дома блог страница 5163

Македонија слави 25 години самостојност

Република Македонија денеска одбележува 25 години од успешно спроведениот референдум на кој македонските граѓани се изјаснија за самостојна и суверена држава.

top-2

Убедливо мнозинство, над 95 отсто од граѓаните што излегоа на референдумот на 8 септември 1991 година, позитивно одговорија на референдумско прашање „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија“.

На референдумот му претходеше Декларација за независност што првиот повеќепартиски македонски Парламент ја усвои на 25 јануари 1991 година. Формално волјата на народот за самостојна држава беше потврдена со Декларација за прифаќање на референдумските резултати на 18 септември 1991 во Собранието на Република Македонија.

Следен важен чекор во зацврстувањето на државата беше усвојувањето на новиот Устав на 17 ноември 1991 година. Сенка врз настаните со кои се поставија темелите на самостојна Македонија фрли бојкотот на референдумот од страна на дел од албанската етничка заедница и неподдржувањето на новиот Устав од пратениците Албанци. Десет години подоцна Уставот беше надополнет по конфликтот во 2001 и потпишувањето на Рамковниот договор.

Државноста на Македонија прва ја призна Република Бугарија, по што следуваа признавања и од Турција, Словенија, Хрватска, Русија, Босна и Херцеговина…

Државата се осамостои монетарно со воведување на денарот на 26 април 1992, а потоа доби и своја Армија која роденденот го слави на 18 август.

Меѓународно-правниот субјективитет на државата дефинитивно беше потврден на 8 април 1993 година кога со акламација во Генералното собрание на Обединетите нации, Македонија беше примена за 181 полноправна членка на Светската организација. Поради противењето и притисоците на Грција, која не го прифаќа нашето уставно име, зачленувањето во ОН беше под привремената референца: Поранешна југословенска Република Македонија. Под покровителство на ОН, Скопје и Атина почнаа разговори за решавање на проблемот што го има Грција со уставното име на Македонија, кои се уште траат.

Во изминатите 25 години самостојно живеење македонската држава мина низ низа проблеми и тешкотии. Трицифрената инфлација на почетокот на 90-те години, грчкото ембарго, косовската бегалска криза и конфликтот во 2001 година беа вистински предизвици и закани за младата македонска држава што го забавија нејзиниот пат кон остварувањето на стратегиските цели – зацврстување на демократијата, економски развој и интеграција во евроатлантските структури. Последниве две години ги одбележува и политичката криза која предизвика застој во процесот на евроинтеграциите, а се очекува да биде надмината со исполнување на Договорот од Пржино, декемвриските избори, и итните реформски приоритети.

И покрај исполнувањето на сите критериуми за полноправно членство во НАТО на Самитот на Алијансата во Букурешт во април 2008 година, Република Македонија доби само условена покана за членство, откако Грција поради спорот за името го блокира приемот.

Во 2005 година Македонија доби статус на земја – кандидат за членство во ЕУ, а во 2008 и препорака од ЕК за почеток на пристапните преговори со Унијата, која беше повторена и годинава. Грција, по примерот со НАТО, ја блокира и македонската евроинтеграција, условувајќи со претходно решавање на прашањето за името.

По повод 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија, делегација на Владата на РМ предводена од вицепремиерот Владимир Пешевски и собраниска  делегација, во состав  Љупчо Димовски, Даниела Рангелова, Лидија Димова и Роза Топузова-Каревска, ќе положат цвеќе на споменикот „Паднати херои за Македонија” во паркот „Жена борец“. Цвеќе ќе положат и партиски, општински и граѓански делегации.

Во Собранието на Република Македонија денеска ќе биде врачена државната награда „8-ми Септември“, која оваа година ќе се додели по петти пат, а е поделена во две категории – за животно дело и признание за остварувања во областа на спортот, а се доделува на спортисти, тренери и спортски работници.

Одборот за доделување на наградата „8 Септември“ ќе врачи една награда за животно дело и четири за остварување во областа на спортот во 2016 година. Добитници на државната награда годинава се Андон Дончевски, Агим Ејупи, Сашко Поповски, Добре Маринков и фоти Ѓатовски.

Државната награда за животно дело претставува спортска пензија која ќе му се исплаќа на носителот до крајот на животот, додека останатите четири државни признанија претставуваат еднократна исплата во износ на десет просечни плати во Република Македонија.

