дома блог страница 48

Жител од Житоше возел ПРЕПИЈАН низ центарот на Прилеп – Полицијата му измерила над 2 промили

-На 31.08.2026 во 03:20 часот на ул.„Прилепски бранители“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода М.Ш.(45) од с.Житоше, општина Долнени. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле возило „фолксваген голф” со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.Ш., при што било констатирано дека го управувал под дејство на алкохол, односно измерени му биле 2,05 промили алкохол во крвта. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок, информираат од МВР.

Што се случува со младите?! Кривична за четири млади момчиња од Прилеп, претепале сограѓанин во “Варош”

-ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Д.Ј. (21), М.К. (19) и А.Т. (20), сите од Прилеп и 17-годишник од с.Пашино Рувци, општина Кривогаштани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“, а против М.К. и поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.

На 14.08.2026 во населба „Варош“ во Прилеп, пријавените физички го нападнале Н.П., нанесувајќи му повреди, додека второпријавениот преку апликација на социјална мрежа му упатувал ѝ закани, информираат од СВР Битола.

Возел мотор “поднапијан” па завршил на болница – прилепчанец ем се здобил со повреди, ем ќе добие пријава

-На 30.08.2026 околу 14:00 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на ул.„Тетовска“ во Прилеп, 52-годишниот Т.П. од Прилеп, управувајќи мопед со прилепски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Т.П., констатирани во Општа болница Прилеп.

Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Прилеп и по извршени проверки, било констатирано дека Т.П. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,03 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок, информираат од МВР.

„Учениците одмораа, а ние работевме“: Битола со над 310 милиони денари инвестиции во образованието – училиштата спремни за 1. септември

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски денеска на прес конференција заедно со одговорните за образование, информираше за стартот на новата учебна година во основните и средните училишта во Општина Битола.

Во продолжение интегрално го објавуваме неговото обраќање.

„Со оваа прес конференција сакам да информирам за подготвеноста на основните и средните училишта за утрешниот почетокот на новата учебна година и за вложувањата и активности кои и во текот на распустот се реализираа.

Учениците одмараа, а ние работевме. Над 310 милиони денари се инвестициите во училишната спортска инфраструктура, средства од Владата и од буџетот на Општина Битола.

Ова е една од најголемите инвестиции во последните неколку децении. Дури 24 спортски терени добиваат основните училишта во Општина Битола. Во двата објекти на ОУ „Гоце Делчев“ интензивно се работеше и се работи на изградбата на спортски терени, потоа во ОУ „Даме Груев“, а ќе се работи и во ОУ „Тодор Ангелевски“.

Потоа новите спортски игралишта кои општината со средства од својот буџет ги прави во ОУ „Ѓорги Сугарев“. Се случи и реконструкција на спортските игралишта во ОУ „Св. Климент Охридски“ кои се во завршна фаза, тука е и подрачното училиште во населбата Горно Оризари, како и во ОУ „Коле Канински“.

Во изградба се три типски училишни спортски сали и тоа во основните училишта „Стив Наумов“, „Даме Груев“ подрачното училиште во Долно Оризари и „Тодор Ангелевски“, како и училишната спортска сала во Бистрица.

Помали или поголеми реконструктивни зафати се изведуваа во објектите на основните и средните училишта се со цел утре учениците да бидат пречекани и да имаат успешен старт на новата школска година.

Вредно е да се спомене и реконструкцијата која е во тек на објектот во населбата „Буковски ливади“, а кој ќе биде подрачно училиште на ООУ „Коле Канински“. Според проектот на приземје и кат предвидени се 5 училници, заеднички простории, санитарни јазли, помошни простории и наставничка канцеларија, библиотека, медиотека.

Во тек е постапка за поставување на фотоволтаици на една од зградите на ОУ „Гоце Делчев“, т.н. Турско училиште. Во завршна фаза е поставувањето на фотоволтаици во ОУ „Климент Охридски“, а се подготвува и постапка за поставување на фотоволтаици во ОУ „Даме Груев“.

Тече постапката и за поставување на енергетски ефикасна фасада во објектот на училиштето во населбата Буковски Ливади, каде што кон крајот на минатата година беа поставени топлински пумпи.

