дома блог страница 488

На Маркови Кули во Прилеп пронајдени 5 камени гробници од времето на последните македонски кралеви, Филип IV и Персеј

Пет нови камени гробници во карпа дооткрија археолозите од прилепскиот Завод и музеј при заштитните архелошки истражувања на локалитетот „Крклари“ во комплексот Маркови Кули над Прилеп. Тие се од владеењето на македонските кралеви Филип Петти и Персеј од првиот и вториот век од нашата ера од хелинистичкиот период.

Фото/print screen/Инфо Компас

Според археологот, козерватор Владимир Крстески, овој тип гробници се специфични и претставуваат единствена појава во Прилепскиот регион. Во гробниците се закопувале видни граѓани и може да бидат голема туристичка атракција.

-Нивни заеднички елементи на градење се: дромосот, преткомората и главната комора каде се приложувале посмртните, односно, спалените останки на покојникот. Хронолошки, се датираат во првиот и вториот век од нашата ера, односно во доцно-хелинистичкиот период. Со доистражувањата на овој тип гробници во Пелагонискиот регион ќе се надополнат сознанијата за погребувањето на луѓето од повисокиот општествено-политички статус за време на владеењето на последните македонски кралеви Филип Петти и Персеј. Со тоа ќе станат убава туристичка атракција со поатамошните конзерваторски работи и нивно заштитување и целосен пристап за да може посетителите и туристите да ги посетат и да го видат начинот на погребување од овој тип, објаснува Крстески.

Со децении се знае за камените гробници но комплексот Маркови Кули кој сѐ уште крие тајни и големи археолошки изненадувања. Гробниците ги истражувал познатиот прилепски археолог Бошко Бабиќ во шеесетите години. Најмногу ги има во Прилепскиот регион и, според досегашните податоци се 27 гробници. Во битолски Суводол се три, четири се во Гевгелиско-валандовскиот регион и една гробница е кај Кратово, на локалитетот „Дупка“. Има индиции за уште поголем број гробници, дури и од средновековието, а истражувањата ќе продолжат и во наредните години со што ќе бидат доистражени сите гробници на оваа територија. Комплексот Маркови Кули е една голема некропола.

-Специфично е и тоа што се врзуваат и се наоѓаат во близина на античките градови Керамија, кој бил во непосредна близина, односно на Марковите кули и во близина на античкиот град Колобаиса, односно во Горно село кај Трескавец. Тоа ни докажува дека во тој период овие градови живееле и имале висок политички и економски статус. Овој цел Регион претставува една огромна некропола. Тоа се докажува со нашите истражувања дека се пронајдени уште два гроба од подознежниот период, и тоа, од средниот век. Во иднина истражувањата ќе покажат што сѐ околу Марковите кули се крие, вели археологот конзерватор од прилепскиот завод и музеј Владимир Крстески.

(ВИДЕО) Иранците масовно го напуштаат Техеран, редици на бензинските пумпи

По израелските напади врз Техеран, многу жители се обидуваат да го напуштат градот и да побараат засолниште во пооддалечени области. Продавниците се затворени, а на бензинските пумпи се формираа долги редици, јавува дописникот на BBC од Иран.

Иако многумина се обидуваат да избегаат, многумина не можат да ја напуштат покраината поради густиот сообраќај.

„Мислам дека сè уште не сум разбрал целосно дека живеам во активна воена зона. Ова не е моја војна. Не поддржувам ниту една страна, само сакам да преживеам со моето семејство“, вели еден жител кој успеал да го напушти градот.

Иранската државна новинска агенција IRNA, исто така, објави фотографија од воздух на која се гледа голем конвој автомобили кои се обидуваат да го напуштат Техеран.

Видео на кое се гледаат огромни толпи на автопат надвор од Техеран е исто така споделено на социјалните мрежи.

„Не добиваме никакви предупредувања, само слушаме експлозии“

„Техеран очигледно не е безбеден. Не добиваме никакви предупредувања или аларми од властите. Само слушаме експлозии и се надеваме дека нашиот дом нема да биде погоден. Но, каде можеме да одиме? Никаде не е безбедно“, рече друг жител.

