дома блог страница 487

Ќе се реконструира киното “Партизан” во Битола – Мицкоски најавува инвестиции од над 100 милиони евра

Во Битола официјално започна реконструкцијата на киното „Партизан“, еден од симболите на градот. Реконструкцијата е дел од поширок инвестициски циклус вреден над 100 милиони евра, најави премиерот Христијан Мицкоски за време на денешната работна посета на градот.

Премиерот заедно со министерот за транспорт и врски и градоначалникот на Битола изврши увид во неколку инфраструктурни проекти, при што истакна дека се работи за капитални инвестиции што директно го подобруваат квалитетот на животот на граѓаните.

– Убеден сум дека сето ова значи и ќе значи додадена вредност во квалитетот на живот на битолчани – изјави Мицкоски, додавајќи дека со досегашната посветена работа, градоначалникот заслужува силна поддршка на следните локални избори.

Тој посочи дека поради опструкции во Советот на општината, не се реализирале некои планирани проекти, како изградбата на спортската сала. Сепак, како што рече, очекува дека во следниот мандат и тој проект ќе почне.

Според Мицкоски, Битола е приоритетна точка за Владата.

– Битола е во рамките на нашиот периметар на најголем фокус, така било и така и ќе остане – порача тој.

Во следниот период, покрај реконструкцијата на киното „Партизан“, во градот ќе се работи и на топлификацијата, изградбата на пречистителна станица, уредување улици, булевари, паркови, како и обнова на училишта и градинки. Вкупната вредност на инвестициите надминува 100 милиони евра.

(Фото галерија) Професор од Прилеп им всадува љубов кон убавините на Македонија на своите ученици – Ова се нивните авантури!

Наставникот по географија во ООУ “Кире Гаврилоски – Jане” oд Прилеп, Милан Јаковоски, на оригинален начин избрал да им ги доближи убавините на Македонија на своите ученици, а со тоа и да им го збогати нивното знаење по наставниот предмет.

Минатата година тој избра седум дестинации за искачување, а учениците со задоволство ја прифатија оваа идеја, па помеѓу нивните дестинации се најдоа и планинските врвови Пелистер, Титов Врв и Кораб.

Јаковоски и неговите ученици оваа идеја ја продолжија и во оваа школска година и успешно ја реализираа програмата од географската секција.

-Програмата ја завршивме со дводневна тура од село Нежилово до изворите на Река Бабуна, потоа спиевме во планинарскиот дом “Чеплес” и следното утрото ја искачивме Солунска Глава, па повторно слеговме во село Нежилово. Претходниот период имавме неколку тури околу Прилеп, како, потоа врвот Магаро на Планината Галичица, Големото пелистерско езеро – истакна Јаковоски.

Во продолжение фотогалерија од авантурите на дечките низ убавините на Македонија:

Избери Bonatti и оживеј ја својата летна приказна! Ова е колекцијата на женски и машки костими за капење која ќе плени ова лето (Фото галерија)

Летото добива нова димензија на стил и удобност со новата колекција женски костими за капење од Bonatti.

Скроени да ја истакнат женската природа, убавина и уникатност. Секој модел е внимателно дизајниран за да понуди совршен баланс меѓу удобност, префинет стил и беспрекорно вклопување со вашето тело.

Од елегантни едноделни модели, до смели бикини, колекцијата нуди нешто за секоја жена – без разлика дали се сончаш мирно покрај базен, истражуваш скриени плажи или танцуваш под ѕвездено небо.

Богатата колекцијата пак на машки костими за капење се за мажите кои знаат што сакаат – комфор, квалитет и современ дизајн во едно.

Изработени од високоиздржливи материјали и со совршено скроени линии, костимите се прилагодуваат на секое тело и за секоја авантура – од утринско капење во море, до лежерно попладне покрај базен.

Уникатната палета на бои и дезени овозможува да се издвоиш со суптилна елеганција, а меката ткаенина и вниманието на деталите гарантираат удобност што трае цел ден.

Во Bonatti веруваат дека костимот за капење не е само облека – туку став, слобода и љубов кон себе.

Избери Bonatti и оживеј ја својата летна приказна!

Посетете го продажниот салон на Bonatti во Прилеп на бул. “Гоце Делчев” бр. 6-3, наспроти “Ла Страда”, a во продолжение погледнете дел од богатата колекција:

Премиерот Мицкоски во посета на Битола на увид на реконструкција на киното „Партизан“

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска ќе ја посети Општина Битола.