Топлински пумпи се поставуваат и во ОУ „Стив Наумов“ кое веќе има енергетски ефикасна фасада, дограма, покрив и поставени фотоволтаици. Се очекуваа оваа грејна сезона учениците да имаат квалитетно греење во училиштето, а во иднина и во спортската сала. На овој начин се обезбедува и поздрава животна средина за учениците, бидејќи ќе се напушти основното греење со екстра лесно масло.

Како наближуваше први септември, така темата за образованието добива на актуелност во делот на бројот на ученици, за што сме сведоци дека демографската слика изминативе децении е променета, односно намалување на наталитетот, а со тоа и помалку ученици. И тоа е процес кој трае повеќе години, не е нешто што е од вчера, но со новите политики на оваа влада и ние како општина работиме на создавање подобри услови за младите на сите полиња, со цел да го спречиме, односно намалиме бројот на иселувања и враќање на оние кои заминале од родната земја.

Резултатите од тоа нема да ги имаме за многу скоро, тоа е процес за кој е потребно време, но силно веруваме дека ќе успееме. Општина Битола и оваа година за секое прваче доделува парична помош од 3000 денари.

Што се однесува на првачињата во Општина Битола според податоците од училиштата, таа бројка во моментов е 666 првооделенци. Претходната учебна година беа запишани 661 ученик во прво одделение.

Ова значи дека годинава за среќа имаме повеќе првачиња споредбено со лани. Инаку вкупниот број на ученици во основните училишта во општината е 6903 ученици. Се оптимизираат 13 паралелки во 8 основни училишта во 1-во и 6-то одделение по насока на министерството за образование и наука и се ставаат во мирување 3 подрачни училишта и тоа во ООУ „Крсте Петков Мисирков“ во село Породин и село Канино и во ООУ „Трифун Пановски“ во село Дихово. Оваа учебна година во 5 подрачни училишта нема запишано првачиња.

Со направената оптимизација, нема наставници кои би биле ангажирани како образовни асистенти, односно сите остануваат во нашите основни училишта и сакам да уверам дека кај вработените нема простор за грижа за нивните работни места.

За оние учениците кои учеа во училиштата кои ги ставаме во мирување, обезбедено е продолжување на школувањето во најблиското училиште, а исто така и превозот до училиштето и назад до домот, а тоа секако со согласност на родителите/старателите.

Што се однесува до средното образование за учебната 2026/2027 година вкупно во прва година се запишани 698 ученици. Во претходната учебна година бројот на ученици во прва година беше 709. Тоа значи помалку за 11 ученици.

Во средните училишта во учебната 2025/2026 година имало 2912 ученици, а новата учебна 2026/2027 година се 2914. Утре на првиот училишен ден ќе посетам 3 училишта, а в петок на 4 септември Ве поканувам во градскиот парк во Битола каде како и ланската година ќе се одржи „Училишна приказна“, ден кога се слават првите училишни чекори, новите пријателства и големата желба за знаење“, рече градоначалникот Коњановски.

Во среда стартува проектот “Градски воз” во Скопје

Од среда, 2 септември, официјално започнува да функционира проектот „Градски воз“, со кој треба да се овозможи побрз, поефикасен и подостапен јавен превоз за жителите на Скопје и приградските населени места.

Првата од предвидените три линии ќе сообраќа на релација Зелениково – Ново Зелениково – Орешани – Јане Сандански – Драчево – Лисиче – Нова железничка станица Скопје.

Сообраќајот ќе се реализира со три возови според утврден ред на возење од страна на МЖ Транспорт. За потребите на проектот, ЈП МЖ Инфраструктура изврши целосна реконструкција на пругата на оваа релација, со цел да се подигнат нивото на безбедност и капацитетот на брзина.

Официјалната промоција на проектот е закажана за в среда, 2 септември, во 11 часот. На настанот се очекува да присуствуваат премиерот Христијан Мицкоски, заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, директорот на ЈП МЖ Инфраструктура Синиша Ивановски, директорот на МЖ Транспорт Дејан Кошутиќ, како и градоначалниците на Скопје, Зелениково, Кисела Вода и Аеродром.

Предвидено е присутните симболично да го означат стартот на проектот со патување со воз од железничката станица во Зелениково до Новата железничка станица Скопје.

Од Министерството за транспорт посочуваат дека „Градски воз“ има за цел периферните делови на Скопје и приградските населени места подобро да се поврзат со централното градско подрачје, што треба да значи пократко и поевтино патување, помалку чекање и побрз јавен транспорт.

