дома блог страница 484

Победа непоразена против фаворитот за Прва лига – Дожд, лизгав терен и цврста игра денеска во Прилеп

Пред бројна публика, на дожд и лизгав терен, фудбалерите на Победа успеаја да освојат бод на дуелот против фаворитот за пласман во Прва лига, екипата на Башкими од Куманово.

Резултатот 0:0 не го отсликува натпреварот на кој имаше убави шанси на двете страни, но и цврстина и одлична игра.

Се истакнаа двајцата голмани, Николоски и Јашар, а во 59. минута од натпреварот одекна долг аплауз во чест и сеќавање на 59-те жртви од трагедијата во Кочани.

Во наредното коло црвено-белите повторно играат на домашен терен. Во Прилеп доаѓа екипата која им дише во врат со бодови, Вардар од Неготино.

За потенцирање е и тоа што парите од влезниците за овој натпревар, ќе бидат донирани за семејствата на загинатите и повредените во кочанската трагедија.

ТАБЕЛА:

Македонија ЃП 49
Башкими 49
Брегалница 47
Арсими 42
Скопје 34
Детонит 32
Саса 32
Охрид 32
Кожуф 31
Беласица 31
Победа 23
Новаци 23
Вардар Н. 21
Осогово 17
Борец 10
Вардарски 8

Вардар славеше во Битола во дербито на колото

Вардар попладнево го победи Пелистер со 3:1 во дербито на 25. коло на Првата македонска фудбалска лига.

„Црвено-црните“ до триумфот на тешкиот терен дојдоа со двата гола на Мато во последните 15 минути, откако на полувреме резултатот беше нерешен 1:1.

Другите средби од ова коло се играат в понеделник. Двојките се:

Гостивар – Воска Спорт
Работнички – Беса
Шкендија – Брера
Силекс – Тиквеш
Струга – Шкупи.

Табела: Шкендија 50 бода, Силекс 48, Работнички 45, Гостивар 44, Струга 38, Шкупи 31, Пелистер 29, Вардар 25, Тиквеш 21, АП Брера 21, Беса 21, Воска 19.

Благодарение на “Комфи Ангел” значително подобрени условите во прилепска хирургија (ФОТО)

Со донација на компанијата “Комфи Ангел”, значително се подобрија условите во хируршкото одделение во прилепската болница “Борка Талески”.

Станува збор за донација на 50 јоргани, 50 перници, 50 долни чаршави и 50 навлаки, нови постелнини кои се секогаш неопходни во здравствените установи.

Од болницата упатија благодарност за хуманоста и општествената одговорност на компанијата и порачаа дека оваа донација ќе придонесе за подобрување на удобноста и условите за пациентите.

-“Комфи Ангел”, ви благодариме што сте наш сигурен партнер во грижата за здравјето и хуманоста – напишаа од болницата на социјалните мрежи.

Кој пости, во ресторан Beer ti & ja душата си ја гости (ФОТО)

На самиот влез во Прилеп од страната за Скопје, во непосредна близина на бензиската пумпа “Макпетрол”, се наоѓа најмераклиското место во градот под Марковите Кули. Ресторан BEER TI & JA веќе цела година е магнет и главна дестинација за сите гурмани и вљубеници во вкусот на традицијата.

Богата понуда на македонска традиционална храна, пријатен амбиент, културен и искусен персонал, ресторан каде ќе добиете комплетна услуга од А до Ш.

Со цел да излезе во пресрет на сите нивни ценети гости, тимот на ресторанот подготви неодоливо посно мени, кое ќе им се допадне на сите оние кои деновиве до Велигден ги поминуваат во пост.

Риба и рибини специјалитети,  грилован зеленчук, посни додатоци, салати и популарното македонско ТАВЧЕ ГРАВЧЕ, се само дел од богатото мени кои можете секојдневно да ги дегустирате.

За квалитетот да не правиме муабет, зајрето секогаш пресно и квалитетно, секој кој пробал ќе ви потврди.

Кој рече дека вистински гурман и вљубеник во македонска храна, не може убаво да се нагости и со посна храна?

Повелете во ресторан Beer ti & ja!

 

 

Мицкоски и Ристески на средба со струмичани – испратени моќни пораки

Премиерот Христијан Мицкоски, придружуван од Заменик министерот за економија и труд, синоќа беа на состанок со Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Струмица.

-Заедно со народот, да ги ангажираме сите капацитети, заедно да го рестартираме системот. Подготвени за промени и подобра иднина, напиша Мицкоски на Фејсбук.

-Потребно е ангажирање на сите капацитети, само заедно можеме да го рестартираме системот, само заедно можеме да воведеме промени и подобра иднина – порача на социјалните мрежи Ристески.

Вечерва ги поместуваме стрелките на часовникот: Почнува летното сметање на времето

Летното сметање на времето започнува оваа година на 30 март, ноќта меѓу сабота и недела.

Тоа значи дека на 30 март во 02:00 часот, часовниците ќе се поместат во 03:00 часот, односно еден час понапред.

