Заврши страшното дерби на Втората лига Кожув – Победа

Попладнево во Гевгелија на натпреварот од 3-то коло во Втората лига-Исток фудбалерите на Кожув ја совладаа Победа со 2:1 (2:0 на полувремето).

Ова е втор пораз за Победа во новата второлигашка сезона, откако минатата недела загубија со високи 0:4 дома против Беласица.

Стрелци на головите на денешниот натпревар беа: Ѓорге Џонов во 38-та и 41-та минута за Кожув, а резултатот го ублажи Благоја Наумоски во 66-та минута за Победа.

До крајот на натпреварот црвено-белите не успеаа да дојдат барем до бод на гостувањето во Гевгелија, па сега после три одиграни натпревари Победа се наоѓа на шестата позиција на табелата.

Во наредното коло Победа ја пречекува екипата на Плачковица.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.