Проектот предвидува интеграција со сообраќајниот ред на ЈСП, со што, според најавите, граѓаните, студентите и учениците ќе добијат поефикасен и интегриран систем на јавен превоз.

Во тек се и активностите за проектирање на втората и третата линија. Втората е предвидено да се протега од Новата железничка станица преку Бутел и Скопје-Север до Ѓорче Петров, додека третата линија би сообраќала од Новата железничка станица преку Автокоманда и Маџари до Илинден.

Од полноќ поевтин дизел за 6,5 денари

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе одлука со која малопродажните цени на нафтените деривати во просек се намалуваат за 2,06% во однос на претходната пресметка.

Од 1 септември од 00:01 часот, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство бележат значително поевтинување, додека цените на бензините се зголемуваат.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 6,50 денари по литар и ќе изнесува 95,00 денари.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 3,50 денари и ќе изнесува 97,00 денари по литар.

Цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 денар по литар. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 94,00 денари/литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по цена од 96,00 денари/литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,166 ден/кг и ќе изнесува 44,410 ден/кг.

Од РКЕ информираат дека референтните цени на светскиот пазар бележат зголемување кај бензините за 2,212%, додека кај дизелот има намалување за 8,237%, кај екстра лесното масло за 4,389% и кај мазутот за 2,793%. Курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,5477%.

Од регулаторната комисија напоменуваат дека ова се максималните утврдени цени, а трговците на големо и мало можат да ги формираат цените и пониско од највисоките утврдени износи.

Битола повторно во знакот на адреналинот: Одржано 14-тото издание на „Pelister Downhill Cup“

Битола повторно беше центар на спортот, младоста и адреналинот со одржувањето на 14-тото издание на „Pelister Downhill Cup“, традиционалниот натпревар во планински велосипедизам на падините на Пелистер.

На годинешното издание учествуваа 63 натпреварувачи од Македонија, Србија, Бугарија, Грција, Кипар и Албанија, кои пред публиката и љубителите на овој спорт демонстрираа врвни вештини, брзина и спортски дух.

Пелистер и годинава беше вистинска сцена за адреналински спустови, а натпреварот уште еднаш покажа дека „Pelister Downhill Cup“ прераснува во препознатлив спортски настан кој ги поврзува љубителите на планинскиот велосипедизам од регионот.

На доделувањето на признанијата присуствуваше претседателот на Советот на Општина Битола, Бојан Бојкоски, кој им ги врачи наградите на дел од најуспешните учесници.

„Општина Битола продолжува да стои зад спортските настани и иницијативите кои ја промовираат нашата општина“, истакна Бојкоски, нагласувајќи ја поддршката за спортот и организирањето настани кои ја збогатуваат понудата и ја промовираат Битола како спортски центар.

Со учеството на натпреварувачи од шест земји и со уште едно успешно издание, „Pelister Downhill Cup“ ја продолжува својата традиција и го потврдува Пелистер како атрактивна дестинација за развој и промоција на планинскиот велосипедизам.

Во Битола одбележани 121 година од погубувањето на легендарниот војвода Александар Турунџев

Битола одбележа 121 година од погубувањето на Александар Турунџев македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација.

Во име на Општина Битола пред споменикот кај „Ат Пазар“ и на неговиот гроб во Светонеделските гробишта положи цвеќе и се поклони советникот Александар Јаневски. Се поклонија и оддадоа почит и граѓани, здруженија како и членови на коњаницата Костурска чета Битола.

Александар Турунџев беше повеќе од борец, беше симбол на храброст, на жртва и на визија.

Ланската година со свечена церемонија и своевидна поворка која го симболизираше погибието на војводата Александар Турунџев, беше откриен споменикот на оваа значајна личност од македонската револуционерна борба под „Ат Пазар“ во Битола.

Повеќе понуди, Полесен избор со Минт Инс

Кога станува збор за осигурување, не постои едно решение што одговара на сите. Секој има различни потреби, различни приоритети и различни планови. Затоа што осигурувањето не е само уште една обврска на листата.

Тоа е избор кој треба да одговара на вашиот живот, вашите потреби и на она што сакате да го заштитите.

