-На 22.10.2026 околу 10:00 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на магистралниот пат Градско-Прилеп, во правец кон Росоман, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од А.Р.(40) од с.Горно Оризари, велешко и товарно возило „мерцедес“ управувано од Д.Т.(61) од с.Славеј, општина Кривогаштани. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило, констатирани во Општа болница Кавадарци. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Кавадарци, информираат од МВР.

























