дома блог страница 3269

Балкан – еден куп држави, иста култура и навика: Подобар пример од ова не може да постои (ВИДЕО)

Изминатите денови циклонот кој беснееше над Балканот предизвика големи поплави во централна Србија. Поројните врнежи во повеќе општини предизвикаа поплавување на стотици куќи, патишта, а дел од реките се излија од своите текови.

Еве како во Нови Пазар се справувале со надојдената вода која исто како кај нас носела тони отпад со себе.

Истиот балкански менталитет вирее насекаде, ништо поразлично, ништо поинаку….

ГИ BP3AЛ COПPУГATA И ЌEPKATA и ги однесол во Пcиxиjaтpиcката болница во Демир Хисар

На 06.06.2019 година во 21.15 часот во СВР Битола било пријавено дека во крушевско село, во куќата сопственост на 65-годишен маж, тој ги врзал неговата ќерка (27) и неговата сопруга (52), по што насилно ги внел во неговото патничко возило и ги однел во Психијатриска болница во Демир Хисар.

65-годишниот маж бил пpивeдeн во Полициската станица Демир Хисар и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Вработени од „Еурокомпозит“: Бараме спас за фабриката, но Анѓушев ни рече ако не го прифатиме неговиот предлог да штрајкуваме колку сакаме

Во вчерашниот централен дневник на 1ТВ изјава дадоа вработени од фирмата „Еурокомпозит“ кои бараат веќе еднаш засекогаш да се реши прашањето со нивните плати, бидејќи владата се што вети ништо досега не исполни.

Нашите барања не се прв пат денеска произнесени. Веќе две години ги кажуваме. А, нашето барање е спас за „Еурокомпозит“. Вработените треба редовно да си земаат плати. Освен за технолошки вишок друго ништо од ветеното не се реши. Не се исплатија опремнини, нема решавање на ништо, нема пензии, нема плата. Оваа влада две години не лаже као сега за 3 месеци, за 6 месеци ќе дојде купец, а сега одеднаш имаме три купци, изјави вработен од „Еурокомпозит“.

Вработен од „Еурокомпозит“ посочи дека на голем ден Спасовден се случи она врв на ароганцијата, врв на лаги од страна на премиерот, имено вицепремиерот Анѓушев рече „Или земете, или ако сакате штрајкувате колку сакате. Од милион ипол евра повеќе нема. Ако сакате останете колку ви е мило или одете си за Прилеп“.

Токму оваа негова изјава ни го крена притисокот и повеќе ги прекинуваме сите разговори со вицепремиерот, истакна вработен од „Еурокомпозит“.

Латас: “Шарената револуција ја предводеле нapkoмани, а Заев им е крив што лидерот им е фатен во тоа”

Вардар е европски шампион. Повторно. Цела Европа ги гледаше македонските знамиња на победничкиот пиедестал, и македонската публика дојдена во Келн за поддршка. Поубава препорака и промоција за Македонија, здравје.

Вардар е чудо. Тим кој не примил плата осум месеци се испрси и победи против оние кои пливаат во пари. Победа извлечена од срцето на тие млади луѓе на кои, во најголем дел, ова им е последен настап за Вардар бидејќи мораат да заминат. Авторот на ова македонско чудо, Сергеј Самсоненко, објави дека не е веќе платежно моќен да го издржува клубот. Дека сите играчи можат да си заминат.

Овие што сега владеат направија се што можат Самсоненко да падне во бизнисот. Да замине, затоа што е Рус што гради руска православна црква а не дивоградба минаре како во Охрид, затоа што не е под нивна контрола, затоа што успехот кој го постигнува со години е заедно со Комитите кои и викендов, во Келн, носеа транспаренти: Македонија секогаш, Северна никогаш… затоа МТВ и не смееше да го пренесува финалето во кое Вардар победи. Да не ги ремети Северџаните.

Останатиот дел од колумната можете да го прочитате ТУКА.

Срушен рекордот на најголема брзина во МОТО ГП: Бесниот Италијанец малку фалеше да полета на патеката (ВИДЕО)

Во пресрет на Големата награда на Италија, Андреа Довициозо на третиот слободен тренинг на патеката „Муџело“ разви страшна брзина и го урна рекордот за наголема брзина откако се вози Мото ГП.