Во пресрет на државниот празник 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија, синоќа во Македонскиот народен театар  се одржа свечена академија на која се обрати претседателот Ѓорге Иванов.

Свечената академија, по која следуваше и концерт со револуционерни песни, е централен настан во програмата на Владата на РМ за  одбележување на 25-годишнината од осамостојувањето.

Во чест на денешниот празник синоќа се одрќа и манифестацијата „Бела ноќ“ која на граѓаните им овозможи бесплатен влез во националните и локалните институции од културата низ Македонија.

Националните и локалните установи од културата понудија  различни содржини во Белата ноќ која покрај во Скопје, се одржа и во другите градови низ земјава. Редовната „Бела ноќ“ во главниот град ќе биде на 1 октомври, како и во европските метрополи.

Одбележувањето на 25-те години независност почна во саботата со изложба на плоштадот „Македонија“ организирана од Државниот архив на Република Македонија, на која беа претставени сите значајни настани во државата во изминатите две и пол децении.

ВИДЕО: КАКВА ХРАБРОСТ: Шестгодишно девојче се обиде да одбрани работник од крадец со секира

screenshot_13-3-640x450

Шестгодишно девојче се обиде да спречи напад на крадец кој е наоружан со секира. Грабежот се случува во продавницата на нејзините родители.

Овој храбар потег на малечката Сара Петел во Окланд – Нов Зеланд, го снимила безбедносната камера, а се се случило во понеделникот кога дури 6 ограбувачи влегле во продавницата за електронска опрема.

Во видеото се гледа како малата Сара трча кон еден од ограбувачите кој стои со секира над беспомошниот работник, и се обидува да го оттргне. А потоа го зема за рака најзиниот дедо и го води надвор од продавницата.

Нема автомобил под 200.000 евра: Вака изгледа свадбената колона кога се жени шефот на албанската мафија

screenshot_12-5

Вака расположени сватови со толку длабоки џебови има само во Албанија.

Погледнете како изгледа свадбената колона кога се жени шефот на албанската мафија.

 

 

Вечерва повторно поплава во Стајковци

staj

Жителите на Стајковци се повторно поплавени и на фејсбук групата „Хуманитарна помош за настраданите од поплавите” бараат помош. Граѓаните велат дека имаат потреба од волонтери кои би помогнале во исцрпувањето на водата од нивните гаражи и дворови. Според тоа што е напишано во групата, целосно е поплавена и улицата „6″ која се наоѓа на крајот на селото Стајковци, веднаш до обиколницата.

– Дворот на мојата куќа е повторно поплавен и подрумите почнаа да се полнат. Инаку улица „6″ која се наоѓа веднаш до обиколницата е повторно поплавена, а луѓето се во паника. Подрумите и гаражите им се полнат со вода, сите стравуваат водата не им влезе и во домовите. Бараме помош од волонтери кои ќе ни помогнат во исцрпување на водата – напиша Марјан Алек Стевковски.

Од Центарот за управување со кризи велат дека на нивните телефони никој не пријавил дека е поплавен и дека му треба помош

ОДРОН НА ПАТОТ: Прекин во сообраќајот на патот кон Битола

Поради одрон на патот од 21:20 часот во прекин е сообраќајот на магистралниот пат А-3, Ресен-Битола- Прилеп, информираат од АМСМ.

amsm

Одронот е во близина на Битола поради што, сообраќајот се пренасочува низ градот.

На останатите места сообраќајот се одвива по влажни коловози без застои и ограничувања, освен онаму каде се изведуваат градежни работи.

НОВО СЦЕНАРИО: Турција и САД во поход кон центарот на ИСИС

isis

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган предложил заедно со САД да тргнат во поход кон центарот на Исламската држава.

На Г20 самитот во Кина, Ердоган разговарал со американскиот претседател Обама, кој наводно се согласил со предлогот.

Ердоган изјави дека Турција не би имала проблем поради ваква воена акција.

Минатиот месец Турција имаше започнато акција во внатрешноста на Сирија  против Исламската држава и против курдските насилници.

_91041210_syria_turkey_kurds_v10_624map_6sep

Оваа храна прави да изгледате постари !

meso-rostilj-pdp-600x534

На утро кога ќе се погледнете во огледало, ако ви изгледа дека сте остареле, главниот кривец можеби е храната која ја јадите.

