МЕШАНИЦА СО ПРАВИЛАТА НА ФИФА: Прво го прогласија за завршен натпревар со резултат 1-1, предмалку и официјално објавија дека ќе се доигрува!

Мечот меѓу Албанија и Македонија и официјално е прекинат поради невремето во Скадар и нема да се доигра. Според правилата на ФИФА ќе важи резултатот 1-1, кој беше до прекинот.

1

Мечот меѓу Албанија и Македонија и официјално е прекинат поради невремето во Скадар и нема да се доигра. Според правилата на ФИФА ќе важи резултатот 1-1, кој беше до прекинот. И тоа се случува за првпат во нашата историја, меч да биде прекинат и регистриран со постигнатиот резултат.

Делегатот одлучи мечот да го регистрира со 1:1. Правилата се доколку мечот влезе во 76-тата минута, а мечот во Скадар беше прекинат некоја минута подоцна, тогаш истиот се регистрира со 1:1

Ова е за првпат во нашата историја меч да биде прекинат и регистриран со постигнатиот резултат.

Невремето почна по нашиот израмнувачки гол во 51. минута, а дождот само се засилуваше. Турскиот судија одлучи да ги испрати играчите во соблекувалната.

Сепак предмалку на официјалната страна на ФИФА се објави информација дека останатото време од мечот ќе биде доиграно во текот на утрешниот ден, а останува да се прецизира тајмингот кога ќе започне натпреварот. Оваа информација предизвика забуна, бидејќи првата официјална (како што може да се види на погорната фотографија) информација на ФИФА беше дека ова ќе остане конечниот резултат, бидејќи играта ја поминала 76-тата минута.

2

Освен ова, предмалку беше објавена и бодовната табела на која се гледа дека ниту Албанија, ниту Македонија засега немаат регистрирано бодови од вечерашниот натпревар!

3




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.