дома блог страница 5164

Поради дождот откажани дел од настаните на „Бела ноќ“ во Прилеп

Поради дождот кој непрекинато паѓа, а се очекува да продолжи и во вечерните часови, локалната самоуправа на Прилеп ги откажа музичките настани планирани вечер во рамките на „Белата ноќ“ по повод 8 септември- Денот на независноста на Македонија.

prilep

Како што соопштуваат од локалната самоуправа откажан е целовечерниот концерт  кој денеска од 20 часот требаше да се одржи во амфитеатарот во населбата Варош под Марковите кули. Требаше да настапат црковниот хор „Свето Благовештение“, градскиот хор „Света Петка“, детскиот хор „Мали Ангели“,  Андреј Иваноски, Озген Сулејманоски и октетот „Прилеп“.

 Што се однесува до двата настана што ги организира Центарот за култура „Марко Цепенков во рамките на Белата ноќ спроти 8 септември, тие ќе се одржат како што е и најавено, во изложбениот салон од Центарот: од 19 часот е концертот на учениците од Основното музичко училиште „Ордан Михајлоски- Оцка“, а од 20 часот ќе биде отворена изложба на дела од членовите на Друштвото на ликовните уметници на Прилеп. Ќе бидат изложени по две дела од 20 уметници, членови на ДЛУП.
Поради дождот откажана е и утрешната изложба на ракотворби „Килимијада“ која требаше да се одржи напладне на плоштадот пред Градскиот саат.
Утре, на празникот ќе бидат положени свежи цвеќиња и делегации ќе се поклонат пред спомениците на: Методија Андонов Ченто, првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, на Кузман Јосифоски Питу, Ѓорче Петров, Пере Тошев, пред споменикот „Карпалак“ и на Моглата на непобедените во Паркот на револуцијата.

„Зборовите на Тито вредат исто колку еден обичен прдеж“- ескалира конфликтот меѓу СОРОС и коалициските партнери на Заев

Позициите на СOРОС на пратеничките листи на СДСМ предзвикаа вистинска полемика на социјалните мрежи. Високи позиции на кандидатските листи и сигурен влез во Собранието по изборите на 11 декември ќе имаат токму истакнати активисти на „Шарената револуција“ и тоа на сметка на кандидатите кои ќе ги предложат коалициските партнери на Социјалдемократите.

josi-nova

Според овие информации, на листата на СДСМ во првата изборна единица ќе се најде директорката на Хелсиншкиот комитет, Уранија Пировска, во втората ќе се најде името на Павле Богоевски, во четвртата изборна единиција Марјан Забрчанец, во петата Симона Спировски, а во шестата единица Замир Мехмети.

Коментирајќи ги ваквите информации, лидерот на НСДП Тито Пековски во изјава за опозициските медиуми изрази надеж  „дека СДСМ ќе биде галантен на своја сметка, а не на сметка на некој друг“.

Петковски додаде дека доделувањето на висока партиска функција на радикалниот Мухамед Зекири може да доведе до одлив на гласови од Македонци на контото на коалицијата на СДСМ.

– Добро е што СДСМ размислува за градење на демократско општество, но не знам како тоа ќе функционира во услови на длабока етничка поделеност, која во изминатите години ја создадоа ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Тоа е прашање на стратегија и тактика, не е исто некој да ја предводи листата, или пак да биде некое место подолу. Може да се случи да се изгубат повеќе македонски гласови, вели Петковски.

Ваквите ставови предизвикаа вистинска полемика на социјалните мрежи. Конфликтот ескалираше откако активистот на „шарените“, Замир Мехмети напиша дека  “зборовите на Тито денес вредат исто колку еден обичен прдеж“.

zamir

-Да не му помогнеше Тито на Грујо денес во Македонија многу работи ќе беа поинаку. Можеби Скопје 2014 немаше да биде… Толку за политичкиот ,, морал” на Тито. Затоа зборовите на Тито денес вредат исто колку еден обичен прдеж, напиша Мехмети.