„Луѓето се обидуваат да избегаат – на еден или друг начин“, додаде друг. Според извештајот на BBC, Иранците се организираат во групи на апликации за пораки – иако многу од нив се забранети во Иран – и организираат заеднички патувања и разменуваат предупредувања за опасни подрачја додека го напуштаат градот.

Приведен возач во Прилеп со 1,9 промили алкохол кој управувал товарно возило

-На 15.06. полициски службеници од ОВР Прилеп на улицата „Пеце Котески“ во Прилеп го лишиле од слобода М.С.од Скопје, кој што управувал товарно моторно возило „Ивеко“, и при контрола во патниот сообраќај, било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1.90 промили алкохол во крвта.

М.С. бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица, а по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од МВР.

Полицајци нападнати со стаклени премети во угостителски објект во “Точила”

-На 14.06.2025 година во 03.00 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп, при превземање службени дејствија во угостителски објект лоциран во населба „Точила“ во Прилеп биле физички нападнати од А.С. и уште едно лице со стаклени предмети.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот – информираат од СВР Битола.

Moторцикл се судри со товарно возило на патот Прилеп-Градско – 27-годишно момче со тешки повреди примено во прилепската болница

-На 14.06.2025 година во 16.20 часот во Полициската станица Прилеп е пријавено дека на патот Градско-Прилеп, кај влез за рудник Тројаци, се случила сообраќајна несреќа помеѓу моторцикл „Јамаха“ со битолски регистарски ознаки, управуван од М.Т.(27) од Битола и товарно возило „Мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, управувано од З.С.(47) од село Пашино Рувци, општина Кривогаштани.

Во несреќата М.Т. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Градската општа болница Прилеп.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп – информираат од МВР.

Николоски Трајановски не одмараат ни во викенд – Еве како се одвиваат работите на автопатот Кичево-Охрид (ФОТО/ВИДЕО)

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски, во петокот и во текот на вчерашниот ден извршија вондреден надзор над активностите за изградба на автопатот Кичево-Охрид – информираат од Министерството за транспорт и врски..

Во продолжение во целост го пренесуваме соопштението од транспорт и врски:

Надзорот се направи на повеќе позиции каде во моментов се вршат засилени градежни активности за реализација на овој капитален проект.

При извршените контроли беше констатирано дека градежните работи се одвиваат со силен интензитет, согласно новиот динамички план за изградба на автопатот. Исто така беше утврдено дека наследентите проблеми со експропријацијата, дислокација на водовите како и косините се решаваат во континуитет согласно планираната динамика.

По целата траса работите се одвиваат интензивно, се со цел до почетокот на туристичката сезона да се пушти за сообраќај потегот од Врбјани до Охрид со еден мал прекин кај населеното место Ботун каде се работи на санација на свлечиште.

Како што истакна вицепремиерот Николоски, динамиката на работа е планирана на начин што целиот автопат ќе се заврши до крај на 2026 година и истиот да се пушти во употреба.

Како што истакна вицепремиерот Николоски, динамиката на работа е планирана на начин што целиот автопат ќе се заврши до крај на 2026 година и истиот да се пушти во употреба.

Николоски на социјалните мрежи објави и видео од текот на работите на автопатот:

Во Прилеп отворена изложбата „Уметност во простор“, од уметниците Катерина Деспот и Касиопеја Наумоска (ФОТО)

Во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ беше отворена изложбата „Уметност во простор“ од уметниците Катерина Деспот и Касиопеја Наумоска.

Изложбата ја отвори Бранче Трајкоски, потенцирајќи дека двете авторки во галеријата ја презентираат последната креација од нивната повеќезначна уметност со содржинско тематска смисла, интимности, осмислена со цел да едицира, инспирира и развива одреден уметнички опус.

-Изложбата отвора прашања за времето, неговата брзина, недостатокот и неможноста од неговото фаќање. Делата не нудат затворени одговори, туку постојат како уметност со асоцијална отвореност што ја поканува публиката на лично доживување и интерпретација – рече Трајкоски, на отворањето на изложбата од Катерина Деспот и Касиопеја Наумоска.

