Учениците во Точила имаат ново место за вкусен оброк по НАЈНИСКИ цени! NOMA brunch cafe со посебно школско мени, но и богата понуда за сите генерации

Добра вест за учениците, родителите и жителите на населбата Точила! Во NOMA BRUNCH CAFE, кое се наоѓа зад Тобако Маркет, во непосредна близина на ООУ „Блаже Конески“ и СОУ „Ристе Ристески – Ричко“, покрај редовната понуда на храна, подготвено е и посебно школско мени со вкусни, богати и пред сè пристапни оброци.

Идејата е едноставна – учениците да имаат свое место каде што по часовите, за време на паузата или по завршувањето на училишните обврски ќе можат да каснат нешто вкусно, без притоа да потрошат многу пари.

А цените навистина се приспособени на нивниот џепарлак!

Школско мени – вкусен оброк по цена што ќе ве израдува!

Во понудата се застапени неколку омилени оброци на младите, подготвени за брз и вкусен оброк во текот на денот.

ТОСТОВИ:

  • Шунка и кашкавал – 80 денари
  • Врат и кашкавал – 110 денари
  • Кулен и кашкавал – 110 денари
  • Комбиниран – 130 денари

ПЕЧЕНИ СЕНДВИЧИ:

  • Шунка, кашкавал и помфрит – 100 денари
  • Врат, кашкавал и помфрит – 140 денари

ШКОЛСКИ БУРГЕР И ВРАП:

  • Школски бургер (плескавица, салата и помфрит) – 110 денари
  • Школски врап – 120 денари

Богато мени за појадок, ручек и дружење

Но NOMA BRUNCH CAFE не е наменето само за учениците. За сите оние кои сакаат да уживаат во добар појадок, вкусен сендвич, бургер, салата или нешто за мезе, подготвено е и богато регуларно мени.

Љубителите на појадокот можат да избираат меѓу омлет порција со три јајца, лебче и салата за 90 денари, омлет во тортиља за 140 денари, традиционален македонски појадок со јајца на око, сирење, ајвар и маслинки за 140 денари, како и Brunch сендвич со јајце на око, врат и кашкавал.

На располагање се и повеќе видови печени сендвичи и тостови, со цени од 100 денари, како и вкусни бургери – хамбургер, чизбургер и Brunch бургер, кои се сервираат со сос, помфрит и салата.

Во понудата се и класичен пилешки врап, Chicken nuggets врап, туна, грчка и Цезар салата, а за љубителите на мезе има поховани даски за двајца и четворица, како и Brunch мезе.

За крај на оброкот, тука се и палачинките, трилечето и вафлата со чоколаден крем, банана и сладолед.

NOMA – пријатно место за секојдневно уживање!

За само еден месец откако ги отвори вратите,  NOMA BRUNCH CAFE веќе се наметнува како место за утринско кафе, појадок, вкусна храна и опуштено дружење со семејството, пријателите или колегите.

Со модерно уреден ентериер, пријатна атмосфера и разновидна понуда, ова е адреса на која секој може да најде нешто според својот вкус и буџет.

Особено добра вест е што со посебното школско мени, NOMA им нуди на учениците од околните училишта уште една практична можност за вкусен оброк во нивното соседство, а на родителите им дава можност да ги запознаат со понудата и цените.

📍Локација: Населба Точила, зад Тобако Маркет, Прилеп

📞 Teлефон за нарачки: 078 700 650 / 071 399 696

NOMA BRUNCH CAFE – вкусен оброк за секој дел од денот, со понуда за сите генерации!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.