дома блог страница 5165

СЕ УРНА АВИОН КАЈ КАТЛАНОВО??!!

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

ЕКСКЛУЗИВНО: Мал авион со германски регистарски таблички паднал во близина на Катланово, во месноста Бадар, но поради густата магла се уште не е пронајден?!

Екипите на МВР веќе биле излезени на терен. Се шпекулира дека во авионот имало шестчлен екипаж.

За сега немаме други информации и детали.

 

Внимавајте: Лажни пари кружат низ Македонија !

397535

Полициската станица во Кичево поднесе кривична пријава против И.К. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“. Во периодот од 25.03. до 04.04.2016 година пријавениот на подрачјето на Охрид, Струга и Кичево пуштил во оптек повеќе фалсификувани банкноти во апоени од по 500 денари.

 

НОВ СПОРТСКИ УСПЕХ: Прилепскиот ката-тим продолжува на најдобар начин да ги брани боите на Македонија !

1

По  вклучувањето на каратето во олимпиското семејство како рамноправен олимписки спорт, на првиот меѓународен настан  Карате 1 Премиер Лига Истамбул 2016, настапија и македонските сениори кои се бореа за исполнување на норма за настап на Светското првенство во Линз. На овај настан настапуваат најдобрите каратисти сениори во светот, а македонскиот тим освои  еден сребрен и еден бронзен медал.

Македонскиот ката тим во состав близначките Мишела и Маријана Димоски и Пуликсенија Јованоска, се пласира во финалето и освои сребрен медал. Тие беа поразени од страна на турскиот национален ката-тим кој е носител на бронза од Европското првенство во Монпелје.

Со оваа победа турчинките се реваншираа на македонскиот ката тим за минатогодишниот пораз во финалето кога македонските девојки освоија злато.

3

Во поединечна конкуренција сите три девојки од тимот остварија победи во првите две кола,со што сите три остварија норма од пет мегународни победи за настап на СП.

Забележителни се победите на Мишела Димоска на која и фалеа две победи за норма за СП Линз,која иако имаше најтешки противници успеа да извојува две победи над многу силни конкурентки. Во првото коло Мишела ја победи девојката од турскиот тим Кусмус Рабиа носителка на повеќе европски и светски медали а во второ коло ја победи белорусинката Светлана Јермекова која е носител на европски сениорски бронзен медал.

14203477_10209112183035556_1887901584_o

Покрај трите девојки од тимот настапи и младата Киријана Камческа на која ова и беше прв настап во сениорска категорија и извојува една победа во прво коло.

Во борби бронзен медал освои Петар Спасеноски кој со сребрениот медал од тимот се единствените медали за македонските репрезентативци од ова силно натпреварување

2

14233513_10209112183115558_1358760383_o

 

ВИДЕО: Страотна сообраќајка, загина возачот на Путин

Драматични снимки од несреќата се споделуваат на социјалните мрежи, а според информациите се случила во Авенијата Кутузовски.

 

soobrakajka-putin-640x803

Во страотна сообраќајна несреќа на рускиот претседателски автомобил, загина возачот на Путин, кој имаше 40 години искуство, пренесува The Sun.

Сообраќајката ја предизвикал Мерцедес кој изгубил контрола и влетал во BMW-то на Путин.

Од силниот удар автомобилот се преполовил а возачот загинал на самото место.

Потресен фејсбук статус на еден прилепчанец

Живееме во  време кога многу млади единствениот пат во животот го гледаат во далечните европски и прекуокеански земји и единствено само финансиската сатисфакција им е во преден план.

13692879_10201837819344702_1719032401997430765_o

Прилепчанецот Аљоша Иваноски на својот Фејсбук профил напиша една одлична порака до сите млади луѓе кои размислуваат да ја напуштат нашата земја, верувајќи дека на тој начин ќе го пронајдат својот “совршен” животен пат.

Неговата порака која ќе ве трогне и ќе ве натера навистина да размислите, гласи вака:

“Сакам да пренесам една порака до сите оние кои решиле да заминат од државава, и не знам дали ќе бидам правилно разбран или осуден, затоа што секој си има сопствено размислување по тоа прашање.

Дипломирав на 13 септември 2013 год. Веднаш почнав да стажирам во Прилепската општа болница, нели стажирањето е задолжителен процес за добивање на дипломата. За време на стажирањето еден лекар од болницата еден ден ме викна и ми рече: – Аљоша, шо мислиш ти за понатаму? Дали знајш дека твојата струка е една од најбараните и најмногу платените во Европа, посебно во Германија, Австрија, Швајцарија и Англија?
Искрено не знаев шо да мислам, знаев на каде ми го врти муабетот докторот. Тој продолжи:

– Ако сакаш, еве ти контакт e-mail адреса и телефон од лице кое посредува за работа во Германија и Австрија (лицето беше некој Босанец, Халил) ако сакаш види, јави му се, па сигурно со твојата струка ќе се најди работа во Европа за тебе, а јас како шо знам радиолошките технолози во Европа се платени околу 3000 евра.

