Колку пати неделно треба да вежбате за да постигнете резултати?

Некои луѓе поминуваат часови во теретана, мислејќи дека единствено така ќе загубат килограми. Но, експертите предупредуваат дека тоа не е така.

12

Наместо тоа, тие го открија магичниот број, што оди во прилог на слабеењето, а вклучува вежбање 6 дена в о неделата, в о тарење од 50 до 60 минути. Освен тоа, голем број тренери истакнуваат дека кога тренингот ќе стане дел од нашето секојдневие, многу е веројатно дека ќе го практикувате без размислување.

Ако самата идеја за секојдневно вежбање ве исцрпува, експертите од Women’s Health откриваат како тоа чувство брзо да исчезне. Но, исто така откриваат дека можете вашиот тренинг да го разбиете на 3 дена интензивно вежбање, 2 дена со умерен тренинг и еден со пасивен, односно со лесни вежби.

Неморате секој ден да тренирате како да се подготвувате за Олимпијада, но мошне е важно да ја создадете таа навика. Ви гарантираме дека некој што има навика да тренира 6 дена во неделата, дури иако пропушти еден ден, ќе биде подоследен во намерите од оној што тренира само 3 пати неделно, заклучуваат.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.