Од денеска барајте сенка и разладување: Температурите ќе се искачат и до 33 степени

Денеска ќе преовладува сончево и топло време, со мала до умерена облачност. Попладне во крајните источни делови ќе има услови за краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде помеѓу 10 и 16, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени. УВ индексот ќе има вредност 9, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје сончево и топло време, со мала до умерена облачност. Температурата ќе се движи од 13 до 30 степени.

Во Прилеп слично време со температури од 13 до 28 степени.

Под влијание на топла воздушна маса од југ во наредните денови следува период на значително потопло време. Локално во попладневните часови ќе има краткотраен пороен дожд проследен со грмежи и услови за изолирана појава на град.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.