Како што соопшти владината прес-служба, премиерот Мицкоски ќе присуствува на почеток на реконструкција на зградата на поранешното кино „Партизан“ во Битола при НУ Народен театар Битола.

Вредноста на договорот е 96.000.000 денари, додека рокот на реализација е до декември 2026 година.

Предвидено е по настанот премиерот Мицкоски да даде изјава за медиуми.

Влада: 1.570 ученици ќе добиваат по 3.500 денари месечно 9 месеци

Како резултат на заложбите на Владата и МОН за унапредување на квалитетот на средното стручно образование, обезбедени се 50 милиони денари за 1.570 стипендии за новите ученици во дуално образование од септември.

Во учебната 2025/2026 година учениците кои ќе се запишат во дуалните паралелки и ќе ги исполнат конкурсните услови, 9 месеци ќе добиваат по 3.500 денари, велат од Владата.

„Реалниот сектор има потреба од стручни, квалификувани лица и за таа цел, како Влада преку овие мерки и чекори ги стимулираме младите своето образование да го продолжат во некоја од дуалните паралелки.

Дополнително, потврда за тоа дека со оваа мерка како Влада ја развиваме соработката со реалниот сектор е вклучување на 550 компании кои директно ќе ја спроведуваат практичната обука на учениците што ќе се запишат во дуалните паралелки.

Како Влада правиме конкретни чекори за унапредување на образованието и создаваме кадри кои ќе добијат можност, доколку не го продолжат својот образовен процес на повисоко ниво, по завршување на средното училиште да се вработат во некои од компаниите.

Преку ова ја намалуваме невработеноста, но и ги стимулираме младите да ги усовршат практичните вештини со кои ќе бидат поконкурентни на пазарот на труд.

Образованието е најважниот столб на развојот на Македонија.

Преку квалитетно и реформирано образование, младите ќе останат да ја градат сопствената иднина во Македонија.

Нашата заложба е да обезбедиме иднина за сите и да ја вратиме надежта кај младите.

Државата е на патот на промените!“, стои во соопштението на Владата.

(ВИДЕО) 60-годишниот маратонец Д-р Бошко Илиев го преплива прилепското вештачко езеро

Прекрасната природа, чистата и бистра вода и тишината на прилепското Вештачко езеро беа инспирација и предизвик за 60-годишниот маратонец и доктор по спортска медицина, Бошко Илиев од Кавадарци, да направи несекојдневен спортски подвиг – да го преплива езерото во должина од 4 километри, по кружна патека.

Подвигот траеше 1 час, 37 минути и 8 секунди, а за успешната реализација д-р Илиев доби признание од градоначалникот на Општина Прилеп, г. Борче Јовчески.

Д-р Илиев, кој со пливачки маратони активно се занимава од 2001 година, подвигот го реализираше како дел од неговата лична мисија – промоција на природните убавини на Македонија и здравиот начин на живот. Прилепското Вештачко езеро е 21-то езеро што го има препливано во земјава, а ова му е вкупно 168-ми маратон, реализиран во 14 држави на Балканот.

„Имав огромна желба да го препливам Вештачкото езеро и тоа ми се оствари, благодарение на логистичката поддршка од Општина Прилеп, градоначалникот и моите пријатели. Езерото е прекрасно – со чиста, мирна вода и убава природа. Сакам да ги препливам сите езера во Македонија. Остануваат уште неколку. Целта ми е преку спортот да ги афирмирам нашите природни ресурси и да поттикнам развој на туризмот,“ – изјави Илиев.

Прилепското Вештачко езеро се наоѓа на само 5 километри од градот и претставува значаен туристички и рекреативен капацитет. Изградено е во 1967 година како акумулација за наводнување и технолошка вода. Максималната должина му е 1,5 километри, а најголемата ширина 600 метри. Езерото зафаќа површина од 0,55 km², со вкупна запремнина од 6 милиони кубни метри вода.

Општина Прилеп изразува благодарност до д-р Бошко Илиев за неговата посветеност и за афирмацијата на природните убавини на нашиот регион. Подвигот претставува мотив плус за развој на спортскиот и еко-туризмот во Прилеп и пошироко.

