Почесна артилериска стрелба по повод Денот на независноста

По повод 8-ми Септември – Денот на независноста на Република Македонија, денеска во 18:30 часот од касарната „Илинден“ во Скопје, ќе се изврши почесна артилериска стрелба со испукување на 10 плотуни од артилериски орудија од страна на единица на артилерискиот баталјон на АРМ.

 

artileriska-sredba (1)

Почесната артилериска стрелба е врз основа на одредбите од Законот за празници и член 1 од Законот за изменување на законот за празниците на Република Македонија, како и точка 42 од Правилото за воен протокол на АРМ, информираат од прес-службата на ГШ на АРМ.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.