дома блог страница 49

ИЏЕ НА ПОДИУМОТ ВО СЛОВЕНИЈА: НОВИОТ БОЛИД ТРЕТ МЕЃУ НАЈБРЗИТЕ ВО ЕВРОПА

Европската тркачка приказна на Игор Стефановски – Иџе со новиот прототип започна одлично. Македонскиот автомобилист го освои одличното трето место во генералниот пласман на трката во Илирска Бистрица, во рамките на FIA Европскиот шампионат на ридски патеки.

Претпоследниот викенд од Европскиот шампионат на ридски патеки донесе и прво сериозно мерење на новиот болид на европската сцена. Стефановски настапи во Категорија 2 – категоријата на болиди и прототипи, во која се натпреваруваат најбрзите машини на ридските патеки.

Иџе веднаш се соочи со најсилната европска конкуренција, во трка на која стартуваа 242 автомобилисти од цела Европа, меѓу кои и искусни имиња како Кевин и Себастиен Пети, Хосеба Ираола Ланзагорта и Петр Трнка.

Резултатот е трето место во генералниот пласман на неговото деби со новиот прототип, што е силна потврда за потенцијалот на новиот болид и тимот.

„Многу сум задоволен од постигнатиот резултат. Трето место во генералниот пласман во Словенија, во конкуренција на 242 автомобилисти од цела Европа, и тоа на моето прво деби со новиот прототип е резултат што навистина дава тежина на целата моја кариера. Покажавме дека имаме потенцијал и дека можеме да им се спротивставиме на најдобрите европски возачи во оваа категорија“, вели Стефановски.

Иџе упатува благодарност и до своите поддржувачи и до тимот кој стои зад новиот спортски предизвик.

„Би сакал да им се заблагодарам на моите поддржувачи кои и овојпат без сомнеж застанаа зад мојот нов спортски предизвик. Горд сум и на мојот тим, ова е заеднички резултат и доказ дека работата и вербата во проектот даваат резултат.“

По одличниот старт со новиот прототип, фокусот веднаш се префрла кон Бузет, Хрватска, каде ќе се вози финалната трка од FIA Европскиот шампионат на ридски патеки.

„Сега се фокусираме на Бузет. Очекуваме добар резултат и од таму да ја продолжиме оваа убава европска приказна“, најавува гордо Иџе.

Токму Бузет има посебно место во кариерата на Стефановски. Минатата сезона, на истата патека, Иџе ја возеше својата 200-та трка во кариерата, а сезоната во FIA Европскиот шампионат на ридски патеки ја заврши со одлично трето место во Група 1.

Домашно, приготвено со љубов – Еве зошто тука во Прилеп се бара порција повеќе

Прилеп веќе еден месец има уште едно место каде што добрата храна, домашниот вкус и внимателната подготовка се претвораат во вистински оброк.

FIMIL Kitchen успешно работи веќе еден месец, а уште од самото отворање ја гради својата приказна врз едноставна, но важна идеја – квалитетни намирници, свежо подготвена храна и вкусови кои потсетуваат на домашната кујна.

Од традиционални јадења до различни месни специјалитети, пилешко подготвено на повеќе начини, свежи прилози и салати, понудата е креирана така што секој ден носи нешто ново.

А оваа работна недела FIMIL Kitchen повторно подготви богато и разновидно мени.

ПОНЕДЕЛНИК: 31.08.

Ребро во фурна 170
Отворен копан 150
Похован стек 150
Кременадла 160
Пилешко во кари сос 150
Шарска плескавица 160
Пилешко во сос со кулен 150
Пилешко во бел сос 150
Телешко во сос 170
Сарма 160
Грав 140
Крушевско грнe 160
Свинско каре 160
Пире
Компир салата
Ориз
Зелка салата
Мешана салата

ВТОРНИК: 01.09.