На ваквиот став на Мехмети реагираше и главниот опозициски медиумски стратег Бранко Героски, кој запраша, „Замир, знаете точно што правите?

Со коментар на социјалнте мрежи се јави и поранешната пратеничка на СДСМ и професорката Каролина Ристова Астеруд коментира дека не гледам проблем некои од Шарените од граѓанско-политички активизам да преминат во партиско-политички, ама, дали тоа активирање да биде баш преку ред и преку трупа.

„Не се паметни и креативни оние што не ја сконтале „финтата„ за инстант политичка кариера во врвот на политиката во македонски контекст. За да градиш врвна политичка кариера (т.е за да стигнеш до места пратенички/министерски и уште неколку други, сите знаеме што е хард-кор врвна политичка функција) на партиски листи всушност не ти треба години и години партиско членство. Не бе, седи си на страна, или, уште поубаво , биди си НВО, граѓански активист, поштена и ценета работа, па утре ете вака ќе те фалат и на тацна ќе ти нудат, море треба да те молат за на листа (?!), за тебе и само за тебе, оние првите само се таму за да трчаат за тебе, и, секако, нека си кршат главите, нека се тепаат кој/а заслужува да бидат на листите. Ти, Твоето Височество од Памет и Креативност, си над сето тоа, ти ќе добиеш на тацна! Па како, твојот ум и време се повредни од крв, нивните не се, па и така они не се паметните и креативните, зарем не? Патемно, изгледа некому не му е јасно, па да нагласам со три извичника (!!!) – тоа што некои го правеле и прават во Шарената револуција, некои по партиите, конкретно СДСМ, го правеле и се бореле макотрпно со години и години, ама изгледа оти се партијци некако не дава аура на слава, прегорност, храброст, партизанство, антиестаблисшмент, револуционерност, андерграунд,, ма борец за слобода и демократија, борец за човекови права, и што уште не што звучи „посекси„ од „партиски член/ка„ и „партиски активист/ка„ ?“, пишува Ристова-Астеруд.

Оние кои до сега за насилното однесување беа парично наградувани од Сорос,  сега и СДСМ ќе ги награди со функција. Поддржувачите на СДСМ деновиве постојано ја пласираат и поддржуваат оваа идеја преку социјалните мрежи. Едните си бараат позиција во замена за она што го сработија за Заев, други порачуваат нешто друго.

joci-listi

Новинарката Јорданка Ивановска напиша дека грaѓaнскиoт фрoнт требa дa биде кoректoр нa пoлитичките елити, не дел oд нив.

-И сегa, сo купувaњетo нa некoлку луѓе, дел oд oргaнизaцијaтa нa прoтестите прoтив Груевски, целaтa идејa е уништенa. А ништo не е зaвршенo. Ниеден прoцес нa СЈO не е пoчнaт, кaмoли зaвршен, ДПМНЕ уште се нa влaст. Кoј утре ќе излезе нa прoтести ? Десет души ?, напиша Ивановска. На темата со свои коментари се надоврзаа и активистот Љуби Бекири и опозициската новинарка Ида Протугер.

lumi-zaev

zaev-ida

25 години независна Република Македонија – Прв дел: Државотворноста на една партија – „Со ситни души држава не се прави“

slikas

На 8-ми септември оваа 2016 година ја славиме 25-годишнината од независноста на Република Македонија, од третиот Илинден кој беше сон на генерации и генарации на Македонци кои се бореа, а голем дел и ги дадоа своите животи. Четврт век независност стекната низ речиси континуирани борби, во период од неколку векови. Но, и независност во еден турболентен период, исполнет со борба за зацврстување на државноста.

Оваа 25-годишнина е и добар момент да застанеме за кратко и да си го поставиме она прашање – “Што направивме и што треба да направиме понатаму?” Затоа што во овие 25 години во Република Македонија, а и во светот се случија такви настани што уште долго време ќе влијаат врз нашата иднина, но и врз иднината на генерациите после нас.

