дома блог страница 3271

Новак покажа уште еднаш колку голем човек е: За џентлменскиот потег на Србинот зборува целата спортска јавност (ВИДЕО)

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ успеа да се пласира во полуфиналето на Гренд слем турнирот “Ролан Гарос”, oткако со 3:0 го победи Александар Зверев.

Она што беше интересно на овој натпревар се случи во првиот сет, кога настана една спорна ситуација. За време на одигрувањето на осмиот гејм, Зверев сервираше, а линискиот судија топчето го виде во аут.

На истата одлука остана и главниот судија, кој се симна од столчето и ја потврди одлуката на својот линиски колега.

На тоа се налути германскиот тенисер кој беше убеден дека топчето завршило во поле. Веднаш потоа и Ѓоковиќ побара од неколку агли да се погледне дали топчето е во аут или не, а потоа и тој самиот одлучи дека сервисот на Зверев бил добар, иако двајцата судии тврдеа дека има аут.

Ваквиот потег на Ноле изнуди овации од публиката во Париз.

Давај парите оти ќе го akтивирам авокадото: Oгpaби банka со штос од цртан филм

47-годишник од Израел ќе биде изведен пред суд за kpaжба на 8.000 евра од две банки во Бершеви, користејќи авокадо.

Тој е поранешен зaтвopeник кој доаѓа од село кое се наоѓа на јужниот дел од Израел. Во банката во трговскиот центар Биг во Бершеви оставил порака со која бара пари.

“Предајте ми ги парите”, е наведено во пораката, пренесува израелски Канал12. Kpaдецот рекол: “Стави му ги парите во ташната оти ќе ја активирам оваа гpaHата”, држејќи авокадо во раката.

По пет дена истиот човек влегол во друга филијала на истата банка, повторувајќи го истиот метод.

Полициjaта го yaпcила по неколку дена.

Шампионот е секаде шампион: Стоилов ги изненади децата во Зоолошката градина во Скопје (ФОТО)

Kaпитенот на Вардар, Стојанче Стоилов, денеска се дружеше со дечиља од социјално ранливи категории во скопската Зоолошка градина. Столе по којзнае кој пат докажа дека е човек со огромно срце.

“Европскиот шампион Стоилов е секогаш тука за децата и животните ❤️ Со заедничка изложба на ликовни дела на деца од социјално ранливи и маргинализирани категории, здружението СУПОРТИВА го заокружи проектот кој во текот на мај го реализираше во скопската зоолошка градина. Во посета и дружба со дечињата, дојде и Столе”, напишаа од Зоолошката градина на Фејсбук.

Следната недела неработен ден – За следниот ќе чекаме со месеци

По неработниот ден за Бајрам кога одморивме, следи нов неработен ден идната недела, воедно и продолжен викенд.

Следен неработен ден е 14. јуни петок е празникот Духовден, кој е исто така неработен ден, па со викендот после него се добиваат три слободни дена. Ова се неработните денови до крајот на годината:

За сите граѓани на РМ

02 август (петок), Ден на Републиката
08 септември (недела), Ден на независноста, односно 09 септември (понеделник) е неработен ден
11 октомври (петок), Ден на народното востание
23 октомври (среда), Ден на Македонската Револуционерна Борба
08 декември (недела), „Св. Климент Охридски“ односно 09 декември (понеделник) е неработен ден
За граѓаните од православна вероисповед

14 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден
28 август (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)

За граѓаните од католичка вероисповед

01 ноември (петок), Празникот на сите светци
25 декември (среда), првиот ден на Божик

За граѓаните од муслиманска вероисповед

11 август (недела), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

22 ноември (петок), Ден на Албанската азбука

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

09 октомври (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур,

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

28 септември (сабота), Меѓународен ден на Бошњаците,

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

21 декември (сабота), Ден на настава на турски јазик.

(Видео) ЗАЕВ: Јас сум Зоран Заев оптимистот, ме знаете, датум ќе добиеме

Премиерот Зоран Заев денеска изјави оти е убеден дека Македонија ќе добие датум за почеток на преговорите за членство и оти ќе направат се што е во нивна моќ да ја убедат ЕУ дека заслужува датум после се што направи.

Верувам јас сум Зоран Заев оптимистот кој што го знаете и верувам дека ќе го добиеме датумот за преговорите.Соодветно се поставуваме сите институции вклучително и мене. Затоа во сооветно време ќе ги добивате сите информации – вели Заев.

Видео: pressingTV

Пеколни температури од следните денови во Македонија

Под влијание на многу топла воздушна маса од југ која веќе ја зафаќа државава во следните денови температурите ќе бележат тенденција на голем пораст и истите ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33 степени додека во централните и во југоисточните предели истите се очекува да се искачат до околу 35 степени.

