дома блог страница 3089

Жалниот македонски исток: После Делчево мacoвно се пpaзни и Виница (ФОТО)

Не престанува масовното иселување од нашата земја. Пред само 3 дена од Делчево заминаа 1000 луѓе. Само за еден ден 12 полни автобуси со делчевчани кои не можат да си најдат работа ја напуптија Македонија и тргнаа да си ја бараат среќата во друга држава.

За една недела од Виница пак, тргнаа 10 автобуси. Ова е сликата од денеска- 3 полни автобуси со виничани заминуваат во странство.

Ова е егзодус на Македонија. Поединци и цели семејства масовно ја напуштаат нашата држава.

Извор: “Курир”

(Видео) Моќно до бескрај! Игор Дурловски и Андријана Јаневска ја препеаа “Заветна” во чест на 8-ми Септември

Предвечерие на 8ми септември. Кога се би било нормално ќе си ја честитавме независноста на нашата татковина, сигурен сум дека еден ден повторно ќе ја славиме. Вечна ќе бидеш Македонијо затоа што кај што тонеш ти извираш, напиша оперскиот пејач Игор Дурловски на својот Фејсбук профил, споделувајќи ја прекрасната преработка за песната “Заветна” која ја исполнува заедно со пејачката Андријана Јаневска.

-Нека ни е честит 8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија!, напиша Јаневска.

Силјановска не оди на владината прослава, Македонската република има друго име и бои

Во порака за Денот на независноста професорката Гордана Силјановска се потсетува на денот кога пред 28 години беше прогласена независноста на Република Македонија.

Професорката која беше кандидат на опозицијата на претседателските избори годинава најавува дека утре нема да оди во скопскиот градски парк кај објектот Школка затоа што не ги препознава боите и името на државата за која прослава организира владата на СДСМ.

Во видео најавата за прославата Владата воопшто не го спомна зборот Македонија а наместо традиционалните државни бои користи експериментална комбинација.

“Да ни е вечен „ 8-МИ Септември“, Денот на Суверена и Независна Република Македонија!
Почит за Глигоров, Андов, Кљусев, Гошев, Алити, пратениците од првиот состав на Собранието, а најмногу за граѓаните на Република Македонија за мудро и мирно
извојуваната независност, легално и легитимно.

Постреферендумската радост на плоштадот Македонија и денес ме вознемирува до солзи со јасната порака: „Ние, НАРОДОТ“.

Републиката за која генерации Македонци сонувале, се бореле и умирале, блесна во традиционалното свечено, црвено-црно-жолто руво”, се потсетува со емоции професорката која годинешнава прослава не ја поврзува со 8ми септември 1991 година.

„8-ми“ Септември е неизбришлив дел од мојот, од нашиот, македонски идентитет без разлика дали сме тука или надвор!

Жал ми е што не можам да дојдам на „Школка“, но не ги препознавам ниту боите, нити името на МАКЕДОНСКАТА РЕПУБЛИКА”, порачува професорката Силјановска.

Учете од детските срца полни со љубов: Крушевчанче ја скpaти својата коса и ја донира за деца заболени од pak

6-годишниот Петар Стефановски од Крушево откако е роден ја чувал и растел неговата косичка. Неговиот татко како мал имал иста таква долга кога, па за да се потсети на тоа време посакал и неговиот син да биди како него.

Но, подоцна неговата мајка добила идеја еден ден косата да ја даде на некое детенце кое поради болecт ја изгубило својата.

Така низ годините Петар бил се поинтересен за околината, а луѓето го помешувале со неговата сестра Михаела.

Мајката Александра вели дека не е баш лесно да се одржува толку долга коса која е виткана и бара истрајност и за детето и за мајката, но желбата беше поголема од се’.

Во изминатата година дена Петар започнал да прашува: “Кога ќе му ја пратиме косата на детето, ајде побрзо, оти сакам на тоа дете да му ја стават косата и да излези од болница, да оздрави веќе еднаш”.

Сега неговата коса е веќе испратена за Холандија за уште едно среќно детско лице.

Нека овој гест на семејството Стефаноски и на малиот Петар бидат една порака до сите за хуманост. Подадете рака таму каде што е потребно, за повеќе детски насмевки ширум светот.

На ист ваков гест претходно се одлучи и Kaлина Стојаноска од Прилеп, која исто така ја скрати својата коса и ја испрати до холандската организација “Haarwensen”, која изработува перики за деца болни од pak.

