дома блог страница 3270

Краток љубовен хороскоп за ова лето: Еве што го очекува секој хороскопски знак на љубовно поле

Какви изненадувања им приредуваат ѕвездите на хороскопските знаци ова лето?

Овен

Ве очекува летна авантура со личност која ќе ја запознаете на летен одмор, но никогаш нема да ја видите повеќе.

Бик

Ова лето ќе бидете сурови кон некоја личност која очајно ќе се труди да ве освои. Ќе прекинете секаква комуникација.

Близнаци

Ова лето носи убава романтична врска за вас.

Рак

Ќе се трудите цело лето да импресионирате една личност која ви се допаѓа. Се е супер, само ќе треба да бидете искрени и директни.

Лав

Ќе запознаете толку многу луѓе на кои ќе им се допаѓате, но вашето срце ќе припадне само на една од нив.

Девица

Најверојатно ќе се смирите со некоја личност од минатото.

Вага

Ќе запознаете личност која ќе ви помогне да заборавите бивша љубов.

Шкорпија

Ќе бидете во интересна авантура, која ќе се претвори во врска само ако вие сакате.

Стрелец

Ќе запознаете и ќе се заљубите во погрешна личност.

Јарец

Ќе работите премногу, така што ќе заборавите на љубовта.

Водолија

Ќе ви се допадне многу личност која нема да сака ништо сериозно.

Риби

Ќе запознаете совршена личност за љубов.

Од денеска барајте сенка и разладување: Температурите ќе се искачат и до 33 степени

Денеска ќе преовладува сончево и топло време, со мала до умерена облачност. Попладне во крајните источни делови ќе има услови за краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде помеѓу 10 и 16, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени. УВ индексот ќе има вредност 9, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје сончево и топло време, со мала до умерена облачност. Температурата ќе се движи од 13 до 30 степени.

Во Прилеп слично време со температури од 13 до 28 степени.

Под влијание на топла воздушна маса од југ во наредните денови следува период на значително потопло време. Локално во попладневните часови ќе има краткотраен пороен дожд проследен со грмежи и услови за изолирана појава на град.

Оглас за прием на 125 вojници во АРМ: Ова се условите

Министерството за одбpана објави јавен оглас за прием на нови 125 професионални вojници на служба во Apмијата на Република Македонија за работа на определено работно време.

Тие ќе се вработат со договор за вработување во времетраење од три години со можност за негово продолжување повеќе пати, но најмногу до навршување на 45 години возраст.

За да можат да се пријават на огласот лицата треба да се државјани на Македонија, да имаат завршено најмалку средно образование, да имаат доброволно отслужено вoeн рок и да не се постари од 25 години на денот на завршување на објавениот оглас.

4. Платата изнесува од 21.000,00 денари до 24.000,00 денари.

5. Лицата кои се здравствено осигурани и ќе приложат потврда издадена од матичен лекар за поседување на општа здравствена способност кон пријавата за прием на кандидати за професионални војници на служба во Армијата, нема да подлежат на почетни проверки за поседување на општа здравствена способност.
Лицата кои не се здравствено осигурани и согласно тоа, не се во можност да достават потврда од матичен лекар за поседување на општа здравствена способност кон пријавата за прием на кандидати за професионални војници на служба во Армијата, ќе бидат испратени на проверка на општата здравствена способност на Институтот за физиологија при Клинички центар – Скопје.

6. Во постапката за избор, проверката на физичката и здравствената способност на кандидатите за професионални војници на служба во Армијата, ќе биде извршена од страна на посебни комисии формирани од министерката за одбрана.
Кандидатите ќе подлежат на тестови за проверка на физичката подготвеност согласно Правилникот за начинот на одржување и проверка на физичката способност на активниот воен персонал на служба во Армијата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.170/16) достапен на следниот линк: http://mod.gov.mk/wp-content/uploads/2018/07/Pravilnik-za-fizicki-proverki-.pdf.