Пилешко во кари сос 150
Пилешко во бел сос 160
Свинско каре во фурна 160
Ребро во фурна 160
Похован стек 150
Гурманска плескавица 160
Телешко во рерна во сос 170
Бегова тава 160
Крушевско грнe 160
Телешка чорба 150
Гулаш 170
Мусака 160
Свинско каре во грилуван зеленчук 160
Колбас на скара 150
Пастрмка 150
Ќофте во доматен сос 160
Грав 140

СРЕДА: 02.09

Чорба пилешка 140
Пилешко во сос од печурки 150
Пилешко со кари 150
Пилешко во сос од кулен 150
Свинско со печурки 160
Унгарски гулаш 170
Колбаси на скара150
Ослич 150
Пилешко со ориз 150
Кременадла во сос 160
Ребро во рерна со печурки 160
Телешко во сос од печурки и праз 170
Похован стек 150
Јавнија 170
Тава „Ал де Мар“ 160

ЧЕТВРТОК: 03.09.

Телешка чорба 150
Телешки гулаш 170
Бегова тава 160
Селско месо 160
Свинско печено во сос 160
Свинско ребро во рерна 160
Пилешко на скара во сос 159
Пилешко со крем сос 150
Пилешко со кари сос 150
Пилешко со кулен и кашкавал 150
Пилешки похован стек 150
Мусака во тава 160
Мрсна сарма 160
Плескавица на скара 160
Тавче гравче 140
Посна тава со печурки и морков 140

Цените се движат од 140 до 170 денари, зависно од изборот, што FIMIL Kitchen го прави практична опција за сите кои сакаат вкусен и топол ручек без да поминуваат многу време во кујна.

За сите прилепчани кои сè уште не ја пробале понудата, оваа недела е одлична можност да го направат првиот избор.

Денеска комеморација за прарано починатиот режисер и драматург од Прилеп, Кирил Петрески

Денеска, 31.08.2026, во 13.00 часот, во големата сала на Центарот за култура “Марко Цепенков”, ќе се одржи комеморација за прерано починатиот режисер и драматург од Прилеп, Кирил Петрески.

Кирил Петрески беше член на колективот на НУЦК „Марко Цепенков“ – Театар „Војдан Чернодрински“, каде од 2013 година работеше како драматург и режисер. Со својата долгогодишна и посветена работа, Кирил Петрески остави значајна трага во театарскиот живот и развојот на Театарот „Војдан Чернодрински“, но и свој препознатлив печат во македонскиот театар.

Петрески дипломирал на Катедрата за театарска режија при Факултетот за драмски уметности во Скопје, во класата на проф. Слободан Унковски, со претставата „Фарса за храбриот Науме“ од Русомир Богдановски.

Во Театарот „Војдан Чернодрински“ ги режираше претставите „Уште една за по пат“ од Харолд Пинтер, „На трета мајка“ од Петар Петрески, „Духот…“ според дела од Војдан Чернодрински и Горан Стефановски, „Сатирикон или големата гозба“ од Петрониј Арбитер, „ММЕ кој прв почна“ од Дејан Дуковски, „Роберто Зуко“ од Бернар-Мари Колтес, „Четвртата сестра“ од Јануш Гловацки, „Малиот принц“ од Антоан де Сент-Егзипери, „Маратонците го трчаат почесниот круг“ од Душан Ковачевиќ, „Сонот на Цепенков“ според Марко Цепенков, „Како се станува цар“ од Афродита Кирјаковска, „Хамлет од Горно Дупени“, според „Хамлет од селото Долна Мрдуша“ од Иво Брешан, „Демократија“ од Јосиф Бродски и „Ученикот“ од Мариус фон Мајербург. Со претставата „Четвртата сестра“ учествуваше на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“.

Во НУЦК „Трајко Прокопиев“ – Театар Куманово ги постави „Варијации: диви пајки“ од Дејвид Мемет и „Не играј на Англичани“ од Владимир Ѓурѓевиќ, која беше дел и од официјалната програма на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во 2010 година. Во НТ „Григор Прличев“ – Охрид ја режираше претставата „На дното“ според делото на Максим Горки.

„НУЦК „Марко Цепенков“ – Театар „Војдан Чернодрински“ упатува искрено сочувство до семејството, блиските, колегите и соработниците на Кирил Петрески. Неговото прерано заминување е голема загуба за Театарот „Војдан Чернодрински“ и за македонскиот театар воопшто. Нека почива во мир.