Менувањето на часовниците секоја година привлекува големо внимание, дури и сега кога сè е главно автоматски и не треба да размислуваме дали некаде ќе задоцниме затоа што заборавивме да ги смениме часовниците. Но, тоа сепак може да влијае на нашите планови (промени во сообраќајот, спиењето, работата), а исто така знаеме дека префрлањето на летно сметање на времето носи одредени здравствени ризици.

Иако со години се зборува за престанок на менувањето на часовникот, сегашниот распоред сè уште не држи во ритамот на две промени годишно – пролет и есен.

Летното сметање на времето секогаш започнува на крајот на март, точните датуми се менуваат, а оваа година го поместуваме часовникот нанапред на 30 март или утре во 2 часот по полноќ. Тоа значи дека ќе изгубиме еден час сон, но вечерите ќе бидат подолги.

Ќе се вратиме на зимско сметање на времето на 26 октомври, а потоа ќе ги поместиме часовниците наназад – од три во два наутро. Тогаш ќе спиеме еден час, но деновите ќе бидат пократки.

Историја на временските промени: Летното сметање на времето беше воведено од Бенџамин Френклин во 1784 година како дел од планот за заштеда на енергија, верувајќи дека луѓето ќе користат помалку светлина и енергија во летните месеци доколку ја искористат предноста од повеќе дневна светлина.

Сепак, посериозно спроведување на летното сметање на времето започна во Првата светска војна, кога многу европски земји, вклучително и Велика Британија, ја прифатија практиката за заштеда на енергија за време на војната.

Летното сметање на времето за првпат беше воведено од Германија во 1916 година, а неколку недели подоцна и од Велика Британија.

И двете беа во екот на Првата светска војна и за нив беше многу важно најдобро да ја искористат дневната светлина и да го зачуваат јагленот.

Следната година тоа го направи Русија, а во 1918 година САД. Меѓутоа, во мирнодопски услови, тоа не се одржа во Америка.

Под притисок на земјоделците, американскиот претседател Вудро Вилсон набрзо го укина летното сметање на времето, наведувајќи дека земјата се враќа во „божјото време“.

За време на Втората светска војна, летното сметање на времето повторно стана задолжително, а по војната многу земји продолжија да го користат.

Во САД, практиката на летно сметање на времето стана задолжителна во 1966 година со Законот за стандардно време, додека европските земји го воведоа во 1970-тите.

Денес, многу земји ширум светот сè уште практикуваат летно сметање на времето, додека некои земји, како Русија, Аргентина и Јапонија, ја немаат усвоено оваа практика.

Интересно, се зголемува дебатата за тоа дали менувањето на времето е сè уште корисно, бидејќи се покажало дека прави повеќе штета отколку добро во некои случаи, особено поради неговото влијание врз здравјето.

Уметникот Милко Нестороски, синоќа пред прилепчани се претстави со изложбата “Сувенир” (Фото галерија)

Уметникот Милко Нестороски, синоќа пред прилепчани се претстави со изложбата “Сувенир”, на која се изложени дела изработени од природни предмети.

-Делата ги нареков сувенири будејќи претставуваат спомени од природата. Раскажуваат за изобилството на форми на природата и убавината која може да биде пронајдена во нив, од која се повеќе денешното општество е оддалечено, а ја конзумира естетиката на масовно произведените предмети, па и сувенири – вели уметникот, кој живее и твори во Струга.

Им одржа лекција како се прави пица, и тоа во италијанската метропола: Македонец освои два медали на Светскиот пица шампионат

На светскиот пица шампионат што се одржа во Рим, Италија, кавадарчанецот Глигор Каров, како дел од македонската пица репрезентација освои два бронзени мeдали што претставува најголем успех досега за Македонија.

Глигор се натпреваруваше во две категории: римска пица и пица Наполетана Стг, која се смета за најтешка категорија.

Ова е голем успех за Глигор и за Македонија, бидејќи во главниот град на Италија успеа да влезе меѓу тројцата најдобри пица мајстори во светот, а на натпреварот учествуваа повеќе од 200 натпреварувачи од целиот свет .

Да му посакаме среќа и мирна рака! Владимир Ѓорѓиески од Прилеп ќе ја претставува Македонија на најпрестижниот билијард турнир во Естонија

Прилепчанецот Владимир Ѓорѓиески и репрезентативец на Македонија во билијард, е пред нов голем предизвик во кариерата.

Освојувачот на бронзениот медал од последното Европско првенство, ќе настапи најпрестижниот континентален самит кој ќе се одржи во Талин, Естонија, каде ќе се натпреварува во категорија на спортисти со хендикеп во сите три дисциплини.

„Да му посакаме многу среќа, мирна рака и голем успех на нашиот репрезентативец Владимир Ѓорѓиески, кој во период од 29.03 до 09.04, ќе се натпреварува со најдобрите играчи на најпрестижниот континентален самит кој ќе се одржи во Талин, Естонија. Уживај во играта и играј од срце за Македонија“, порачаа од Билијард федерацијата на Македонија.

УХМР со најнова прогноза- еве какво ќе биде времето до четврток

Продолжува периодот на променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд, особено во попладневните часови.

Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд (за кратко време над 15 л/м2), појава на грмежи и засилен ветер.