дома блог страница 483

Златно дете! Димитар е дете од прилепско, а живее во Германија – викендов освои прво место на силен турнир во К-1 (ФОТО)

12-годишниот Димитар Лазарески е момче кое потекнува од прилепско Секирци, а сега заедно со неговото семејство живеат во Германија.

Димитар е врвен спортист, а тоа го покажа и викендов кога настапи на традиционалниот турнир BAYERISCHE MAJSTARSCHAFT, во германскиот град Регенсбург, каде во кик-бокс К-1 категорија го овои првото место.

Во финалната борба за златото, противник на Димитар беше момче од Сирија, но нашето дете покажа поголема цврстина, а првото место на пиедесталот Димитар го прослави со виорење на македонското сонце од Кутлеш.

Честитки за младиот борец и желби за уште поголеми успеси во иднина!

Немаме право на грешка! Македонија вечерва против Литванија за нов пласман на Европско првенство

Македонската машка ракометна репрезентација вечерва против Литванија го игра решавачкиот меч за пласман на Европското ракометно првенство.

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров во мечот чиј почеток е закажан за 18 часот мора да ги освојат двата бода и со победа од два гола разлика сигурно ќе го освојат второто место во групата што значи и ново учество на континенталните шампионати.

Македонија е апсолутен фаворит во овој дуел, но нашите ракометари тоа треба да го докажат и на теренот. Сепак и покрај сите проблеми околу составувањето на тимот,

Лазаров со своите избраници со поддршка од трибините треба да стигне до посакуваната победа и потврда на уште едно учество на големите натпреварувања.

Натпреварот почнува во 18 часот и се игра во салата на СЦ Јане Сандански.

Ниту опасна ограда од 2 метра, не е пречка во Прилеп за да се крадат цвеќињата во туѓи дворови (ФОТО)

-Лопови имало и ќе има,макар има опасна ограда од 2 метри. Важно тој да има цвеќиња дома, ако нас ршум ни ја направи градината, напиша на социјалните мрежи директорот на ООУ “Климент Охридски” Прилеп, Ахил Јаков, кој објави фотографии од постар човек како краде цвеќиња од училишниот двор.

Училишниот двор во оваа училиште важи за еден од најубаво уредените, не само во Прилеп, туку и во целата држава. Парковите, цвеќињата и раскошното зеленило, се гордост како на учениците, така и на вработените. Но, се чини дека помеѓу нас се’ уште има такви, кај кој не работи свеста за она што се вика општо добро.

Нека му биди за ум и нему и на секој како него!

Кожуф однесе три бода од Прилеп – Победа го одигра последниот домашен натпревар за сезонава

Фудбалерите на Победа попладнево го одиграа последниот овосезонски натпревар на домашен терен. На градскиот стадион “Гоце Делчев” во Прилеп гостуваше екипата на Кожуф од Гевгелија, која забележа 3 бода.

Гевгеличани погодија преку Сашо Дуков и Петар Гугуљанов во 63. и 68. минута, а прилепчани го ублажија поразот со убав гол на Јасин Казимоски.

Победа остана во долниот дел на табелата со 32 освоени бода, а во последното коло ќе гостува кај Детонит во Радовиш.

На дното од табелата веќе е се’ јасно. Борец и Вардарски се селат еден ранг подолу, а Осогово ќе игра плеј-аут.

72-годишен битолчанец крадел засилувачи за интернет од згради – извршил повеќе кражби

-Денеска (10.05.2025) околу 04 часот, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола на ул.„Васко Карангелевски” во Битола го лишиле од слобода Б.М.(72) од Битола.

По преземени мерки, тој бил фатен на местото на настанот додека извршувал кривично дело „тешка кражба“, а осомничен е за пет кривични дела „тешка кражба“ затоа што одзел засилувачи на интернет, сопственост на „А1 Македонија“, а поставени на згради во Битола.

Лицето е лишено од слобода и по документирање на настанот ќе следува кривична пријава – информираат од СВР Битола.

Во Прилеп оддадена почит на Ненад Серафимоски, припадникот на “Тигрите” кој трагично загина во борбите во “Диво Насеље”

Делегации предводени од градоначалникот и претседателката на Советот на општина Прилеп, семејството и припадниците на безбедносните сили, вчера на 9. мај, положија свежо цвеќе пред споменикот на Ненад Серафимоски пред Основниот суд во Прилеп, припадник на елитната единица „Тигри“, кој го положи својот живот за татковината во трагичните настани во Диво Насеље во 2015 година.

