-На 22.10.2026 во Прилеп, полициски службеници од мобилниот тим ,,Task Force” при Регионалниот центар за гранични работи Југ и при СВР Битола – ОВР Прилеп го лишија од слобода И.Б.(41) од Прилеп.
По претходно добиени оперативни сознанија и со наредба од Основен суд Прилеп, извршен е претрес во неговиот дом, патничко возило и мопед, при што се пронајдени и одземени марихуана, грутчеста материја, дигитална вага и пари во различни валути и апоени. По целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат во полицискиот билтен на МВР.
