Катерина Деспот и Касиопеја Наумоска, се академски уметници, кои имаат реализирано бројни изложби во земјата и во странство.

67-годишен крушевчанец возел со над 2 промили алкохол – веднаш однесен во станица

-На 13.06.2025 година во 17.15 часот, полициски службеници од ОВР Крушево го лишиле од слобода Н.К.(67) од Крушево. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници го сопреле патничкото возило „Застава“ со крушевски регистарски ознаки, кое го управувал Н.К. и по преземени мерки констатирано е дека тој бил под дејство на алкохол, односно дека имал 2,09 промили алкохол во крвта. Н.К. бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица, а по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“ – информираат од МВР.

(ВИДЕО) Бумбароски распали по СДСМ за искажаните лаги и им одржа лекција по образование

Гоце Бумбароски од општина Прилеп одржа прес конференција како реакција на ОО СДСМ Прилеп, од каде претходно во јавност излегоа со тврдење дека образовните институции и учениците во Прилеп, станале “жртви“ на лажни ветувања.

Прес конференцијата на Гоце Бумбароски во целост ја пренесуваме во продолжение:

Општина Прилеп, како локална самоуправа предводена од ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Борче Јовчески, со должна одговорност ги отфрла сите изнесени невистини и манипулации искажани на прес конференцијата на ОО на СДСМ Прилеп. Наместо конструктивна критика, граѓаните се сведоци на уште една политичка флоскула од партија која во своето владеење остави траг од занемарен образовен систем.

Фактите се непобитни:

Во изминатите три години, Општината вложи над 100 милиони денари во унапредување на условите за работа и настава во сите основни и средни училишта во градот и населените места.

За прв пат, учениците од прво до трето одделение добиваат бесплатен, здрав оброк, со што ја покажавме нашата реална грижа за најмладите. Оваа мерка продолжува, а со новата учебна година ќе воведиме, нови олеснувања за родителите и семејствата.

Очигледно е дека во сите училишта се направени реконструкции на училници, обнова на наставна и информатичка опрема, поставување на смарт табли, уредување на спортски игралишта, партерно уредување и други проекти кои директно влијаат врз квалитетот на образованието.

Во финална фаза е изградбата на нова спортска сала во ООУ „Блаже Конески“ – објект кој беше повеќегодишна потреба за учениците и наставниците, а сега станува реалност.

За време на владеењето на СДСМ, училиштата добиваа навредливо мали суми, по 10.000 денари за проекти кои што бараа темелна реконструкција.
Денес, благодарение на поддршката од централната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, на Прилеп му следи нов инвестициски циклус – со конкретни проекти за подобрување на условите во училиштата од кои што можат да се издвојат, Гимназијата „Мирче Ацев“ каде што ќе се вложат 45 милиони денари, во СОУ Ристе Ристески Ричко 17 милиони денари и во ООУ Рампо Левката дополнителни 6,5 милиони денари, сето ова до крајот на оваа година, со што ќе имаме вкупна сума од над 170 милиони денари инвестиции во образованието за 4 години!

Нашата цел е јасна, образование со квалитет, за ученици со иднина.

За разлика од оние кои мислат дека гласови се добиваат со фрази, ние работиме со дела. И ќе продолжиме со уште поголем интензитет, за нашите граѓани и за квалитетно образование на нашите деца.

Најдобриот Градоначалник со предавање за идните колеги

Викендов во Охрид ПИАЦ на ВМРО-ДПМНЕ и Фондацијата Јарл Хлјармарсон (Jarl Hjalmarson fondation) организираат обуки за кандидатите за градоначалници на партијата и членовите на ИК. На отворањето вчера се обрати Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој потенцираше дека на претстојните локални избори ВМРО-ДПМНЕ е сигурен победник, и дека СДС се на пат да останат без ниту една општина.

Денеска предавање на тема “Подготовка за локалните избори – Моментални и идни активности”, одржа актуелниот заменик министер за економија и труд и најуспешен градоначалник што го имала партијата, Марјан Ристески.

Ристески потенцираше и дека ВМРО-ДПМНЕ ќе издвојува најголема победа досега на престојните локални избори.