Наместо да ја земете првата понуда што ќе ви се најде, разгледајте ги можностите, информирајте се и одберете го решението што најмногу ви одговара.

ОБД Минт Инс – Осигурување по ваша мерка

Во ОБД Минт Инс можете да добиете пристап до различни осигурителни опции од сите активни осигурителни компании, за полесно да го пронајдете решението според вашите потреби и приоритети.

Без разлика дали станува збор за:

Изборот не мора да биде комплициран. Напротив, кога ги имате информациите и различните можности пред себе, одлуката станува многу полесна.

Кога имате избор, одлуката е полесна 

Секој човек има различни потреби, различни приоритети и различни планови. Затоа не постои едно осигурување што е идеално за сите.

Преку ОБД Минт Инс целиот процес може да започне многу едноставно:

  1. Разгледајте – Информирајте се за достапните осигурителни опции.
  2. Споредете – Погледнете ги различните понуди и услови.
  3. Одберете – Изберете го осигурувањето што најмногу одговара на твоите потреби.

Толкуедноставно.

Бидејќи кога имате повеќе информации и повеќе опции пред себе, многу полесно е да донесете одлука во која ќе бидеш сигурен.

Ваш живот, ваши потреби и ваша одлука – ОБД Минт Инс

Преку ОБД Минт Инс, добивате поддршка при изборот и можност да ги разгледате осигурителните опции што одговараат на она што навистина ви е потребно.

Затоа, следниот пат кога ќе размислувате за осигурување, не брзајте веднаш да кажете „да“. Бидејќи доброто осигурување не е само полиса. Тоа е избор што треба да одговара на вас.

Разгледајте ги осигурителните можности преку ОБД Минт Инс и направете избор според вашите потреби.

За повеќе информации околу различните видови осигурувуања, контактирајте нѐ денес на 15 107, [email protected] или во една од нашите филијали.

Твојата вештина може да стане твоја професија: Започнува новата програма на Винчини Академија

Љубовта кон месeњето, печењето и создавањето вкусни производи може да стане и професија. Токму тоа го нуди Винчини Академија во Виница, која на сите заинтересирани им овозможува да стекнат професионални знаења и практични вештини од областа на пекарството, слаткарството и кондиторството.

Станува збор за сертифицирана програма „Изработувач на кондиторски и пекарски производи“, структурирана во осум модули, преку кои учесниците се запознаваат со производството на пекарски, слаткарски и кондиторски производи, организацијата на работата, пакувањето, управувањето со опрема, како и контролата на квалитет и сензорната анализа.

Она што ја издвојува програмата е нејзиниот силен практичен карактер. Од вкупно 120 часа настава, дури 92 часа се практична работа, додека 28 часа се посветени на теоретска настава. Практичниот дел се реализира во современо опремен Винчини Развоен центар, кој располага со пилот-постројка, производен погон и лабораторија со професионална опрема за производство и тестирање на различни производи.

Учесниците ќе имаат можност да учат од искусни технолози и професионалци, а програмата опфаќа теми од производство на леб, бели печива, бурек и лиснати теста, преку чоколадни и какао производи, бонбони, карамели, локум и алва, па сè до торти, колачи, десертни порции и сладолед. Дел од наставата е посветен и на хигиената, безбедноста на храната и НАССР принципите, како и контролата на квалитетот.

Винчини Академија е дел од Фондацијата „Прогресив“, основана од Макпрогрес ДОО Виница, со цел развој на едукативни програми, унапредување на професионалните знаења, поддршка на бизнисот и создавање можности за развој на нови кадри.

Програмата е наменета за оние кои сакаат да изградат нова кариера, да ги надградат постојните знаења или да се подготват за сопствен бизнис во областа на пекарството, слаткарството и кондиторството. Особено значајно е што не е потребно претходно искуство во овие области, а за упис е потребно најмалку завршено основно образование и возраст над 17 години.

Новата програма започнува на 18 септември, а цената за целата програма изнесува 690 евра.

Сите заинтересирани кои сакаат својата вештина и љубов кон пекарството, слаткарството или кондиторството да ја претворат во професија, можат да се пријават преку следниот ФОРМУЛАР:

ПРИЈАВИ СЕ НА ПРОГРАМАТА

Не е доволно само да сакаш да месиш, печеш и создаваш – научи како тоа да го правиш професионално!