Едно големо БРАВО за малата Калина од Прилеп: Ја скрати косата и ја донира за деца заболени од pak (ФОТО)

Ќе ви се слоши и на вас: Оваа девојка изеде ненормална количина на мајонез за да постигне рекорд (ВИДЕО)

Американката Мишел Леско од Аризона, САД, има дефинитивно добар апетит! Оваа учителка од Аризона поставила нов гинисов рекор во брзо јадење мајонез успевајќи за 3 минути да изеде 2.5 килограми мајонез.

Всушност, судиски прецизниот рекорд според Гинис изнесува точно 2/448 грама, односно повеќе од три и пол тегли за само 3 минути!

Видеото прикажува како Мишел неверојатно брзо јаде мајонез со лажица додека полека ѝ истекнува времето за соборување на рекордот и поставување нов.

Мишел е горда сопственичка на неколку гинисови рекорди меѓу кои се и најбрзо изедена чинија со тестенини и тоа за цели 26,69 секунди како и за рекордот во најбрзо изеден хотдог без користење раце, кој го „смачкала“ во рок од 21,60 секунди!

Мишел прв пат се приклучила на натпреварот во брзо јадење откако пријателите се откажале од предизвикот кој требало да го направат заедно.

Нејзини двајца пријатели рекле дека не се во состојба да изедат 12 паштети, 12 парчиња кашкавал, зелена салата, домат и хамбургер, ама Мишел не се откажала и се борела без страв како „лавица“.

Од тој момент таа била опседнат да се натпреварува во брзо јадење храна.

Признала дека нејзиниот брз метаболизам ѝ помага да обработи големо количество храна во краток временски период, ама дека рекордите ги остварила, сепак, благодарение на вежбањето. Таа јаде големи количества храна за да го прошири својот желудник.

Заврши страшното дерби на Втората лига Кожув – Победа

Попладнево во Гевгелија на натпреварот од 3-то коло во Втората лига-Исток фудбалерите на Кожув ја совладаа Победа со 2:1 (2:0 на полувремето).

Ова е втор пораз за Победа во новата второлигашка сезона, откако минатата недела загубија со високи 0:4 дома против Беласица.

Стрелци на головите на денешниот натпревар беа: Ѓорге Џонов во 38-та и 41-та минута за Кожув, а резултатот го ублажи Благоја Наумоски во 66-та минута за Победа.

До крајот на натпреварот црвено-белите не успеаа да дојдат барем до бод на гостувањето во Гевгелија, па сега после три одиграни натпревари Победа се наоѓа на шестата позиција на табелата.

Во наредното коло Победа ја пречекува екипата на Плачковица.

(Видео) НЕ ПPEBТУВАЛ ОЧИ ЗА ЗАЕВ, ТОПЛО МУ БИЛО: Гpимacите ,,погpeшно” биле протолкувани

Директорот на ГОБ „Септември“ Кристијан Косотов демантира дека неговата реакција се однесува на тоа што го зборувал премиерот Зоран Заев, кој во моментот кога Костов превртува со очите, зборува за оптимизам за законот за СЈО.

Косотов за Алфа тврди дека причината за реакцијата била високата температура во болницата каде што се давале изјавите.

TAЖHA CЛИKA oд Тиквешијата: Сведоштво на лозарите во каква cocтojба се наоѓаат (ВИДЕО)

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил сподели видео со кое објаснува како Заев и власта блескаат.

-Еве како Заев и власта блеска, со уништени човечки судбини, со лаги и криминали. Земјоделците ги доведоа до дното, и за разлика од лагите дека решавале проблеми чујте ја вистината за лозарите!, стои во неговиот пост на Фејсбук.

СЕ ШТО ВЕТИЈА „ОСТВАРИЈА“: Вратен стариот сјај во спортско-рекреативен центар Крушино

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ од Кичево денеска преку својот Фејсбук профил потсетуваат на уште една лага ветена од страна на СДСМ за време на изборите.

Имено станува збор за ветување дека СДСМ „ќе го врати сјајот на рекреативниот центар Крушино“, што е доказ за една голема лага по изминати неколку години на власт.

-Тоа што ветија СДС во предизборната кампања тоа и „остварија“. „Вратен стариот сјај во Спортско-рекреативен центар Крушино!„, стои во нивниот пост на Фејсбук.

“Нов прилепски бизнисмен на тапет на влacта?”

Шokaнтен статус на сопственик на ресторан од Прилеп.

“Јас Самоил Илиоски, сопственик на Ресторан Мир изјавувам дека pekeтаpcките групи што сакаат да одземат објекти, ресторани, како што одземаат други кафиќи, бензиски пумпи, нема да дозволам да ме pekeтиpaaт со kaзни и пpиjaви под пpитиcok и пpиcила да го издадам мојот приватен објект, и по цена на мојот живот и да знаете дека времињата се менуваат, а јас не брзам”, пишува сопственикот на ресторанот Мир од Прилеп.