Она што го јадите многу влијае на вас. Ништо нема да ве остари преку ноќ , но хронично лошата исхрана ќе го забрза процесот на стареење на кожата и забите.

-Премногу шеќер во организмот, може да го започне процесот на гликозилација. Шеќерот кој е вишок во организмот и кој нашето тело не го преработува завршува како комбинација со протеините, при што се создаваат гликолизациски сврзувања кои му штетат на колагенот. Колагенот како што е познато ја држи нашата кожа цврста и млада.

Исто така познато е дека шеќерот е штетен и за забите, тој се лепи за нив и создава бактерии и ја променува бојата.

-Алкохолот е исто така еден од виновниците за стареењето. Здравиот црн дроб дава и здрава кожа. Ако во црниот дроб започнат да се собираат отрови, кожата добива низа симптоми како мозолчина, брчки и жолтеникава боја. Алкохолот исто така дехидрира и не е добар за спиењето, што исто така го забрзува стареењето.

– Исто така препеченото месо претставува еден од виновниците за забрзување на процесот на стареење.

 

Детали за невремето во Македонија: Стабилизирање дури од вторник

Пообилни врнежи денеска имаше во јужните и западните делови од Македонија, каде наврнаа 50 литри воден талог на квадратен метар. Дуваше слаб до умерен источен и југоисточен ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

dozd-1

За девет часа (до 16 часот), најмногу дожд наврнало во Битола, 50 литри на квадратен метар, потоа во Тополчани 38, во Маврово 33, 29 во Гевгелија, 25 во Прилеп, 18 во Демир Капија, 17 во Скопје, 16 во Пожаране и Лазарополе, 13 во Тетово, 10 во Пожар, 9 во Ѓуриште, 7 литри во Претор, Охрид и Штип, 5 во Виница и Струмица, 3 во Берово и два литра во Крива Паланка.

Максималната температура денеска беше најниска во Маврово 12, а највисока во Струмица (21 степен). Во Скопје денеска се измерени максимални  17 степени.  Во скопското подрачје имаше врнежи од дожд со променлив интензитет, а дуваше и умерен ветер од источен правец.

УХМР информира дека времето до крајот на денот ќе биде облачно и свежо со врнежи од дожд, проследени со ретки грмежи. Пообилни врнежи ќе има во јужните и западните делови од земјава, каде се очекува да наврнат уште дополнителни 10 до 15 литри. Ќе продолжи да дува слаб до умерен источен и југоисточен ветер.

Утре времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, на места пообилни, особено во јужните и западните делови. Ќе има и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од источен правец. Температурите минимални од 11 до 18 степени, а максималните од 17 до 25 степени.

– Во наредните три дена ќе има обилни врнежи од дожд особено во јужните делови на земјава, но количините на наврнат воден талог ќе бидат во постепено опаѓање. В недела и в понеделник ќе има намалување на облачноста, но се уште е можа локална нестабилност со краткотраен дожд и ретки грмежи. Од вторник се очекува стабилизирање на времето, а температурата на воздухот ќе биде во пораст, соопшти УХМР.

Откриле бункер под земја стар 70 години – Кога влегле внатре, имале што да видат!

Бункер изграден во 1942 година, со цел како таен радар и комуникациски центар, служел како прва одбранбена линија во случај на можни напади од нацистите.

received_10208987875045560

Иако со години бил напуштен и е во многу лоша состојба, Елизабет Струтон одлучила да го искористи на најдобар начин – го претворила во прекрасен дом.

За тој проект и биле потребни 5 години и 100 000 фунти.

Погледнете го видеото…

Запален автомобил во Прилеп

Ноќва околу 00.20 часот во Прилеп на ул.„11ти Октомври“ непознат сторител со запаливо средство го запалил предниот дел на паркирано возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на Ж.Ц. (37) од Прилеп.

avtomobil

Притоа опожарени биле двете предни тркала, двете предни крила, двата ретровизори, предниот браник. предната хауба, украсните и заштитни пластики на предниот дел од возилото, двата предни фара, а оштетени се и двете предни врати и целосно е опожарен моторот од автомобилот.

Пожарот е изгаснат од страна на екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп. Увид на местото на настанот извршила екипа од ОКТУПА Прилеп и ООК-Прилеп.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.