Колку пати си рекол дека во Прилеп нема каде да се јаде вистинска домашно готвена храна? Колку пати си се организирал за семеен ручек, дружба или собиранка, а на крај најголемиот проблем бил: “Kој ќе готви?”
Токму затоа, приказната наречена МЕНЗА денес е едно од најпријатните освежувања во Прилеп.
Она што само пред два месеци беше нов концепт за градот, денес веќе функционира одлично и секојдневно добива пофалби од задоволни гости. МЕНЗА покажа дека и во Прилеп може да се јаде квалитетно, вкусно, домашно, како што само домашните кујни на нашите мајки и баби умеат да спремат.
Но, приказната не застанува само на дневното мени и модерниот простор.
МЕНЗА сè повеќе станува прв избор и за порачки на готвени специјалитети за семејни ручеци, слави, дружби, родендени и сите оние моменти кога сакате на масата да има врвна храна, без вие да поминете цел ден во кујна.
Тави, ширдени, ребра во фурна, традиционални специјалитети, домашни јадења и богата понуда подготвена од професионални готвачи со долгогодишно искуство. Тоа е вкусот по кој МЕНЗА веќе станува препознатлива.
Доволно е само навреме да се јавите и да порачате, а вашата собиранка веднаш добива посебен шмек.
За квалитетот воопшто не треба многу да се зборува. Зад целата приказна стои тим од врвни готвачи и професионален персонал, кои секојдневно покажуваат дека добрата храна бара знаење, искуство и љубов.
Покрај индивидуалните порачки, МЕНЗА е целосно отворена и за соработка со приватни компании, фирми, градинки, дневни центри… и сите кои имаат потреба од квалитетно подготвени оброци и организирана достава на храна за своите вработени или корисници.
Во време кога сите живееме брзо и секој слободен момент е важен, МЕНЗА нуди токму тоа што му недостасуваше на Прилеп, а тоа е сигурност дека секој ден може да имате вкусен, свеж и домашен оброк без губење време и нервози.
МЕНЗА е лоцирана на ул. „Егејска“ бр. 23 – Старо МАТАДОР (наспроти Универзална сала), со лесен пристап и обезбеден паркинг.
А едно е сигурно, ако веќе не сте пробале, време е да разберете зошто толку многу прилепчани веќе секојдневно се враќаат таму.