Со јубилејниот концерт на “Фолтин”, синоќа на Хераклеја заврши уште едно успешно издание на “БИТ ФЕСТ”

Со јубилејниот концерт по повод 30 години постоење на битолската група „Фолтин“ синоќа заврши годинашното битолски културно лето „Бит Фест“. Некои градови имаат публика, а Битола има соучесници, беше пораката на групата „Фолтин“, што синоќа само се потврди под отворено небо во „Хераклеја“.

„Од неколкумина љубопитни до генерации луѓе што ги знаат песните наизуст“ истакнаа од групата заблагодарувајќи се за како што велат, честа токму нивниот концерт да биде завршниот акорд на „Бит Фест 2026“.

„Бит Фест“ е фестивал кој ги обединува сите генерации, со програма креирана за секоја генерација од најмладите до највозрасните.

И оваа година на програмата беа традиционалните манифестации кои се дел од годишната програма за култура, како „ Битола отворен град“, „Илинденски денови“, „Солстис“, „Локум фест“, „Бела ноќ на Широк Сокак“, „Незаборав“, а од годинава за прв пат и фестивалот „Битолски чалгиски денови“ каде звукот на чалгијата и радоста одекнаа од Старата чаршија.

Интересот и присутноста на публиката на секој настан, големите аплаузи беа награда за уметниците, но и за Културниот и информативен центар кој за првпат годинава го реализираше овој фестивал со поддршка на Општина Битола.

Разиграно и распеано беше на повеќе локации, овде пред и во Офицерскиот дом, Хераклеја, Широк сокак, Старата чаршија, Пациото, Центарот за култура, театарот.

Освен битолчани, програмата беше привлечна и за туристите кои ја посетија Битола и за бројните иселеници кои летово беа дојдени во родниот крај.

Во изминатите два месеци се одржаа повеќе 70 настани, а бројот на посетители е над 25.000.

Полн плоштад, музика и традиција: Кривогаштани организираше маестрален „Фестивал на пиперката“

Кривогаштани синоќа живееше во ритамот на традицијата, музиката и добрата атмосфера!

Пред исполнет плоштад и бројни посетители од Кривогаштани и соседните општини, фестивалската програма понуди содржини за сите генерации. Најмладите уживаа во детската програма „Магијата на пиперките“, додека на изложбените штандови беа претставени локални производи, преработки од пиперка и традиционални специјалитети подготвени по автентични рецепти.

Музичкиот дел од програмата го збогатија Пајак, Мелос Бенд, Татјана Стефановска, Кико и Тикса Бенд, DJ Tammy, К.У.Д. „Илинден“ Кривогаштани и најмладите членови на ЈОУДГ „Весело Штркче“. Водителка на фестивалот беше Михаела Аџиоска.

„Фестивалот на пиперката“ има за цел да ја промовира пиперката како еден од најпрепознатливите симболи на Кривогаштани, но и да го истакне трудот на локалните земјоделци и производители.

Организаторите упатија благодарност до ЛАГ „Агро Лидер“, генералниот спонзор „Кривогаштани Промет“ со брендот „Гурмано“, „Прилепска пиварница“, „Евора Комерц“, како и до сите спонзори, поддржувачи, локални производители, изведувачи и служби кои придонесоа за успешната реализација на фестивалот.

Со богата програма, голема посетеност и позитивна атмосфера, Кривогаштани уште еднаш покажа дека „Фестивалот на пиперката“ прераснува во препознатлива манифестација за општината и регионот.

Честитки: Група ентузијасти прилечани покажаа како се организира фестивал

Прилеп доби фестивал со кој може да се гордее.

Второто издание на AirFlow Music Festival, кое изминатите два дена се одржа на Спортскиот аеродром кај Мало Коњари, покажа дека со ентузијазам, добра организација и многу енергија, и во Прилеп може да се создаде голем музички настан кој по својата организација и атмосфера може да се мери со многу познати фестивали.