Овде, на кратко сакам да се потсетам на овие 25 години зад нас, години на големи очекувања и години на непријатни изненадувања. Години на транзиција, на реформи, на зборови за посреќна иднина, на изневерени очекувања. 25 години независна Република Македонија. Значи, прашањето е–Што направивме?

Првo, направивме држава. На референдумот на 08. Септември 1991 година македонскиот народ, недвосмислено, јасно и гласно порача дека Република Македонија ќе биди самостојна, независна и суверена држава.

Второ, откако се удрија темелите на државата, таа почна постепено да се гради. Се создаде, армијата, се воведе нова валута-денар, Република Македонија влезе во светските организации и во светските текови.

Добар дел од овој 25 годишен период Република Македонија беше предводена од една партија која самата себе си се прогласи за „државотворна“.

Првото нешто на што ме асоцира оваа т.н. „државотворна партија“ е една славна изјава: „Со ситни души држава не се прави“, изјави во една прилика самопромовираниот „државник“ и долгогодишен лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски. Но и една друга, уште повпечатлива: „Народот е во право и кога греши“, овој истиот „државник“  ја даде кога го призна поразот од ВМРО ДПМНЕ на изборите во 2011 година.

Во однос на првата изјава „државникот“, веројатно,  имајќи го предвид сопственото искуство во водењето на државните работи, но и увидувајќи како тоа го прават неговите најблиски соработници, беше сосема во право. Додека втората изјава во добар дел го отсликуваат психолошкиот профил на „државникот“. Но, го одразуваат и психолошкиот профил и на една релативно мала група личности кои застанаа зад „државникот“, во годините наназад- т.н „елитата на СДСМ“.

Како функционира „елитата на СДСМ“? Тоа е релативно мала група на политиканти, кои се менуваат на политички и државни функции, од време на време, а кои за себе имаат многу високо мислење ( веројатно повисоко дури и од небото), не трпат критика од никого, а секој друг кој не мисли како нив е или провинцијалец, или неписмен, односно приучен експерт, кој прочитал нешто, па сега им соли памет. (Потешките зборови што ги изнакажаа овие „експерти“, кои беа и кандидати за претседатели овде нема да ги напишам. Не е културно).  Тие се “државотворци”, “елита” што мисли дека води партија, со континуитет од КПМ, што на македонскиот народ му ја дале слободата, независноста, државноста. Тие секогаш се во право, а народот е тој што греши. Па затоа треба да му се докажи на народот дека направил сериозна грешка што ја доверил власта на друга партија, освен нивната.  Тоа е елита која секогаш е во право и никогаш не греши. Па тие имаа и ПАПА за лидер. Нали, папата е непогрешив, тој никогаш не греши, секогаш е во право. Така тие си мислат за себе.

Веројатно и заради нивното „од бога дадено“ право да владеат ,овие самозамислени „државници“ од „државотворната“ партија, тешко ранети во нивните суети од годините поминати во опозиција, последните две години во целост ја демонстрираат својата искомплексираност и го „бомбардираа“  народот со тешките бомби од арсеналот на некоја тајна служба. Тоа, нели треба да ја докаже нивната теза дека народот погрешил во изборот.

Но, каква е државотворноста на СДСМ? Со што всушност СДСМ го задолжи македонскиот народ во годините наназад?

СДСМ произлезе од СКМ-партија што од 1944 година го имаше монополот на власта во Македонија и раководеше со политичкиот, економскиот, културниот, а понекогаш и со личниот живот на Македонците. Кризата во 1980-тите години беше резултат на промаршените политики на оваа партија. Од СКМ произлезе СКМ-ПДП, а потоа партијата се ребрендира во СДСМ. Неочекуваниот пораз на првите повеќепартиски избори во 1990 година, преобразената партија го премости со политичкото неискуство на тогашното лидерство на ВМРО ДПМНЕ и во 1992 година ја формира владата на чело со Бранко Црвенковски, човекот што во наредните години ќе ја одреди судбината на Македонија. И тогаш почнува државнотворноста на оваа партија. Но, што точно направија. Да почнеме со ред, хронолошки:

-1993 година-Македонија го доби „привременото“ име БЈРМ под кое што стана членка на ООН. Името требаше да биде во употреба околу шест месеци. Се употребува до ден денес-23 години,

-1994 година-контраверзни парламентарни и претседателски избори. Тогашната опозиција на чело со ВМРО ДПМНЕ се повлече од вториот круг на изборите и не учестуваше  во работата на Парламентот.

