дома блог страница 5167

ВИДЕО: Чуден звук доаѓал од подот на пешачката патека – ќе ве шокира што пронашле!

Едно неверојатно видео кружи на интернетот.

received_10208971240149698

Имено, ситуацијата, е прилично неверојатна, бидејќи пешаците имале впечаток дека газат врз нешто. Неверојатна работа била што под циглите имало песок и било тешко веројатно дека под се се наоѓа нешто живо.

Ќе ве шокира тоа што ова момче го нашло под циглите. Гледајте внимателно!

Лек за „бесните“ возачи: Топлес девојки во Русија го регулираа сообраќајот (ВИДЕО)

Градските власти во Нижни Новгород, Русија, смислија интересен начин како да им го привлечат вниманието на возачите и на мотоциклистите за да го почитуваат ограничувањето на брзината на движење на патиштата.

received_10208970389168424

Токму на делницата во градот на која возачите вообичаено ја зголемуваат брзината на повеќе од 40 километри на час стојат две презгодни девојки без градници кои држат сообраќајни знаци со предупредување за дозволената брзина.

Експериментот се покажал успешен затоа што многу од возачите ја намалуваат брзината за да уживаат во глетката. Сега, пак, постои друг ризик – од сообраќајни несреќи. Така, на пример, во Москва беа поставени билборди со женски гради кои предизвикаа 500 несреќи затоа што возачите наместо во патот гледаа во нив.

Циклонот пред Македонија – доаѓа вистински потоп и опасност од поплави

download

Почнувајќи од вечерва и во текот на ноќта кон вторник па се до крајот на неделата територијата на Македонија ќе биде под влијание на серија влажни воздушни бранови од Медитеранот.

Поради тоа се очекуваат чести врнежи од дожд кој ќе ги има над целата територија на Македонија.

На повеќе места врнежите ќе бидат ОБИЛНИ и се очекува поголема количина на наврнат воден талог.

Локално процесите ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ и во форма на НЕВРЕМЕ проследено со обилни врнежи од дожд , електрични празнења и засилен ветер.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Во случај на појава на електрични празнења да не се предстојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Исто така за време на електрични празнења да се избегнува разговор на мобилни телефони.

МОЖНИ СЕ ПОПЛАВИ: Поради обилните врнежи кои ни предстојат можна е појава на поплави па затоа навремено да се превземат соодветни мерки.

Од вторник (06.09.2016) температурите ќе бидат во големо опаѓање (ќе има пад на температурите за повеќе од 10 степени).

Прилепските гимназијалци организираат хуманитарна забава за поплавените семејства од Скопје

14232562_1353947087956838_760026138533826075_n

Младинската Организација при СОУ Гимназија “Мирче Ацев,,-Прилеп организира хуманитарна забава во “Cafe Virus” на ден 09.09.2016(петок).

Забавата започнува во 21:00 часот, при  што прв ќе настапи Марио Ангелески, потоа “Banda Bend”, “2B One” и вечерта ќе ја завршат “Tribute to RATM”.

Сите собрани средства од оваа забава ќе бидат донирани за настраданите семејства од поплавите кои го зафатија Скопје.Сите кои се хумани и сакаат да дојдат на оваа забава, ги очекуваме во петок во Cafe Virus.

ВИДЕО – Македонското знаме се вееше над плоштадот Св. Петар во Ватикан

111

За време на прогласувањето на Мајка Тереза за светица, над плоштадот Св. Петар во Ватикан, гордо се вееше нашето црвено-жолто знаме.

Македонското знаме беше вистински украс на божествениот и исполнет со емоции чин на прогласување на  нашата сограѓанка за светица.

Погледнете:

А.Г.

Излезе од печат двоен број од списанието “СТРЕМЕЖ” за 2016

?????????????

?????????????

Излезе од печат двобројот 1-2 за 2016, на списанието за литература, уметност и култура ,, Стремеж,, што го издава ЦК,,Марко Цепенков,, а на чии страници се објавени критики и осврти, поезија, проза, раскази, препеви и преводи…

Васил Дрвошанов во текстот ,, Поезијата низ методичката призма на Ана Витанова Рингачева,, се осврнува на поезијата на Ана Витанова Рингачева, Трајче Крстески , во ,, Будење на фантазијата,,пишува за романот,, Светицата и разбирачот,, од Петар Петрески.

