Силјановска не оди на владината прослава, Македонската република има друго име и бои

Во порака за Денот на независноста професорката Гордана Силјановска се потсетува на денот кога пред 28 години беше прогласена независноста на Република Македонија.

Професорката која беше кандидат на опозицијата на претседателските избори годинава најавува дека утре нема да оди во скопскиот градски парк кај објектот Школка затоа што не ги препознава боите и името на државата за која прослава организира владата на СДСМ.

Во видео најавата за прославата Владата воопшто не го спомна зборот Македонија а наместо традиционалните државни бои користи експериментална комбинација.

“Да ни е вечен „ 8-МИ Септември“, Денот на Суверена и Независна Република Македонија!
Почит за Глигоров, Андов, Кљусев, Гошев, Алити, пратениците од првиот состав на Собранието, а најмногу за граѓаните на Република Македонија за мудро и мирно
извојуваната независност, легално и легитимно.

Постреферендумската радост на плоштадот Македонија и денес ме вознемирува до солзи со јасната порака: „Ние, НАРОДОТ“.

Републиката за која генерации Македонци сонувале, се бореле и умирале, блесна во традиционалното свечено, црвено-црно-жолто руво”, се потсетува со емоции професорката која годинешнава прослава не ја поврзува со 8ми септември 1991 година.

„8-ми“ Септември е неизбришлив дел од мојот, од нашиот, македонски идентитет без разлика дали сме тука или надвор!

Жал ми е што не можам да дојдам на „Школка“, но не ги препознавам ниту боите, нити името на МАКЕДОНСКАТА РЕПУБЛИКА”, порачува професорката Силјановска.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.