Нов државен натпревар по Македонски јазик, нова државна награда од СОУ Гимназија “Мирче Ацев”
Дeнеска, 9.5.2026 год, во просториите на Филолошкиот факултет “Блаже Конески” во Скопје се одржа Државниот натпревар по Македонски јазик и литература за ученици од IV година, за матурантите.
Во името на Ивана Атанасоска го имаме новиот вицешампион со фантастичен резултат и со тоа се продолжува низата и на Ивана и на менторот Мартин Наумоски, но и на Гимназија “Мирче Ацев” на одлични резултати во последните неколу години.
Имено, Ивана во своето четиригодишно гимназиско образование имаше исто толку учества на државен натпревар и освои дури две први места (II и III година и две втори места во I и IV година).
Ментор во сите овие години беше проф. Мартин Наумоски.
Уште еднаш се покажува дека Гимназијата во Прилеп е вистински расадник на ученици кои со квалитет и љубов го негуваат мајчиниот јазик и покажуваат како се сака и како се почитува истиот.
Во последните 5 години, државниот натпревар по Македонски за гимназијалците донесе ЧЕТИРИ ПРВИ МЕСТА, ДВЕ ВТОРИ И ЕДНО ТРЕТО што е фантастичен успех на сите инволвирани.
Честитки за Ивана, менторот и Гимназија “Мирче Ацев”. Нека се множат успесите.

























