Вртелешката на Дибиров со која му го заврти умот на голманот од Веспрем избрана за најдобар погодок на Фајнл фор (ВИДЕО)

Вртелешката на Дибиров која во почетните минути од финалето во Лигата на шампиони донесе водство за Вардар од 6:4, е избрана за најдобар погодок на фајнл фор турнирот во Келн.

Дибиров истрча една полу контра, одигра одличен дриблинг и постигна погодок за кој многумина се чудат како ли воопшто му успеа.

Но кога летечкиот Русин е во прашање ова не е ништо ново. Дибиров ја има навикнато публиката на вакви голови, а ова беше уште една врвна мајсторија на странецот со најдолг стаж во Вардар.

“Добро е што летото е тука, затоа што ќе ни треба цело лето за да сфатиме како ова му успеа”, вели коментаторот на ЕХФ во видеото.

Останатите погодоци во топ 5 листата погледнете ги во продолжение:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.