По кратка пауза, AVRA во Прилеп се подготвува повторно да ги отвори вратите, но овојпат со нешто ново! Просторот се проширува, се подготвуваат пријатни изненадувања, а декември ќе донесе музичка програма исполнета со познати имиња, добра енергија и многу причини за празнично дружење.
Од декември, омиленото место за излегување повторно ќе биде дел од викенд-планови на прилепчани, а празничната сезона ќе започне со богата музичка програма.
Предновогодишната програма на AVRA носи настапи на реномирани музичари – ќе ги броиме деновите до Новата година заедно со:
Taneva & Acoustic
Acoustic Division
Marko Logout
Mood Fellas
Anna feat. Aleks i Goran
The Four
Roki & Friends
А посебно внимание привлекува и новогодишната дневна журка на 31 декември!
За цена од 1.750 денари по лице, тимот на AVRA подготви и врвно МЕНИ, богато со храна и пијалоци.
Пакетот вклучува:
🥂 Неограничени пијалоци
🍸 Два коктели по избор според ценовникот
🍽️ Богато мени за делење
🎶 Музика во живо во времетраење до четири часа
Во понудата се вклучени Smirnoff, Gordon’s, Златен Даб, ракија, бренди, узо, вино, вода и сокови, а на трпезата гостите ги очекуваат крцкави залачиња, начос, Truffle Fries, BBQ Pulled Pork, пилешка салата и домашна Garlic Focaccia.
За резервации и информации за корпоративните забави јавете се уште денеска на: 078 376 111
AVRA се враќа со поголем простор, нови изненадувања и празнична програма која ветува одлични моменти.
Декември е сè поблиску, а со него и новите дружења и забави во AVRA – место на кое добрата храна, коктелите и музиката повторно ќе се спојат во препознатлива атмосфера!


























