Со јубилејниот концерт по повод 30 години постоење на битолската група „Фолтин“ синоќа заврши годинашното битолски културно лето „Бит Фест“. Некои градови имаат публика, а Битола има соучесници, беше пораката на групата „Фолтин“, што синоќа само се потврди под отворено небо во „Хераклеја“.
„Од неколкумина љубопитни до генерации луѓе што ги знаат песните наизуст“ истакнаа од групата заблагодарувајќи се за како што велат, честа токму нивниот концерт да биде завршниот акорд на „Бит Фест 2026“.
„Бит Фест“ е фестивал кој ги обединува сите генерации, со програма креирана за секоја генерација од најмладите до највозрасните.
И оваа година на програмата беа традиционалните манифестации кои се дел од годишната програма за култура, како „ Битола отворен град“, „Илинденски денови“, „Солстис“, „Локум фест“, „Бела ноќ на Широк Сокак“, „Незаборав“, а од годинава за прв пат и фестивалот „Битолски чалгиски денови“ каде звукот на чалгијата и радоста одекнаа од Старата чаршија.
Интересот и присутноста на публиката на секој настан, големите аплаузи беа награда за уметниците, но и за Културниот и информативен центар кој за првпат годинава го реализираше овој фестивал со поддршка на Општина Битола.
Разиграно и распеано беше на повеќе локации, овде пред и во Офицерскиот дом, Хераклеја, Широк сокак, Старата чаршија, Пациото, Центарот за култура, театарот.
Освен битолчани, програмата беше привлечна и за туристите кои ја посетија Битола и за бројните иселеници кои летово беа дојдени во родниот крај.
Во изминатите два месеци се одржаа повеќе 70 настани, а бројот на посетители е над 25.000.


