Читателите во двобројот на Стремеж ќе можат да ја прочитаат поезијата од Габриела Павлоска, Смиле Наумоски- Брсак и ЕлизабетаТодорска, како и прозата на Сузана Ѓорѓиевска и Маја Мојсова.

Двобројот на Стремеж, што излегува со подршка на Министерството за култура донесува препеви на поезијата на британската поетеса Менди Панет, како и неколку преводи на дела од латински од Миле Богески.

 

Два автобуси од навивачката група “Мајмуни” се упатија кон Албанија за да ја бодрат македонската репрезентација

14256559_10208718332890119_719725736_n

Два автобуси од навивачката група “Мајмуни” утрово се упатија кон Скадар, Албанија, да ја бодрат македонската фудбалска репрезентација, на натпреварот од  првотото коло од квалификациите за Светското првенство, што ќе се одржи 2018 година во Русија.

Навивачите на прилепска Победа со полни срца, патриотски дух и жар, веруваат во позитивен резултат и ветуваат пеколна атмосфера на  стадионот во Скадар.

Во моментите кога нашата фудбалска репрезентација се наоѓа во тешка резултатска  криза и сите коментари се негативни, навивачите од “Мајмуни” остануваат верни на црвено-жолтата боја и секогаш со позитивен дух и силна мобилизација се спремни да помогнат и да ја разбудат желбата кај нашите играчи, да се покажат во одлично светло.

 

ФОТО – ГОРИ КАМИОН НА ПЛЕТВАР!

14215292_10208968025389331_1784433999_o

Утрово се запали товарно возило на планинскиот превој Плетвар. Причините за опожарувањето на камионот не се познати, но навремено е спречена поголема катастрофа.

Сликата за останатите учесници во сообраќајот била страшна, при што постоела голема паника од настанување на експлозија.

14233667_10208967992588511_1875479123_o

14273384_10208967994748565_199596547_o

Погледнете што е пронајдено во пештерата „Череп“ во кичевско?

1

По анонимна дојава дека во пештера помеѓу селата Тајмиште и Бачишта (кичевско), над Бачишка река има човечки черепи, основниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Гостивар издаде насоки за обезбедување на оперативна проверка за место положбата на пештерата позната под име „Череп“.

СТОРИЈАТА ЗА ОВАА ПЕШТЕРА ЈА ОБЈАВИ УШТЕ ПРЕД ПОВЕЌЕ ОД ЕДНА ГОДИНА ПЛАНИНАРСКОТО СПЕЛЕОЛОШКО ДРУШТВО „БИСТРА“ ОД КИЧЕВО. НИВНИТЕ ФОТОГРАФИИ СВЕДОЧАТ ЗА ОНА ШТО Е ПРОНАЈДЕНО.

Познавачите велат дека можно е да станува збор за коски стари со децении, па и со векови.

5

2

3

4

 

Важна вест за сите возачи

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по суви и чисти коловози.

gggg

Обиколницата Скопје е пуштена за сообраќај во двата правци, но има делови од коловозот кои се оштетени, каде се поставени сообраќајни знаци за регулирање на брзината на движење на возилата.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно да се внимава низ клисурите, каде постои можност за појава на одрони кои наместа може да го попречат движењето на возачите.

Од 25 август 2016 година поради рехабилитација на државен пат А1 – секција „Куманово – клучка Миладиновци“, со поставување на сообраќајна сигнализација, започната е времена измена на сообраќајот со тоа што сообраќајот се одвива по десната лента, а левата лента е затворена за сообраќај.

Од градежната фирма АД „Илинден“ – Струга известуваат дека на Државниот Пат А3 делница Ресен – Буково, се извршуваат градежни работи, рехабилитација на патниот правец, кои е предвидено да траат до Ноември 2016 година. Поради тоа, на наведената делница се применува изменет режим на сообраќај кој на одредени делови се одвива по една коловозна лента за што се поставени семафори кои предвидуваат застој во сообраќајот од 3 до 5 минути.

Патниот правец Скопје – Македонски Брод преку НП Јасен е пуштен за сообраќај за лесни возила/автомобили. ЈП Македонијапат на учесниците во сообраќајот им препорачува крајно внимателно управување со возилата на делот од патот кај с. Близанско 500 метри после мостот на река Треска во должина од 50 метри. Нивните екипи продолжуваат да работат на оспособување на патниот правец за нормално одвивање на сообраќајот.