-Заедно со семејствата, соборците, претставници на политички партии и наши сограѓани, оддадовме почит за хероите кои загинаа храбро бранејќи ја Република Македонија. Нивната жртва е втемелена во нашата историја и претставува опомена дека слободата и безбедноста се стекнати со највисока цена — човечките животи. Нека е вечна славата на паднатите херои! Нивната храброст никогаш нема да биде заборавена – напиша градоначалникот Јовчески.

Ширел страв со нож на “Широк сокак”: Лишен од слобода 36-годишен битолчанец

-Во текот на вчерашниот ден (09.05.2025) на ул. “Св.Кирил и Методиј” во Битола полициски службеници го лишија од слобода М.Ш.(36) од Битола, затоа што претходно, пред угостителски објект на ул. “Широк сокак” со остар предмет се заканувал кон 41-годишен државјанин на Австралија.

По документирање на случајот, против М.Ш. ќе биде поднесена кривична пријава за загрозување на сигурноста со опасно орудие при тепачка или караница – информираат од СВР Битола.

Во ликовната галерија на НУЦК “Марко Цепенков”, oтворена изложбата “Булки” на фотографот Милан Темелкоски (ФОТО)

“Булки”е изложбата на фотографии од Милан Темелкоски, отворена синоќа во Ликовна Галерија Прилеп од НУЦК”Марко Цепенков” во Прилеп.

Фотографот Темелкоски, се претставува со фотографии на кои се овековечени неговите фото впечатоци од булките, кои се наоѓаат по полјаните.
Изложбата ја отвори Ивана Темелкоска, графички дизајнер, која посочи дека,Темелкоски покажува дека фотографијата не е само технологија, не е само “убав кадар”, туку начин да се забележи и почувствува мигот таков каков што е.

-“Булки и сенки” е поделена во два дела што на прв поглед изгледаат сосема различно, ама всушност имаат многу заедничко.
И едните и другите фотографии не потсетуваат колку светлината, природата и моментот што го живееме се важни-и колку често не ги забележуваме додека некој како Темелкоски не ни ги “турне” пред очи….Овие фотографии се сведоштво дека нешто толку обично, толку “наше” може да биде величенствено кога ќе му дадеме време да го видиме со вистинските очи. Фотографиите се омаж на природата околу нас, но и на тие невидливи пејзажи во нас-она што не секогаш ги артикулираме, ама ги носиме длабоко. А, сенките се тивки придружници што понекогаш знаат да бидат позборливи од самиот објект
– рече Ивана Темелкоска, на отворањето на изложбата.

Кај немаме нормална спортска сала, и таа што пречекува екипи од Лига шампиони нема светла (ФОТО)

Kај немаме ниту една голема спортска сала во функција, па не ги одржуваме ниту училишните… Фоторграфиите се од училишната спортска сала во СОУ “Ристе Ристески-Ричко”, објект каде РК Прилеп ги игра домашните натпревари во ракометната Супер лига, но и објект каде учениците од ова училиште одржуваат настава по физичко образование.

Тука гостуваат и ѕвездените екипи на Вардар и Еурофарм Пелистер, тука Прилеп и оваа година се бори да обезбеди опстанок во елитното ракометно друштво.

Спортистите и учениците велат во спортската сала не работат најголем дел од рефлекторите, а видливоста во салата е на минимум. Условите за тренинг во вакви услови се лоши, па апелираат до службите на улилиштето проблемот да се реши во најбрз рок.

Маркукуле и во минатото реагираше за ваков проблем, тогаш во спортската сала на средното економско училиште, каде по нашите апели, службите во училиштето проблемот го решија во најбрз рок.

Завршена изградбата на капелата на старите градски гробишта во Прилеп (ФОТО)

Конечно дојде крајот на долгогодишните напори и заложби за изградба на капела на старите градски гробишта во Прилеп, објектот сега е ставен во употреба.

-Капелата денес, на симболичен начин, беше предадена од страна на Здружението за заштита и обнова на старите градски гробишта Прилеп и Варош на Локалната самоуправа. Во името на Општина Прилеп упатувам искрена и длабока благодарност до членовите на Здружението, кое е основано во 1992 година и активно делува од 1998 година. Нивната упорност, визија и посветеност во изминатите децении резултираа со реализација на сите поставени цели — вклучувајќи го и овој значаен објект. Вашата општествена одговорност е пример за сите нас.
Остануваат уште неколку административни постапки кои треба да се довршат од страна на Локалната самоуправа и ЈКП „Комуналец“, по што објектот ќе биде официјално ставен во функција
– напиша на социјалните мрежи градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески.