен ден од шест часа?

ofise-650x396

Објавената студија потврди нешто за што се дебатира со години – пократкиот работен ден не е само подобар за нашето здравје, туку не прави и попродуктивни.

Шведската влада минатата година се одлучи да гo финансира старечкиот дом „Свартелдаленс“ за во истиот да спроведе експеримент во рамките на кои медицинските сестри работеле по шест часа дневно.

Идејата била тие да се споредат со сестрите кои работат стандардна смена во слично опкружување.

Еден од начините на кои истражувачите ја мереле продуктивноста било споредувањето на квалитетот на негата кои сестрите го овозможувале.

Резултатите покажале дека повеќето медицински сестри кои работеле шест часа дневно биле попродуктивни во споредба со оние кои работеле подолги смени.

Деталите покажуваат дека 68 медицински сестри кои работеле пократки смени земале скоро двојно помалку денови за боледување и дека речиси за три пати биле помали шансите во периодот од две недели да земат слободен ден.

И не само тоа, сестри кои работеле пократко работно време биле многу посреќни.

ЗА КОГО НАВИВАШЕ РАКОВОДСТВОТО НА СДСМ: Извршниот одбор на СДСМ жестоко ја бодреше Албанија на мечот против Македонија

Новиот член на Извршниот одбор Мухамед (Муки) Зекири, кој од „независен“ новинар вљубеник во екстремистичката вахабистичка идеологија на ИСИС стана високо профилиран политичар на СДСМ вечерва целата своја поддршка на натпреварот Македонија – Албанија кој заврши со резултат 1-1 откако беше прекинат поради големото невреме, ја давал на Албанската репрезентација

muki_navivac

Неофицијално дознаваме дека Муки бил исклучително разочаран поради актуелниот резултат, со кој Макеоднија добива еден бод во гости, а Албанија останува поразена и покрај големите очекувања како фаворит на мечот. Освен Зекири, во неугодна позиција бил и Зоран Заев кој поради обврски за кој и тој незнае какви се (дали работни или оди кај што го викнале) во Ватикан не успеа да пристигне на арената „Слободан Милошевиќ“ или како што е именувана „Лола Боричи“ заедно со неговата навивачка група „Балисти“.

zaev_stadion_UCK

Муки и Заев биле потполно подготвени со големоалбанска иконографија и терористичка пропаганда, но за жал околностите не дозволуваа да присуствуваат на овој клучен наптревар за албанската репрезентација.

ИЗВОР: ИНФОМАХ

Наскоро ќе пазариме со новите банкноти од 200 и 2000 денари (ФОТО)

Македонските граѓани ќе можат да пазаруваат со новите банкноти од 200 и од 2.000 денари на крајот од годинава или на почетокот на наредната. Парите ги печати англиската печатарска компанија “Де Ла Руе”, а планирано е да се произведат по 10 милиони банкноти од секој апоен.

 

novipari1

Носечки мотив на предната страна на идејното и ликовно-графичкото решение на банкнотата од 200 денари е релјефот со претставa на старозаветниот 41-ви Давидов псалм којшто им припаѓа на препознатливите винички теракотни икони, едни од најзначајните раносредновековни археолошки откритија на територијата на Македонија.

На истата страна, во централното лево поле е прикажана раносредновековна прстеста бронзена фибула од почетокот на VII век, а е пронајдена во околината на Прилеп.

dvesta-denari-520x289

На задната страна на оваа банкнота е претставен архитектонско-ликовен елемент од челната фасада на „Шарената џамија“ во Тетово, еден од најатрактивните споменици на архитектурата и сликарството од османлискиот период во Македонија, надополнет со флорални елементи преземени од декорацијата на мермерните подни плочи на познатата „Исак џамија“ во Битола, изградена на самиот почеток на XVI век.

nova-banknota-od-200-1-640x308

Носечки мотив на предната страна на идејното и ликовно-графичкото решение на банкнотата од 2.000 денари е претстава на македонска невестинска носија од Прилепско Поле, како впечатлива рефлексија на богатството на фолклорната ризница на Република Македонија. На истата страна, во централното лево поле е претставен приврзок во форма на афионова чашка којшто е откриен во Сува Река, Гевгелија и претставува артефакт датиран во VII век пр.н.е што му припаѓа на познатата група пајонско-македонски бронзи.

1

Што се однесува до задната страна на банкнотата, на неа е прикажана декорацијата на внатрешната страна на позлатен сад, којшто потекнува од XVI век и во чиешто централно поле се наоѓаат два афронтирани пауна покрај „изворот на животот” обиколени со раскошна флорална декорација.

