дома блог страница 3088

Градоначалникот Јованоски: “Република СЕВЕРНА Македонија, честит празник”

Честитка од градоначалникот Илија Јованоски, по повод Денот на независноста 8.Септември:

Локалната самоуправа на Општина Прилеп и градоначалникот Илија Јованоски, на сите граѓани на општина Прилеп и на Република Северна Македонија им го честитаат празникот 8.Септември, Денот на независноста. Продолжувајќи ја традицијата на мир, меѓусебно разбирање, толеранција и соживот, сплотени заедно да го прославиме Денот на независноста на нашата татковина. Да им оддадеме почит на сите нашите борци и херои, кои силно верувајќи во вековната идеја за самостојна и независна држава, ги положија своите животи во борбата за национална и социјална слобода.

Го исполнуваме аманетот на нашите предци, посветено градиме стабилна, безбедна и просперитетна држава. Денес сигурно чекориме по патот на Евроатланските интеграции. Со брзото и успешно завршување на преговорите, докажавме дека сме решени и можеме да ја исполниме стратешката цел, да станеме полноправна членка на најголемиот воено политички сојуз, НАТО Алијансата. Подготвено и посветно работиме на реформите да станеме дел од семејството на европските развиени и демократски држави.

Вложувањето денес, е вложување во иднината која им припаѓа на идните генерации млади луѓе.

Нека е честит 8.Септември, Денот на независноста на Република Северна Македонија!

(Видео) Лудница во Дагестан по победата на Хабиб: Еве како ја прославија победата на Русинот над Американецот

Триумфот на Хабиб Нурмагомедов над Американецот Дастин Поириер во Абу Даби предизвика лудило во Дагестан.

Хабиб ја заврши борбата во третата рунда со популарната “гилотина”, со што потврди дека е неприкосновен во светот на УФЦ, а воедно на улиците изваде десетици илјади свои сограѓани.

НИЧИЈА ЗЕМЈА: Пендаровски го честиташе Денот на независноста на безимена држава

Претседателот на Република Македонија на Фејсбук го честиташе Денот на независноста, но не кажа на која држава. За разлика од Заев кој порача да живее Северна, Пендаровски не напиша ништо. Дали можеби и тој се cpaми од новото име на државата?

ДНО: Заев и владата организираа мизерна и минијатурна прослава за Денот на независноста (ФОТО)

Владата по повод најголемиот државен празник, Денот на независноста организираше мизерна и минијатурна прослава кај школката во градскиот парк во Скопје, на која обично се организираат помали концерти на гаражни бендови и прослави на невладини организации.

А еве потсетување како изгледаа прославите во Република Македонија. Мал сегмент од прославата на 20-годишнината од независноста на Република Македонија во 2011 година.

Maкедонците од Канбера за 8-ми Септември: “Сонцето од Кутлеш никој нема да ни го забрани, никогаш Северна, само Македонија” (Видео)

Македонците од Канбера во Австралија со собир и порака за Денот на независноста.

“Секогаш ќе ја истакнуваме нашата македонска ѕвезда. Сонцето од Кутлеш никој нема да ни го забрани. Никогаш Северна само Македонија”

Македончиште! Го посвети денешниот медал на МАКЕДОНИЈА

“ИМАМЕ БРОНЗЕН МЕДАЛ ОД ОФИЦИЈАЛНО ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО ДО 21 ГОДИНА ВО ОЛИМПИСКО ТАЕКВОНДО OД ХЕЛСИНГБОРГ, ШВЕДСКА.

ФИЛИП ДОДЕВСКИ КАТЕГОРИЈА -87КГ ЗАБЕЛЕЖА ДВЕ ПОБЕДИ, ПРОТИВ ГЕРМАНИЈА 30:13 И ПРОТИВ ХРВАТСКА 26:6.

И ЗА ДА БИДЕ СЕ ВО НАШ СТИЛ ЗА ЖАЛ ВО ПОСЛЕДНИТЕ СЕКУНДИ ОД БОРБАТА ПРОТИВ ХРВАТОТ, ФИЛИП СЕ ЗДОБИ СО ПОВРЕДА НА ПРСТ ОД ШАКАТА 99% ФРАКТУРА, НО НАЈВАЖНО Е ДЕКА ФИЛИП Е ВО РЕД ДЕКА И ДЕКА ОВАА ПОВРЕДА ЌЕ ЈА НАДМИНЕМЕ КАКО И СИТЕ ДО СЕГА!!!

ФИЛИП СО ТАКВА ПОБРЕДА СЕ ОБИДЕ ДА СЕ БОРИ, НЕ СЕ ОТКАЖА ГО ДАДЕ НАДЧОВЕЧКИОТ МАКСИМУМ, НО ФАЛА МУ НА ГОСПОД ОВОЈ ПАТ НАША Е БРОНЗАТА!!!