(Фото галерија) Ристески денеска во Велес и Неготино: Интересот за владините мерки од Оперативниот план огромен, пристигнати над 3.200 апликации

По Прилеп, Кавадарци, Струмица и Битола, денеска информативни денови за презентирање на мерките од Оперативниот план за вработување за 2025 година денес се одржаа во општините Велес и Неготино.

Пред жителите на општините Велес и Неготино Заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески, заедно со претставници од Агенцијата за поддршка на претприемништво и Агенцијата за вработување ги презентираа мерките од Оперативниот план, со акцент на трите подмерки од мерката за самовработување (претприемништво), каде јавните повици се објавени и сите заинтересирани можат да аплицираат до 20 јуни.

Во рамки на посетата на општината Велес, на присутните им се обрати и ги пренесе своите искуства од користењето на мерката за самовработување (претприемништво) Александра Карагирова, специјален едукатор и рехабилитатор. Таа преку користењето на оваа мерка во 2019 година го отвора Центарот за стимулација, раст и развој „Старс“, прв приватен центар од овој вид во вардарскиот регион кој нуди дефектолошки, логопедски и неурофидбек третмани.

Градоначалниците на Велес, Марко Колев и Неготино, Горан Стојанов ги повикаа жителите на овие општини да ги искористат поволностите од оваа мерка, како и од останатите мерки од Оперативниот план и да аплицираат на некој од јавните повици.

Заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески потенцираше дека интересот за мерките е огромен, а заклучно со крајот на изминатата недела примени се над 3200 апликации.

Трагедиja на патот Прилеп-Битола, загина 49-годишен прилепчанец: Го туркал велосипедот, па на него налетал автомобил

-На 15.06.2025 околу 21 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Битола, патничко возило „рено“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Т.Д.(51) од с.Галичани, прилепско, удрило во М.Б.(49) од Прилеп, кој туркал велосипед. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.Б., констатирани во Општа болница Прилеп, каде што подоцна им подлегнал на повредите. Лекар констатирал смрт, а увид извршила увидна екипа од ОВР Прилеп и јавен обвинител, по чија наредба, телото на починатиот било дадено на обдукција – информираат од СВР Битола.

Вojната помеѓу Иран и Израел почна да си го прави своето? Од полноќ поскапување на горивата во Македонија

Цените на горивата од вечерва на полноќ се зголемуваат, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

ЕУРОСУПЕР 95, ЕУРОСУПЕР 98+ и ЕУРОДИЗЕЛ поскапуваат за 1,5 денари.

Според новите цени, ЕУРОСПУЕР 95 од утре ќе се продава по цена од 76 денари по литар. ЕУРОСУПЕР 98+ од утре ќе чини 78 денари по литар. ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по 67,5 денари.

Поевтинува цената на Екстралесното масло за домаќинство за 1 денар, и од утре ќе се продава по 67,5 денари. Цената на мазутот поскапува за 1,3 денари, и од утре ќе чини 39,8 денари по килограм.

Словенечки компании повторно доаѓаат во Прилеп – Учествувај на настанот “Живот и работа во Словенија”

За сите заинтересирани за живот и работа во Словенија, Заводот за вработување на Република Словенија ги организира истоимените настани, оваа недела, од 16-ти до 19-ти јуни, во Куманово, Прилеп и Охрид.

На настаните, покрај претставниците на Заводот за вработување, ќе учествуваат и истакнати словенечки работодавачи, од различни дејности како: производство, градежништво, транспорт и логистика, туризам и угостителство, здравство и социјална грижа и од други области.

Целта на настаните е да се презентираат актуелните потреби на работодавачите и притоа на сите оние кои бараат работа да им се обезбедат веродостојни информации за условите за работа и живот во Словенија.

Настаните ќе се одржат од 10 до 17 часот во:

  • Куманово, на 16-ти јуни (понеделник) – ресторан „Палас Гарден“,
  • Прилеп, на 17-ти јуни (вторник) – хотел „Кристал Палас“,
  • Охрид, на 19-ти јуни (четврток) – хотел „Метропол“.

Улогата на Заводот за вработување на овие настани е да ја зајакне информираноста на работниците, односно да го подобри нивниот пристап до информации за правата, постапките за вработување, законодавството и сл.

Групните презентации на сите локации ќе се одржуваат двапати дневно: во 12:00 и во 15:00 часот. Исто така, ќе биде овозможено и индивидуално советување со консултантите на Заводот. Претходна резервација за присуство на настаните не е потребна.