-1995 година-променето е знамето на Република Македонија. Истата година се случи и атентатот на претседателот Киро Глигоров. До ден денес не се разјасни кој е извршителот, а особено кој е нарачателот на ова дело.

-1996 година-донесен е законот за приватизација. Со овој закон се создаде законска можност за спроведување на најконтраверзната приватизација што пак, од своја страна ја уништи економија, но и создаде армија на невработени и огромна сиромаштија во Република Македонија.

-1997 година-девалвација на денарот. Единствена во периодот на независна Македонија.

-1997 година-Аферата ТАТ ја стресе Битола и проголта милионски животни заштеди на голем број граѓани од Битола и околните градови.

-2000 година-после поразот на парламентарните избори во 1998 година, СДСМ се труди да формира ново парламентарно мнозинство што најсериозни шанси добива токму во 2000 година преку манипулирање на Васил Тупурковски и неговата ДА. Обидот неславно завршува. За дадениот гол со пета, пратеникот Амди Бајрам подоцна ќе заврши во затвор.

-2001 година-аферата Големо уво и воениот конфликт, СДСМ максимално ја користи ситуацијата и успева да наметне голема коалиција во која што ќе партиципира. Конечно пак е на власт, ама само за кратко. Но, иако е за кратко, сепак успеваат со своето однесување и со својата политика да станат една од причините за постоењето на т.н. Рамковен договор, со сите последици што до денес ги чувствуваме.

-2002 година-големите лаги кои придонесоа за победата на парламентарните избори-единствена победа на СДСМ на регуларни избори.

-2004 година-под крајно контраверзни и сомнителни услови, во авионска несреќа загинува вториот претседател на Република Македонија, Борис Трајковски. Ова е втор напад врз личноста што ја извршува функцијата претседател на Република Македонија во нивно време. Овојпат, за жал со трагични последици.

-2004 година-Довербата на народот во СДСМ за брзо време се троши и лидерот Бранко Црвенковски од жешката премиерска функција, повторно на контраверзен начин бега на помирната претседателска функција. СДСМ за да остани на власт менува уште двајца премиери.

-2005 година-Законот за територијална организација на Република Македонија. Крајно штетен закон за Република Македонија, особено на Македонците, кога под албанска контрола се ставија и чисто македонски територии. Последиците од тоа ги чувствуваме до денес.

На парламентарните избори во 2006 година граѓаните на Република Македонија конечно му ставија крај на деструктивното владеење на СДСМ, a со тоа ставија крај на сите ретроградни и деструктивни процеси што ги поттикна и водеше оваа партија.

Новата владеачка партија, ВМРО ДПМНЕ прими тежок товар во наследство-почнувајќи од безимена држава, разорена економија, армија на невработени, огромна сиромаштија, опљачкани штедачи, разочарани граѓани што во целост ја имаа изгубено вербата во подобра иднина.

Но, СДСМ никако не ја научи лекцијата. Партијата не се промени. Навистина се променија неколку лидери, но не се променија методите и политиките на дејствување. Не се променија методите и техниките за доаѓање на власт-СДСМ ни тогаш, ни сега, не покажаа никаква визија за Македонија, не понуди никакви идеи, ниту проекти за подобрување на животниот стандард на граѓаните на Република Македонија. И тогаш и сега, лагите, местенките, конструкциите, креирањето тензии, се методи за доаѓање на власт на оваа партија. Дури и лидерските смени беа само маневар на т.н. елита на СДСМ да остани на власт. Тие не дозволуваа некоја нова личност од нивните редови да се профилира во јавноста.