2

МЕШАНИЦА СО ПРАВИЛАТА НА ФИФА: Прво го прогласија за завршен натпревар со резултат 1-1, предмалку и официјално објавија дека ќе се доигрува!

Мечот меѓу Албанија и Македонија и официјално е прекинат поради невремето во Скадар и нема да се доигра. Според правилата на ФИФА ќе важи резултатот 1-1, кој беше до прекинот.

1

Мечот меѓу Албанија и Македонија и официјално е прекинат поради невремето во Скадар и нема да се доигра. Според правилата на ФИФА ќе важи резултатот 1-1, кој беше до прекинот. И тоа се случува за првпат во нашата историја, меч да биде прекинат и регистриран со постигнатиот резултат.

Делегатот одлучи мечот да го регистрира со 1:1. Правилата се доколку мечот влезе во 76-тата минута, а мечот во Скадар беше прекинат некоја минута подоцна, тогаш истиот се регистрира со 1:1

Ова е за првпат во нашата историја меч да биде прекинат и регистриран со постигнатиот резултат.

Невремето почна по нашиот израмнувачки гол во 51. минута, а дождот само се засилуваше. Турскиот судија одлучи да ги испрати играчите во соблекувалната.

Сепак предмалку на официјалната страна на ФИФА се објави информација дека останатото време од мечот ќе биде доиграно во текот на утрешниот ден, а останува да се прецизира тајмингот кога ќе започне натпреварот. Оваа информација предизвика забуна, бидејќи првата официјална (како што може да се види на погорната фотографија) информација на ФИФА беше дека ова ќе остане конечниот резултат, бидејќи играта ја поминала 76-тата минута.

2

Освен ова, предмалку беше објавена и бодовната табела на која се гледа дека ниту Албанија, ниту Македонија засега немаат регистрирано бодови од вечерашниот натпревар!

3

Почна војна на трибините во Скадар, нападнати македонските навивачи

segrsehzej-640x367

Непосредно пред почетокот на натпреварот меѓу Албанија и Македонија се случи инцидент на трибините на Источната трибина, каде е сместена групата наши навивачи на стадионот „Лоро Боричи”, пишува Супермедиа

Домашните навивачи фрлија неколку факели кон гостинските навивачи, а овие возвратија, па се закануваше посериозен инцидент.

Иако таа трибина е во форма на неколку коцки и практично сите се одвоени една од друга, сепак не се далеку, па обезбедувањето ќе има многу работа да спречи нова закачка меѓу двете страни.

Колку пати неделно треба да вежбате за да постигнете резултати?

Некои луѓе поминуваат часови во теретана, мислејќи дека единствено така ќе загубат килограми. Но, експертите предупредуваат дека тоа не е така.

12

Наместо тоа, тие го открија магичниот број, што оди во прилог на слабеењето, а вклучува вежбање 6 дена в о неделата, в о тарење од 50 до 60 минути. Освен тоа, голем број тренери истакнуваат дека кога тренингот ќе стане дел од нашето секојдневие, многу е веројатно дека ќе го практикувате без размислување.

Ако самата идеја за секојдневно вежбање ве исцрпува, експертите од Women’s Health откриваат како тоа чувство брзо да исчезне. Но, исто така откриваат дека можете вашиот тренинг да го разбиете на 3 дена интензивно вежбање, 2 дена со умерен тренинг и еден со пасивен, односно со лесни вежби.

Неморате секој ден да тренирате како да се подготвувате за Олимпијада, но мошне е важно да ја создадете таа навика. Ви гарантираме дека некој што има навика да тренира 6 дена во неделата, дури иако пропушти еден ден, ќе биде подоследен во намерите од оној што тренира само 3 пати неделно, заклучуваат.

По повод двомечот со Винтертур во ЕХФ Купот, РК Прилеп излезе со официјално соопштение за јавноста

_DSC6060Markukule

“Станува збор за исклучително силна екипа, со буџет и квалитет на  играчи со кои нема споредба, па од тука резултатот е очекуван. Исто т ака, тројца од ракометарите од нашиот прв состав не играа, од различни причини, што дополнително ја ослабна нашата екипа. Сепак, нашиот интерес беше ракометарите да добијат меѓународно искуство, што е исклучително важно како подготовка за предизвиците кои ни предстојат. Можевме и ние како и други екипи да одбиеме да се натпреваруваме во европскиот куп, но искуството, мотивот и желбата беа во преден план. Ова нека биди и потсетување до прилепчани и бизнис секторот, дека доколку се вложува во спортот, може да се има резултати, во домашното првенство, но исто така и на натпревари од меѓународната сцена”, истакнуваат од клубот.