Од градежната фирма Гранит известуваат дека на ден 20.06.2016 година со почеток во 12:00 часот ќе се воспостави времена измена на режим на сообраќај на магистрален пат А3, делница клучка кај с. Кадрифаково – клучка кај с. Три Чешми. Пренасочувањето на сообраќајот е по регионалниот пат Р526.

Од градежната фирма КЕДИНГ известуваат дека на патниот правец Гостивар – Кичево  на 2 км пред планинскиот премин Стражa, поради изведување градежни работи (санација на мост) сообраќајот се одвива по една коловозна лента. Поставена е соодветна сообраќајна и светлосна сигнализација.

На патниот правец А1 автопат Велес – Скопје пред наплатната станица Отовица се извршуваат градежни работи на пат – изградба на краци за приклучување и исклучување на автопатот. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација и се препорачува крајно внимателно управување со возилата, почитување на сообраќајната сигнализација и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

АД Гранит известува дека поради продолжување на градежните работи на делот од трасата на патниот правец А3 Битола – Макази и добиеното одобрение за времена измена на режимот на сообраќајот, пренасочувањето на сообраќајот од бензинската пумпа на Лукоил до клучката за с. Ротино и понатаму продолжува со важност.

Според сообраќајниот проект тех.бр.155/2015 за времена измена на сообраќајот на патен правец Скопје – Миладиновци – Куманово сообраќајот се одвива (десно после наплатна станица Миладиновци) преку автопатот Куманово – Велес се до клучката кај аеродромот Александар Велики до приклучокот на автопат Велес – Куманово.

Согласно Одобрението за времена измена на режим на сообраќај издадено од Министерството за транспорт и врски, од 14.12.2015 год., 11-уп-134/4, на магистрален пат A3б/A4е, делница Кадрифаково – Штип, од км. 217+818 до км. 219+918, од 15.01.2016 година од 08:00 – 16:00 часот ПРО ГЕО ДОО КУМАНОВО се вршат геодетски мерења согласно добиените дозволи. Имено, се врши геодетско снимање на асфалтниот дел од трупот на патот на потегот од клучка Штип до с. Три Чешми. Сообраќајот во моментот на мерењето  се одвива согласно Сообраќаен проект за времено одвивање на сообраќајот и со соодветна сообраќајна сигнализација.

Г.Д. Гранит АД Скопје, ОЕ – Нискоградба Исток од 11.12.2015 започна со реконструкција и надградба на автопат, делница Смоквица – Гевгелија, како дел од Коридорот 10. Сообраќајот се одвива под времен режим.

Градежното Друштво “Гранит” АД Скопје (Р.Е. Свети Николе – Штип) изведува градежни работи на магистралниот пат А4, делница Свети Николе – Штип од 26+396,00 до 47+107,00 км. Сообраќајот е затворен до целосно завршување на активностите (период од 2 години) на делницата, на потег км 28+520 (Свети Николе) до км 38+500 (постојана клучка Кадрифаково), со пренасочување на сообраќајот преку регионалниот пат P 1204.

Поради извршување на градежни активности на државниот пат А3, делница Велес – Кадрифаково, сообраќајот се одвива под времен режим на сообраќај, и тоа:

– од крајот на трета лента (депонија Велес) до с. Лозово, и

– од с. Лозово преку с. Сарамзалино до клучка Кадрифаково.

Друштвото АСФАЛТ ДОО Скопје известува дека поради продолжување на градежните работи за изградба на електронски систем за наплата на наплатна станица Романовце, на државниот пат А1, делница Куманово – наплатна станица Романовце и обратно, сообраќајот се одвива согласно добиено одобрение за времена измена на режимот на сообраќајот, издадено од Министерството за транспорт и врски на Р. Македонија на 25.05.2016. Предметната сообраќајна согласност е со рок на важност од 6 (шест) месеци сметано од денот на издавање на одобрението.

АМСМ предупредува возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената сообраќајна сигнализација.

На сите патни правци каде се изведуваат градежните работи поставена е соодветна патна и сообраќајна сигнализација.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини не се бележат подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Служба за помош и информации на пат (02) 15 555.