На вчерашниот натпревар помеѓу ФК „Стрела“ од Ерековци и ФК „Динамо“ од Мажучиште, љубителите на фудбалот имаа можност одблиску да ја видат лошата состојба на стадионот „Гоце Делчев“ во Прилеп.
Теренот и инфраструктурата оставија разочарувачка слика, а дополнителен негативен впечаток предизвика и тоа што новиот систем за наводнување на тревната површина, се чини е целосно уништен.
Состојбата во која се наоѓа еден од најпознатите некогаш спортски храмови во државата, отвора прашања за грижата и вложувањата во спортската инфраструктура. Според присутните, ваквата слика е уште еден показател за тешката состојба во која се наоѓа спортот во Прилеп.



