Навистина не знаев што да мислам. Лекар од болницата ми нуди контакт од лице кое посредува за работа во странство. Не знам зошто, наместо лекар да се залага здравствениот персонал да остани тука во Македонија, тој им дава контакт со лице од странство. Или си помислив, можеби лекарот забележал дека навистина ја сакам струката, па сака само да ми понуди работа во многу многу подобри услови. Не знам…

Си дојдов дома, и на мајка ми и кажав што се случи, и дека размислувам дда го контактирам човекот кој посредува за работа во странство. Мајка ми само ми рече:

– Ако си решил, и ако мислиш дека таму ќе ти биди поубаво, оди.
Но додека ми го велеше тоа, не ме гледаше во очи. Знаев дека очите сигурно и се полнат со солзи, знаев дека си помисли дека ќе ја оставам неа и татко ми.

Си појдов кај мене в соба, и размислував: Дали да појдам на работа во странство на 3-4 години и да се вратам? Дали воопшто да одам?
Тогаш помислив и на тоа дека и јас да сум родител не би сакал децата да ме остават. Помислив и дека и при најмала настинка таму во странство, нема да имам никој околу мене барем чај да ми свари, а не пак да трча по болници со мене. Сигурно истото го мислеше и мајка ми, што ако и неа при најмала настинка нема кој да и свари чај?

И сега можеби некој ќе ми кажи дека за родителите најголема среќа е нивните деца да се среќни. Да, точно. Но дали навистина родителите се среќни тогаш? Јас мислам дека нема поголема среќа за еден родител детето да е живо , здраво, и да е покрај него.

Затоа решив да останам. Не ми треба плата од 3000 евра ако покрај мене таму немам никој. Не ми треба плата од 3000 евра ако утре не можам да се соберам со фамилијата на слава, на именден…

Најлесно е да ги спакуваме куферите и да заминеме од тука. Најтешко е да се избориме за подобар живот ОВДЕ. И еден ден на идните генерации да им кажеме – ние успеавме, се изборивме за подобар живот, за вас.

А на сите вие кои сакате да заминете од тука – одете. Прошетајте, видете свет, поработете 2-3 години, ама вратете се. Таму по светот сте никој и ништо, без роднини, без фамилија, без никој познат. А и ваму вашите родители, брат, сестра… се никој без вас. Мислете малку и на она шо го кажав погоре – и при најмала настинка дома мајка ви се треси над вас, и постојано ве покрива и ви вари чај. А таму во странство, кој би се грижел за вас? Со кого таму во странство би делел и арно и лошо? Со некој Ханс, со некој Џон, со некој Томас или со некој Пјер? Не…

Таму во тие држави најнормална работа е да си геј, кучињата имаат поголеми права од луѓето… и дали се тоа нормални држави?

Разберете ме како сакате, можи и да ме осудите, ама ова е мое мислење. Вие имајте си ваше мислење”.

 

 

Покана по повод одбележување на денот на независноста “8-ми Септември” во Прилеп

6366-pokana-960x600-1

По повод одбележувањето на денот на независноста “8-ми Септември”, или 25 години откако живееме во суверена, независна и самостојна држава, Општина Прилеп организира пригодна програма.

Одбележувањето на празникот ќе започне утре со пуштање во употреба на новоасфалтираните улици “Васко Јанкулоски- Стариот” (близу Центарот за вработување) во 18:00 часот и улица “Димчe Антулески” (во населба “Варош”) во 19:00 часот.

Во 20:00 часот во Амфитеатарот во населба “Варош” ќе се одржи и концерт на хорски ансамбли и групи.

6366-pokana-960x600-2

На самиот празник, во четврток, делегации ќе положат цвеќе пред спомениците на Meтодија Андонов-Ченто, Кузман Јосифоски-Питу, Пере Тошев, Ѓорче Петров, споменикот Карпалак и  на Могилата на непобедените, со почеток од 09:30 часот.

 

Јавен оглас до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа

6367-javen-oglas-do-evidentirani-nevraboteni-lica-za-vklucuvanje-vo-programata-opshtinsko--korisna-rabota-960x600-1

Се повикуваат сите евидентирани невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект “Општинско корисна работа за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните во Општина Прилеп” за работно ангажирање со скратено работно време за период од 6 (шест) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Прилеп.
Јавен оглас за Општинско-корисна работа –преземи документ

Почина навивач на натпреварот Албанија – Македонија

navivac-1-640x330

По синоќешниот натпревар помеѓу Албанија и Македонија во Скадар починало едно лице, јавуваат албанските медиуми.

Како што пренесуваат тамошните медиуми, станува збор за албански навивач од Косово, а до несреќата дошло откако лицето К.Ш (64) допрел бандера под висок електричен напон.

Инаку, несреќата се случила раните утрински часови.

УРНЕБЕСНО ВИДЕО: Вака Холанѓанец игра на македонска народна музика

oro

Седумосминскиот такт на македонската музика е далеку прочуен и ретко кој може да остане имун на тој ритам.

Овој Холанѓанец можеби не ги знае чекорите за македонското оро, но и тоа како ужива во нашата музика.

 

Македонски автобус се судри со камион во Турција – едно лице загина, а 40 се повредени

gwhgejskyf

Еден македонски државјанин загина, а четириесетина се повредени при судар на автобус со македонски туристи и камион, што се случил синоќа кај турскиот град Малкара, на околу 40 километри до грчко-турската граница.

Според турските медиуми, по судирот автобусот со скопски регистерски таблички се заглавил во камионот со турски таблички, при што бил влечен уште стотина метри.

Повредените патници се префрлени во најблиската болница во Малкара.

Македонското Министерството за надворешни работи, соопшти дека заедно со Генералниот конзулат на Македонија во Истанбул и Амбасадата во Анкара се во постојан контакт со сите надлежни инстутуции во Турција.