Но, забораваат на фактот дека граѓаните веќе не се истите од пред 20-тина години. Денес граѓаните на Република Македонија не се информираат само од еден ТВ канал и два три весника (и тоа сите под нивна контрола), за да бидат манипулирани. Од друга страна граѓаните се доволно искусни што веќе кај нив не поминуваат ефтините финти на фраерите од СДСМ. Граѓаните денес бараат лидери кои имаат реално остварлива визија, лидери што знаат како да ја реализираат таа визија, која ќе значи пред се, повисок стандард и просперитет. Маалските фраери се минато за Македонија.

Или како што своевремено се изјасни нивниот екс-лидер, “Со ситни души држава не се прави”. Само ситни души нудат лаги, се служат со манипулации и местенки. Лидерите имаат визија.

                                                                                   

 Иле Тасески

Aвторот на текстот е Дипломиран економист

Чудотворна билка: Помага при лечење на многу болести, а чини само 10 денари

Кимот има навистина огромно благотворно дејство врз организмот. Семето било пронајдено уште во времето на Тутанкамон, а помага при многу болести.

 

kim-640x321

Содржи калциум, цинк, омега 3 киселини, фосфор, витамини Б1, Б2 и Б3, како и фолна киселина – витамини и минерали кои превенираатразвој на многу болести.

Помага во борбата сомултиплекс склероза, болки во мускулите и зглобовите, проблеми со дигестивниот систем, стомачни тегоби, несоница, депресија и анксиозност.

Исто така, помага и при проширени вени, кожни болести, опаѓање на косата и подобрување на циркулацијата.

Нов меѓународен проект на СОУ “Ѓорче Петров” – Прилеп

14114091_1255503034493973_1893634485_o

ЕМПЛОВЕТ – Вештини за вработување и работно место за ученици во стручно образование е проект кој е финансиран од страна на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во рамките на клучна акција 2 – Стратешки партнерства во стручно образование.

Во проектот се вклучени партнери од 7 европски земји (Mакедонија, Романија, Англија, Германија, Турција, Белгија, Шпанија), а целта е да креираат вредни и иновативни ресурси за учење, за да се зголеми важноста на стручното образование според потребите на пазарот како и да се поттикне решавање на проблемот на невработеноста на младите.

14138281_1255502944493982_897241104_n

Цели на проектот се:

Да се оспособи голем број ученици во средно образование со вештини за вработување, претприемништво и започнување со работа, во период од 5 години.

Да се развијат иновативни и прилагодени на потребите на пазарот материјали за учење и подучување.

Да се обучат наставниците/обучувачите во стручно образование да ги користат креираните ресурси.

Да се олесни контактот помеѓу расположливата квалификувана работна сила и работодавачите.

Да се поттикне транснационална соработка помеѓу провајдерите на стручно образование и потенцијалните работодавачи.

Да се зголеми прегледноста за стручноста на завршените ученици на пазарот на трудот со тоа што тие ќе имаат стекнато лични вештини.
Да се зголеми пристапот кон информации и квалитетно образование за учениците со намалени можниости или различно социјално потекло.

Во периодот од 21 до 22 јануари 2016 се одржа првата транснационална средба во Брисел, Белгија каде беше претставен проектот “ЕМПЛОВЕТ”, а воедно беа договорени и наредните чекори.

Во периодот од 23-24 јуни 2016 беше одржана втората транснационална средба во Билбао, Шпанија, каде беше презентирана содржината на првата верзија на е-модулите.

 

Почесна артилериска стрелба по повод Денот на независноста

По повод 8-ми Септември – Денот на независноста на Република Македонија, денеска во 18:30 часот од касарната „Илинден“ во Скопје, ќе се изврши почесна артилериска стрелба со испукување на 10 плотуни од артилериски орудија од страна на единица на артилерискиот баталјон на АРМ.