7. При вработувањето ќе се води сметка за соодветна и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници со почитување на критериумите на стручност и компетентност.

8. Воедно, Министерството за одбрана ги повикува и охрабрува девојките и жените кои ги исполнуваат условите да се пријават на јавниот оглас за прием на професионални војници во Армијата на Република Северна Македонија.

9. Со избраните кандидати ќе се склучи договор за работа на определено време со времетраење на договорот од 3 (три) години, согласно точка 1 од овој оглас.

10. Јавниот оглас за прием на професионални војници ќе трае 15 дена од денот на објавување во најмалку два дневни весници од кои најмалку во еден од весниците што се издаваат на македонски јазик и еден од весниците што се издаваат на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик и интернет страната на Министерството за одбрана.

11. Кандидатите за професионални војници на јавниот оглас може да се пријават преку електронска пошта во Министерството за одбрана [email protected] со пополнување на образецот Пријава за кандидати за професионални војници на служба во Армијата. Пријавата може да се превземе од интернет страната на Министерството за одбрана www.mod.gov.mk.
Кандидатите за професионални војници на јавниот оглас може да се пријават и во Одделенијата за одбрана на Министерството за одбрана во или блиску до местото на живеење.

12. При пријавувањето на јавен оглас, кандидатите треба да ги приложат следните документи и податоци:

  • Пријава за кандидати за професионални војници на служба во Армијата (образецот е достапен на интернет страницата на Министерството и во Одделенијата за одбрана);
  • Своерачно пополнет Прашалник со изјава за морална, материјална и кривична одговорност за точноста на дадените податоци (образецот е достапен на интернет страницата на Министерството и во Одделенијата за одбрана);
  • Уверение за отслужено доброволно служење на воен рок во Армијата (Уверението се зема во Одделението за одбрана);
  • Фотокопија од документ за лична идентификација (лична карта или патна исправа);
  • Диплома за завршено средно училиште (оригинал или копија заведена на нотар);
  • Потврда издадена од матичен лекар за општа здравствена способност за лица кои се здравствено осигурани, а кој податок се должни да го наведат во пријавата за пријавување на кандидати за професионални војници на служба во Армијата;

13. Некомплетните и ненавремено доставени документи нема да се земаат во разгледување.

14. Кандидатите за професионални војници кои успешно ќе ги поминат сите предвидени проверки по фази, согласно Правилникот за начинот на спроведување на постапка за прием на кандидати за офицери, односно подофицери, професионални војници и цивилен персонал на служба во Армијата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.57/18) и тоа:

  • проверката на податоците кои кандидатите ги изнеле за вистинити, проверката на физичката способност, проверката на здравствената способност, се ставаат на листа за избор и прием на професионални војници на служба во Армијата.

15. Кандидатите за професионални војници кои ќе бидат примени на служба во Армијата на Република Северна Македонија и повикани во Министерството за одбрана за потпишување на договор за работа со себе треба да ги носат следните документи:

  • диплома за завршено средно образование (оригинал или копија заверена на нотар); уверение за државјанство; извод од матична книга на родените; уверение дека не му е изречена мерка за безбедност забрана на вршење професија, дејност или должност (не постаро од 6 месеци); важечка лична карта и 2 (две) фотокопии од лична карта на кои треба да биде напишана општината во која се со место на живеење; трансакциска сметка; ако кандидатот бил во работен однос да достави лист за одјава со затворен датум во фирмата каде работел (образец М-2), или потврда дека не е во работен однос издадена од Агенцијата за вработување.

16. На кандидатите кои нема да бидат избрани по јавниот оглас и нема да засноваат работен однос во Министерството за одбрана како професионални војници на служба во Армијата на Република Северна Македонија, документите со писмено известување ќе бидат вратени преку Одделението за одбрана во местото на живеење, каде што биле поднесени.

Рокот за пријавување е 15 дена.