Поради релативно високата влажност во воздухот и понатаму времето ќе биде мачно и спарно па така температурите на воздухот ќе се чувствуваат како да се повисоки од реално измерените.

Времето ќе биде сончево со умерена локална облачност додека во попладневните часови се очекува изолиран развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град. Поради многу топлиот бран и УВ индексот ќе бележи голем пораст и ќе има екстремни вредности и тоа од 1о до 11 па така доколку излегувате следните денови задолжително со себе да си понесете заштитна опрема одностно капа и наочари за сонце.

Старите и изнемоштените лица да не претстојуваат на силното сонце долг период и да бидат претпазливи во периодот од 10 до 17 часот.

Изложбата „Пејзажни знаци“ од Давид Атанасоски од утре во ЦК “Марко Цепенков”

Во петок 7.06.2019 во 19.00 часот во ликовната галерија од ЦК„Марко Цепенков“ – Прилеп ќе биде отворена изложбата „Пејзажни знаци“ од Давид Атанасоски

За изложбата

Морфолошката структура на пејзажните знаци како автономна појава со автентична еволуција, како и достапните локални ресурси, картоните, втиснувајќи им ја универзалната димензија се извор за мојата уметничка идејавели авторот.

Оваа ликовна инсталација од ѕидни објекти е генерирана од локалниот био-отпад, трансформиран во галерискиот простор.

Рустикалната обработка на картоните на соодветен начин ја нагласува линијата и формата како елементи на изразување на уметноста. Ритмичното повторување на мотивите силно ја нагласува динамиката, која во голема мера зависи од позиционирањето на формата, бојата, движењето и рамнотежата на композицијата. Оваа модулација дава најкомплексно објаснување на геометриските форми, која од постоењето на овој феномен ѝ дава статус на филозофска категорија идентична со принципот на функционирање на космичкиот поредок и одговара на теоријата на ритмичко повторување на животот што се движи и постојано се менува . Ритам во уметноста е над сите вреди. Тоа е фактор што го прави редот, носи хармонија во хаосот, тој е оној кој е врвен принцип и монитор кој ги регулира сите уметнички елементи.
Биографија

Давид Атанасоски роден во Прилеп 1995 година. Во 2018 година заврши Факултет за ликовни уметности во Скопје, отсек вајарство во класата на професор Исмет Рамиќевиќ, со конзервација и реставрација.

Излезе видео од тепачката на Нејмар со cтapлета (ВИДЕО)

На социјалните мрежи се појави видео на кое наводно Нејмар има вербална и физичка расправија со старлетата Најила Триндаде.

Бразилецот Нејмар дефинитивно има сезона за заборав, а на крај може да заврши и зад решетки. Тој е обвинет од страна на старлетата Најила Триндаде Мендес де Соуза дека ја силувал во хотел во Париз, и веќе е испрашуван од бразилската полиција. Тој потоа во своја одбрана на социјалните мрежи го објави разговорот со Најила и притоа ги прикажа нејзините разголени фотографии. Поради тоа, Нејмар се соочува со петгодишна затворска казна.

Проблемите за Нејмар се зголемија откако, исто така на социјалните мрежи се појави видео од вербалната расправија која потоа прерасна во физичка пресметка помеѓу Нејмар и старлетата.

Најила му удри шлаканица, а тој и зборуваше да не го удира и се обиде да ја одгурне со нозете. Откако се вжешти состојбата, старлетата му се закани на фудбалерот со зборовите „Ќе те удрам. Знаеш зашто? Вчера ме удри и ме остави сама тука“.

Македонскиот бисер Елиф Елмас ќе носи копачки со посебен дизајн на натпреварите против Полска и Австрија (ФОТО)

Mладиот македонски фудбалер, Елиф Елмас, кој деновиве се поврзува со италијанскиот гигант Интер, на натпреварите од Лигата на нации на УЕФА против Полска и Австрија, ќе настапи со уникатни копачки.

Елмас имаше одлична сезона во дресот на турски Фенербахче, па се очекува да настапи на овие два квалификациски натпревари и одново да блесне на теренот.

Груевски на Фејсбук: “Времето почна да покажува кој бил во право” (ВИДЕО)

Никола Груевски, поранешниот премиер кој е во бегство во Будимпешта, се оглаис на социјалната мрежа Фејсбук и сподели видео.

– Времето ќе покаже кој бил во право…,,Вака реков пред две години, во повеќе наврати во мојот говор во парламентот, за повеќе значајни работи, на денот на гласањето на владата на СДСМ. Денес, две години подоцна можам да кажам дека времето веќе почна да покажува… – напиша поранешниот премиер од редовите на ВМРO-ДПМНЕ.