Одличната локација, огромниот и рамен простор, впечатливата сцена, професионалното озвучување, добрата осветленост и целокупната продукција создадоа фестивалска атмосфера каква што досега ретко сме имале можност да видиме во Прилеп.

Она што особено заслужува пофалба е организацијата. Посетителите имаа обезбеден превоз, соодветно обезбедување, јасна организација на просторот, храна и пијалаци по пристапни цени, а целиот фестивал помина во одлична атмосфера и безбедни услови.

И музичката програма беше приказна сама за себе.

Првата фестивалска вечер донесе настапи на домашни музички имиња, но и светски познати електронски артисти, меѓу кои MĪMĪ x FY и Rafael Cerato, со што AirFlow покажа дека има амбиција да понуди програма која ги надминува локалните рамки.

А втората вечер кулминираше со настапот на Каролина Гочева.

Македонското девојче од Битола приреди концерт за паметење, а бројната публика во еден глас ги пееше нејзините најголеми хитови. Енергијата од сцената се пренесе меѓу илјадниците посетители и покажа дека AirFlow може да биде место каде што различни генерации заедно уживаат во квалитетна музика.

Посебна приказна беше и Sky Show, кој дополнително го збогати визуелното доживување и ја искористи уникатноста на локацијата.

Но, зад целиот овој фестивал стои нешто уште поважно – идејата и ентузијазмот на неколку млади прилепчани кои решија да создадат нешто поинакво.

И успеаја.

AirFlow веќе не изгледа само како уште еден фестивал во календарот на настани. Со второто издание покажа потенцијал да прерасне во прилепски, а во иднина и македонски фестивалски бренд, кој би можел да привлече посетители не само од градот и околината, туку и од цела Македонија и соседните земји.

А токму тоа му недостасуваше на Прилеп – голем музички настан кој ќе го стави градот на фестивалската мапа.

Затоа, за AirFlow Music Festival и за луѓето кои стојат зад него – честитки!

Неколку ентузијасти покажаа дека не се потребни големи зборови, туку визија, работа, храброст и желба да се направи нешто големо.

AirFlow можеби започна како идеја на неколкумина, но по ова издание има потенцијал да стане бренд на целиот Прилеп.

И најважно од сè – докажа дека и Прилеп може да организира фестивал за кој ќе се зборува и надвор од градот.

Пожарот во Мариово изваде на виделина и други опасности – Отстранети опасни гранати (ФОТО)

Пиротехничарот на ДЗС, Ѓорги Стефанов од атар на с.Мегленци Општина Новаци безбедно отстрани две артилериски гранати од 75 mm и 155 mm од Прва светска војна, „армирани“ (поминати низ топовска цевка) од предел што бил „поминат“ од мариовскиот пожар пред неколку денови.

Неексплодиранитрте убојни средства (НУС), гранатите, биле извадени од место што претходно било опфатено со пожар при што не експлодирале од огнот. Таквите гранати и други убојни средства се опасност плус за сите коишто се наоѓаат во регион каде што ги има, а тој е зафатен од пожар.

Инаку, службената дојава до ДЗС Битола беше од страна на Полициска станица Новаци, а беа откриени од припадници на ТППЕ Битола.

(ФОТО) Пожарот во Националниот парк “Пелистер” е локализиран – екипи од Битола цела ноќ ја поминаа на терен

Утрово состојбата со пожарот кој го зафати Националниот парк „Пелистер“ е стабилна, тој е локализиран, но опасноста од негово ширење и натаму е голема, информира директорот на НП „Пелистер“ Иванчо Тошевски.

Претпладнево ќе се интервенира со хеликоптер, како и со два ертрактори. Пожарот кој започна вчера во близина на атарот на село Подмочани набргу се рашири во пониските делови на НП „Пелистер“ од страната на Преспа. Во неговото гаснење интервенираа екипи на НП „Пелистер“, противпожарните единици на Битола и Ресен, со поддршка на огнениот тим на Дирекција за заштита и спасување, потоа екипи со луѓе и механизација на јавните претпријатија од Битола и приватни фирми, организирани од градоначалникот на Битола Тони Коњановски, а имаше и воздушна интервенција со двата ертрактори.

Во текот на целата ноќ на терен интервенираа припадници на доброволното противпожарно друштво „Архангел“, екипи на националниот парк, пожарникари од Битола и екипи со механизација од јавните претпријатија од Битола.

Зафатена е голема површина, а опасноста од ширење зависи и од временските услови во текот на денешниот ден. Надлежните уште еднаш апелираат за одговорно однесување во шумите за да не се случи поголема катастрофа.

Прилеп е препознатлив бренд во пливање

Пливачката Јана Николоска од Прилеп е на пиедесталот во акватлон трката во пливање и трчање, која се одржа денес во Охрид.

Таа е долгогодишен член на пливачката школа “Даниел”. Денес таа го освои третото место и се закити со бронзен медал.

Пливајќи рамо до рамо со пливачите од другите школи, таа го демонстрира својот пливачки раскош и талент, а воедно и го претставуваше и својот град, кој нема пливачка традиција, но има таленти кои можат да се носат рамо до рамо, со најдобрите школи и градови со пливачка традиција во државава.

Треба да се спомeни и успехот на догогодишниот член на пливачката школа “Даниел”, кој минататa година го исплива малиот маратон, а денес освои најдобри времиња во две категории, и стана шампион, Лука Настески.

Честитки за децата и школата! Прилеп е спортски расадник!

ИН МЕМОРИАМ: Почина режисерот и драматург од Прилеп, Кирил М. Петрески

Со длабоко жалење информираме дека почина нашиот колега, режисер и драматург Кирил М. Петрески (1971–2026), информираат денеска од Народниот театар „Војдан Чернодрински“ Прилеп.

Кирил Петрески беше член на колективот на НУЦК „Марко Цепенков“ – Театар „Војдан Чернодрински“, каде од 2013 година работеше како драматург и режисер. Со својата долгогодишна и посветена работа, Кирил Петрески остави значајна трага во театарскиот живот и развојот на Театарот „Војдан Чернодрински“, но и свој препознатлив печат во македонскиот театар.

Петрески дипломирал на Катедрата за театарска режија при Факултетот за драмски уметности во Скопје, во класата на проф. Слободан Унковски, со претставата „Фарса за храбриот Науме“ од Русомир Богдановски.

Во Театарот „Војдан Чернодрински“ ги режираше претставите „Уште една за по пат“ од Харолд Пинтер, „На трета мајка“ од Петар Петрески, „Духот…“ според дела од Војдан Чернодрински и Горан Стефановски, „Сатирикон или големата гозба“ од Петрониј Арбитер, „ММЕ кој прв почна“ од Дејан Дуковски, „Роберто Зуко“ од Бернар-Мари Колтес, „Четвртата сестра“ од Јануш Гловацки, „Малиот принц“ од Антоан де Сент-Егзипери, „Маратонците го трчаат почесниот круг“ од Душан Ковачевиќ, „Сонот на Цепенков“ според Марко Цепенков, „Како се станува цар“ од Афродита Кирјаковска, „Хамлет од Горно Дупени“, според „Хамлет од селото Долна Мрдуша“ од Иво Брешан, „Демократија“ од Јосиф Бродски и „Ученикот“ од Мариус фон Мајербург. Со претставата „Четвртата сестра“ учествуваше на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“.

Во НУЦК „Трајко Прокопиев“ – Театар Куманово ги постави „Варијации: диви пајки“ од Дејвид Мемет и „Не играј на Англичани“ од Владимир Ѓурѓевиќ, која беше дел и од официјалната програма на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во 2010 година. Во НТ „Григор Прличев“ – Охрид ја режираше претставата „На дното“ според делото на Максим Горки.

„НУЦК „Марко Цепенков“ – Театар „Војдан Чернодрински“ упатува искрено сочувство до семејството, блиските, колегите и соработниците на Кирил Петрески. Неговото прерано заминување е голема загуба за Театарот „Војдан Чернодрински“ и за македонскиот театар воопшто. Нека почива во мир“, стои во соопптението.