 

artileriska-sredba (1)

Почесната артилериска стрелба е врз основа на одредбите од Законот за празници и член 1 од Законот за изменување на законот за празниците на Република Македонија, како и точка 42 од Правилото за воен протокол на АРМ, информираат од прес-службата на ГШ на АРМ.

ВИДЕО: Студент се обложи со професорот и им обезбеди положен испит на колегите

Студент од Охајо стана интернет ѕвезда, откако се обложи и го доби облогот со професор, кој вети дека ќе ги пушти сите студенти на неговиот испит.

studenti

Необичниот настан се случил на предавањето по органска хемија, кога мало топче кое служело како прибор за практична вежба, завршило во рацете на студентот Вини Форте.

Досетливото момче го предизвикало професорот дека може да ја погоди корпата за смет на другата страна на амфитеатарот, но за возврат сите негови колеги да го минат испитот без учење.

Професорот се согласил, не верувајќи дека тој може да погоди од 30-ина метри оддалеченост.

Овациите во амфитеатарот траеле 10-ина минути.

Внимание: Веднаш избришете го датумот на раѓање од „Фејсбук“

Ако на вашиот Фејсбук профил покрај другите инфомации стои и датумот на вашето раѓање, веднаш избришете го бидејќи е идеална цел за хакерите.

facebook

Поточно, компјутерските криминалци на „Фејсбук“ се обидуваат да пронајдат што повеќе лични податоци за луѓето, а датумот на раѓање е податок што им е од корист.

Во изминатата година бројот на кибернетски криминални дела се зголемил за 57 проценти, а повеќето од нив се случиле преку социјалните мрежи.

Сајтовите што хакерите најчесто ги напаѓаат се „Фејсбук“, „Твитер“ и „Линкедин“, а што повеќе информации објавувате, толку повеќе ги привлекувате.

Покрај датумот на раѓање, адресата на живеење, е-поштата и бројот на мобилниот телефон не се паметна идеја за на социјалните мрежи.

МЛАДИТЕ РЕПРЕЗЕНТАТИВЦИ ФЕНОМЕНИ: Македонија ја совлада Северна Ирска со 2-0

Македонските репрезентативци до 21 година во квалификациите за Европското првенство ги совладаа врсниците од Северна Ирска во Скопје.

pobeda-denes

Со резултат од 2:0, 1:0 на полувреме, Македонија е на чело на табелата со 18 бодови. Втора е репрезентацијата на Франција со 17 поени.

Следниот натпревар е со Шкотска.

Автоголот на С. Ирска и водството од 1:0 во првото полувреме дополнително им даде елан на нашите репрезентативци, кои посакуваат победа и против Шкотска.

Трите бода со Шкотска ни се важни, независно дали ќе бидеме први или како втори ќе играме во баражот, изјави Дарко Велковски по натпреварот.

 

Како Марадона стана жртва на најмоќната мафија во светот ?

dijego-armando-maradona-600x491

Легдендата веди дека Камора, една од четирите најмоќни криминални организации во Италија настанала благодареќи на Гардуина, митската тајна организација настаната во Шпанија во средниот век.

Како и сицилијанската мафија и Камора на почетокот била “оружје” против странските освојувачи, па нејзините членови биле припадници во полициските сили, војската и други цивилни служби.

Исто како и Коза Ностра, ниту Камора не можела да делува без политичка заштита, па продирањето во политиката била главна цел на камористичката фамилија. Своите политички врски ги користат како би ги штителе своите криминални активности.

Диего Армандо Марадона, еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, по неговиот трансвер во Наполи во 1984 година, стана “жртва”  на една од најголемите мафијашки организации.

Во тој клуб се задржа до 1991 година и со него два пати ја освои италјанската лига. Но величенствената кариера Марадона ја заврши на лош начин. Како што и сам има изјавено, тој имал голем проблем со зависноста од кокаин. Според некои медиуми, дрогата му ја набавувала мафијашката организација Камора.

Марадона наводно бил вмешан и во судирите на криминалните организации, па причината поради која го напиштил Наполи е токму тоа.