Одберете една свеќа и откријте ја вашата моментална состојба на ум

Едноставно е, но ќе ви ја покаже вашата моментална состојба на ум и може да ви помогне да пронајдете решение за проблемите.

Одберете свеќа.

Црна свеќа- Ние секогаш ја гледаме црната боја како симбол за негативност. Но, оваа боја не е само тоа.Има моќ да ја повика енергијата на луѓето кои веќе си заминале и добри спомени кои се изгубени. Па затоа ја запалуваме оваа свеќа во време на тага, која некои од вас ја чувствуваат во моментот.

Виолетова свеќа- Оваа боја ја симболизира енергијата и внатрешните вибрации. Ако се чувствувате несигурни или вашата самодоверба е на ниско ниво, запалете ја оваа свеќа! Виолетовата свеќа некако може да ги олесни работите, а чувството на олеснување конечно ќе се појави.

Бела свеќа- Белата свеќа е симбол на сѐ она што е чисто – тоа може да биде нашата душа, нашите намери и јаснотијата на нашите цели. Можеби ќе посакате да запалите една ваква свеќа кога ќе се чувствувате изгубени, затоа што може да ги осветли патот и да ве смири.

Сина свеќа- Сината боја ги симболизира нашите физички карактеристики и квалитети. Таа боја се доживува како ладна и мирна и може да ви помогне да го подобрите расположението. Дали сте умствено уморни од сѐ што ќе ви се случува? Запалете сина свежа, таа создава исцелувачка атмосфера.

Зелена свеќа- Ова е бојата која го симболизира опкружувањето на Земјата. Исто така ја симболизира срцевата чакра во индијската медицина. Запалете ја зелената свеќа ако се чувствувате одвоени од убавината на природата.

Жолта свеќа- Жолтата боја обично е поврзана со умствените процесирања. Таа има најголемо влијание врз вашите мозочни сигнали и одговорна е за квалитетот на вашето размислување. Запалете жолта свеќа кога ќе бидете бомбардирани со секакви информации, затоа што тоа може да му даде поголема јасност на вашиот ум.

Црвена свеќа- Во кинеската култура, оваа боја симболизира сѐ што е поврзано со радост. Може да има и други негативни конотации како опасност, но во суштина има многу позитивна вибрација. Користете ја мудро исто како што го користете оганот кој може или да ве изгоре или да ве загрее.

Тамара Стојковска е новото лице на македонската музичка сцена и е вистинско откритие: Слушнете ја нејзината прва песна “Друга ѕвезда” (ВИДЕО)

Тамара Стојковска од Битола е студент на Факултетот за музичка уметност во Скопје и самостоен уметник.

Пред два дена таа ја промовираше својата прва песна насловена како “Друга ѕвезда”.

Mузиката и аранжманот за песната се дело на Давор Нечак, текстот е на Јосип Коцев, на пијано свири Давор Нечак, на гитара Зоран Костадиновски, тапани Благоја Антовски, бас гитара Коста Стеваноски, труба Трајче Велков, алт саксофон Христијан Донески, тенор саксофон Стефан Неделковски и тромбон Борислав Маневски.

Пред песната имам направено преработки на неколку песни, кои можете да ги најдете на мојата фб страница која ви ја праќам во продолжение. Доколку ви требаат дополнителни информации за мене или за песната, слободно пишете ми, ќе ми биде задоволство.

Пред оваа песна, Тамара има направено неколку преработки, кои можете да ги пронајдете на нејзината Фејсбук фан страна: https://www.facebook.com/tamarastojkovskaofficial/

Во продолжение слушнете ја “Друга ѕвезда” и уживајте во милозвучноста на оваа композиција:

Зиддojче цajтунг: Mepкел не дава датум за Македонија

Германската канцеларка Ангела Меркел се изјаснила негативно по желбата на Европската комисија за брзо давање датум за преговори на Северна Македонија за приклучување во Унијата, пишува весникот „Зиддojче цajтунг“, пренесува Дојче Веле.

Повикувајќи се на свои неименувани извори, германскиот весник „Зиддојче цајтунг“ денеска пишува дека на седница на Комисијата за европска политика на Бундестагот, германската канцеларка Ангела Меркел ставила јасно до знаење дека одлука за датумот за преговори на Северна Македонија за приклучување во Европската унија е можно да се донесе „најрано во октомври“.