ВАРДАРОВИТЕ ХЕРОИ И НИВНИТЕ ЛУKCУЗНИ АВТОМОБИЛИ: Дибиров вози ист како Ван Перси, a Самсоненко вистински „ѕвep“!

Ракометарите на Вардар овие денови се вистинска сензација низ цела Европа, не само дома во Македонија.

Иако спортските икони веќе неколку дена се одмораат дома по освојување на шампионската титула, медиумите секојдневно се потсетуваат на хеpoите кои не смее да бидат забоpaвени.

Откако порталот “КУРИР” објави за понежните половини на ракометарите и нивната мотивација, сега пронајдоа што возат Вардаровите хеpoи надвор од теренот.

Сепак очигледно е дека тие своите „лукcyзни“ автомобили ги криjaт како нозете змиjaта, па податоците речиси и да не се достапни на интернет, ниту пак на нивните приватни социјални мрежи.

Сепак според фотографиите од минатото највоодушевувачки луксузен ѕвep вози Тимур Дибиров.

Имено Дибиров кој е познат по тоа дека е страстен љубител на скапи и брзи автомобили, тој до неодамна возеше Ауди А7, а во моментов вози Порше-панамера кое изнесува околу 80.000 евра.

Освен за единствениот ракометар кој на Инстаграм не го кpие својот автомобил, достапни информации единствено најдовме и за сопственикот на клубот, Русинот Сергеј Самсоненко кој вози модел од класата на Порше Кајен, вредно околу 100.000 евра.

(Фото) Само 10% од луѓето ја пронајдуваат разликата за помалку од 5 секунди: Дали сте и вие едни од нив?!

Доколку сакате загатки, веруваме дека ќе уживате во ова.

Имено на сликата се наоѓаат неколку парови, но еден од нив се разликува од останатите.

Погледнете ја добро фотографијата и обидете се да го пронајдете за помалку од 5 секунди.

Девојки по бикини ќе продефилираат утре на плоштадот “Македонија” во Скопје

Утре, 07.06.2019, со почеток во 12.00 часот на плоштад “Македонија” (веднаш до Дистрикт бар и кичен) во Скопје, ќе се одржи модна парада за позитивна слика на телото насловена „Горда што сум своја“ каде што жените без разлика на големината, висината, кожата, ќе излезат само во костими за капење со цел да ги убедат жените и мажите да ги „соблечат сите видови на предрасуди“.

Настаните од ваков тип често оддекнуваат во јавноста затоа што им овозможуваат на луѓето да се исполнат со самодоверба и моќ.

“Младите шампиони за жал ќе гледаат второлигашки фудбал во Прилеп”

Градоначалникот Илија Јованоски денеска во својот кабинет ги прими пионерите на ФК „Прилеп“, кои станаа државни прваци за генерацијата играчи родени 2009 година.

Честитајќи им на успехот, градоначалникот Јованоски истакна дека е горд што во тековната 2019 година, освен пионерите на ФК „Прилеп“ и други прилепски екипи, во различни спортови се искачија на победничкиот пиедестал, освојувајќи признанија за државни шампиони или вицешампиони.

Тренерот и воедно претседател на ФК „Прилеп“, Тони Наумоски потенцираше дека патот до титулата не бил ниту лесен, ниту едноставен. На освоената шампионска титула и’ претходеше освојување на првото место во Регионалната лига, за да потоа на завршниот турнир во Скопје на кој настапија најдобрите 8 екипи од осумте региони, со 4 победи во исто толку натпревари, се стигне до титулата државен првак.

Овие млади фудбалери се искра во целото сивило кое на фудбалки план се случува во изминатиот период во Прилеп.

Жално е тоа што прилепската спортска јавност од наредната сезона ќе мора да се помири со фактот што одново ќе гледа второлигашки фудбал. ФК Победа наместо на врвот каде ветуваше актуелниот градоначалник, заврши последна во Првата македонска лига и наредната сезона силите ќе ги одмерува со Брегалница, Беласица, Осогово, Тиквеш….

Прогноза на познат европски метеоролог: Пekoлни горештини во Европа, а Балканот “ќе ја плати цената”

На Балканот му се закануваат силни бypи, кои би можеле да бидат способни и да создадат тopHaда, а од Запад доаѓа пekoл, ја пренесуваат прогнозата на Акуведр, хрватските медиуми.

Имено, како што се пишува, Акуведр за летото оваа година во Европа предвидува дека тоа ќе биде исклучително топло, ако не и со опасни продори на „жестоки бypи“. Во извештајот се наведува дека и подрачјето на долготрајни гopeштини ќе се протега од Португалија и Шпанија до Полска и Унгарија.

-Гopeштината ќе биде подолгорајна од претходното лето кога рекордни температури се мерени во делови на Португалија, Белгија, Холандија, Германија и Скандинавија, но траеле, генерално, околу седум дена-напишал Ерик Лестер, еден од метеоролозите на Акуведр .

Тој наведува дека температури повеќе од 38 степени може да се очекуваат на потегот од северна Франција, Белгија, Холандија, кон Полска, Словачка и Унгарија.

Друг метеоролог Taјлер Ројс вели дека температури повеќе од 40 степени би можеле да се очекуваат во делови на источна и јужна Франција, а дека најлошо ќе биде во Португалија и Шпанија, каде е можно неколку дена по ред температури од 43 степени и повеќе.

Сепак, тропските гopeштини нема да ја зафатат цела Европа. Една од нив е и Скандинавија.

Гopeштините не би требало да бидат исклучок и на Балканот, но со многу „лоша цена“: на потегот од Грција се до Србија и Романија на север, и Бугарија на исток се предвидуваат бypи со грмотевици.

-Овие бypи ќе донесат бројни гpoмови, попл ави и разорни ветpoви со гpaд. Најсилните бypи ќе бидат во состојба да создаваат тopHaда-рекол Ројс.

93-годишен воен ветеран и се додворувал на Меланија Трамп: “Ех, да бев 20 години помлад” (ВИДЕО)

Американскиот претседател, Доналд Трамп, и првата дама на САД, Меланија Трамп, за време на посетата на Обединетото Кралство, присуствуваа на одбележувањето на 75-годишнината од “Денот Д”, или најголемата воена инвазија на сојузничките сили за враме на Втората светска војна врз Нормандија.

Доналд и Меланија Трамп, за време на посетата на Портсмоут, заедно со кралицата Елизабета Втора, се дружеа со воените ветерани, а Томас Кутберт, 93-годишен ветеран, не можеше да одолее кога ја здогледа убавата Меланија.

Томас и упатил комплимет на првата дама на САД со зборовите:

“Убава е зарем не?, искоментирал ветеранот обраќајки му се на американскиот претседател и додаде „Ех, да ве нема вас и да сум 20 години помлад“.

Трамп се насмевнал и ја пружил раката да се поздрави со ветеранот.

„Го можете вие тоа, нема сомнеж, му одговори Трамп.

Вртелешката на Дибиров со која му го заврти умот на голманот од Веспрем избрана за најдобар погодок на Фајнл фор (ВИДЕО)

Вртелешката на Дибиров која во почетните минути од финалето во Лигата на шампиони донесе водство за Вардар од 6:4, е избрана за најдобар погодок на фајнл фор турнирот во Келн.

Дибиров истрча една полу контра, одигра одличен дриблинг и постигна погодок за кој многумина се чудат како ли воопшто му успеа.

Но кога летечкиот Русин е во прашање ова не е ништо ново. Дибиров ја има навикнато публиката на вакви голови, а ова беше уште една врвна мајсторија на странецот со најдолг стаж во Вардар.

“Добро е што летото е тука, затоа што ќе ни треба цело лето за да сфатиме како ова му успеа”, вели коментаторот на ЕХФ во видеото.

Останатите погодоци во топ 5 листата погледнете ги во продолжение: