“Младите шампиони за жал ќе гледаат второлигашки фудбал во Прилеп”

Градоначалникот Илија Јованоски денеска во својот кабинет ги прими пионерите на ФК „Прилеп“, кои станаа државни прваци за генерацијата играчи родени 2009 година.

Честитајќи им на успехот, градоначалникот Јованоски истакна дека е горд што во тековната 2019 година, освен пионерите на ФК „Прилеп“ и други прилепски екипи, во различни спортови се искачија на победничкиот пиедестал, освојувајќи признанија за државни шампиони или вицешампиони.

Тренерот и воедно претседател на ФК „Прилеп“, Тони Наумоски потенцираше дека патот до титулата не бил ниту лесен, ниту едноставен. На освоената шампионска титула и’ претходеше освојување на првото место во Регионалната лига, за да потоа на завршниот турнир во Скопје на кој настапија најдобрите 8 екипи од осумте региони, со 4 победи во исто толку натпревари, се стигне до титулата државен првак.

Овие млади фудбалери се искра во целото сивило кое на фудбалки план се случува во изминатиот период во Прилеп.

Жално е тоа што прилепската спортска јавност од наредната сезона ќе мора да се помири со фактот што одново ќе гледа второлигашки фудбал. ФК Победа наместо на врвот каде ветуваше актуелниот градоначалник, заврши последна во Првата македонска лига и наредната сезона силите ќе ги одмерува со Брегалница, Беласица, Осогово, Тиквеш….




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.