ФАЛА ТИ ЛАВУ ШТО НИ ГО ЧЕСТИТАШЕ ДЕНЕШНИОТ ПРАЗНИК НА ХЕРОЈСКИ НАЧИН, СО МЕДАЛ ОД ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО ВО ОЛИМПИСКИ СПОРТ!!!

ЈУНАК, ЛАВ !!!

ЗА МАКЕДОНИЈА СО ЦЕЛО СРЦЕ СО ЦЕЛО !!!” – напиша на својот Фејсбук профил тренерот на Филип, Дарко Костовски.

НОВА ПЕСНА: Ние сме сите Македонија (ВИДЕО)

По повод Денот на независноста на Република Македонија, Мартија, Мина, Драгана и ТРИО ЏЕНТЛМЕН создадоја славеничка песна – стои во описот на песната на јутјуб каналот од “Обединета македонска дијаспора”.

Уживајте во ова прекрасна песна и убави погледи од нашата татковина.

Столе има да ви каже нешто: “Слободна, независна и суверена РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА”

Македонската спортска икона Стојанче Стоилов во свој стил го честита “Денот на независноста”.

“Слободна, независна и суверена РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА”, напиша Столе на неговиот Фејсбук профил.

НЕГОВИТЕ СОБИРАА ШИШИЊА: Томе стигна до светски натпревар по астрономија

Неговото семејство по тpaнзицијата се соочи со финансиска kpиза. Преживуваат со една плата и од собирање шишиња. Но, слабата материјална состојба не го спpeчи Томе Kиријази (18) да напредува во учењето. Од прво одделение основно училиште до четврта година средно не добил помала оценка од петка. Годинава матурира како првенец на генерацијата во техничкото училиште „Ѓорги Наумов“ во Битола.

Во средината е познат како многу талентиран математичар и физичар со солидни познавања по астрономија. Покрај честите присуства на регионални и државни натпревари по математика, каде што освојувал и награди, летово ново искуство за него беше учеството на Светскиот натпревар по астрономија и астрофизика во Сучава, Романија. Неговата сторија ја пренесув Дневник.

– До 11 август бев дел од огромен тим со двесте млади таленти по астрономија од 32 држави од светот. Местото си го обезбедив бидејќи бев меѓу првите пет победници на натпреварот по астрономија во Македонија. Во Романија имавме тест со решавање задачи, теоретски дел, практичен дел како обработка на податоци од астрономија, набљудување со телескоп и дел од планетариум – вели младиот и талентиран Kиријази.

Природните науки ги носи во малото прсте. Вели дека никогаш дома не бубал за да научи, туку она што ќе го слушнел на школо го запаметувал. Доволни му се неколку секунди да ги разгледа податоците запишани на лист хартија, а потоа без грешка да ги интерпретира. Љубовта кон астрономијата се појавила кога тргнал во средно училиште и кога професорката по физика го вклучила во натпреварите. За жал, во Романија не се пласирал меѓу победниците поради големата конкуренција.

– За натпреварот сами се подготвуваме дома од интернет и од книги што ни ги даде професорката. Во Битола нема многу услови за да напредуваш во астрономијата, немаме опрема, телескопи. Во Романија имавме можност да се запознаеме со напредна опрема и да научиме повеќе од другите учесници – додава Kиријази.

Сметувањето во Романија му било платено, но патувањето и престојот на младиот Томче таму го помогнала општинската организација на Црвениот крст од Битола.

– Црвениот крст ни помага, го облече за матурата и му дадоа пари за Романија, 250 евра. Му останаа 50 евра и следниот ден ги вративме. Благодарение на Црвениот крст имаме интернет и лаптоп дома. Инаку, имаме три деца, јас сум домаќинка, мажот ми работеше во фабрика, но таа отиде во стечај. Едно време земавме социјална помош, но ни ја укинаа. Сега моментално собираме шишиња и големата ќерка работи – раскажува мајката Зорка Kиријази.

Таа се жртвувала за да ги прехрани и школува децата.

– Предвреме ќе ги прашав што им треба за училиште зашто финансиски сме слаби, да не им недостига тетратка или некој прибор, па да се чувствуваат инфериорно. Ако требаше јас немаше да јадам дента, за нив да има храна за на училиште. Од книжарницата, ако требаше, ќе позајмев прибор – додава пожртвуваната мајка.

Нејзиниот труд се исплати зашто синот од средношколските води исплива со диплома за најдобар ученик, а за еден месец ќе биде бруцош на новиот Факултет за информатички и компјутерски технологии во Битола.

“Доста е, или канализација или Охрид преку Прилеп”: Во понеделник блokaда на патот Кичево-Охрид

Жителите од кичевската населба Другово во понеделник со почеток од 10:30 часот, ќе го блокираат патниот правец Кичево-Охрид поради недоизградена канализација.

“И покрај тоа што во буџетот на општина Кичево има предвидено средства, досега еве веќе 7 години не се презема ништо”, велат во сооштението до нашиот портал граѓаните од оваа населба.

“ДОСТА, или канализација, или Охрид преку Прилеп”, пишува во паролата.