„Со тоа, канцеларката застана јасно наспроти својот коалициски партнер – СПД, која се залага за гласање (за датумот, н.з.) во Европскиот совет веќе на 18 јуни. Државниот министер (во германското МНР, н.з.) Михаел Рот од СПД во Комисијата за европска политика во вторникот категорично се залагал за почеток на преговори за приклучување, но не наишол на ‘отворни уши’ кај ЦДУ и ЦСУ. Македонија постигна согласност со Грција за промена на името, меѓу другото и за да го отвори патот за преговори за приклучување во ЕУ“, пишува денеска влијателниот „Зиддojче цajтунг“.

Евроинтеграцијата на Македонија вчера предизвика жecтока полемиka и на пленарната седница на Бундестагот, која всушност беше посветена на ратификацијата на протоколот за членство на РСМ во НАТО. Пратениците со мнозинство гласови се изјаснија за прием на РСМ во алијансата, но во дебатата се препуkyваа околу датумот за преговори за приклучување во ЕУ.

„Мојот сомнеж е дека Канцлерамтот (канцеларијата на Меркел) и ЦДУ сакаат да ја одложуваат дебатата на оваа тема сѐ додека Нова Демократија не дојде на власт во Грција за да ја блокира Северна Македонија во ЕУ”, рече пратеникот на опозициските Зелени, Јирген Тритин, потсетувајќи дека Европската комисија донела јасна препорака за почеток на преговорите. Критикувајќи ја таквата политика, Тритин праша дали некој сака Северна Македонија да влезе само во НАТО, но не и во ЕУ, и дали нејзините граѓани треба да се третираат како „Европејци од втора класа”.

За нови гуми за Mерцедесот Владата ќе плати 53.000 евра

Cлyжбaтa за општи и заеднички paботи при Владата на Р.Македонија склучи договор со „Мак Ауто Стар“ за набавка на пневматици за блиндиpaниот „Мерцедес“ во вредност од 3.296.857 денари, или 53.000 евра.

Договорот е објавен на страната на Бирото за јавни набавки.

Премиерот Зоран Заев најавуваше дека возилото ќе биде продадено и со парите од продажбата ќе бидат набавени aмбyлaнтни возила.

Извор: kurir.mk

Витаминско чудо: Пијалок кој го намалува притисокот, килограмите, но и го јакне имунитетот

За сите оние кои сакаат да симнат неколку килограми но и воедно да внесат разни витамини ова е вистинскиот пијалок кој е богат со хранливи продукти, витамини, влакна и минерали! Еве како да го направите сами…

Интересно е тоа што овој пијалок е буквално 3 во едно, ги намалува килограмите, го намалува притисокот и го зајакнува имунитетот.

Потребни состојки за подготовка:
4 средни моркови
2,5 см корен од ѓумбир
2 лимони (излупени)
2 чешниња лук
1 лажица јаболков оцет

Начинот на подготовка е едноставен :

Најпрво ставете ги сите состојки во соковник, сокот кој ќе го добиете пијте го два дена три пати на ден. Доколку ви испадне поголема количина, слободно ставете ја во фрижидер,но имајте на ум дека не смее да стои подолго од 36 дена.

Ккао што веќе знаеме морковот е првата асоцијација за бета-каротен во фантастични количини. Еден морков содржи препорачана дневна доза на бета-каротен. Морковите ги зајакнуваат ѕидовите на крвните садови и срцевиот мускул, го намалуваат нивото на лошиот холестерол и спречуваат мозочен удар, атеросклероза, проширени вени…

Ѓумбирот е најсилен антиинфламатор. Свежиот ѓумбир помага при намалување на високиот холестерол и во борбата против одредени стомачни бактерии, кои се сметаат одговорни за создавање на стомачен чир.

Коренот може да ја олесни болката во мускулите и да го подобри варењето.

Лимонот е можеби и најголем извор на витамин Ц, кој го подобрува имунитетот.

Лукот е природен антибиотик и се користи за лекување на инфекции. Го намалува крвниот притисок. Тој е еден од најмоќните борци за вашето здравје а неговото консумирање на празен желудник му прави чуда на организмот, кои не можете ни да ги замислите.

Јаболковиот оцет исто така често пати се препорачува за намалување на килограмите, тој е магичен еликсир богат со минерали и ензими како и витамини. Помага во подобрување на варењето, го регулира нивото на шеќерот во крвта.